@DS10 Брату православен Среќен Божиќ и на тебе,па што и да не разбираш нешто човек си ,нормално е,кој е тој што разбира се? Лично има фрази од помлади овде што зборат анлиско-македонски,некои кратенки ,ново компонирани зборови,сленг,и јас ги учам или прашувам што точно значат,и пребарувам.Воопшто не се осеќам инфериорна за термин што првпат го среќавам .Не се нервирај за ништо,еве и сите после мене делат слично мислење.
Па не, зашто на некој со потешка дислексија му треба дупло повеќе труд да прочита и напише реченица која ти би ја срочила без размислување. Тука асистенција е за да дојде до некое базично ниво како останатите луѓе, не зашто го мрзи. Не мора да биде ни дислексија, туку и луѓе кои имаат друг дефицит би имале корист од ВИ како помош во пишување и разговарање. Добро е како идеја, баш интересно што се спомна, барем јас немав досега помислено на тоа.
Реално исто мислење делам на темава, користам и јас ВИ ама за да истражувам и учам некој работи, а не за општ муабет. Оние видеа што ги снимаа на тик ток како зафрканција, што го прашуваат чет гпт, еј стојам пред девојкава што да и речам сега, како да започнам муабет, па ми одговори она ова, и сега што понатаму... за жал некој од претерано користење може стварно несвесно да се доведе во оваа ситуација да не знае ни основен муабет да направи во иднина, поготово младата генерација што се израснати скроз во смарт време.
Веројатно на крај се сведува како и колку се користи. Исто како и за сите останати луѓе. Ама, да почнеш и за мислење на форум да го користиш, дали реално тоа ти помага? Не сум прочитала кои можности ги нуди, каква помош, во кое својство е како таква алатка. Односно колку од товарот презема, дали ти помага да напредуваш, размислуваш, или само сработува нешто место тебе. Ама, за на форум, за што е и темава, кај што не се бара од тебе да учиш, да пишуваш структуриран есеј, што знам. Пак не ми држи вода.
Па ако не научиш структурирање, како дел од процесот учење (впрочем и затоа постои структурирањето, за да научиш да учиш) , што знаеш уствари? Ако ги земеме оние роботските нозе/чизми за трчање, можда и ќе имаш некоја мускулна маса, мада принудно, ама ако АИ мисли за тебе, не гледам на каков начин ти го тренира мозокот. Просто е- ако не пишуваш на рака, ракописот ти се расипува, ако не читаш книги, немаш вокабулар, ако не мислиш...? не знам. Рекоа -мислам, значи постојам.
Не мора да биде за форум, аплицирањето може да опфати многу поширока област за луѓе на кои им треба. Тоа не значи дека нема да користат мозок, мислам, исто ко да речеме дека и колички треба да се исфрлат и некој кој не може да оди да лази по земја. Секако дека напредокот на технологијата каде некој би добил директна корист е попожелно отколку креирање кринџ ВИ "уметност" и збогување со човечката креативност, креирање ВИ порно, лажирање научни трудови...а моментално сме на тоа ниво.
Па, затоа реков, не знам и не сум прочитала како се користи и како помага, затоа не можам ни да кажам нешто во таа насока. Не знам дали има истражувања колку и во кој процент помага. Или на крај пак ќе се сведе на напиши тоа и тоа и толку, што во никој случај не е помагање, ниту учење... Темава е многу конкретна, јас чисто за форумот зборувам.
Ве молам, користете АI одговорно и за тоа што му е намената, а не да трошите вода за глупости.. Спојлер п.с. и за голи слики од деца.
За жал, ова е најнапредното нешто што сме го постигнале како општество со користењето на ВИ. Не дека нема луѓе што не го користат паметно, ама се знае зошто мнозинството ја користи технологијата. Па и не ме чуди дека некој користи вакви алатки за да напише мислење на форум оти го мрзи да склепа две реченици.
Офтопик ама кога веќе се спомна. За жал, не е проблем ВИ туку инхерентната природа на гооолем дел од мажите кои секогаш ќе најдат канал да си ја манифестираат потребата за контрола и омраза кон жената. Што и да се измисли, секогаш првата помисла ќе биде? Хмм, како ова да го искористиме на мизогинистички начин?
Ќе пуштам два примери оти не сакам да таргетирам само еден човек. Членка постави слика во темата за Бадник, преземена од Министерството за Правда. Апла се гледа дека е правена со ВИ. А, ова е мислење на друга алатка за постот на Евангелос во темава.
Првото е слика, а не МИСЛЕЊЕ и знаеме дека е фејк и друго тоа и беше ПОЕНТАТА на постот на Евангелос дека пишуе мислење со ејај на тема против ејај. Прашај таму ште е сарказам или иронија нека ти објасни... И после немало негативни последици од комуникација само со ботови кои мораат по газот да ти одат оти ако не нема да ги користиш, па почнаа и да ги тужат оти почнаа и да тераат луѓе да се самоубиваат.
Не се прави паметна. Знам дека е сарказам, штиклата и иксот издаваат дека е ВИ. Ставено е како пример за да сфатат оние кои не можат да приметат лесно. Туку, земав да пребарувам разни мислења на повеќе членки и навистина испаѓа дека и без ВИ немаме оригинален пост. Има совпаѓања со разни луѓе. На пример, твојот стил на коментирање е речиси идентичен на оној на Мечка од Инфомакс.
Ми кажа да не се праам паметна жена на која и треба ејај да и каже дека сум дрска, вулгарна и зборам на скопски ко Мечка од Инфомакс... И која не знае што е сарказам или иронија... Едиствен силен аргумент дека не си бот уствари е оти не прифаќаш дека си грешка, па и лажеш да се извадиш... Што уствaри е и добра ствар, оти замисли кој кринџ да се карам со кланкер на Фемина.
Кои алатки за детектирање ги користиш? Примериве се апла ВИ али има некои едитираат малку а повеќето напишано им е ВИ.
Не, постовите ги пребарувам со Гугл и гледам со кои автори на текстови, јавни личности и стручни лица има совпаѓања или директно копирање. Тоа што го велам е дека ниту еден/а од нас нема 100% оригинални мислења. Па испаѓа глупо да се рчкаме кој/а дали и колку користи ВИ кога и без ВИ преземаме мислење од некого. Како што преземањето од луѓе станало неизбежно, така и користењето на ВИ е станато неизбежно. Победничкиот банер е креиран со ВИ. Постојат верзии од твојата профилна слика едитирани со ВИ (значи, не зборам за твојата лично туку општо, дека ги има на интернет). Сите сме биле/сме под влијание на она што го имаме слушнато и учено. Копираме и намерно и ненамерно. Се сложувам дека не треба да се претерува со ВИ оти може да ни ги отупи мозоците и да ни ги одземе работните места (што е главната причина зошто воопшто не треба да ја применуваме во деловната и образовната сфера), но сметам дека може да се толерира со ограничувања и правила.