-За рани во устата мене многу ми помага витамин Ц -За рапукана уста исто многу брзо и ефикасно е маслото
Ова можеби не е совет но... Додека имате менструација никако не јадете смоки.Ги зголемува стомачните болки,а и менструацијата е посилна и пообилна.
Za ova imam slusnato, ama do sega ne sum go probala i me interesira kako se koristi ? Dali pudrata vo prav se stava na race pa se nanesuva na korenot na kosata ili na kosata ?
Се нанесува директно на косата, на коренот, па се расчешлува. Растреси ја убаво, да испадне вишокот пудра, инаку ќе ти се познава. Можеш и со крпа да ја истриеш, ама не сува, малку влажникава, во спротивно ќе ти се наелектризира косата.
Избегнувај да ставиш пудра на патецот туку малку по настрана бидејки останува бело и е многу упадливо, мене пудрата многу ми помага и ставам често.
Јас мислам дека треба да се купуваат помал број, па подобро малку да те стегаат отколку да ти клапаат и ногата да ти излегува од штиклата. Имав такво искуство со првите штикли и бев очајна на првото излегување во нив едвај си отидов до дома тоа ми беше памет за друг пат да си купам еден број помали.
Ако се имате залепено на мастика сте седнале или нешто слично на местото каде е залепена мастиката ставете малце ракија и со крпа протријте ефикасно делува,а сум чула дека и со пегла врз весник било ефикасно ама не сум пробала.
За непријатната миризба во фрижидерот ставете чинија со талог од кафе во кој ќе капнете неколку капки екстракт од ванила. Мажот припитомете го додека е пресен , подоцна ќе џабе настојувате , ќе биде непослушен
Јас сум пробала со пегла и весник, и да, ефикасно е Исто така е ефикасно да ги ставите пантолоните, блузата, јакната, сеедно, т.е. делот од облеката на кој е залепена мастиката, малку да подмрзне во замрзнувач колку да фати кора, и потоа лесно со гребење се отстранува мастиката (проверено)
Смрдливи патики: За да го намалите непријатниот мирис од патиките истурете внатре сода бикарбона и оставете да стои се додека следниот пат не ги обуете. (Изудирајте ги пред повторното обување. ) Загорено тенџере: Ставете го на рингла и наполнете го до половина оцет и половина вода, загрејте го до вриење и оставете го така 5 минути, а потоа тргнете го од ринглата и оставете го 30 минути.
Ако имате сјај за усни кој е наполу истрошен и ви е потребен, згрејте вода во сад, ставете го сјајот внатре да стои 15тина минути. Подоцна ќе имате повеќе во него. И за белиот креон, јас препорачувам праска боја. Со бел многу вампиресто и неприродно изгледа.
Еве еден совет како да ги опуштите чевлите што ве стегаат. http://www.youtube.com/watch?v=qf5mJ7aR2t8&feature=player_detailpage
Помал? Ууууф изгледа си немала проблем со помало бројче. Нема поужасно од стегање на чевла да неможеш да издржиш, плускавци, па дури и сериозни проблеми може да настанат со чевли помал број. Од играчка, плачка. Посебно помала сандала, која на голо се носи, смрт! А поголемо бројче секогаш може да се поправи, но не и помало. Не се шири секоја чевла. Но секоја чевла со влошка може да се направи за 1 бројче помала. Oсвен класична влошка и силиконската помага. Така да дефинитивно поголема чевла!