1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Корисни совети

Дискусија во 'Слободно време' започната од kiki-riki, 25 ноември 2009.

  1. figgiMK

    figgiMK Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    6.964
    Допаѓања:
    2.300
    Кромидот содржи околу 150 различни состојки, а тоа го прави одличен сојузник во борбата со акните и сувата кожа. Карактеристичниот мирис му го даваат етеричните масла и органски киселини, како што се лимоновата и јаболковата киселина. Богат извор е на флавоноиди, што го прави одличен сојузник во борба со акните.

    Освен за убава и здрава кожа, кромидот наоѓа примена и во негата на коса. Доколку имате проблем со опаѓање на косата тогаш би требало да го подготвите овој лосион. Две главици кромид, ситно исецкајте ги исцедете го сокот и помешајте го со пола литро ракија. Чувајте ја течноста 15 дена на умерена температура. Процедете и секогаш пред миење убаво истријте го коренот на косата. За да ефектот биде поголем оставете нека делува барем половина час.

    ************************
    Доколку ги примените овие едноставни совети вашата коса може да добие сосема нов изглед. Доколку вашата коса е ретка и тенка со следните мали трикови ќе добиете коса со волумен.

    Рамна фризура

    Заблудата е дека степенастото шишање дава волумен, напротив вашата коса изгледа потенка. Затоа би требало да направите рамна фризура и вашата коса ќе изгледа поволуменасто.

    Фенирајте наопаку

    Кога ја фенирате косата фенирајте во обратна насока. Ако имате долга коса можете да префрлите преку лицето и така да фенирате, а доколку имате кратка коса земајте премени и со помош на четка подигнете ја косата во вис и фенирајте.

    Шампон за суво миење на косата

    Одличен начин да добиете инстант волумен е да ја „измиете“ косата со шампон за суво миење.

    Виклери

    Ако имате малку повеќе време, виклерите за коса се традиционален но можеби најефикасен начин да добиете волумен на косата.

    Натапирајте во коренот

    Уште еден добар стар начин за зголемување на волуменот е тапирањето во корен. Земете помал чешел и почнете на неколку сантиметри од главата да тапирате.NATAPIRAJTE U KORENU

    Влажна пунџа

    Мократа коса исчешлајте ја, заврзите коњско репче и потоа завијте го во пунџа. Оставете така да се исуши косата, размотајте ја пунџата и уживајте во волуменот.

    Неуредна плетенка

    Неуредната плетенка на страна е секогаш во мода и може да се носи во секоја прилика. Најдобро од се е што косата изгледа многу побујна.



    *****************

    За лицето најдобро е да го нанесувате со памукче, а за да го избегнете мрсното чувство на кожата, се препорачува прво да го навлажните лицето со вода. Исто така, од него може да направите маска за лицето и вратот. Во неколку капки масло додадете лажичка мед и две лажици млеко, нанесете на кожата, оставете 10-15 минути добро да се впие, па измијте со ладна вода. Маслото може да го искористите и како балсам за усни и за нега на ноктите, рацете и нозете.

    Вашите стапала ќе бидат меки ако пред спиење им нанесете маслиново масло, па потоа облечете памучни чорапи. Ова течно злато ќе ви помогне и да ја избришете шминката, па дури и водоотпорната маскара.



    Пилинг

    На сите суви, оштетени делови на кожата нанесете маслиново масло измешано со шеќер. Ова ќе ви послужи како одличен пилинг. Додадете малку лимонов сок за посвежа маска.

    Маска за коса

    Во две белки од јајце додадете две лажици масло и добро измешајте, па нанесете на косата. Оставете половина час, па измијте со шампон.
    ********

    Како што е многу добро познато, лимонот има својство да ја затега кожата, а освен тоа витаминот Ц кој го има во доволни количини има функција на антиоксидант и е идеален за грижа на кожата.

    За приготвување на оваа маска потребно ви е една свежа краставица, две лажици лимонов сок, и една добро избиена белка од јајце. Краставицата најпрво се лупи и потоа се обработува во соковник или пак блендер додека не стане полутечна. Потоа се цеди со газа. Добиениот сок од краставица се меша со сокот од лимон. Додадете ја белката и мешајте внимателно. Оставете да делува на лицето 15 минути, после што се измива со млака вода. Освен тоа што ја затега кожата, оваа маска поседува и лифтинг ефект и идеално го изедначува тенот.

