Користење на личен телефон во текот на работно време

Дискусија во 'На работното место' започната од referentka, 22 август 2018.

  1. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.259
    Pa na nikogo ne mu e zabraneto da koristi tel za vreme na pauza.
    Sekako ke doznaes samo ne vo momentot, nekoe vreme podocna.
     
  2. CameliaMiller

    CameliaMiller Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    4.618
    Допаѓања:
    106.748
    Двете работи се казниви и тука :)
     
    На ane.bella му/ѝ се допаѓа ова.
  3. m.i.g

    m.i.g Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.023
    Допаѓања:
    5.185
    Пол:
    Женски
    Кај нас јас лично се имам возено во автобус кај што возачот крена тел. Можеби се “казниви” ама кај нас со “пријатели” ќе ја средат работата и сигурно ќе помини само со некоја опомена. Тука нема многу мазнење,за ситница се добива отказ. Исто и казни се пишуваат ама ливчињата се магично исчезнати па никому ништо.
     
    На vrapce.b, Harper и Emy867 им се допаѓа ова.
  4. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    8.126
    Допаѓања:
    63.205
    Купив некои фустани од Стружанка , ама ми требаше др.број. Упорно звонам да прашам има ли, абе цел ден никој не крева. Кога тоа двете госпожи надвор (стружанка зебра) на телефони па и уште седат надвор да се дозборат. Дрски . И уште немаше број па таа ми вика имаш броеви на ќесата требало да се јавиш. Молам? И кажав фино лепо и остана да ќути.

    Ми се случува често, го сфаќам како одраз на НЕКУЛТУРА!

    Немам работа со странки , ми се алучува да се вклучам на соц.мрежи секојдневно.
    А не ми се допаѓа и кога одам кај колега/колешка во канцеларија и тој збори приватно па и уште чекај малце. Пак некултура.
    Јас одма исклучувам така
     
    На Ingvild, Harper, dunika и 4 други им се допаѓа ова.
  5. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    18.638
    Допаѓања:
    43.580
    Мене страшно многу ме нервира кога таксист збори на телефон. Ова скоро секогаш се случува. Секогаш реагирам да го остават телефонот, загрозуваат безбедност на сите.

    И докторите доста често ми се има случено да се на телефон, прави ехо, во другата рака телефонот и се договара за вечер во кафана. Или дали јаделе децата, или...

    Некултурно е да те чека некој ти да дрндаш на телефон, во некои случаи ете, и опасно е.
    Ама телефоните ни се веќе зашиени...
     
    На Ingvild, Harper, stetoskop и 6 други им се допаѓа ова.
  6. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    10.955
    Допаѓања:
    96.188
    Никоја не ми го исферма прашањето:
    Како децата на школо, не смеат да користат телефон за време на часови... и ок е тоа, а за возрасни е 'потрауматично'?
     
    На Alishan30 и korisnichka им се допаѓа ова.
  7. korisnichka

    korisnichka Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    607
    Допаѓања:
    1.378
    Се сложувам. Така не се работи. Можеби треба да се поминува од време на време низ обука за тоа како да се однесуваме со телефоните и работните обврски, на пример да се знае кога да се крене или одговори на порака а кога да се игнорира. Можеби изгледа смешно но мислам дека е ова сериозен проблем. Се работи за расејување на вниманието. Ако не сме сконцентрирани на работата не можеме да бидеме ефикасни. Исто важи и за комуникацијата преку уредите...
     
  8. korisnichka

    korisnichka Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    607
    Допаѓања:
    1.378
    Твоето прашање заслужува полно внимание. На пример, јас сум наставник и ми смета ако морам да одговорам на повик за време на час, значи тотално може да ме исфрли од колосек, и затоа преферирам тивок режим, за мене е часот светиња. Децата тешко одолеваат на телефоните поготово ако нема однапред поставени правила.
     
    На stetoskop, cresa-jagoda, Alishan30 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    10.955
    Допаѓања:
    96.188
    Јас сосема се согласувам да се забранети мобилни на час... Дури и да им ги зема наставник за време на часот. Ионака е тешко да им го задржиш вниманието на деца, па уште и да си имаат при рака мобилен.. оди привлечи им внимание..

    Мислам дека истото треба да важи и за нас возрасните. Не се 'умира' без мобилен... Разбирам дека ни дава чувство на сигурност, но истото е и за деца, па ако тие можат да го совладаат тој нагон, можеме и ние.
     
    На LollySky, stetoskop и korisnichka им се допаѓа ова.
  10. CameliaMiller

    CameliaMiller Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    4.618
    Допаѓања:
    106.748
    Тоа е друго.
    Дека е забрането, забрането е.
     
