Во друштвото кога бевме помали, не знам можи крај на основно, почеток на средно да бевме, едно чоече ми велеше 'како грдото пајче ќе бидиш ти'. Сакаше да кажи грдичка си. И така, ми остана од тогаш. А пошто уживам во болката, решив секој ден да го гледам тука. Па сега можи да ме вика на име.
Тогаш не беше комплимент, сега не знам. Да го прашам дали сум лебед. Се зафркавам, за тие шо не ме познават.
На латински star gazer преведено (по омилена песна од Rainbow) иако не знам дали е баш најточно преведено.
Не се сеќавам зошто и на што сум била кога сум се зачленувала со имево Ваљда пошо ми се свиѓаат сите имиња на А.
Не знам зошто сум одбрала вакво клише име. Да имам опција пак, би одбрала нешто поуникатно. Сакав Сноуфлејк само, во моментот ми текна тоа, зафатено беше, па си додадов и година на раѓање. После приметив дека со неколку девојки имаме исто име, само различна година на раѓање. Многу неиновативно од моја страна.
Вивека на санскрит значи да знаеш да препознаеш што е добро а што лошо. Не знам зашто ми дојде Вивеки да се викам
Кога се зачленував ми кружеше оваа песна на тик-тот, многу се пронаоѓав во неа и само го ставив името на песната како корисничко име...
Многу убава тема. Се изначитав, интересни кориснички имиња, секое со своја приказна. Јас прво сакав да бидам „ПерикитеНаСузеСпасовска“, со слика од неа (кога е со розе перика). Предолго е, а и тука дојдов во мој подепресивен период и со прашања во посериозни теми, ќе делував неозбилно. Па затоа се решив за овој сленг, кој доаѓа од „Волшебникот од Оз“. И аватарчето ми е со таа тематика.
Сол од млади бунтовници ја викаа така, а сите ми викаа дека личам на неа. Тогаш немав интернет и појма немав што е Поли Покет. Еден рандом ден, кога добив интернет ја гуглнав Поли, и станав опседната. Стварно ме потсеќаше и на Сол, и на мене. Мало, плаво, компактно. На мсн почнав да се потпишувам така, како тин,еве ме 20 години подоцна, уште си го користам