Форумџика на годината 2019: НОМИНАЦИИ

Користење на личен телефон во текот на работно време

Дискусија во 'На работното место' започната од referentka, 22 август 2018.

  1. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    2.538
    Работата ми е поврзана со странки и постојано ме бараат на мобилен, се во ред, ама службен број немаме па го користиме приватниот :doh: И мене поубаво ке ми е да имам службен, со ќеф ќе го оставам приватниот во биро и не го чепкам до крај на работно време, нема проблем. Такви итни повици, се случуваат да ама ретко, може еднаш во месецот да е нешто толку итно. А не ги слушам по шалтери, си убедуваат деца да јаделе, па што ќе јаделе, па ајде бабати ми ја дади, па со неам повуци-потегли, па ги препрашуваат како на школо, што прават моментално :doh:, ова за мене не е итно. На работа приватно правам муабет и чепкам на интернет на паузата и кога немам странки или немам работа, па да помине време. Мразам јас да правам приватен муабет и некој друг да ми го слуша и исто и јас не сакам да слушам туѓи муабети.
     
    На Sesil, Belgin1, cresa-jagoda и 5 други им се допаѓа ова.
  2. CameliaMiller

    CameliaMiller Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    4.634
    Допаѓања:
    107.145
    Ам шо мислиш, од каде ѝ ги знам сите приватни проблеми на колешката :)
     
    На Feminka22, cresa-jagoda, violetblue и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    7.862
    Допаѓања:
    40.804
    Мене ме нервира некој да прави муабет на телефон додека е во интеракција со мене. Заврши со мене па јави се каде сакаш. Си го користам телефонот ама за кратки разговори и секогаш излегувам. На состаноци не го носам со мене, секој може да почека толку.
    Ме нервираат и клиентите кога зборат на телефон, не само работниците. Остави го барем на шалтер/каса кога си, ги кочиш сите зад тебе!
     
    На Alishan30, Someonespecial, LiliBoz и 5 други им се допаѓа ова.
  4. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    2.538
    Тоа е моментот кога тебе ќе ти стане непријатно што и го слушаш нејзиниот разговор, па ќе се тргнеш на страна, ама они мака си немаат.
     
    На CameliaMiller и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  5. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    5.578
    Допаѓања:
    85.873
    Пол:
    Женски
    Не сум за толкава строгост на работа со телефони, блокирање фесбук, јутуб.... оти не ме прави тоа попродуктивна. Некој да земе да ми мери уште колку време работам на едно нешто и до секунда дали ми е исполнето работното време со работа. Такви само на психијатрија може да ги упатам. Имав и такво искуство,со таква личност која бараше дневни извештаи од-до.
    Сум работела на секакви места. И такви кои имале блок на сајтови, и такви на кои не ми бил дозволен пристап на интернет а сум имала потреба да речеме да пребарам закони или било што, и се тоа сум го правела во хард копи или преку повикај пријател. :) Кој булшит. И сум работела на такви каде 9-10 работни часа, по сите правила и прописи за работа, сум била без телефон оти бил забранет да се носи. Се деси еднаш, дури вечерта да одговорам на еден многу битен повик оти личноста која ме бараше, не беше запозната со “фиксниот телефон за итни повици у фирмата“.
    Ми смета едино во ситауции кога одам на шалтер и личноста продолжува да збори и не го прекинува разговорот иако муабетат за тетаката шо направила, шо и кажала другарката, па оваа што и одговорила...
     
    На dunika, Alishan30, dayla и 5 други им се допаѓа ова.
  6. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    40.796
    Телефони не користиме, од компјутери си куцаме :D
    Како сме се нашле овде, све највредните, најодговорните, а овие од кои се жалиме изгледа на други форуми дремат :D
    Не користам телефон на работа, ми стои на страна ако ептен некој ме бара за итно, ама сите се на работа, и сите знаат дека сум на работа. За ваква релаксација како форумов, си пишувам на компј. и надвор од пауза, виновна сум. Има денови кога не ми се работи, забушавам, ама се тешам дека сум само јас на работното место па не паѓа мојата работа на туѓ грб. Како и да е, пак ќе треба јас да ја сработам. Не сум совршена, и дефинитивно не сум највредна. Да бев, може боље функција ќе имав :tmi:
     
    На dunika, Alishan30, do-re-mi и 7 други им се допаѓа ова.
  7. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    11.073
    Допаѓања:
    16.551
    Пол:
    Женски
    Ми се има случувано додека ме услужуваат во банка, да разговараат тетките на телефон. Не сум се карала, ама крајно некултурно ми е тоа. Нека си прават муабет, ама во периодот кога нема странки.
     
