Смешна си. Демек сите гласноговорници, ширачи на омраза Македонци, се спроведоа пред законот. На муабет и остана. Мислам на оние кои се ситеа на пожарите во Грција, на загинатите Албанци во Дурмо, на Диво Насеље, на хаосот во СОбранието, на смрта на малиот Алмир, на секоја можна несреќа? Ги фати законот ?! НЕ.
Исто како што ги фаќа законот и другата страна, смилковско, саздо... Или ти само на малиот алмир се сеќаваш?
Да,албанците моментално се најголема етничка група што шири говор на омраза. Почнувајќи од летањето на орли на секој можен јавен настан,секој 3 збор им е голема албанија (ако споменеме голема и обединета МК (а имаме многу аргументи) може и кривична да добиеме) Зборови од типот:каури,кур.и,... да не правам ич муабет, и ред други.
Никој не ви е крив што наседнувате на ефтини новинарски финти, и што дозволувате да ви разгоруваат страсти поединци ужежани глави, кои ги има и од наша и од нивна страна. Во контакт сум секојдневно со Албанци, ниту еден единствен лош збор немам чуено со години. И они живеат тука, сите се бориме за подобар живот, крвопролевањата и омразата се зад нас одамна. Ти го кажувам ова како жител на град во кој до пред некоја година, беше поделен на два дела, наш и нивен. Ниту они смееја да стапнат во нашиот, ни ние во нивниот дел. Денес функционираме нормално. Како што и требало одсекогаш. Тргни го националистичкиот превез од очите, и суди го човек според тоа како се однесува према тебе. Ниту сите они се кварни, ниту секој Македонец е исправен. Како можеш сите во ист кош да ги ставиш ?! Претоксична си, премногу. Како ли живееш со таа омраза во себе, се прашувам на секој твој пост..
Сметам дека затворот е поправна установа и дека не мора некој друг да спроведува сила и да зема закон во свои раце. Тепање, на било кој, во затвор е непотребно и нехумано, ама затвор е, се случва. Не значи дека има нешто подлабоко од ова, иако многу би ја искористиле како основа за нова меѓуетничка омраза. Аман, до сега треба да сетите кругот за меѓуетничка омраза сервирана топла низ сите овие години. Дали ми е жал за некој истепан затвореник? Не. Дали сметам дека сепак е непотребно? Да.
Veruvaj mi drugar jas gi provociram i albanskite nacionalisti samo im go pokazuvam kaj im e mestoto... no stvarno vekje e realnost toa ime inace znam deka e praven bez volja na makedonskiot narod...
мислам дека треба да се разликува слободно изразување од поттик за насилство. говор на омраза е некако смислен термин со кој се наведува на цензура на слободното изразување а со тоа и критичност на општествените збиднувања. Ако на пример критикуваш одредена власт или општествена појава, можат да те цензурираат со изговор говор на омраза, па и затворат. Тоа води кон репресивно општество, диктатура, хунти и сл. Не треба да се поттикнува повици за насилтво (да се тепа овој, оваа, овие, да се убие или наштети) за физички закани. А инаку, секој има право да сака и да мрази. И има право на слободен говор. Ако се искажува мрзење кон некој или нешто, тоа е личен став, било да е благо искажано или грубо, можеби некогаш делува невкусно, но не смее да се забрани заради тоа што тоа е право на сопствено мислење и изразување. Не може сосила да се тера некој некого да сака или одобрува. А ако на некој-а-и не им се допаѓаат искажаните ставови, нека си се запраша-ат зошто така велат луѓето?