Абе не е работата за некаква си толеранција, работата е што си човек со мозок, принципиелно глупаво е ВИ да ти склопува рендом муабет на рендом форум, едноставно пиши што имаш да кажеш у моментот ако осетиш потреба за кажување на мислење.
Тоа ти шо го збориш е природна еволуција на човекот и јазикот. Вметнување вештачки генериран текст за да се испадне попаметен на форум од друга страна, не е. Као еве јас зборам со некого и мислам дека зборам со човек, а уствари репликите се од бот? Не сфаќаш ли колку е језивко?
Абе глеј, ја со мојава интелегенција не можам против вештачкава. Чим она вика Мечка сум, тоа е јбг...
Секако дека нема оригинални ИДЕИ. Се што мислиме е врз база на информации кои сме ги стекнале низ животот и искуства што сме ги доживеале Постои претпоставка дека можеби постои ,,универзален ум,,- затоа и кај оддалечени цивилизации во многу минато време, се појавуваат слични идеи Секако дека можам да имам слично мислење со некого, пошто живееме на иста планета, во општество кајшто повеќето сме засегнати од слични феномени на сличен начин. Што не значи дека копирам, само имам слични искуства. Е, дали АИ ќе ни ги одземе работите ако го користиме или ако не го користиме ќе видиме. Ама неодговорно користење ќе ни одземе и многу побитни работи од тоа. Затоа, за пишување мислења на форум дефинитивно не треба да се користи Само да го најдам тој кабелот за интернет, на сите има да ви го исклучам
Треба да постои опција, во делот пријави мислење на социјалните мрежи, каде би се пријавило коментар/објава формулирани од ВИ.
А тоа ќе го валидира кој, како, зошто и по која цена? Или и измислуваш работна позиција на НекстРед? Јас веќе не знам кои сте реални, кои сте ботови, кои сте сериозни со мислењата. Само за Гош знам дека е Мечка и тоа е
Никој, пак вештачка интелигенција. Поттикнат бев да пишам бидејќи, забележав на инстаграм коментари на постови(од наши медиуми) од странски личности каде коментираат на македонски, некакви мислења за да привлечат внимание, односно да се прикажат во добро светло мислиш мајка тереза. Инаку за цената не знам, еве нека се изјасни @nextredstyle
Твитер има вакво нешто, каде можиш да пријавиш и дополниш како е точно, дали е генериран текст, фејк њуз итн; па (ваљда?) го проверват и после оставаат како ''community note'' со точните информации. Ама Твитер е компанија шо можи да си вработи некој да работи само овај дел на мрежата. На форум не е изводливо и не гледам како би било возможно. А, за други социјални мрежи, вервам дека ќе имплементират нешто како Твитер шо има засеа.
Реков јас, кабелот за интернет треба кврц Твитер, @theowndemon ако е тој сега-наречен-икс, има да вработи ... компјутер/robot/Ai. И така и сите многу битни технолошки фирми. Да не чујам после плачки, ама немаме вода, струја, ова, она.
Не знам зошто би користела ВИ за на форум, каде треба се да базира на сопствено мислење или искуство. Ама добро, има некои кои се тука само за докажување па може и не е толку чудно. Да земам да користам ВИ за тука, само за да се докажувам демек еве многу учена, речита или не знам што ми е глупо.
Апсолутно. Јас на фб и инста имам сретнато многу ВИ објави кои немаат ознака и ги пријавувам само како false information. Многу луѓе користат АИ видеа за прегледи и кликови (сигурно за пари), а сега и за новости користат. Ќе хакнат страници со повеќе следбеници и објавуваат од оние новостине со слики што се. Ама џабе сѐ кога луѓе се лажат, лајкаат и коментираат. Не можи човек да знае што е реално а што не.
Па за ова имаше информација дека аи генерира аи контент за прегледи (пари) , мислиш на аи не му требаат пари? Едвај чекам да видам како ќе се слупа светов со ова, сигурна сум дека многу брзо ќе биде
Не знам како точно го прават тоа, но знам дека хакираат страници со повеќе следбеници за повеќе кликови на тие АИ новости. И ко ќе забележам таква страна ја отследувам. Лошо ни се пишува како тргнало.
Јас на пример кога ќе прочитам некои лични мислења и ставови, I really hope it's AI и дека сериозно луѓето не размислуваат вака сами од себе Или пример, моменталниот судир на Титаните онаму во Што би му кажале е доказ дека нас еден ChatGPT не може да нè искорени, таа безвременска автентичност каде ја има на друго место
Еми порано пред да си ја дадеме датата и колачи да јадеме стискавме се согласувам, па штиклиравме дваесе опции што ни чини само за да знаат кои патики да ни ги продадат, а сеа и болести и фетиши и криминални дејствија даваме гага само за да ни каже некој дека сме увек у право и дека ја сум Мечка... Едит: Исто ко Безос, сам си кажуваше колку години со загуба работел Амазон, ама он си терал без око да му трепне...Е сеа, зашто и како е муабет за у друга тема...
Ми се погоди сликава на муабетов Humans Are Becoming Horses This aged well- 11 years ago, wau Сто години ми требаа да го изгледам фамозново видео од 15мин. Да го изгледате, бар знаеме дека не е аи.
Абе тоа има цели профили демек модели со милиони следачи кои се целосно AI, не па за мислења. Тажна ера на интернетот.