Користење говор на омраза на социјалните мрежи

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од edenandrej, 2 мај 2017.

  1. edenandrej

    edenandrej Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2017
    Пораки:
    297
    Допаѓања:
    924
    Пол:
    Машки
    Говедо, да се убие, гнида, запали го и тн. вакви коментари гледам се почесто на социјалните мрежи и тоа од навидум обични луѓе, многу од нив и фамилијарни луѓе. За жал имам такви и меѓу моите пријатели. Па ме интересира дали вие користите вакви зборови на социјалните мрежи и зошто? Што мислите дали ваков начин на изразување е во ред, дали ви пречи? Дали стискате лајкови на такви објави? Дали постои начин оваа појава да се спречи и искорени?
    Јас лично не стискам лајкови а многу би сакал да искоментирам на тие така што коментираат во тој стил ама се плашам од реакцијата на другите. Од алатка која служи за размена на информации и мислења, социјалните мрежи станаа алатка за виртуелен линч и простор во кој владеат насилниците (и вистински и виртуелни).
     
    На sj *O*, theowndemon, Lella и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Anon

    Anon Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    830
    Допаѓања:
    1.777
    Пол:
    Машки
    Изгледа уште нема последици од вакво однесување па затоа.
    Тоа ти е исто како во вожња. Некој нешто направил што не ти се свиѓа - му пцуеш све до седмо колено. А пешки нешто слично да се случи - те нема. Зашто? Зашто ко си пешки може да ти ја лупне една, а в кола не може. :)

    Кога нема последици луѓето се најголеми ѓубриња.

    Иначе, во ЕУ, на пример Германија, ти доаѓаат дома полиција за вакви работи. И за побанални работи од ова: „да се убие, запали го“ итн.
     
    На sj *O*, Giovanna, Nausicaa и 10 други им се допаѓа ова.
  3. Zlatna12345

    Zlatna12345 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2016
    Пораки:
    414
    Допаѓања:
    840
    Пол:
    Женски
    Skoro gledav nekoja kolumna za vnukata(mislam), na Zoran Z. koja ne bese voopsto povrzana za politika i dole citam komentari, isklucivo od starci ili luge vo godini, od tipot na: "Siptarka, da ja ... siptarite, kako bi ja ..." i slicno. I navistina ne mozam covek so tie godini da go zamislam vo zivo kako gi izgovara tie zborovi.
    Morav da se iskazam negde :)
     
    На sj *O*, Mari*, Nausicaa и 9 други им се допаѓа ова.
  4. Donatela.W

    Donatela.W Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2017
    Пораки:
    183
    Допаѓања:
    535
    Пол:
    Женски
    Се повеке мислам дека овој народ е некултурен и злобен... И тоа постарата генерација , помладите им поработува самоконтролата .
    Еднаш на фб дадов свое мислење на еден портал , и бев нападната од еден старец ( имаше можеби над 55 год) зборовите беа :Ти се д***ш со шиптари , да те е*** во уста , што уште не , потоа му се придружи една старка ( на профилната имаше слики од внуците) навредувајки ме Ти си чускија , ти ништо не разбираш и еден куп навреди и колнења како од 10 век .
    Од секогаш имало прости (не) луге , само што сега имаат интернет !
    Просто одбегавајте ги ваквите луге и во приватниот живот и на социјалните мрежи .
     
    На Tanjamm, sj *O*, Nausicaa и 6 други им се допаѓа ова.
  5. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    1.874
    Допаѓања:
    26.402
    Пол:
    Женски
    Со што ти е полно срцето, тоа ти излегува низ устата.

    Лајкови стискаат сличните или оние кои го мислат тоа, но немаат храброст да го напишат или изговорат.
     
    На Јаневски, sj *O*, Nausicaa и 10 други им се допаѓа ова.
  6. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    8.612
    Допаѓања:
    48.918
    Пол:
    Женски
    Постојано наидувам на такви коментари, особено сега за политичкава состојба. Не ги оправдувам. Ставот може (и треба) да се искаже разумно, со аргументи, образложувања, а не со навреди и било какви погрдни зборови. Тоа е само слика за себеси, за својот карактер. Јас кога споделувам став за нешто, внимавам многу на зборовите што ќе ги изберам и употребам. Лајкови ретко ставам дури и на мислења со кои се согласувам а камоли на такви од кои фршти омраза и некултура.
     
