1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Корисни совети

Дискусија во 'Слободно време' започната од kiki-riki, 25 ноември 2009.

  1. doll.a

    doll.a Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    1.317
    Допаѓања:
    3.260
    Пол:
    Женски
    Ако ви се затнати ушите само прснете се со парфем и после одма можете да ставите менгушќи :)
    Проверено
     
  2. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.263
    Допаѓања:
    8.690
    Додека сечкате кромид џвакајте мастика, така нема да ви просолзат очите.
     
    На Lovy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. figgiMK

    figgiMK Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    6.964
    Допаѓања:
    2.300
  4. figgiMK

    figgiMK Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    6.964
    Допаѓања:
    2.300
    http://www.bezpardon.mk/talogot-od-kafe-da-ti-pravel-chuda/
    Ако уживате во вашето утринско турско кафе, не фрлајте го талогот кој ви останал во шолјата. Искористете го за некои многу практични и корисни работи. Еве за што:

    Освежувач на просторијата

    Ставете го талогот од кафе на еден сад и поставете го во делот од домот каде сакате да ги отстраните непријатните миризби, како фрижидерот и кантата за отпадоци.

    Средство за чистење

    Ако чиниите ви се многу валкани, талогот ќе ви го реши проблемот. Втријте го на чиниите и ќе се случи чудо. Исто така ако сакате на дрвениот мебел да му дадете сјај, измешајте го талогот со вода, премачкајте го мебелот и оставете го да дејствува неколку минути. Потоа пребришете го со чиста крпа.

    Маска за коса

    Нанесете малку од талогот во косата пред да ја измиете со шампон и оставете ја малку да отстои пред да ја измиете со вода. Препорачливо е за русокосите да не го прават ова, додека за оние со темна ова би било одличен третман.

    Пилинг

    Измешајте го талогот со мед и направете пилинг кој ќе можете да го користите за телото и лицето. Тоа ќе и пружи одличен сјај на кожата. Исто така, одличен е и против целулитот.

    Нанесете го против убод од инсекти

    Втријте го талогот на местата каде сакате да се заштитите од угризот од инсекти, бидејќи силниот мирис на кафе ги одбива.

    Ѓубриво

    Талогот од кафето, измешан со вода, е одличен за повремено дохранување на земјата на домашните растенија
     
  5. figgiMK

    figgiMK Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    6.964
    Допаѓања:
    2.300
  6. figgiMK

    figgiMK Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    6.964
    Допаѓања:
    2.300
    http://www.taratur.com/node/36039
    Што содржи лимонот?

    Поради високото ниво на киселина, лимонот има силен антибактериски ефект. Со него можете да ги отстраните вообичаените домашни бактерии, тврди Џули Еделман, авторка на книгата The Accidental Houswife: How to Overcome Houskeeping Hysteria One Task at a Time.

    Еве како сè можете да ги искористите благодетите од ова овошје.

    Дајте му сјај на металните предмети

    Кога е во прашање месингот, бакарот и хромот, никакви хемикалии нема добро да им дојдат на предметите направени од овие метали како лимонот. Потпоете го приборот за јадење во раствор од вода и половина лимон, оставете го така извесно време, потоа извадете го приборот и избришете го. Ако сакате екстра сјај, половината лимон пред да ја ставите во водата посипете ја со сол.

    Дезинфекција на микробрановата печка

    Непријатниот мирис после печењето пуканки или подгревањето на пица во микробрановата можете да го отстраните на многу лесен и едноставен начин. Исечкајте лимон на тенки кришки, истите ставете ги во чинија, дотурете вода, и сето тоа ставете го да се грее во микробрановата печка околу една минута. Лимонската киселина ќе ги убие бактериите, а лимоновиот мирис ќе делува како навлажнувач и освежувач на просторот во микробрановата. После тоа, избришете ја внатрешноста од пешката со обична крпа.

    Чистење на бањата

    Металните рачки за крпите, чешмите и останатите предмети од сличен материјал во бањата, наместо да ги третирате со абразивни средства, користете го лимонот за чистење на истите. Сок од 5-6 лимони сипете го во празна спреј боца и со тоа испрскајте сè што сакате да исчистите. Лимонската киселина го разградува талогот и ги чисти валканите дамки. Освен тоа, делува и антибактериски и антисептички.

    Рачно миење на садовите

    Ако некогаш ви снема средство за миење на садовите, лимонот без проблем може да го искористите со таква намена. На парче лимон ставете сода-бикарбона и ќе видите како маснотиите и наслагите од садовите ќе почнат да се разредуваат и топат, тенџерињата и тавите добиваат сјај, а и вашите раце ќе мирисаат убаво.

