дури и ако некој не се однесува убаво спрема вас,научете вие да се однесувате убаво,за човекот е најлошо да живее со негативни чувства спрема другите.. од секој непријател се открива нова животна лекција.. ?! која е користа од вашите непријатели , дали имате непријатели ? Спојлер Бидејќи не дојдов до ваква тема,ако КЛУЧ!
Искрено никаква корист,исто како да не постојат иако се обидуваат да ми го загорчат животот успешно ги надвладеувам Поздрав до нив!
Секој нивни удар ме прави посилна. Најголема корист од нив ми е тоа што ми даваат најголема мотивација за да успеам. Поздрав и голема благодарност до нив.
Немат причина зошто да ме мразат или да бидат мои непријатели едноставно тие си создаваат во себе гнев од пуста љубомора.. кога чекаат време да кажеш нешто, а тие да го испревртат на 1.000.000 начини за на крајот кажат нешто негативно на некој трет во врска со тебе... али сепак џабе не рекле зад добриот коњ се дига прашина. Па така секој нивни „камен“ по мене ме прават уште посилна и поупорна во се она што сакам и имам желба да го остварам. ..а некој да мразам пфф ма јок ќе си трошам времето на такви ...! Па затоа позз јас сум на врвот
Непријатели - немам. Но некој што ми пречи во животот, или ми е вечен контраш, не се сложувам со него, не сум во најдобри односи.. не е ниту најблизу до непријател, ама ајде ке го ставам во тој кош. И навистина има корист од непријателите, тие во најлошите мигови ке ти посочат кои ти се вистински некои сосеми трети непријатели, што ти збореле зад грб(излитено звучи, ама навистина е така) или ке ти посочат на твоите мани. Знаат да ти докажат некогаш дека не си во право, да те закопаат со информации и потоа да смениш мислење. Ама човек учи додека е жив, учи и од непријателите. Учиме на грешките, ако си му верувал на некому, тој ти стане непријател, ете уште една лекција дека не треба да се зближуваме со луѓето, да држиме некој баланс и не треба толку да им се доверуваме.
Незнам дали има некој во мојот живот кого можам да го наречам непријател. Да, постојат луѓе со кои не сум во добри односи, со кои сум имала и имам конфликти, со кои и не ми е баш најпријатно да сум во друштво. Но не ги забележувам многу и не им придавам особено значење. А користа се состои во тоа што на некој начин од нив сум научила некои животни лекции, за тоа колку сме ние луѓето дволични и лицемерни, и дека на секого не треба да му се верува. А оние кои ми се љубоморни за нешто, било што, само ме поттикнуваат да бидам уште подобра во тоа што го правам.
Јас мислам дека е рано да се каже дека имам некои непријатели. Има луѓе ( другарки или познаници ) кои завидуваат и со тоа чуствуваат омраза кон мене. Зошто е тоа така, незнам. Но не ме интересира. Што не ме убива, ме прави посилна. + Им посакувам долг живот на моите "непријатели", за да ги гледаат моите успеси!
не верував дека постојат ама ете и јас сум имала по некој ....корист од нив некоја голема немам освен што ме смејат и што ме потсетуваат на мојте успеси........да се живи и здрави мојте непријатели
Немам. Детско ми е и малоумно ова, ко некој тинејџ амерички филм со Queen Bees and Wannabees. Непријател... што ќе да е тоа, око за око - заб за заб, крвна одмазда, кога ќе го (ја) видам да плукнам пред или зад него (неа)... што ли? Сигурно има некои луѓе кои не ме мирисаат баш и 100% ме одбегнуваат... браво и фала им. Ниту ми е гајле за истите. Нормално и јас имам некоја персона нон грата во мојот живот. Ги одбегнувам, ниту ми е гајле за истите. И ко да видиш - користа од непријателите е тоа што концептот не го сфаќаме така крвнички и насилнички ко некои напалени тинејџерки, туку културно си се тргаме од патот едните на другите, за да не не печат очињата од гледање и КОРИСТА побогу е - што си живееме полесен и посреќен живот едни без други.
