1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Користење премногу козметички производи - маркетинг или потреба?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од GrimTheReaper, 14 мај 2021.

  1. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.118
    Допаѓања:
    11.325
    Maрктинг. Дури мислам дека е штетно да се лупа се и сешто на лицето. Моја братучетка од средно школо експериментира со секакви бои за коса, со секакви креми, маски, балсами и што уште не. Јас дури сега кога сум седа ја бојам косата. Почнаа белите влакна и ја бојам со кна. И без тие средства и толку фрлени пари, имам погуста и поубава коса од неа. Таа од толку фарбање сега има ретка, коса како метла која без балсам не се ни расчешлува. Помалку хемиски третирања, редовно кратење, и косата си е ок. Таа со толку користење на креми, и нега, има брчки.
     
    На MarijaMi90 и GrimTheReaper им се допаѓа ова.
  2. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.293
    Допаѓања:
    37.196
    Пол:
    Женски
    Кратко кажано маркетинг е.
    Кожата не ни е создадена за да не може да опстои без неопходната рутина од "7 чекори наутро и навечер" или 10те "есенцијални" производи.

    Мислам дека истовремено се знае ама се игнорира дека најбитно е општото здравје, стресот, генетиката и животните навики, тоа е тоа што се одразува врз кожата и врз кое што една крема ќе има некоја минимална улога.

    Со 2-3 производи може да се помине, ако не се шминкаме па и со еден-два, еве некој може да има привремен проблем со акни ама тоа е одреден период каде што ќе треба да се користат посебни производи, не цел живот.

    Ама нормално кога ќе видиш преслатко пакување со преубав мирис и ветувачка порака ти се активираат сетилата и нагонот да го купиш.

    И секако дека сите овие се наменети за жените, како инаку нашата кревка кожа ќе опстои без серумот со екстракт од амазонските растенија.
     
    На christinnn, Tanjamm, GrimTheReaper и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Liu

    Liu Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2016
    Пораки:
    723
    Допаѓања:
    2.498
    Пол:
    Женски
    Се ова е добар маркетинг, колку и да се добри кремовите, лосионите, масла и уште кузнај колку работи нема да не направат вечно млади. Јас користам гел за лице со кој се мијам наутро и навечер, тоник балеа и најобичен крем нивеа софт. Избегавам шминки и пудри, така да секојдневно ги користам само овие производи и моливче за веѓи. Немам проблематично лице со акни и не осеќам потреба од дополнителни производи. Мислам дека нашата кожа за добро да опстојува доволно е да биде чиста и добро хидрирана. Тоа може да се постигне со обичен сапун и крем за лице. Се останато е добар маркетинг и фрлање пари на некој бренд или име, освен нели ако има вистинска потреба или проблем со кожа, акни лузни и рани. За косата користам шампон кој ми одговара и долго го користам, ретко ставам маска искрено оти ме мрзи. Дездоранс и парфем ми се задолжителни. Побитно ми е да мирисам убаво отколку секој ден да имам кило шминка на мене и пола сат да се мачкам со триста глупости. :wasntme:
     
    На felisitas, Tanjamm, GrimTheReaper и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.189
    Допаѓања:
    76.767
    Пол:
    Женски
    Не морам да ги имам сите можни козметички производи затоа што немам потреба да ги имам. Ете го одговорот. Производи за нега и шминки од типот пудра, маскара може да се наречат потреба, останатото е само маркетинг. Што ќе ми е да го бојам лицето? Тоа не е нешто што на лицето му треба туку само естетика за нечии очи.
    И од козметика за нега и од шминки секогаш купувам малку т.е. најнеопходното, знам што ми треба и не ми влијае тоа што ми го пласираат пред очи.
     