    *******




    boza.mk
     
    На Zaljubena111 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. madamstefi

    madamstefi Нов член

    Се зачлени на:
    13 септември 2011
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    15
    на флеките на облеката без разлика од што се ставете сјај и нека отстои малку како 1 час исперете си ги нај обично ништо нема да остане (проверено)
     
  3. madamstefi

    madamstefi Нов член

    Се зачлени на:
    13 септември 2011
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    15
    Што да се направи со флеките од трева на панталоните на твоите деца?
    Натопи ја флеката со чист оцет или 90% алкохол (ако ткаенината го дозволува тоа), исплакни го и вообичаено испери го во машината со соодветниот прашок(прашок-бели алишта или гел-шарени алишта).

    Дали постојано имаш проблем со сладолед, чоколадо, овошје, џусеви ит.н. На облеката на твоите деца?
    Пробај го овој совет: Натопи ја флеката во раствор со цет (2 супени лажици од чист оцет во четврт литар вода) исплакни и потоа вообичаено испери во машината со соодветниот прашок (прашок-бели алишта или гел-шарени алишта).
    Дали сакаш кафе/чај, но не на твојата омилена блуза?
    Ако се случи ова, пробај го следново:
    Бел памук:натопи ја флеката со хидроген пероксид а потоа испери нормално
    Шарен памук: натопи ја флеката во раствор подготвен од истата количина на алкохол и чист оцет. Потоа исплакни го материјалот и испери го во машината.
    На волна: натопи ја флеката во раствор подготвен од истата количина на алкохол и чист оцет. Потоа исплакни го материјалот и испери го во машината.
    А што е со восокот на твоите алишта?
    Пробај да го изгребеш поголемиот дел од флеката, потоа стави хартија на двете страни од ткаенината и стопи го остатокот од восокот со пегла.

    Како да се перат бели завеси а да обезбедиме нивна белина?
    Секогаш пери ги одделно од другите алишта и никогаш не ги суши во машина за сушење. Извади ги сите делови кои служат за закачување-инаку можеш да ги оштетиш механичките делови на машината, а и завесите. Наполни само четвртина од капацитетот на машината. Завесите пери ги на 30°C (програма за деликатни алишта) со многу вода (екстра вода), намали го триењето и вртежите колку што е можно повеке и стави специјален прашок за завеси (тој содржи специјални состојки за белење). По перењето, завесите веднаш закачи ги, инаку ке имаат набори кои нема да ти се допаднат.
    Крвта не е вообичаена на нашата облека. Да видиме како се отстранува
    Свежа флека: само натопи ги алиштата во ладна вода и флеката ке исчезне.
    Стара флека (сува): направи раствор на бикарбонат од сода или сол и ладна вода. Натопи ги алиштата и флеката ке се отстрани.
    Гумата за џвакање може да биде проблем, нели? Обиди се со ова...
    Стави ги алиштата во замрзнувач за да ја замрзнеш мастиката или стави коцка мраз на мастиката. Потоа изгреби ја мастиката со нокти и испери во машината.
    Мрснотиите и зејтинот не изгледаат убаво на твојата облека
    Веднаш истури пудра на флеката. Остави ја флеката да се исуши, а потоа нежно исчеткај ја пудрата од облеката. Повтори го ова додека флеката целосно не се отстрани. Потоа, облеката испери ја во машина.

    Флеки од кечап
    Подготви раствор составен подеднакво од иста количина на глицерин и жешка вода. Натопи ја облеката во растворот еден час, а потоа нормално испери ја во машината.

    Твоите деца сакаат да цртаат насекаде освен на хартија? Како да отстраниш мастило, боја, и др.?
    Мастилото отстрани го со крпа колку што можеш повеќе. Потоа под флеката стави бело крпче и натопи ја флеката со друго бело крпче. Може да помогне и ако употребиш и чист оцет или алкохол (ако е дозволено да се користи на таа ткаенина)
    А што е со р`ѓата?
    Малите флеки истриј ги со сол. Врз солта исцеди лимон и остави да отстои преку ноќта. Следниот ден, измиј ја флеката перфектно, а потоа испери во машина. Поголемите флеки треба да се третираат на друг начин: користи специјални средства за р`ѓа и следи ги инструкциите на пакувањето од производителот.

    Шминката е добра на твоето лице, но не и на твојата облека...
    Стави го делот со флеката на книжна салфетка и намокри го задниот дел со 90% алкохол (ако материјалот го дозволува тоа и ако флеката не е мрсна). Ако флеката е мрсна, тогаш користи некој отстранувач на мрснотии.
     
    На s.t.e.f.a.n.j.a и figgiMK им се допаѓа ова.
  4. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.732
    Допаѓања:
    32.007
    Пол:
    Женски
    Доколку ве стегаат кондурите се става во кесичка вода и во фридижер да замрзне...и потоа се удобни
     
    На kikav му/ѝ се допаѓа ова.
  5. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034
    успева ова со чевливе јас баш пробав :D
     
    На iloveyou29 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. figgiMK

    figgiMK Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    6.964
    Допаѓања:
    2.300
  7. figgiMK

    figgiMK Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    6.964
    Допаѓања:
    2.300
    Маска против првут – потребни ви се две жолчки од јајце, сок од еден лимон и 3-4 капки рицинусово масло. Нанесете ја маската и оставете да делува 30 минути.