    На mode-kristina, Donatela.W и PaLaVa им се допаѓа ова.
  7. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    12.048
    Допаѓања:
    160.509
    Пол:
    Женски
    Во никој случај не оправдувам, најмалку поддржувам и кликам лајкови на такви коментари.
    Колку и да ме иритира некој - јавна фаца на пример (еве дури и политичарите најактуелно), кога во критикувањето ќе се почне со вулгарност, клетви, закани и посакување насилство кон истата или кон други луѓе што коментираат спротивно, не го оправдувам и ме ужаснува ваквото однесување.
    Да, за среќа најчесто е безопасно како што пишал Анон, само силење зад тастатура - но е голем показател на некултура и нечовечност кај личноста. Клетвите особено ми се нешто најниско :x
     
    На christinnn, Bender Rodriguez, Bozica1980 и 3 други им се допаѓа ова.
  8. Amellie13

    Amellie13 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    1.996
    Допаѓања:
    34.021
    Пол:
    Женски
    Во последно време, особено на објави во врска со политичкава ситуација, има ептен навреди и пцуења по коментари на Фејсбук. Се чудам како се осмелуваат така да пишуваат, зар не мислат дека нивните пријатели што ги имаат им излегува на почетна и можат да прочитаат? Или знаат ама не им е гајле. Сум прочитала доста провоцирачки коментари ама никогаш не коментирам, не сакам да се карам со толку ниско паднати луѓе а и не сакам да гледаат пријателите.
     
    На theowndemon и Donatela.W им се допаѓа ова.
  9. theowndemon

    theowndemon Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    6.623
    Допаѓања:
    108.192
    Вакви луѓе на фејс и инста ги бришам. За жал неможам да си ја бришам фамилија која има широк вокабулар на навреди, пцовки и провокации. Со кои луѓе гени делам. Ретко возвраќам или нешто кратко. Дури и со поранешниот класен и статуси со говор на омраза во нив. Него се сеќавам му пишав кратко зошто користеше говор на омраза, а класен раководител на мешани класови беше. Срамота. И ги има сите ученици на фејс тој, со таков речник како му иди да седни на работа и да предава на оние деца чии фамилии им ги пцуеше? А пак оние кои колнат деца, оние кои чепкаат по семејствата на другите? Гадно.
    Сите велат сакат мир ама кога ќе влезат да пцујат фамилии ... Е зошто провокациите бе злато?
     
    На Bender Rodriguez, Donatela.W и Someonespecial им се допаѓа ова.
  10. Donatela.W

    Donatela.W Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2017
    Пораки:
    183
    Допаѓања:
    535
    Пол:
    Женски
    Да се надоврзам на кажаново , недај боже да се каже на некоја 50+ свое лично мислење , спротивно од нејзиното , па кога ке почни колнења , пцовки , демек тие све знаат , тие све преживеалее ... Катастрофааа , и тоа постарата генерација ! Некултурен и безобразен народ !
     
    На Someonespecial и theowndemon им се допаѓа ова.
  11. edenandrej

    edenandrej Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2017
    Пораки:
    297
    Допаѓања:
    924
    Пол:
    Машки
    Видов дека некој дал и примери па сакам да кажам да бидеме реални - од двете страни има секакви вулгарности и навреди (политички) така да ако ви пречат само едните тогаш не сте објективни :) Плус, поентата ми беше не само политички туку и за секакви други работи има доста злобни и вулгарни коментари. Кај нас има две работи што придонесуваат за тоа. Прво, на фејсбук не можеш да ги пријавиш затоа што не се на англиски коментарите па освен некој ептен ако не објавил некоја екслипицитна слика и ако не предизвика милион реакции некој коментар не можеш да очекуваш некој од фејсбук да реагира и санкционира. Втора работа, администраторите на пејџовите не реагираат намерно. Знам дека има многу коментари ама не е тешко да ги прочиташ и да ги избришеш непристојните коментари а после неколку пати можеш и да ги банираш тие што коментираат несоодветно.
     