    Последна измена: 18 мај 2021
    На GrimTheReaper му/ѝ се допаѓа ова.
  5. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.837
    Допаѓања:
    65.694
    Пол:
    Женски
    Сува кожа е веќе и поголем проблем, јас на пример ако не ја третирам доаѓа до страшно чешање, па сакаш-не сакаш ќе купиш да го средиш проблемот, фала богу не е нешто често. Друго е тоа од секојдневно мачкање лице, раце, се одделно од онака, само зашто ми е убаво. А тоа убавото само произлегува од маркетиншкиот дел кој влијае психички. Или мајките што сме ги гледале истото како го прават, па продолжуваме така.
    Кога е од потреба е обично нешто повеќе накај медицинска.

    Инаку, немаме потреба да се шминкаме и да се шлакаме со секакви работи. Па и сувата коса, ќе ја нашлакаш косата со се и сешто, нема нешто да и одговара, после имаш сува коса која треба да ја третираш со уште сто други производи.

    Едноставно маркетингот е сосема забеган, на секој чекор има билборди, да бидеш ваква или онаква, со совршени жени, на тв реклами, насекаде. И на крајот веќе не ни размислуваш едноставно мора да е така.
    Како што кажа Нил Шустерман во една од моите омилени книги, ако нешто се повторува по сто пати, се форсира насекаде, тогаш тоа мора да е вистина. Едноставно не знаеш ни кога почнало веќе, ама станува се понормално за прифаќање. Така и индустријава.
     
    На gjoker4e, GrimTheReaper, MarijaMi90 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    5.797
    Пред некое време можеби и целосно ќе се согласев со тебе, но со слушање туѓи мислења на слични теми почнав да ја менувам перспективата.

    Веќе споменав дека со исклучоци, козметиката не е „неопходна“, т.е. не е потреба без која не можеме да преживееме. Меѓутоа, надвор од неколкуте работи што ни се апсолутно неопходни, имаме и други потреби кои служат за да ни го подобрат квалитетот на животот, т.е. кои ни помагаат да се чувствуваме подобро, порелаксирано и индиректно ни помагаат за целокупното психичко здравје.

    Можеби над 90% од модерните „потреби“ можеме да ги отфрлиме поради тоа што се over-the-top спрема вистинските, основните „потреби“. Уметноста (пишана, ликовна, музичка, филмска итн) можеме да ја исфрлиме, тотално непотребна ни е, се живее и без неа. Облеката исто можеме да ја редуцираме на 2-3 парчиња затоа што сè e непотребно и можеме постојано да ги переме нив. Ми ја сфаќаш поентата.

    Има вистина во тоа дека се претерува со консумеризмот и како личност што се интересира за заштита на животната средина ми е и повеќе од јасно дека се троши и фрла премногу. Нормално дека не се потребни 490384239057432 брендови за козметика и секој од нив да нуди по 20+ производи, премногу е. Мислам, сите имаме различни работи што сакаме да ги таргетираме, но тие не се ТОЛКУ различни за да има потреба од ТОЛКУ производи.

    Меѓутоа, не мислам ни дека козметиката е целосно бескорисна. Да, голем дел од неа се фокусира на изглед, т.е. естетика, но ако естетиката ни прави да се чувствуваме подобро, зошто па да не се стремиме кон неа? Сигурно кога купуваме облека или мебел не гледаме само функционионалност, туку многу менува и естетиката. И грдата маица ќе заврши работа, ама квалитетот на твојот живот (твоите чувства, самодоверба, естетскиот сенс) нема да е оптимален и исто толку добар како ако си купила нешто што ти е убаво. Ова буквално не е потреба за никого, ама можеби е „потреба“ за тебе, да го имаш тоа чувство.

    Во склоп на ова, делумно се согласувам дека маркетингот влијае врз тоа што е убаво, а што не, но не мислам дека сè се сведува на тоа. Мислам дека имаме вроден сенс за естетика или она што обично го велиме - секој има различен вкус и различни преференци. Еве на пример, мене стилот на облекување на Били Ајлиш не ми се допаѓа, без разлика што е толку популарна и што сè повеќе и повеќе млади се облекуваат така , т.е. „се форсира“ тој стил.