    Маска за интензивна боја и сјај – за целта многу ситно исецкајте половина главица свеж кромид, на што се додаваат две лажици мед, неколку капки етерично масло од лимон и две жолчки од јајце. Се остава да делува 30 минути.

    Маска против опаѓање на косата – потребни ви се две жолчки од јајце, две лажици масло од рицинус, една лажица коњак и една лажица квасец. Смесата се загрева на пареа и додека е топла се нанесува на косата. Се остава да делува 2 часа.


    Јагодите освен што се многу вкусни, се и добро средство за тонирање и подмладување на кожата од лицето поради големите колични витамини и антиоксиданти во нив. Ви предлагаме едноставна рецепта како да си направите природна маска од јагоди во домашни услови.

    Оваа маска го тонизира и освежува лицето. Ја снабдува кожата со витамини и ја прави кожата свежа, мека и чиста. Прво исчистете го лицето добро со тоник и исплакнете го со млака вода. За маската ви е потребно само каша од неколку зрели јагоди, лажица павлака и малку квасец. Нанесете ја смесата на лицето, вратот и деколтето и оставете да делува од 20-30 минути. Потоа лицето се мие со млака вода и се нанесува крем откако ќе се исуши.
     
  8. figgiMK

    figgiMK Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    6.964
    Допаѓања:
    2.300
    http://www.bezpardon.mk/kupka-za-ispukani-petitsi/
    За суви нозе најдобра е купката од маслиново масло. Во млака вода можете да ставите 1 – 2 лажици маслиново масло. Држете ги нозете додека водата скоро не се излади. Потоа стопалата измијте ги со гел за туширање или течен сапун.
    Против уморните нозе и испукана кожа одлична е купката од цветови на липа и суви листови од липа. Во 500 мл вода ставете 25 г суви цветови и листови од липа и оставете три пати да зоврие. Почекајте да се излади. Исцедената течност истурете ја во 2 литри топла вода и нозете држете ги десетина минути.
    Ако немате липа можете да пробате со рузмарин. 1 лажица исушени листови од рузмарин ставете во врела вода во леѓен и оставете да отстои пет минути. Во друг леѓен ставете ладна вода па стопалата наизменично ставајте ги во едната и другата купка. Почнете со топлата а завршете со ладната купка.
    Можете да пробате и со купка во која ќе додадете масло од еукалиптус или масло од рузмарин. Оваа купка е одлична за уморни нозе.
     
  9. figgiMK

    figgiMK Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    6.964
    Допаѓања:
    2.300
  10. figgiMK

    figgiMK Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    6.964
    Допаѓања:
    2.300
    Што да правите ако ве касне комарец
    Најважно е да не се чешате, за да не ја влошите состојбата, а за отстранување на болката и потребата од чешање преземете ги следните мерки:
    - За да ја намалите болката ставете мраз на убодот

    - Оцетот го намалува чешањето и отокот

    - Можете да ставите и сода бикарбона, бидејќи таа го менува pH балансот на кожата и го намалува воспалението

    - Свежиот босилок содржи камфор и тимол кои брзо го намалуваат чешањето

    - Кората од банана може да го намали воспалението па и болката

    http://www.bezpardon.mk/isprobajte-prir ... lisa-rina/
    Многу е едноставно соочувањето со акните, само треба да пробате да направите некоја од овие маски. Поштедете се од нервозите со лошиот изглед на кожата.
    *Направете лосион од ѓумбир. Една лажица ѓумбир измешајте во шолја врела вода и процедете. Со овој лосион чистете го лицето навечер пред спиење, така што ќе оставите цела ноќ да делува.
    *Лимонов сок и цимет во прав. И двете состојки се силни антиоксиданси, па се неизоставен дел од третманите за чистење на акните од вашето лице. Измешајте една лажица лимон сок со една лажица цимет, и смесата нанесете ја на критичните делови со помош на памук. По 15 минути измијте се со ладна вода.
    *Сусам и мед. Една лажица сусам измешајте со една лажица мед. Направете паста која ќе ја нанесете на лицето и ќе ја оставите да делува 15 минути. На крајот измијте се со млака вода.
    *Направете сами една супер хранлива маска за коса, за што ќе ви бидат потребни 3-4 лажици кокосово масло и 10 ситно смелени бадеми. Загрејте ја смесата околу 5 минути и оставете да се олади. Кога ќе биде приближно на телесна температура нанесете ја на скалпот и по должината на косата. Покријте ја главата со најлонска шапка и оставете да делува најмалку еден час. Ефектот ќе го забележите веднаш после првото нанесување. Се препорачува да се користи еднаш седмично.
     