    На WildMk и Someonespecial им се допаѓа ова.
  12. mode-kristina

    mode-kristina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2014
    Пораки:
    700
    Допаѓања:
    1.449
    Пол:
    Женски
    Не го има само од старци како што кажал некој погоре. Има и од помлади. Посебно за сегашнава политичка ситуација. Иако немам Фејсбук, на страниците каде што може да се напише коментар преку Фејсбук, се изначитав многу работи. Иако се изјаснив на темите тука што се поврзани со политика дека никогаш нема да гласам за СДСМ, воопшто не поддржувам говор на омраза. Напротив, кога би можела со закон би го забранила. Ниту од едната поддржувам, ниту пак од другата страна. Исто така доста го има и на темите што воопшто немаат врска со политика. На Фемина.мк и Црнобело кога и да објават нешто за тие модели што се со килограм повеќе, постојано гледам некој како ги нарекува прасици,свињи,мрсни и целото животинско царство. Еднаш му/и’ имам реплицирано и тоа со убаво, но ми рекол/рекла „Ако сакаш да бидеш прасица,биди си, јади бутај, хахаха“. Исто така има и за тие што се сосема спротивно од нив: тие што се премногу слаби. Ама не ме интересираат мислења од тролови што навредуваат за да привлечат внимание или љубоморни личности. Дали ќе бидам „даска“ , по стандардите за убавина или „прасица“ си е само мое право. Можеби сум офф топик, ама сакав да кажам дека говор на омраза има и на другите теми, а не само натие што се поврзани со политика.
     
    Последна измена: 6 мај 2017
    На PaLaVa му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    5.400
    Допаѓања:
    18.467
    Пол:
    Женски
    Таквите ги жалам.Немаат домашно васпитање па тоа што научиле на улица на нет го продаваат.
     
    На Ма.нев и mode-kristina им се допаѓа ова.
  14. iki26

    iki26 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2012
    Пораки:
    3.483
    Допаѓања:
    17.442
    Лично не оправдувам ситење,посебно за вакви лоши настани каде невини луѓе страдаат.
    Но дали постот на Миленко е навистана говор на омраза кон албанците? Никаде не споменува дека им се сити или слично.
    Повеќе ме асоцира дека е наменето за детето на пратеникот,(го осудувам за тоа ако
    е навистина така)отколку на некој албанец.
    Screenshot_2019-02-14-18-57-31.png

    Албанците моментално вријат. А зошто? Што им стори? Миленко денес е на нивен линч. Му се закануваат на неговата фамилија и него.
    Дали некој албанец ги осуди убијците на Саздо? Дали некој албанец ги осуди убиствата на децата од Смилковско езеро? Дали некој албанец ја осуди навивачката група Балиста за нивното вреѓање(уби каура,јеби македонско девојче....)и лумпување низ Тетово?
    Каде беа тогаш Албанците?Ни збор не бекнаа.
    Сега сите му се намерачиле на Миленко, а не се прозвани и навредени за ништо.

    FB_IMG_1550166657101.jpg
     
    На zuto, Abeja, Jessnow и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Snowflake97

    Snowflake97 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    834
    Допаѓања:
    2.768
    Пол:
    Женски
    Од секогаш била ваква ситуацијата во Македонија и поради тоа до пред 5 години мразев шиптари, баш поради овие работи, после некако ми стана сеедно и не се замарав многу околу тоа. Кога албанците вршат злодела врз македонците тогаш сите спијат и ќутат, а кога ситуацијата е обратна цело племе се крева на нозе еве конкретно земено само на социјалните мрежи и толку плукаат, вреѓаат и повикуваат на јавен линч за одредена ситуација како што сега е ова што е страшно дури.
    Посебно прашајте навивачи што се случува на утакмици кога играат со шиптарите, ( порано јас одев и многу добро знам каква е ситуацијата) први почнуваат со пцуење, со вреѓање на сите македонски жени и со провокации страшни, што нормално неможе никој да остане имун на тоа, кога ќе дојдеше до тепачка полицијата кога доаѓаше маваше по македонците, а нив ги штитеше.

    Сега далеку од тоа дека се ситам на ситуацијава, напротив стварно ми е премногу жал, ама за жал оваа е таа гадна реалност во оваа држава, каде што туѓинците се домаќини.
    Од секогаш било така, така и ќе остане.
     