    Или кога ја гледам модата од 90-тите со тенки веѓи, не можам да замислам да имам такви веѓи, макар и сум ги гледала кај сите познати личности. Истото може да се каже и за музика, спорт и за било што друго. Не велам дека никогаш не се менуваат вкусовите под дејство на тоа што гледаме околу нас, ама пак мислам дека многу зависи и од нас.
    Ама ова е несигурноста на животот, неуниформноста на луѓето. Ова може да биде и: „прочитав секакви книги, ниедна не ми одговара, сега треба да прочитам уште 100 други книги“, „пробав секакви фустани, ниеден не ми одговара, сега треба да пробам уште 100 други фустани“, „пробав секакви рецепти, ниеден не ми се погоди, сега треба да пробам уште 100 други рецепти“. Тоа е, некогаш работите не се годат од прва, па ни од стота.
    Не негирам дека се претерува со маркетинг, тоа е факт. Веќе и споменав дека индустријата го користи незнаењето на потрошувачите за да ветува магични работи. Ама, како што кажав и на крајот, мислам дека малку треба да си дадеме заслуга и самите себеси, затоа што стандардите за убавина не се прават во меурче, независно од нас.

    Со исклучок на некои работи кои ни се наметнати (различна плата според род или други подлабоки општествени проблеми), некои работи сме моќни и директно да ги одбиеме или да извлијаеме врз нив, затоа што ние ја имаме куповната моќ, т.е. нивниот профит зависи од тоа колку сме ние задоволни. Пример, plus-size моделите не се позастапени затоа што на некој дедо од одборот на некоја модна компанија му текнало, туку се појави потреба и барање од обичните луѓе, па сакале-нејќеле мора да ги застапуваат повеќе.

    Знам како звучи ова, можеби и антифеминистички, иако не ми е намерата да оправдувам или поддржувам лоши однесувања. Сакав само да кажам дека не може само да чекаме „некој таму“ да сфати што не е во ред, затоа што ќе се изначекаме така. Промената доаѓа со активен отпор. Ние сме сиромашна, слаба држава и не можеме толку да пребираме, ама конкретно во помоќни земји било која агенда ја постигнуваат со масовно јавно критикување и/или селектирање од која компанија ќе купуваат.

    Сакаат диверзитет - ќе купуваат од брендови каде се вклучени луѓе од сите раси и од сите големини на тело. Сакаат екологија - ќе купуваат од брендови кои се трудат да најдат поеколошки решенија за пакување, состојките ги добиваат на поеколошки начин или наоѓаат начин да надоместат за штетата што ја направиле при производството на тие производи.

    Да не си ја навредуваме интелигенцијата, и ние купувачите не сме до толку наивни и глупави. Како што кажав веќе два пати, индустријата си има огромен удел, но без нас не постои. Треба во одредени аспекти да ја согледаме одговорноста и во себе, не ни оди во прилог менталитетот на жртва, туку проактивноста. Правам паралела и со тоа што обично го зборуваме и за државата, не може за сè да сме само жртви, кога и ние имаме удел во нејзината (не)функционионалност. Е сега зошто имаме удел во индустријата е веќе друга тема, ама пак решението мислам дека е едукација и желба за делување.
     
    На Lella, MarijaMi90, nextredstyle и 3 други им се допаѓа ова.
  7. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.837
    Допаѓања:
    65.694
    Пол:
    Женски
    Точно. Јас така правам со облеката, она што ми е потребно имам, за преперување и толку. Другото ништо не ми е потребно. Исто и козметиката, најосновото за хигиена. Прашањето е од каде поттекнува таа потреба, од каде баш козметика ни треба за да ни биде убаво, да си се чувствуваме убаво? Секако дека е наметнато, врежано во главите дека така ќе ни е убаво. Ова не е од вчера, има корени, ниту пак нешто ќе се смени во брзо време. Јас не се шминкам ниту ништо од се горе наведеното, ама си имам психолошка причина. Да не беше таа кочница, ех, веројатно и мене ќе ми беше убаво, а и ќе имав потреба, некаква.

    Секогаш ни е тешко на нас луѓето да ги отвориме очите и да сфатиме дека сме под влијание на маркетинг, за било што, не само за ова. Бидејќи потоа испаѓа дека сме глупави. Ама, да не беше тоа така, да немаше ефект маркетингот, воопшто не би ни постоел. Немаше да сме опсипани од секаде со реклами.
     