    Парфимирање на алиштата

    Додајте само една лажица сок од лимон меѓу средството за перење на алиштата кога ќе ги ставате во машината и со тоа ќе си обезбедите чувство на чистота и свеж мирис кај сите алишта кои ќе ги облагородите со лимоновата течност.

    Миење на прозорците

    Четири лажици сок од лимон измешани со вода е одлична комбинација за миење на прозорците. Силната лимонска киселина ги отстранува нечистотијата и дамките, а прозорците ќе добијат и сјај.

    Чистење на даската за сечење

    Преполовете еден лимон, исцедете од сокот на површината од даската за сечкање, премачкајте ја со него и оставете го сокот десетина минути да дејствува врз површината. Дамките и разните мириси ефикасно ќе бидат отстранети, како и присутните невидливи бактерии. На крајот, со другата половина од лимонот, уште еднаш добро истријте ја површината од даската и измијте ја со вода.
     
    На BeLLaDona23 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. figgiMK

    figgiMK Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    6.964
    Допаѓања:
    2.300
    http://www.idividi.com.mk/stil/woman/792500/index.html
    Борбата со акните често знае да биде долготрајна и болна, а пред сè и скапа, бидејќи некои од препаратите за таа намена чинат и по неколку стотини евра.
    Пред да потрошите и денар во локалната парфимерија на работи кои може и да немаат никаков ефект, испробајте ја оваа необична маска со аспирин, која важи за исклучително делотворна за проблематичната кожа.

    Напомена: Доколку сте алергични на аспирин или имате премногу осетлива кожа, немојте да ја користите оваа маска.

    Што е потребно:

    - 7 аспирини
    - Вода
    - Лажичка мед

    Подготовка:

    Изгмечете ги 7-те таблети аспирин додека не станат како прав и потоа помешајте и со мала количина на вода за да добиете смеса на густа паста. Во таа смеса додајте една мала лажичка мед и добро измешајте.

    Користење:

    Добро исчистете го лицето со вообичаеното средство за чистење, а добро би било и да направите лесен пилинг за да ја подготвите кожата за маската. Нанесете ја рамномерно на лицето, избегнувајќи го подрачјето околу очите и устата. Оставете ја да постои 10 до 15 минути, а потоа добро исплакнете се.
     
  8. figgiMK

    figgiMK Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    6.964
    Допаѓања:
    2.300
    http://brkajrabota.mk/lifestyle/moda-i- ... i-se-tesni Алкохол
    Премачкајте ги обувките во внатрешниот дел со комбинација од вода и алкохол, па потоа облечете ги со дебели чорапи. Одете така половина час.

    Фен
    Кожните обувки можат да се растегнат така што ќе ги загревате со фен околу една минута, се додека кожата не омекне. Потоа ќе облечете дебели чорапи и ќе направите кратка прошетка околу домот.

    Замрзнувач
    Земете кесички за замрзнувач, наполнете ги со вода и ставете ги во обувките. Внимавајте да не ја преполните кесичката со вода! Ставете ги во замрзнувач. Водата ќе се претвори во лед, а ледот ќе го направи своето.
    За Ацетонот http://interesno.com.mk/fun/34-interest ... i-acetonot
     
    На Pebeka му/ѝ се допаѓа ова.
  9. figgiMK

    figgiMK Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    6.964
    Допаѓања:
    2.300
  10. figgiMK

    figgiMK Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    6.964
    Допаѓања:
    2.300
    DIY makeup remover that's even better than the MOST expensive brands.
    Easy to make, super cheap, and removes even the toughest waterproof makeup.
    Here's the recipe:
    1 cup water;
    1.5 TBSP Baby Shampoo Tear-Free;
    1/8 TSP olive oil or coconut oil.
    Shake and save or share with friends!!!
     