    На Emma2, Tanjamm, Feminka22 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    3.623
    Допаѓања:
    18.465
    Пол:
    Женски
    Луѓе , навивачки групи се едно , трагедија е друго ! Ако не сте запознаени , во автобусот загинаа и МАКЕДОНЦИ ! Ширење на говор на омраза не е за вакви моменти . Не е ни време ни место .
    Не е во ред Миленко , Рајко , Петко и Станко да шират вакви зборови сега . Па и да имаат повод и причини . Се знае кога треба да се коментира тоа !
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  17. iki26

    iki26 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2012
    Пораки:
    3.483
    Допаѓања:
    17.442
    Ајде посочи ми каде гледаш говор на омраза кон албанците?
    Каде и со што ги навредува,каде им се сити?
    Говорот на омраза е говор кој го напаѓа лице или група врз основа на атрибути како раса, религија, етничко потекло, национално потекло, пол, инвалидитет, сексуална ориентација или родов идентитет.
    Лично мислам дека албанците секојдневно го злоупотребуваат зборот "говор на омраза" за што повеќе да освојат општествена територија во Македонија.
    А сведоци сме секојдневно на нивни провокации од секаков вид и на секој можен начин.
    Двојни аршини мислам.
     
    На zuto, Abeja, Emma2 и 2 други им се допаѓа ова.
  18. iki26

    iki26 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2012
    Пораки:
    3.483
    Допаѓања:
    17.442
    Овие СОВЕТНИЦИ на премиерот смеат вака јавно да шират говор на омраза? Земаат плата од НАШИ пари. Дали некој од МВР реагираше за ова? Дали беа на распит во ОЈО?Дали некој албанец ги осуди овие зборови?
    Тричко го ослободија чинам,а јавно се заканува на претседател на РМ.
    Пусто македонче за жалење е.
    Поглупо го нема моментално.
    Затоа албанциве аздисаа.
    Миленко,Ванковска.... (каде нема но збор за говор на омраза-туку пишуваат за Карма) на линч,на тапет. ЦцЦ
    Screenshot_2019-02-15-09-42-28.png
    Screenshot_2019-02-15-09-41-20-1.png
    image-0-02-05-864f4875126b359e8f8a97ea89f36689557642d1d749932a20f695ae4eacc20c-V.jpg
     
    На zuto, Abeja, Emma2 и 5 други им се допаѓа ова.
  19. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    12.048
    Допаѓања:
    160.509
    Пол:
    Женски
    Што се статуси за карма и гледање од Господ во денови кога цела Македонија збори и жали за катастрофална сообраќајна несреќа, ако не омраза, ај те молам објасни ми Ики? Објасни без да релативизираш со други претходни случаи. Оти ние еве немаме капацитет македонскиот Едгар Алан По (како што еднаш го нарече (facepalm)) да го разбереме!
    Точно, иако некои Албанци бурно реагираат и се спуштаат на негово ниво, ова не е навреда само за албанскиот народ. И во самата несреќа како прво има и повредени и жртви Македонци.
    Целото медиумско постоење и влијание на вакви ликови е навреда за сите нас со малку осет и морални вредности, кои го делиме истиот воздух и држава со нив.
    Нема оправдување да браниш такво суштество како Миленко, да го ставаш во фокус на целата жалост како жртва на возвратен говор на омраза, и да го цитираш.
    Мислам стварно треба да се засрамиш и оддалечиш малку од политикиве, секој осет како членка и дискутант го изгуби во овие месеци „дебатирање“!
     
    Последна измена: 15 февруари 2019
    На Bender Rodriguez, Animali, oblace1 и 6 други им се допаѓа ова.
  20. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    10.892
    Допаѓања:
    280.152
    Има некој кој го брани Миленко ???
    Понекогаш неможам да се начудам.Зарем и тој може да собере фанови на неговите постови.

    И зошто секоја тема се поврзува со политика ?!

    И ЛГБТ заедницата беше (и Е) ставена во оралната машинерија.

    Се сеќавате на клетвите што беа упатени на сметка на јужниот сосед за време на пожарите?
    Бедно !!...многу бедно.
     
    На WildMk, Bender Rodriguez, Rose96 и 10 други им се допаѓа ова.