1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Корисни совети

Дискусија во 'Слободно време' започната од kiki-riki, 25 ноември 2009.

  1. figgiMK

    figgiMK Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    6.964
    Допаѓања:
    2.300
  2. l0vE...-love

    l0vE...-love Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2012
    Пораки:
    575
    Допаѓања:
    144
    Пол:
    Женски
    Не пијте од лименка има повеке бактерии од јавните вециња :puke: :puke: :puke: :puke: :sweat: :sweat: :sweat:
     
    На elimkd, SunnyGirl2 и Twinkles им се допаѓа ова.
  3. deedee0

    deedee0 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2011
    Пораки:
    359
    Допаѓања:
    364
    Никогаш не си играј со чувствата на другите,бидејќи можеби ќе ја освоиш играта,но ризикот е дека со сигурност ќе ја загубиш таа личност засекогаш!
     
  4. K.Mari4ka

    K.Mari4ka Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    1.457
    Допаѓања:
    1.559
    Пол:
    Женски
    7 фантастични употреби на лукот

    1. Акни
    Една од предностите на лукот е секако неговото поволно дејство на убавината, имено сокот од лук ги лечи акните. Доволно е да се згмечат две чешниња лук и смесата да се стави на воспаленото место, резултатот ќе биде видлив веќе по неколку минути откако ќе спласне отокот од мозолчето.

    2. Херпес
    Вирусната инфекција на усните која е добро позната како херпес, е многу непријатна појава, но излечива ако на неа се стави чешне лук и се држи директно на болното место околу 10 минути. За подобар ефект постапката повтопрете ја пет пати во текот на денот.

    3. Воспаление на увото
    Лукот помага и при лечење на воспаление на уво, а рецептот е брз и едноставен. Во лажица жешко маслиново масло ставете згмечено чешне лук и оставете го да одлежи еден час, неколку капки капнете во увото и истото повторете го два пати во текот на денот.

    4. Иверка под кожата
    Мало парче дрво кое се закачува под кожата тешко може да се извлече, но со помош на лукче ставено на болното место и покриено со фластер иверката лесно ќе исплива на површина.

    5. Губење на косата
    Лукот е познат и по своето делотворно својство за заздравување на влакната, затоа ако ја губите косата, неколку пати во текот на денот истријте ја со масло од лук или со лук и оставете да делува барем 10 минути.

    6. Сируп за кашлица
    Лукот делува како антибиотик па може да помогне и во борбата против кашлицата. Ситно насечкани две чешниња лук ставете во еден децилитар вода, оставете да отстои неколку минути и потоа пијте го како чај...

    7. За нега на кожата
    Алицинот, состојка на лукот, помага во омекнување на кожата и ја прави мазна. Додајте малку згмечен лук во вашата маска за лице, задржете ја неколку минути и исперете со млака вода. Чистиот тен и свежиот изглед ќе бидат резултат на оваа лесна постапка.
     
  5. K.Mari4ka

    K.Mari4ka Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    1.457
    Допаѓања:
    1.559
    Пол:
    Женски
    Пет начини на кои можете да ја искористите солта

    - Така на пример солта успешно може да ви помогне при справувањето со дамките. Ако имате проблеми со жолти дамки на облеката предизвикани од дезодоранс, ставете четири лажици сол во еден литар вода. Земете ја облеката и потопете ја во водата чистејќи ја дамката.

    - Исто така ако сте забележале дека лушпата од јајцето потешко се лупи, тогаш пред да го ставите да се вари во водата во неа ставете малку сол и потоа ќе го немате тој проблем.

    - Солта исто така може да ви помогне ако имате проблем со мравки во вашиот дом. Само треба да ставите сол на вратите, прозорците или било кое друго место од каде сте забележале дека доаѓаат.

    - Веројатно повеќето некогаш сте користеле сол за капење, но проблемот е што таа често пати знае да остави дамки на кадата, па потоа мора да чистите. За да го немате тој проблем искористете ја морската сол и ќе добиете мека кожа, а нема да морате да ја чистите кадата.