    На gjoker4e и GrimTheReaper им се допаѓа ова.
  8. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    5.797
    Ова веќе навлегува во философија на живеење. Дали сметаш дека луѓето имаме слободна мисла или сè е наметнато и е последица на нешто друго, дали преферираш душевни пред физички задоволства, каков вкус имаш итн. Истото прашање што го постави можеме да си го поставиме за буквално било која област во животот.

    Еве ти сакаш да читаш книги, зошто е тоа така? Зошто сакаш да читаш книга за да ти е убаво, од каде потекнува тоа? (Реторичко прашање е, не барам одговор :D). Можеби сметаш дека тоа те исполнува духовно, ти ги проширува видиците, учиш нови работи итн, па сметаш дека тоа е повредно од било која физичка промена. Но, сите не се чувствуваат исто.

    Како што наговестив и погоре, јас не сметам дека сме толку беспомошни и мислам дека правиме селекција според нашите преференци, затоа што постои маркетинг за апсолутно сè, а сепак не купуваме сè, туку само она што се поклопува со нашите интереси. Добро, тука има влијание и економската психологија, т.е. психичкото влијание врз потрошувачите, ама верувам дека имаме вродени преференци, како што имаме преференци за природни, општествени науки, спорт итн.
    Јас мислам дека ако си свесен за постоењето на маркетинг, тогаш подобро можеш да контролираш што и до кој степен ќе ти влијае. Не го гледам потпаѓањето на маркетингот како знак на глупавост (ок, освен верувањето во некои ептен очигледни, fail рекламирања :D), затоа што маркетингот, т.е. рекламирањето е можеби вториот најдобар начин за информирање за одредени работи (првиот најдобар начин е да имаш интерес, па самостојно да „копаш“ повеќе информации за конкретната работа). Кога не би постоел маркетинг, мислам дека би откривале многу помалку работи, т.е. не би биле воопшто свесни за нови пронајдоци, подобрувања и општо, какви сè можности постојат, за сечиј вкус.

    Повторно, не е дека не се живее без тоа, но како што тебе маркетингот ти оди во прилог кога бараш книги, затоа што сакаш да откриваш нови, уникатни приказни итн, некому маркетингот му оди во прилог на пример кога сака да си го подобри изгледот. И мислам дека тука е клучниот проблем во комуникацијата, тоа што менувањето на изледот се поврзува со површност (а со тоа и надреденост - „јас сум на повисоко ниво затоа што ги вреднувам „правилните“ работи“) и дека „вистинското“ задоволство се постигнува кога си задоволен со себеси таков каков што си (не тврдам дека ти ова го мислиш, само се надоврзувам и допирам до друга тема).

    Мислам дека тоа е нефер, затоа што секогаш ги поздравуваме „психичките“ промени кај луѓето, т.е. тоа кога се едуцираат, променуваат навики итн, а во последно повеќе ги осудуваме физичките промени кои ги прават. Сфаќам дека тоа е последица поради предолгата историја на притисок за физички промени (која во одредени маси на луѓе сè уште постои), но тоа не треба да ни е пречка да поздравуваме и физички промени, т.е. да негодуваме кога некој сака физички промени кои се поклопуваат со „стандардот“ од таа историја. Ако е валидна зголемената љубов кон себе поради психичко лично подобрување, зошто да не биде и поради физичко подобрување (не зборувам за екстреми како дисморфија)?

    Тука може да се каже, па што се замараш, и онака сите ќе умреме, и онака сите ќе остариме, и онака надворешната убавина е минлива (што е делумно навредливо, затоа што испаѓа дека старите луѓе се грди), ама истата логика може да се употреби и во обратна насока: што се трудиш да учиш, и онака сите ќе умреме, ништо нема да остане од тоа и џабе си го потрошил животот подобрувајќи се. Па нема сигурно да седнеме и да чекаме да дојде денот кога ќе умреме само затоа што е бескорисно (за нас лично - затоа што не ни се продолжува векот) сè што правиме. Пак ќе го користиме животот стремејќи се што е можно повеќе да ги правиме работите кои ни се допаѓаат и нè исполнуваат, а помалку тие што не ни се допаѓаат.

