Кај мене е очигледно. Ги обожавам парфемите на Carolina Herrera , па од таму инспирација за мојот ник. Посебно овој ми е numero uno
Ја слушав Rebel Yell во моментот на зачленување и ете така "станав" Били. Донекаде ја опишува и мојата бунтовност, потрага по адреналин и се разбира музичкиот вкус. More, more, more.
Бидејќи претходно кога читав тука гледав други членки се со некоја придавка пред girl, па мене ич не ми се мислеше што к име да ставам па одлучив да ја ставам придавката пред girl што поголемиот дел од луѓето ми кажуваат дека сум.
Поради значењето на зборот (проминентно = истакнато). Ме асоцираше на нешто убаво. А од каде ми текнало во моментот, не се сеќавам.
Здраво,сега читајки ја темава на почетните страници видов дека некои членови си ги смениле корисничките имиња.На пр. @Offspring била Дарки,или јас погрешно сум разбрала?
Во тој период имав многу соништа што ми се допаѓаа и кога станував ме правеа среќна. Може од тоа да е.
Сакав нешто кратко и лесно за памтење, на полиците ја здогледав книгата Злосторство и казна и ми текна на злоба.
Автомобилски фанатик сум, гледав нешто да биде поврзано со тоа, па ми текна на 4х4 погонот на Audi т.е Audi Quattro
Безобразна... Не сум Безобразна, онака го ставив името. Немав друга идеа. Се надевам дека веке нема да добивам прашања во ЛП од типот "Многу ли си безобразна?" Не воопшто не сум Безобразна!!!!!!!
Edna koleska od Sirija nikogas.nemoze da.mi go izgovori imeto i kako i e doslo toa corika eve 3 god taka me vika,pokraj nea kao na zezanje pocnaa i drugite...ama nikoj ne go izgovara so takov naglasak kako ona