    - Сигурно сте забележале дека чајот знае да остави навистина грди дамки на шолјите, кои тешко се чистат. Солта може да ви помогне и во овој случај. Само треба да измешате бел оцет и сол и ќе добиете ефикасно средство за чистење на дамките.
     
  6. K.Mari4ka

    K.Mari4ka Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    1.457
    Допаѓања:
    1.559
    Пол:
    Женски
    10 употреби на маслиновото масло

    - За симнување на шминката: Нанесете малку масло на памук и нежно истријте ги очите.

    - За заглавен затворач: Нанесете малку масло на патентниот затворач, лесно повлечете горе – долу. Маслиновото масло ќе го подмачка.

    - За мека кожа: На мокра кожа, по туширање нанесете го маслото и размачкајте го по целото тело.

    - За нега на усните: Секоја вечер пред спиење усните намачкајте ги со маслиново масло и ќе станат меки.

    - За полирање на дрвениот мебел: На памучна крпа нанесете малку масло и со неа темелно премачкајте ја дрвената површина.

    - Против вошки: Темето добро натопете го со маслиново масло, замотајте ја косата во кеса или капа за туширање и оставете така да постои некое време. Пред да ја измиете косата исчешлајте ја со густ чешел.

    - Масло за капење: Наполнете ја кадата и во водата додајте маслиново масло и миризливи соли. Вашата купка е подготвена.

    - За мазно бричење: Мократа кожа намачкајте ја со маслиново масло и преку него поминете со жилетот. Тоа ќе ја замени пената или гелот за бричење, а ќе го спречи иритирањето и црвенилото.

    - За полирање на кожни чевли: Баш како и кај полирањето на мебелот и за вашите кожни чевли решението е крпче натопено со маслиново масло.

    - За вадење на налепници: Налепниците на стакло или пластика, натопете ги со маслото и кратко оставете ги да постојат така натопени. Потоа со сунѓерче изгребете ги со лесно триење.
     
  7. figgiMK

    figgiMK Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    6.964
    Допаѓања:
    2.300
    5 природни борци против лузни и стрии на телото
    http://interesno.com.mk/zdravjeubav...prirodni-borci-protiv-luzni-i-strii-na-teloto
    Гребнатинките, акните, раните или операцијата на нашата кожа ни оставаат белег што го носиме цел живот... Најчесто природата е наш верен „пријател“...

    Како да се справите со лузните од акни...http://www.crnobelo.com/zivot/moda-...ravite-so-luznite-od-akni?utm_source=daily.mk

    Самодовербата е важна за впечатокот кој го оставаме врз околината, но често пати е тешко да ја одржиме на ниво, ако постојано мислите за непријатните
     
  8. Lella

    Lella Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.301
    Допаѓања:
    28.805
    Пол:
    Женски
    Јас знам дека ако ви се залепи мастика во коса - треба со путер да ја намачкате и ќе ја извадите. После ќе ви биде мрсна на тој дел, ама тоа е подобро од сечење на коса нели? ;)
     
  9. levely

    levely Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2011
    Пораки:
    914
    Допаѓања:
    902
    Да надополнам и јас дека мастика од коса исто така се вади многу лесно и со газиран сок ;) (пожелно е кокакола )
     
  10. figgiMK

    figgiMK Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    6.964
    Допаѓања:
    2.300
    http://popara.mk/2013/zhivot/ubavina/odstranete-gi-pegite-od-vasheto-lice-so-domashni-lekovi/Пегите се темни точки на кожата, кои воглавно се јавуваат на лицето, особено на носот и околу него. Пегите се безопасни, а вообичаено се појавуваат кај младите луѓе. Причините за појава на пегите се наследните фактори и постојаната изложеност на сонце.

    Денеска ќе ви представиме неколку едноставни домашни лекови кои ќе ви помогнат да ги одстраните пегите.