  11. figgiMK

    figgiMK Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    6.964
    Допаѓања:
    2.300
  12. figgiMK

    figgiMK Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    6.964
    Допаѓања:
    2.300
  13. K.Mari4ka

    K.Mari4ka Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    1.457
    Допаѓања:
    1.559
    Пол:
    Женски
  14. Ammy.Lee

    Ammy.Lee Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2011
    Пораки:
    1.995
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    Има и по бутицине за чевли,баш од еден кинески си зедов за 50 ден. :)
     
  15. figgiMK

    figgiMK Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    6.964
    Допаѓања:
    2.300
  16. K.Mari4ka

    K.Mari4ka Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    1.457
    Допаѓања:
    1.559
    Пол:
    Женски
    РЕЦЕПТИ ЗА УБАВИНА СО ЦРН ЧАЈ

    Повеќето од нас ги знаат здравствени придобивки и задоволства од пиењето на чај но, она што многумина не знаат е дека црниот чај има многу важни последици за нашата убавина. Кога се нанесува на кожата е важен антиоксиданс, и заедно со витамините Ц и Е е моќен во борбата со слободните радикали кои предизвикуваат предвремено стареење. Брзо отстранување на потечени очи и темни кругови: Од приготвениот црн чај, зачувајте ги кесичките во вашиот фрижидер. Кога ви треба само легнете и ставете ги кесичките црн чај како облоги на вашите очи. Оставете ги да делуваат 10 до 20 минути. Отстранување на дамки на кожата: Кога ќе се појави неугодна флека на вашата кожа, ставете загреани кесички од подготвен црн чај и оставете неколку минути. Рецепт за убави усни: Црниот чај помага усните да ја задржат влагата и мекоста. Ставете топла кесичка од црн чај на чиста уста, и оставете околу 5 минути. Нема потреба да се измивате. Зголемување на сјајот на косата: Оваа постапка ја затемнува косата, но, исто така, ќе додаде сјај. Се варат 2 шољи на црн чај и искористете ги така што ќе ја измиете косата со нив по шампонирањето. Против миризливи нозе: Танинот во чајот помага во борба против бактериите кои ги има на нашите стапала. Стабете ги стапалата во приготвен црн чај и оставете ги неколку минути. Потоа само избришете, без да ги измиете.
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. figgiMK

    figgiMK Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    6.964
    Допаѓања:
    2.300
    http://brkajrabota.mk/tehnologija/nauka ... on-i-konec
    Можеби не е некоја тешка наука но убаво е да искористи нешто во пракса. Корисно би било за сите што сакаат да прават стаклени украси или слично нешто.
     
    На Twinkles му/ѝ се допаѓа ова.
  18. figgiMK

    figgiMK Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    6.964
    Допаѓања:
    2.300
    http://www.bezpardon.mk/10-neverojatni- ... topchin-a/ Како да ги отстраните флеките кога ќе се истури лак за нокти?
    http://kajgana.com/soveti-za-polesno-ot ... k-za-nokti
    На секој од нас барем еднаш во животот му се има случено да му се излее лак за нокти таму каде што не треба – на облека, тепих или дрвена површина. Колку побрзо се реагира, толку поскоро ќе го решите проблемот.
    Добрата вест е што дамките од лак за нокти можат да се отстранат со средства што најверојатно ги имате во домот, пишува bellasugar.com.
    Отстранување на дамки од лак за нокти на дрвени површини
    Прво правило – во овој случај никако немојте да употребувате отстранувач на лак за нокти. Тој може само да ја влоши ситуацијата и да создаде нови дамки. Испрскајте ја дамката со спреј за коса и оставете да отстои околу 20 секунди, а потоа избришете го местото.
    Отстранување на дамки од лак за нокти од облека
    Дамките на некои ткаенини можат да се отстранат со отстранувач на лак за нокти, но потребно е да направите мало тестирање. Направете го тоа на некој внатрешен дел од ткаенината, доволна е само една капка од ацетонот за да ја видите реакцијата. Потоа, многу е важно веднаш да ја исперете облеката. Ако тоа не ви помага, можете да се обидете со лак за коса, а ако ни тоа не помага, бидејќи зависи од видот на ткаенина, тогаш однесете го во сервис за хемиско чистење.
    Отстранување на дамки од лак за нокти од коса
    Ако случајно сте го размачкале лакот за нокти по косата, а тој сè уште не е исушен, употребете отстранувач за лак на нокти што не содржи ацетон. Но, ако лакот е исушен, за отстранување ќе ви помогне природно масло што ќе го триете на косата.

    Отстранување на дамки од лак за нокти од тепих
    Тоа многу зависи од бојата на тепихот. Ако станува збор за светла боја, употребете отстранувач на лак за нокти што не содржи ацетон. Ако тепихот е со темна боја и не сте сигурни на кој начин е обоен, обидете се да ја отстраните дамката со спреј за коса или употребете малку алкохол и со крпа избришете го местото. Постапката можете да ја повторите повеќе пати доколку подобрувањето веднаш не се забележи.


    dom/kako-se-spravuvate-so-damki-fleki-t588/110.html#p1182450
     
  19. K.Mari4ka

    K.Mari4ka Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    1.457
    Допаѓања:
    1.559
    Пол:
    Женски
    9 изненадувачки употреби на белиот шеќер

    1. Го одржува цвеќето свежо
    Додајте две лажичиња шеќер и две лажици алкохолен оцет во водата во вазната за долготрајна свежина на цвеќето. Шеќерот е добар за стеблото, а оцетот го спречува развојот на бактериите.