Прилично многу работи ставам на игнор, не влегувам во каши ниту пак во двојни игри, а со самото тоа не си создавам непријатели. Ех сега не дека ги немам а кој ги нема... Меѓутоа на нивните оговарачки способности секогаш се смешкам, ретко кога нешто може да ме извади од такт, а користа од непријателите е само видување колку вредиш земајки го фактот штом уште си му во уста сакал или не неможе без тебе. А дека можам да кажам или набројам колку непријатели имам е тоа неможам затоа што и незнам а факт е дека најголемиот пријател понекогаш е најголем непријател
Имам бааги непријатели Секогаш кога ќе чуев за некој нивен трач за мене или некоја сплетка се нервирав ,но се навикнав така да знам дека тоа го прават од завист и љубомора,па нека се нервираат тие за мене-т.е. знам дека се нервираат што не ми можат ништо,што покрај големите несреќи во животов мој на кој с е радувале(кога почина татко ми велеле ајде да ја видеме без пари нема ни да дипломира,ниту да купува гардероба-мака им беше да ме гледаат дотерана ) значи и покрај се ,јас дипломирав и си најдов работа,и пак сум подотерана од нив-пошто тие немаат стил колку пари и да имаат,си имам дечко кој ме сака најмногу со кој сум најсреќна,а тие од пуста завист немаат ни тоа,па затоа ми е мило што ги нервирам јас,иако сакаат тие мене
Ијам,пошо сум многу добра.Сви злобне душе,могу да ми п*ше! Неам.Барем не такви кои лично сум ги декларирала ко непријатели.Имам пријатели и непознати луѓе.Непознати се оние отпишани на листата кои не ме занимаат ама баш ич и не сакам било каква комуникација со нив,сум раскрстила човечки ко што доликува,а оние уфилманине (пффф...па сеа,има една особа,болна си е,сеа на болен човек да не му замериш велат),тоа е ... над мојата моќ! И јас сум човек де.Од старт нека си мислат дека ме поразиле и дека јас нив ги мразам и дека им наштетувам,дека сум зла и дека лошо им мислам,ме мрзи сега да се објаснувам зошто нема и онака поента. Корист нема,освен лошо и неразумно трошење на енергија и труење на душичката со глупости.А башка...не го сфаќам бе тоа,непријател...е како бе?!Шту знам,мирно дете су ја и мирољубиво дур се фини луѓето,а кога не се терам кај шо треба и чао.Сеа ќе си умишљм,јаааа,оваа мене ме нејќе пошо сум јака бе,ми љубомори и сеа ќе си мериме стапови.Абе ај...а си има,си има такви...до душа таквите поише сами со себе и својата глупост се натпреваруваат.
Или ги немам или ги игорирам, или пак не ги препознавам , што знам! Не можам да одвојам некој за кој мислем дека ми е непријател, некој кон кој би требало да бидам претпазлива или пак имам лошо искуство и некоја штета врз мене! Едноставно не допуштам секој да ми се доближи толку блиску за да ми напакости, поставувам граници во дружењето, внимавам како и за што зборувам пред било кој...со еден збор претпазлива сум пред луѓето кои не ми се доволо блиски! А оние кои ми се блиски одамна се проверени и знам дека не ми се непријатели! Така да нити имам некоја тактика за нивно разоткривање, нити пак имам развиено стратегија за реванширање, едноставно игнор и дистанца!
Немам непријатели, доколку со некој не можам да бидам во иста просторија, едноставно не го забележувам повеќе, исто како никогаш да не сме се знаеле. Не сум таков тип на човек да се замара со некој со кој не сум на иста фреквенција, да ковам планови или не знам што за да му наштетам. Еноставно тој/таа што ете не сме се согласиле нека си го живее животот а јас мојот. Обично јас велам дека во секоја штета има и некоја корист, тука користа е што веќе нема да се полнам со негативна енергија кога сум во близина на таа личност и тоа е тоа. А тие што се замараат со тоа аха што ми направи сега ќе му вратам и ќе плачи ми се неизживеани детишта кои немаат што да прават и ајде ќе си играат нати го, дај ми го, затоа што немаат што друго да прават.
Можам да им го препорачам само следново - љубоморне и злобне душе могу да ми п...шее...!!!!!!!!!!!!! Од нив за прв пат дознав некои работи за себе, кои до сега не сум ги знаела, али штом ме озборуваат позади грб значи се дека далеку зад мене и таму ќе останат засекогаш...
Најверојатно негде постојат, но јас не ги познавам, не сум имала личен контакт со некој кој можам да го наречам непријател но како и да е, сигурно имам. Па јас и не им придавам некое значение, нека си уживаат таму каде што се, мене ми е убаво без нив, а со нив...незнам можеби треба да се обидам да воспоставам контакт па да ми се допадне таа релација пријател-непријател. Корист неверувам дека би имала, освен што ќе имам човек на кој ќе можам да му ја истресам негативната енергија а да не ми биде криво. И потенцијален кандидат за оговарање уз секое кафенце .
Ако се обидуваш да се разбереш според мислењето на другите за себе ќе створиш слика во која не можеш да се препознаеш!
Многу може да се научи од непријателите, а ги има, тоа секој го знае, може многу лесно да се открие кој е вистински пријател,а кој не.Реков дека може многу да се научи од нив, затоа што тие во суштина го укажуваат тоа што не треба човекот да го прави и човек точно може да утврди која е нивната цел, само треба да биде добар набљудувач, да се прави дека ништо не знае, на тој начин многу работи ќе открие од нив, па анализата сама по себе ќе се реализира.Што ќе научи човек од пријателите??? Пријателите се тие кои му помагаат на човекот, тој ги прифаќа нивните совети, брзо ги заборава, затоа што знае кој ги дава тие совети, додека за разлика од непријателите советите ги памти според нивната содржина, нормално кога се полни со критика, негативна или пак добро камуфлирана, па човек треба да ја осознае нивната позадина за да види која е нивната цел.Само треба да внимава затоа што и во пријателот има скриен непријател и обратно.
Упорно ми покажуваат дека не ми се ни до колена , а тоа тоа нивно јадење трици устата ќе им се исуши некој ден