    На Alishan30 и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  8. m.i.g

    m.i.g Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.023
    Допаѓања:
    5.185
    Пол:
    Женски
    Против сум за користење на мобилен за приватни работи додека си на работно место
    .Ако е нешто итно,тогаш ајде ОК и да ти се јават или да се јавиш ти да прашаш,секако ако немаш во моментот работа.Нормално,ако детето ми е болно,па кога ќе бидам малку растеретена на работа,односно нема мојот повик да му смета на некој,ќе се јавам дома и ќе прашам како е.
    Но да ѕвонам или да ми ѕвонат за глупости,трачеви или рецепти е тука веќе ни јас не сакам искрено.Некни бев на преглед,само што влегов на докторот му се јави пациентка и отсечно и вика не можам сега,ѕвони за 1 саат.Нормално,после почна прегледот.
    Исто кога бев бремена,додека чекавме да се пушти ехото,докторката ме праша дали е во ред додека чекаме,да и заѕвони на ќерката за да ја разбуди.Секако дека се согласив,бидејќи и онака не бевме почнати со преглед,плус беше културна и ме праша.Повокот не и траеше повеќе од 1 минута.
     
    На Alishan30, Feminka22, Emy867 и 4 други им се допаѓа ова.
  9. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    14.415
    Допаѓања:
    109.453
    Пол:
    Женски
    Не сум за злоупотреба на телефоните на работните места, а многумина баш тоа го прават. Зависноста од социјални мрежи си го прави своето.
    Лично, немам никакви забрани на работа за користење телефон и интернет, ама со мерка ги користам. Има денови кога немам работа, и се случуваше во тие периоди да бидам подолго присутна на форумов. Ама прекинав со користење на интернет додека сум на работа за лични потреби, а телефонски повици примам ако не работам во моментот. Без телефон не можам да функционирам, и фиксен и мобилен, ми треба за комуникација со колеги, шефицата, пациенти.
     
    На Alishan30, MacenceEna, Mr. Right и 3 други им се допаѓа ова.
  10. LiliBoz

    LiliBoz Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    7.301
    Допаѓања:
    104.219
    Пол:
    Женски
    Се дур не трпи работата се е во ред
    И мене на фризер ми се има случено кај 20 мин дремам па уште дур ме мие да си закажува други. Си отвори тефтер жената. И не стапнав веќе таму.
    Јас не работам со луѓе односно ретко кога имам контакт очи во очи со нив. Ама затоа на тел контактирам со нив.
    Инаку дома се јавувам сигурно 5 пати а некад и повеќе ако имам слободно време. Кога сум во гужва не фаќам тел за приватни цели сем да е итно. Знае маж знае мајка. Ако е итно а спуштам да вртат упорно. Нема ниедна работа побитна од детето ако е повредено или има темп а не знае што да прави.
     
    На Alishan30, CameliaMiller и Someonespecial им се допаѓа ова.
  11. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    1.659
    Допаѓања:
    58.151
    Се паѓа секогаш да те цитирам тебе, ненамерно, така да сори, нат сори:wasntme:.

    На времето кога немаше мобилни а нашите родители работеа, ние како преживеавме???
    Оти сега мораме да се правиме посебни снегулки за секое едно нешто???

    И јас пораснав со баба и дедо. Бев дете кое често се разболува, а моите родители секогаш беа обавестени на работа иако без мобилен.

    Што фали на централа каде стално има човек, па за хитни потреби фамилијата се јавува таму и повикот се префрла кај тебе??
    Ништо не фали. Само така ни одговара сега, па не бивало ова, не бивало она. И така нашло Македончето, па зашло!

    Море во фирма каде што има хиерархија, се бива! Ама има ли поубаво од мобилката да си ја чачкаш кога ќе ти прдне:inlove:.
     
