1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Користење говор на омраза на социјалните мрежи

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од edenandrej, 2 мај 2017.

  1. iki26

    iki26 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2012
    Пораки:
    3.483
    Допаѓања:
    17.463
    Прво каде прочита дека ги бранам? Зборам конкретно за говорот на омраза кон албанците во нивните постови. Јас не видов такво нешто.
    Албанците не се ни прозвани ни споменати во оваа ситуација од никого.
    Статусите(кажав ако е така дека ги осудувам и неоправдувам) според мене беа за детето на пратеникот.
    Дали си ја имаат "мувата на капата" или не,не знам.
    Не ми врти други политики.Зборам само за говор на омраза.
    Говорот на омраза но само според толковниот речник на СДС-УЧК.
    Тие не напишале дека ги убија !и поврзуваќи го овој настан со друг истотака трагичен настан, којшто се случи за време на конфликтот во близина на Карпалак, каде што војници од македонска етничка припадност ги загубија животите, исто така во автобус.
    Ни збор ,ни реченица за албанците нема.Зошто така реагираат?
     
    На Emma2 и Tanjamm им се допаѓа ова.
  2. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    4.071
    Допаѓања:
    13.163
    Пол:
    Женски
    А се сеќавате ли на коментарите на профилот кај Саздо на сликите?
    Сигурно стојат сеуште таму човек да се згрози.
    Ако веќе тужат за говор на омраза нека почнат од таму па се до вчерашните случки сите нека ги тужат, заслужиле.
     
    На zuto, Emma2, buba4e89 и 4 други им се допаѓа ова.
  3. iki26

    iki26 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2012
    Пораки:
    3.483
    Допаѓања:
    17.463
    Дали и како жалеа албанците за Саздо, за Мартин Јанушев, за момчињата од Смилковско, за војничињата од Карпалак, за загинатите војници во хеликоптерската несреќа... ?
    Ова скоро сите се убиства од страна на албански граѓани.
    Знаете дека албанците се ситеа за овие настани?Дека летаа орли во знак на поддржка на убијците?
    Дека скоро и никој(албанската припадност) не упати никаква осуда кон убијците.
    А сите читаме дека секој трет збор им е говор на омраза кон македонците.
     
    На zuto, Abeja, Emma2 и 6 други им се допаѓа ова.
  4. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.020
    Не разбирам, заради тоа што другата страна (која и да е) е таква, мизерна, во ред е и ние (кои и да сме) да се однесуваме подеднакво мизерно? Абе не кажале џабе, око за око, цела нација слепа.

    И да не се лажеме, и Македонци и Албанци, и Вмро и Сдсм- овци, подеднакво трујат на социјалните мрежи. Не е дека едните фини и воспитани а другите лоши и дрски, исти сме по некултура и безобразие.

    Мишел Обама убаво има кажано „When they go low, we go high“ ама за жал ние тука ќе се потепаме кој пониско ќе падне.

    А Ванковска и Миленко се стварно дно-дна.
     
    На Bender Rodriguez, Animali, Someonespecial и 5 други им се допаѓа ова.
  5. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.098
    Допаѓања:
    56.329
    Пол:
    Женски
    Кај Ванковска, искрено, да се рече дека има говор на омраза е претерано. Да, првиот статус и' беше крајно неумесен и несоодветен за таков момент. Но жената само спомна Карпалак, другото беше додадено од други. Ги прочитав наредните два статуси. Точно дека сака да се испере, ама пак - кај е точно говорот на омраза? Не можам да сфатам.
    Тоа што таа го добивала во инбокс е говор на омраза по дефиниција, но за тоа не гледам некој да реагира.

    Миленко нејќам ни да го коментирам, дно.
     
    На iki26 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.389
    Пол:
    Женски
    Па ако некои поединци болни во паметот Албанци се сителе и летале орли кога беа убиени Македонци, треба и Македонците да чекаа да се случи ваква трагедија за да се ситат?
    Да се спуштаат на нивно сељачко ниво?
    Како може некој да застане и да го поддржи Миленко?

    Плус во трагедијата пола жртви се Македонци. Сите млади дечки со големи плановит за иднина. Е сега пази едниот бил син на пратеник од СДСМ и така си заслужил хехе.
    Во моментов ги погребуваат децата а некоја свиња ко Миленко се сити. За таа простачка Ванковска ич да не коментирам. Ебати академскиот граќанин. Стока не и е рамна.
    И тие имаат деца, не им е страв после толкаво ситење дека исто може да ги снајде за најмилите?

    Само фрлање во затвор на такви прости идиоти кои направија да се јави толкав револт по социјалните мрежи.
    Па му се заканувале на Миленко дека ќе го убијат? Што очекува тој, медаља да му дадат?
    А и тие што ги поддржуваат и им ставаат лајкови на такви статуси не се подобри.