    2. Ја ублажува лутината на храната
    Млекото исто така делува, но ако некој не сака да пие млеко за време на ручекот, или вечерата може да употреби шеќер за да го ублажи чувството на горење во устата по консумирањето на лута храна. Малку шеќер е доволно, дури и не морате да го проголтате ако ги броите калориите.

    3. Лечи рани и инфекции
    Ако ставите шеќер на воспалени, инфицирани рани и чиреви тој ќе ги убие бактериите кои го спречуваат заздравувањето на раната и кои предизвикуваат хронична болка.

    4. Прави пилинг
    Помешајте шеќер со бадемово, или маслиново масло, а за пријатен мирис додајте неколку капки етерично масло по сопствен избор. Истријте ја кожата со смесата и исплакнете под туш. Ќе ги отстраните мртвите клетки и ќе добиете мека, мазна и нежна кожа.

    5. Ги отстранува дамките од трева
    Ако се плашите да употребите избелувач, особено ако станува збор за ткаенина која што содржи повеќе бои, дамките од трева обидете се да ги отстраните со паста од шеќер и вода. Смесата нанесете ја на дамката, нека постои еден час, а потоа исплакнете со чиста вода.

    6. Ги прави усните помазни
    За нега на суви усни, измешајте еднаква количина шеќер и маслиново масло додека не добиете густа смеса. Пастата нанесете ја на усните и оставете ја да постои околу триесетина секунди. Избришете ги усните со влажна крпа и уживајте во усни меки како свила.

    7. Ја чисти мелницата за кафе
    Ако сте поборник на старото школо па сè уште сакате самите да си го мелете кафето, вашата мелница ќе работи подолго и подобро ако ја чистите со шеќер. Освен тоа, ќе се апсорбира мирисот од остатокот на зрната кафе и зачините кои ги мелете. Едноставно ставете шеќер во мелницата и мелете го неколку минути.

    8. Го смирува изгорениот јазик
    Исто како што го ублажува чувството на горење во устата после јадење на лута храна, помага и во смирувањето на изгорениот јазик. Ставете малку шеќер на изгорениот дел и болката би требало веднаш да престане.

    9. Ги чисти рацете од маснотии
    Мрсните раце исчистете ги со смеса од еднакви количини на маслиново масло и шеќер. Тријте ги дланките една со друга и кога ќе почувствувате дека повеќе не се мрсни темелно измијте ги со вода.
     
  20. K.Mari4ka

    K.Mari4ka Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    1.457
    Допаѓања:
    1.559
    Пол:
    Женски
    Што да направите ако почне да ви крвари носот?

    - Седнете исправено и наведнете се нанапред. Со седењето вие го намалувате притисокот во вените на носот. Ова го намалува крварењето, а со наведнувањето нанапред ќе избегнете голтање на крвта која може да го иритира желудникот.

    - Стиснете го носот со палецот и показалецот доволно силно за да се затвори протокот на воздух. Користете ја устата за дишење. Држете го така носот стиснат 5-10 минути. Ваквиот маневар обично го запира крварењето.

    - За да превенирате повторно крварење, откако претходното престанало, не го чепкајте и не го дувајте носот неколку часа по епизодата на крварење.

    - Ако повторно се појави крварење, издувајте го носот силно за да излезат крвните тромби и прснете во носот деконгестив, кој содржи oxymetazoline. Потоа применете ги претходните техники за запирање на крварењето.
    [​IMG]
    Побарајте итна медицинска помош ако:

    - Крварењето трае подолго од 20 минути;

    - Ако крварењето е резултат на пад или повреда на главата, вклучувајќи ја и повредата при удар со бокс кој можеби ја има скршено носната коска.

    При чести крварења

    Ако се јават чести крварења, закажете преглед кај вашиот доктор. Можеби ќе биде потребна каутеризација на некој крвен сад. Каутеризацијата е техника при која крвниот сад се гори со електрична струја, сребрен нитрат или со ласер. Понекогаш докторот може да го исполни носот со специјална газа или со латекс балон за да се аплицира притисок врз крвниот сад и да се запре крварењето.
     
    На Twinkles му/ѝ се допаѓа ова.