Пред да постои АИ,ќе се снајдеше и со википедија и гугл ,ако не си разбрал баш ,чуму ти е да отвараш тема што и сам не ја конташ убаво и те буни?Пред да постои гогле важни работи се читаа од БРИТАНИКА,и се уште е така.Најважен е изворот на информација дали е вистински ,не брзината до која се доѓа.Еве CHAT GPT не знае кој е прецедал на УСА,слободно проверете.
Ај жити се оди бркај работа, пред да цитираш прочитај што сум пишал, не така на жими мајка. Кажав дека темата е тешка за објаснување, не дека не ја разбирам, мој оригинален текст кој сум го напишал јас, само го пратив да го среди да е разбирлив, не уште тие што читаат да ги дозбунам. Стои текстот тука е, ако сакаш ќе го објавам. Среќен Божиќ, што би рекла една колешка форумџика.
За потребни работи да се стекниш со дополнителни знаења или да дознаеш нешто, ете да прашаш, да побараш помош дали за семинарска, дипломска или нешто друго како рецепт, низ домот, наместо да пребаруваш по гугл, од голема корист и помош е AI. Особено тоа што па Gemini има и камера да му снимаш директно и да го прашаш пример како да ги средиш каналите на ТВ. Ама да се користи на форум за да произнесеш свој став, мислење, бидејќи форумот служи да се искажиш тоа шо мислиш, ми е малце надвор од реалноста и логиката, тогаш не треба да е хуманизиран форумов, нека стават опција најдолу, "прашај го AI форумот" , или па уште полошо бараш совет и те цитираат за совет а советот напишан им е од AI т.е компјутер, мислам..
Форум е за пишување свои мислења и не треба да биде дозволено да се користи вештачка интелигенција тука. Да сака некоја да добие мислење од ВИ, ќе пише на ChatGPT или која и да е друга апликација, не на форум. Овде сме за разменување мислења со луѓе. Реални. Не со роботи. И нема потреба некоја алатка да ти ги средува твоите мисли, сам ќе си ги средиш и ќе пишеш, макар и да згрешиш. Незамисливо ми е да користам ВИ за вакво нешто.
И јас сум анксиозна па не ми текнало на форум да користам ВИ.. ме заболе кој што мисли и кланови и се. Форум е ало не е реален живот. Ако Форум тригира анксиозност и напади тогаш не кристи Форуми..
Колку важен дел од животот треба да ти претставува форумов за да се трудиш со АИ да ги китиш мислењата само за да изгледаш попаметен од тоа што воопшто си.
Не мислев на себе. Си филтрирам, а благодарна сум и на членки од тука кои ми се одлична поддршка. Знам што сум прочитала во пораки. Темата ја знаеш, секаде читаш и гледаш кој/а колку е погоден/а од туѓи мислења. Некој го афектира, некој не. Факт е дека сите сме различни. И не е само тоа. И лица со други состојби не можат секогаш убаво да си ги срочат мислите, па им се наоѓа ВИ. Не сум за претерана употреба на ВИ, но не сум и за постови со застарени или погрешни информации.
За мене би било прифатливо користење на ВИ само доколку станува збор за лице со дислексија, односно, му е тешко да се изрази и/или ги срочи (читко) речениците. Имаше и тука еден член, па беше исмејуван. Таквите лица не треба и не смеат да се осетат дискриминирано и на некој начин ВИ може да им помогне. За сето останато, доколку почне активно да се користи овде - многу од членовите веќе нема да се навраќаат, форумот ќе ја изгуби воопшто смислата. Јас барем не би сакала да добивам копи-пејст мислење (башка што горе-долу си ги знаеме капацитетите на изразувањето), наместо какво-такво мислење од човек.
Гомнари скапани Неписмени и плитки, тие уопште не ни знаат што е тоа. Ми се свиѓа размислувањево твое, за лица со потешкотии, баш би било океј да се користи, многу би им се нашло и би им помогнало. Све друго, користење за као да си поумен и да се покажеш е дебилно. Нема оригиналност, нема креативност, не е изворно какво што треба да биде. Ај овие што користат, а сепак ги подредувават по свое текстовите, едитираат, а шо со оние коа само копираат? Дури и тирето го оставаат Децана викаме се неписмени, али богами и возрасниве затупавуваат, се враќаат назад со развојот, критичко мислење 0, битно паметници сме си. За грев.
Во целост се сложувам. Проблемот е и подлабок во останатите сфери, но да не одам со негативните примери.
Ама, дали тоа нема повеќе да ги уназади? Еве, имате некоја таква состојба и уште не ни размислувате, не учите, све некој друг да ви џвака, како би имало некаков напредок? Истражувањата покажуваат дека зголеменото користење на ВИ затупавува, сите ги затупавува, кога веќе не размислува човек нели, уште при некоја состојба би имало спротивен ефект. И за што, да звучиш попаметно на форум? Баш тука не треба да се користи.
@RainBow како помошна алатка да се користи, по можност разумно. Се' што е претерано нема да чини фала Богу. За сите важи ова.
Еј, хипотетичка ситуација. Ако се открие дека @LejlaD и @FriendOfDorothy користеле AI во мислењата тука, дали ќе треба да го вратат саатот и накитот?
Јас не размислив дека некој можи да користи ВИ од место на недостаток, и во образование даваме одредени асистенции каде што треба, и потака во живот каде има можност. Така да можи да се аргументира дека и ова е некаква асистенција, како шо ја разбрав @eliesaab. Исто така е точно дека колку поќе се потпираме на брзи одговори и лесно достапни информации - толку помалку мозокот треба да се труди и како резултат едноставно не се труди и иди до то затупување. Ама мислам дека ако некој си лекторира мислење преку ВИ зошто има дислексија пример - не е некој проблем се дур целосно не се потпира на ВИ, шо би било проблем.
Мислам дека и тоа би било погрешно, секој член треба да биде препознатлив во изразувањето. Со лекториран текст ко да е друга личност. Иначе кои алатки ги користите за препознавање превземен текст, ВИ е често too obvious но дали има апликација што потврдува 100% дека е ВИ?