    Во секоја реченица го спомнуваат Господ, а се ситат на смрт. Се ситат на родители кои изгубија младо дете, се ситат на вдовици и бебиња сираци. И после пак ќе пишат Господ.
    Епа горете во пеколот.
     
    На lasthope, m.i.g, Snowflake97 и 4 други им се допаѓа ова.
  7. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.066
    Допаѓања:
    11.214
    Селективно се гони говор на омраза, па нека не се гони. Чудо големо што ќе пише Миленко, дали за Грци или шиптари, сеедно. Тие истото го пишуваат секој ден за нас, па ете живи сме уште. За мене е глупост да викаат луѓе во обвинителство заради статус на ФБ, додека милиони други изнесоа од земјава, и се недопирливи.

    Шиптарите нон стоп навредуваат, па за нив не слушнав, дека некој бара да се казнат. И Хелсиншки спијат.

    Глупост е да се казнува за говор на омраза Миленко. Ете го Талат Џафери, убиец и терорист го наградуваат со функции и во Албанија изјави дека без Албанци нема Северна Македонија. И сега? Тоа не е говор на омраза, подривање на Уставен поредок?А ние со Миленко ќе се занимаваме. Глупи сме, исто оној Авди Авдиу од Куманово сите се посраа што тој човек кажал демек паметно, а тој за терористите рече биле патриоти, деца заведени, ма марш бе. Казни треба за тие такви, а не па го величаат и се сликаат со него.
     
    На zuto, Abeja, Emma2 и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Purplelilac

    Purplelilac Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2016
    Пораки:
    2.417
    Допаѓања:
    34.774
    Пол:
    Женски
    Абе како ви иде сега да коментирате за несреќи од пред година, две, пет или десет, и да мешате политики и националност? Мислам, навистина не разбирам.

    Тие коментирале вака-онака пред толку и толку години и сега ајде ние уште победни да бидеме и да ги исплукаме нив? Сите биле исти, сите од нив немале култура, сите се сителе за несреќи во кои загинале Македонци.
    Најпрво, самото тоа што Миленко ги нарекува Шиптари е навреда. Имам живеено во иста средина со нив и секогаш ги нарекувам Албанци. Никогаш не сум имала некој поголем проблем, бидејќи не сум ни предизвикала ниту вмешала политика и националност. Сум покажала култура и покажале култура. Дури и повеќе од тоа, пријателство и многу коректен однос.
    Дека има и од нивните такви кои се занимаваат со клетви, колнења и што ти ја знам друго - има. Но има такви и во нашиве, да не се лажеме. И ми се гади од таквите.

    Второ, што и да мислел дотичниот со напишаниот пост и на кого и да се однесувал, сега не е ниту време ниту место за такви коментари. Ако немаш ништо паметно да кажеш или да понудиш поддршка и разбирање, избери да молчиш. Попаметно делуваш.

    И трето, ако постоела омраза и нетолеранција во минатото тоа значи дека таа треба да се продолжува и негува?
    Полевајте цвеќе со омраза и ќе видите колку бргу ќе свене, а не пак човек. Затоа веќе скапуваат од внатре тие кои сеат нетолерантност, нечовечност и горчина. Но ако им враќаш со иста мерка, буквално цел свет слеп ќе остане.
    Треба да се почне од себе и од денес, за утре да ни биде поубаво на сите.
     
    На thequeen95, buba4e89, WarriorMind и 6 други им се допаѓа ова.
  9. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    извини душо, но што ти е целта, која ти е поентаата сега да ПОСТИРАШ ВАКВИ ИЗЈАВИ?????
    Секое човечко створење што има душа не би пишувал и ниту би читал вакви омрази, споредби, препукувања, навредувања......Те молам не потпалувај безвезе ситуција.. А ме чуди и Битерка што те лајкнала, оти она е од тие што го вртат другиот образ кога некој ке ги удри:?:
     
  10. honest girl

    honest girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2015
    Пораки:
    446
    Допаѓања:
    1.654
    Пол:
    Женски
    Пробуем да ја сфатим Ванковска што сакала да каже ама единствено што можам да протолкувам од статусот е дека алудира на карма ради загинатите кај Карпалак од 2001 еве друг ако поинаку ја сфатил нека објасни.
     
  11. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.587
    Пол:
    Женски
    Како може некој да застане во одбрана на свињана Миленко ви се чудам на паметот. :headbang:
    Како може да рамните коментар на обичен граѓанин со коментар на една јавна личност ?!
    Јавните личности со нивните јавно искажани ставови влијаат врз колетивната свест и формирање на јавното мислење ! Поготово кога се работи за задирање на стари рани, навраќање на минатото, потенцирање на политички ситуации во една ваква ситуација преку фаворизирање на едни животи преку туѓи.
    СРАМОТА. Се надевам ќе го очерупаат со дебела казна материјалната наказа па да не му текне другпат јавно да додава масло на огнот.