    Решение 1:

    Изгмечете една зрела банана, и додадете две лажици здробен лист од нане. Ставете ја оваа смеса на пегите. Кога маската ќе почне да се топи, измијте ја со вода.

    Решение 2:

    Земете една лажица сок од лимон, додадете малку сол и една лажица мед и добро измешајте. Медот делува како природен избелувач. Нанесете ја смесата на пегите и оставете ја да стои 10 минути. Погрижете се оваа маска да не ви влегува во очи. На крајот измијте го лицето со млака вода.

    Решение 3:

    Ставете неколку кришки од компир во матеница. Втриете ги кришките на пегите и оставете 5 минути. Правете го тоа 3 до 4 пати во неделата.

    Овие лекови се темелат на начелата на Ayurvede, древно индиско учење за лекувањето и се потполно природни, а што е најдобро можат лесно да се направат дома.
     
  11. figgiMK

    figgiMK Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    6.964
    Допаѓања:
    2.300
    http://www.komunikacija.mk/za-bebeshki-nezhni-stapala/

    за мазнии пети :rofl: стар трик - ама успешен
    со то ашто би додала дека може да се стави наместо бебешки крем и некое од лидера моментите
     
  12. April87

    April87 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    551
    Допаѓања:
    447
    Пол:
    Женски
    Паметно. :)
     

    Прикачени фајлови:

    На Twinkles му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Twinkles

    Twinkles Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2014
    Пораки:
    647
    Допаѓања:
    980
    Да се надоврзам за ова со лименкава..
    Не знам каде и пред колку време ама со сигурност од 100% знам дека имаше труење на човек кој пиел од лименка на која претходно имало урина од Глушец.
     
    На eliesaab и SunnyGirl2 им се допаѓа ова.
  14. lostsoul

    lostsoul Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2011
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    116
    Пол:
    Женски
    Jas znam so belka od jajce.Isprobano mi e
     
    На Lella му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Sahlene

    Sahlene Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2015
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.219
    Пол:
    Женски
    Ако во случај ви падне растопена свеќа врз блуза или панталони, дамките не треба да се стругаат, туку најлесно ќе ги извадите со весник и загреана пегла.
     
  16. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    14.127
    Допаѓања:
    43.694
    Пол:
    Женски
    Ако ви се залепи мастика на некој дел од облеката поминете со коцка лед.
    Мрсните флеки од алиштата може да,се извадат и со Арис де грас(незнам дали сте пробале)
    Ако подолго време сте на,лаптоп/телефон/таблет направете одмор за очите со тоа што ќе гледате 20 минути настрана(значи не во екранот)
     
  17. Lunaria

    Lunaria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2012
    Пораки:
    226
    Допаѓања:
    1.087
    Пол:
    Женски


    За мене успеа, фала богу :) Како да ги вратите алиштата кои ви се собрале при перење...
     
  18. Queen8

    Queen8 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2018
    Пораки:
    4.279
    Допаѓања:
    20.711
    Пол:
    Женски
    Средство за отстранување на флеки: измешајте еднакви количини на алкохолен оцет, течен сапун и минерална газирана вода, се нанесува на флеката и нежно се трие. Го имам испробано, кај мене даде топ резултат.
     
    На eliesaab, KuklickaMoja, Lovelybaby<3 и 5 други им се допаѓа ова.
  19. FreeToGo

    FreeToGo Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2014
    Пораки:
    727
    Допаѓања:
    869
    Пол:
    Машки
    Вадење флеки од дезодоранси под пазуви од БЕЛИ алишта?
    За црни знам, ама за бели е маката.
     
  20. Bebac

    Bebac Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2019
    Пораки:
    850
    Допаѓања:
    2.015
    Пол:
    Женски
    Не порачувајте од:
    patiki_sezona2022mk.
    Живи преваранти.
    Им порачав едни патики, ми пратиле други.
    Од БТ се. Не , наседнувајте.
    Пишуваат менуваат број или враќаат пари. Ништо од тоа.
    Пазете! Не, наседнувајте.