    На MacenceEna, mira.mira и m.i.g им се допаѓа ова.
  12. LiliBoz

    LiliBoz Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    7.301
    Допаѓања:
    104.219
    Пол:
    Женски
    Немам централа.
    Со тебе дискусијата ја завршив вчера. Дискутирај понатаму сама со себе. Од мене и ова ти е многу.
     
    На Alishan30 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    1.659
    Допаѓања:
    58.151
    Кажи им да ти стават8):D.

    Јас затоа реков, не е до работниците, колку што е до работодавачите и начинот на кој испланирале да функционира нивната компанија.
     
  14. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    4.246
    Допаѓања:
    85.126
    Мене хит oд темaвa ми е -Му се јaвив нa директoрoт и кo се симнa јa рaспердaши. Пoдругo е кoгa мoжеш дa му се јaвиш нa директoрoт.
     
    На Askopje, MacenceEna, Rebecca_R и 3 други им се допаѓа ова.
  15. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    10.999
    Допаѓања:
    96.907
    Ај сите, да го погледнете проблемов, од аспект на деца во школо.
    Ним им е забрането, седум часа, да користат телефон (освен на одмори).
    А израстени се со мобилни, родени се во свет со мобилни, не знаат ништо друго освен таков свет... со мобилни.

    Ако можат тие, можеме и ние.
     
    На Alishan30 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. CameliaMiller

    CameliaMiller Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    4.634
    Допаѓања:
    107.145
    Јас имам централа.
    Ама таа не е подвижна.
    А и јас (и соработниците) сме во движење - многу често.

    Распоред на меил ми праќаат.
    Работата во здравство денес е претесно врзана со интернет, не функционира НИШТО без интернет.

    Нека ми дадат службен телефон - нема проблем. Мојов ќе стои во фиока заклучен цел ден.

    Е пошто ни јас ни соработниците немаме службен телефон, а имаме потреба да се слушаме и координираме, и сами си плаќаме сметки за истото, ако почнат премногу да се мешаат - и да ми поставуваат закони - и јас иста ќе станам. 1 секунда нема да можат да ме добијат на приватен телефон, ќе им требам итно, а ќе бидам (службено) во друга служба, па нека чекаат на централа.

    За да бараш, мораш да дадеш.
     
    На LiliBoz, dunika, Alishan30 и 3 други им се допаѓа ова.
  17. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    1.659
    Допаѓања:
    58.151
    Посебно па ако е од твоЈта партија:rofl:.

    @CameliaMiller , реков веќе неколку пати дека и до работодавачот е, не само до вработените.
     
    На Bridget, Harper и WildMk им се допаѓа ова.
  18. CameliaMiller

    CameliaMiller Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    4.634
    Допаѓања:
    107.145
    Неважно.
    Не преферирам ригидни правила и роботско работење.
    Не сум робот.
    Не би работела каде што важат војнички правила и ми изиграваат Големиот Брат.

    И моето скромно "странско" работно искуство секогаш било поврзано со работа со клиенти, никаде не било до толку строго да се чувствувам непријатно.

    До сега ни еднаш не ми се случило да ми страда работата поради што било - па и поради лична болест. Моите претпоставени тоа го знаат и никогаш не сум имала проблем со мое "забушавање". Напротив.

    Други имале. Тие што биле пријавени или фатени како забушаваат.
     
    На dunika, Alishan30, cresa-jagoda и 4 други им се допаѓа ова.
  19. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    10.999
    Допаѓања:
    96.907
    Трулиот капитализам не ги гледа луѓето како луѓе... Ние сме само resources ... за жал...
     
    На Someonespecial му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    1.659
    Допаѓања:
    58.151
    Ама Камелија, ние никогаш не сме криви, секогаш другите се. Не зборувам конкретно за тебе, ама секогаш е така. Не бев јас, она беше. Јас се најарна. И кога на крајот, сите се прописно прават, а работата по институциите непотерана. Е кој е крив? Некој од надвор сигурно не е.

    Камо капитализмот да беше во некористењето на мобилни тел за време на работните часови. Камо нашите работодавачи да ги создаваа потребните услови за работа, камо платите да беа како што треба, секоја прекувремена минутка да е платена, да се вработува по квалификации а не по врски, роднини и пријатели. Така ќе работам без личен телефон и ќе пеам.

    Капитализмот со ова нема апсолутно никаква врска.
     
    На Jane.Birkin, Alishan30 и violetblue им се допаѓа ова.