  11. MotherMonsterI

    MotherMonsterI Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2012
    Пораки:
    797
    Допаѓања:
    837
    Што се става во кесичка вода ...ххха ова се смешно ми дојде ајде малку подобјасни ако сакаш :*
     
  12. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    5.811
    Допаѓања:
    38.281
    Пол:
    Женски
    Па во кесичка ставаш вода и ја ставаш во кондурите и во фрижидер и чекаш да замразни и ќе ги рашири така.Мада јас знам со компир дека се става.
     
  13. PinkGir123

    PinkGir123 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    1.125
    Допаѓања:
    759
    Камена пудра на трепките прво па потоа маскара да бидат побујни. :D
     
  14. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.213
    Пол:
    Женски
    Или пудра во прав, проверено :)
     
  15. figgiMK

    figgiMK Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    6.964
    Допаѓања:
    2.300
    Лек против стрии
    Лек против стрии нема, меѓутоа постојат начини со кои можете да ја ублажите нивната видливост. Пробајте Го оваа рецепт:
    Во свежа жолчка од јајце додадете 2 супени лажици кантарионово масло, 1 супена лажица чичково масло, 5 капки лимонов сок и на крајот 3 капки тинктура од невен. Цело време мешајте ја смесата со голема лажица, додека не добиете хомогена смеса.
    Со помош на широка четка мелемот се нанесува во тенок слој на местото на кое имате стрии. Седете така половина час и потоа истуширајте се со топла вода, а потоа исто така во тенок слој нанесете некаква крема за регенерација на кожа. Третманот се прави два пати неделно.
    Секако, кој за кратко време изгубил поголем број на килограми, веројатно се соочил со стрии, оштетување на сврзното ткиво. На стрии најподложен е стомакот, градите, колковите и задникот.
    На појавата на стриите внијаат гените, потоа колку е кожата растеглива, како и колку е присутен колагенот и витамин Е. За да се справите со стриите треба да јадете намирници богати со витамин К,Е и Ц.
    Со тоа “загрозените делови” третирајте ги со препарати. Ви претставуваме три најефикасни рецепти…
    Камилица
    Еден од најдобрите е оној од “домашната аптека”: помешајте ја камилицата во масло од лаванда и јојоба. Мачкајте се секој ден.
    Авокадо
    Уште еден од корисните препарати е микс на авокадо, маслиново масло и лимон расторот натопете го во газа и со смесата мачкајте ја кожата два пати неделно.
    Шеа
    Резултати ќе покажат и мешавина на маслиново масло, бадемово масло и шеа путер. Сите состојки измиксирајте ги и секојдневно мачкајте да почнат да бледеат.

    There are Tons of Polishes out there and I had no idea there were this many different types! As published by Fingers Polish Mania, here are the Different Types of Polishes:
    http://www.lacquerized.com/2010/04/finish-it-up.html... thanks to Michele for the excellent swatches.
    http://www.fingerspolishmania.com/p/26- ... inish.html ...thanks to Fingers Polish Mania for breaking it down.
    Nail Repair with a teabag:
    http://thenailbuff.blogspot.com/2011/05 ... eabag.html ... thank you to The Nail Buff.
    Manicure Clean-Up...finally I see how to get clean looking edges to my manicures:
    http://wackylaki.blogspot.com/2012/02/t ... -up.html... thank you Wacky Laki!
     
  16. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.491
    Допаѓања:
    8.292
    Пол:
    Женски
    Кога имате несоница или поточно кога едноставно не може да заспиете ,измијте си ги нозете со топла вода и облечете чорапи,или напијте се лимонада но без шеќер.
     
  17. figgiMK

    figgiMK Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    6.964
    Допаѓања:
    2.300
  18. figgiMK

    figgiMK Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    6.964
    Допаѓања:
    2.300
    HOMEMADE LIP STAIN///http://thebeautydepartment.com/2012/05/kitchen-beautician-homemade-lip-stain/#more-6683

    KITCHEN BEAUTICIAN: LIP COLOR /http://thebeautydepartment.com/2012/04/kitchen-beautician-lip-color/ [​IMG]
     
  19. Kristinna1

    Kristinna1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    274
    Допаѓања:
    125
    Кога ќе ве касни комарци земете капаче и почешајте се и клајте мирис многу лесно :)
     
  20. figgiMK

    figgiMK Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    6.964
    Допаѓања:
    2.300