  11. CameliaMiller

    CameliaMiller Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    4.618
    Допаѓања:
    106.748
    Затоа што вниманието треба да им биде во учителот.
    Меѓу часови никој не им брани.
     
    На stetoskop, cresa-jagoda, Alishan30 и 3 други им се допаѓа ова.
  12. GabyTranceॐ

    GabyTranceॐ Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2015
    Пораки:
    298
    Допаѓања:
    1.100
    Пол:
    Женски
    Јас на работа како нова во една сендвичара се учев од другите и другите колку седеаа и ја сеедев да не бида глупа да работам а они да си седаат потоа дојде време каде што ме обвинуваа дека ја сум седела на телефонот престанав со телефон да се занимавам и сакн да видам саат кој ми звонел одма муабет беше сум седела. Нека седаат ама не да ги користат другите за нивна цел да одмори ете мене така ми се случи и сега не ни кпристам воопшто немам во план.
     
    На Alishan30 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    13.960
    Допаѓања:
    82.702
    Пол:
    Женски
    Има.
     
  14. Ava.84

    Ava.84 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    1.172
    Допаѓања:
    13.580
    Пол:
    Женски
    Интересна тема.Јас телефон имам нормално на работа и сум онлајн цело време.Одговарам на вајбер и други пораки кога сум послободна.Се јавувам само кога можам и разговорот ми е помалку од 1 минута.
    Кога работев во мк и имавме инспекција ама голема фирма долга инспекција и сега мораш да си со инспекторот цело време оти сака ова она и ѓоспоЏата секој ден по 1 саат дремше на телефон и си правеше муабет со ќерка и дали јадела како било на школо итн.Па на детето му стануваше досадно и и го затвараше телефонот.А таа ќе се јавеше кај некоја пријателка и ќе си збореше.А ние моравме да ја слушаме |( Па после прекувремено останувавме да си завршиме нашата работа.
    Не ми е прифатливо на работа со странки а ти да дремиш на телефон:shake:
     
  15. Zaljubena26

    Zaljubena26 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    1.344
    Допаѓања:
    20.199
    Пол:
    Женски
    Зависи за каков тип на работно место станува збор. Понекогаш ми се случува да направам некој краток приватен разговор но јас не работам со странки, имам моја канцеларија, сама сум и не ги заморувам другите колеги со лични муабети. Се разбира, на кратко, без да трпи работата. Но кога се странки во прашање, е тогаш крајно безобразно е да оставиш некој да те чека. Пред некој ден ми пукна филм така во банка, кај главна централа само еден шалтер работеше па одозгора благајникот телефонот не го спушти од уво и уште толку кочеше работа.
     
    На Ingvild, CameliaMiller, stetoskop и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. st2007

    st2007 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2014
    Пораки:
    255
    Допаѓања:
    650
    Пол:
    Женски
    Јас користам телефон за време на работа, ама таква ми е работата.
    Работам во цвеќара, и постојано има некој што се јавува дали биле бонбоните готови, бидермаерот итн. Бидејки морам да бидам достапна на телефон за странките, го користам секако и за лични потреби, освен секако ако има странка во цвеќарата.
     
  17. Ingvild

    Ingvild Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2012
    Пораки:
    508
    Допаѓања:
    3.116
    Кај нас не е строго забрането. Може да се вршат приватни разговори, за време на пауза разгледување по социјални мрежи, форуми АМА кога има странки, телефонот аут и целосна концентрација тука.

    И да, не сметам дека треба да е строго забрането воопшто да се чепка баш поради некои такви итни ситуации... ама недопустливо ми е клиент да чека, а јас да си скролам по почетна или прашувам дали кучето јадело денес. Ценам туѓо време, очекувам кога сум јас клиентот подеднакво да го ценат и моето.
     
    Последна измена: 8 септември 2018
  18. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    8.095
    Допаѓања:
    43.050
    Пол:
    Женски
    Сметам дека треба да бидеме достапни во секое време и да се јавиме кога ѕвони телефонот (ако сме во можност во моментот), но тоа да е навистина важен повик и да има смисла.
    Јас лично, ако посегнам по телефонот, тоа е за време на пауза. А и тоа е кратко затоа што не сакам да ги игнорирам колегите и да зјапам во екранот.
     
  19. jarec6

    jarec6 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2010
    Пораки:
    1.033
    Допаѓања:
    1.596
    Пол:
    Женски
    Јас сега каде што почнувам ќе биде забранет телефон скроз.
    Значи цели 8 часа ќе биде исклучен,не смее ни уклучен во објектот да биде,па ни за време на пауза.
    А досега секаде каде што сум работела бил забранет фиктивно,секогаш сме користеле