    Ванковска не е ништо подобра.
     
    На joy1, Amellie13, Purplelilac и 4 други им се допаѓа ова.
  12. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.098
    Допаѓања:
    56.329
    Пол:
    Женски
    Јас ја сфатив дека е иронија што се случува несреќа со автобус на истото место... Никаде не спомнува ни карма, ни бог, ни ситење. Плус што беше јасно дека не се само Албанци во автобусот, па не може да мисли на никаква карма.
    Ете пробува да се објасни, кажува дека жали и дека е трагедија. Хајката против неа е претерана, а пораките што ги има објавено се страшни. Сите што испратиле такви пораки треба да одговараат. Тука веќе има не само говор на омраза, туку и закани по живот.

    Миленко е друга приказна и треба да се санкционира. Самиот збор шиптари е говор на омраза.
     
    На buba4e89, iki26 и honest girl им се допаѓа ова.
  13. iki26

    iki26 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2012
    Пораки:
    3.483
    Допаѓања:
    17.463
    l

    Бабе изреволтирана сум од албанците кои неосновано ги напаѓаат неколку јавни личности за нивните постови. Зошто? Кој, и со што нив ги навреди?Еве еден нека пише каде е нивниот говор на омраза кон Албанците.Дури по закани на живот,на нивните блиски и ред други... Е со тоа да се позанимава МВР и ОЈО. И не само со овие неколку,со пола Facebook треба,а да не зборам за владините преставници кои јасно пишуваат говор на омраза.
    Зборот "шиптар" значи албанец на албански јазик. Во нивни јавни документи се пишува shqiptare.
     
    На baba Rada, Snowflake97 и Tanjamm им се допаѓа ова.
  14. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Епа, ајде, падни на нивно ниво и на ниво на Миленко.
     
    На Someonespecial и Purplelilac им се допаѓа ова.
  15. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.098
    Допаѓања:
    56.329
    Пол:
    Женски
    Многу добро знам што значи, но исто така знам дека се користи во навредлива конотација. Исто ко nigga - кога е употребено од бел човек е чист расизам, затоа што белите го користеле во поинаков контекст низ историјата. Нема ништо нејасно во тоа. Штом не сакаат така да им се обраќаме, не треба така да им се обраќаме.
     
    На Lella, Someonespecial и Purplelilac им се допаѓа ова.
  16. iki26

    iki26 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2012
    Пораки:
    3.483
    Допаѓања:
    17.463
    Јас кажав што мислам околу тоа.
    А искрено и преку глава ми е што читам како македонците цело време ги почитуваат албанциве,гледаат да не згрешат нешто,да не напишат нешто погрешно,да градат соживот,а другиве (повеќето) го користат секој можен момент,ситуација,реченица...да не навредуваат,понижуваат, вреѓаат, омаловажат.....
    Не може Македонците цело време да се буквално 3 етничка група во сопствената држава.
     
    На zuto, Tanjamm, Luciferovog zlo♧ и 3 други им се допаѓа ова.
  17. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Толку е тешко да не вреѓаш? Толку е тешко да си го живееш животот и да не навредиш никого? Која реална потреба ја имаш да вреѓаш некого. Па и се труделе да не навредат, се мачеле... За маченици да ги прогласиме ако не? Се знае кој навредува, и од едната и од другата страна, оние што ниту имаат живот, нити IQ за нешто повеќе. На тоа ниво да се спуштам?
     
    На Someonespecial, Animali, Amellie13 и 4 други им се допаѓа ова.
  18. iki26

    iki26 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2012
    Пораки:
    3.483
    Допаѓања:
    17.463
    Нив секој втор збор им е Каур па ние никогаш не сме ни помислиле да реагираме како нив. Па Балистите (навијачката група) сигурна сум си слушнала како и што извикуваа по улиците на Тетово,па МВР не виде тука говор на омраза. Значи ако санкционираш некого,немој селективно.
     
    На Abeja и Tanjamm им се допаѓа ова.
  19. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.587
    Пол:
    Женски
    Не, туку пристрасна си.
    Не знам зошто толку не воздигнуваш како народ нас Македонците, кога сме буквално исто срање како оние кои ти ги сметаш за покварени, сеирџии и потпалувачи на ситуации.
    И с т и.
     
    На Someonespecial, DAngel и Nausicaa им се допаѓа ова.
  20. Purplelilac

    Purplelilac Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2016
    Пораки:
    2.417
    Допаѓања:
    34.774
    Пол:
    Женски
    Никој не вика дека треба селективно санкционирање, но не можеш да очекуваш дека тие ќе ти почитуваат правила во твоја држава ако првин оние кои ја делат твојата националност не ги почитуваат.
    Значи треба да се почне со јавни личности од двете националности, па потоа и со останатите граѓани.
     
    На Someonespecial, Nausicaa, lovestoneddd и 1 друга личност им се допаѓа ова.