    Малку забегав и во друга тема што немаше врска со тоа што го пиша Реин, ама нема врска :D.
     
    На Lella, do-re-mi, MarijaMi90 и 3 други им се допаѓа ова.
  9. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.837
    Допаѓања:
    65.694
    Пол:
    Женски
    Ама види, јас сосема знам зошто читам книги и од каде потекнува тоа. И не било зашто сум го видела на реклами, па ајде.
    Ова со козметиката е излезени од секаква контрола и едноставно колку и да не сакаш ќе потпаднеш под тоа дека ќе ти биде поубаво.
    Работата е што рекламите не се информативни, туку се убедувачки, примери колку сакаш. Останува тоа дека нема реална потреба од козметика, само се користи поради тоа што е убаво, поубаво се осеќам кога сум нашминкана, намирисана, косата со шампон, регенератор, маска, не знам што друго има, облека за секакви можни комбинации. Прашањето е од каде потекнува тоа што козметиката дава такво чувство? Наметнато од кого? Маркетинг, бидејќи така е одамна, патријархот или што?
     
    На gjoker4e и GrimTheReaper им се допаѓа ова.
  10. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    5.797
    Мислам дека се вртиме во круг со тоа што и дали е потреба, затоа што веќе пишував за двете работи.

    Реклама сама по себе не може да те информира за цела проблематика, но може да те заинтересира да прочиташ подетално и така да се информираш за нешто што инаку не би знаела ни дека постои и зошто постои (и дали воопшто има потреба да постои).

    Од каде потекнува тоа чувство што го дава козметиката не знам, можам да зборувам само за себе дека ми се допаѓа да допирам нежна кожа и коса и така си се допаѓам не заради другите (кои и онака не можат да го проценат тоа од гледање), туку заради себе. Исто како што си се допаѓам повеќе кога носам црвена, а не кога носам крем маица. Исто, не се шминкам често, но кога се шминкам, се чувствувам како природните атрибути да ми се поистакнати, и така сметам дека изгледам попривлечно. Не значи дека инаку сум несигурна и ми треба валидација, туку така се чувствувам подобро.
     
    На Lella, MarijaMi90, GrimTheReaper и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.894
    Како нема реална потреба од козметика? Имаш сува, мрсна, осетлива кожа, склона кон чешање, црвенило, рани. Кожа со недостатоци кои можеш да ги третираш со креми и серуми или покриеш со пудра. Имаш првут, коса која често се масти, без волумен, наелектризирана...Влакна кои треба да се третираат ако сакаш да изгледаш добро, парфем по кој може да оставиш траг и некој после 20 години да се сеќава на тебе по него :D Антиперспиранти и ролони кои спречуваат мириси, креми за сува и тврда кожа на стапала... Мисли си дека со едно кремче Нивеа иста си ко Џеј Ло и остала багра што богатство трошат на третмани. Тоа што можеби немаме доволно пари да купуваме квалитетни производи не значи дека не ни требаат.
    Маркетинг и конкуренција нормално секаде има и не значи дека ти треба секој производ што е на полица или што си го видела на реклама. Но, требаат повеќе отколку што сме навикнати да се негуваме. Може не треба да се запрашаме дали стварно ни требаат производи туку зошто мислиме дека не ни требаат? Може од нашите мајки со нивното - пак пари на глупости фрлаш? Затоа тие изгледаат ко стари баби уште на 50 години а жени во земји со повисок стандард на 50 години изгледаат за 10 или 15 помалку, по наши видувања.
     
    На Leat, Izaabella, Mishela и 8 други им се допаѓа ова.
  12. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.764
    Допаѓања:
    17.293
    Пол:
    Женски
    И двете. За шминки има маркетинг, па многу жени не се шминкаат. За шампони против опаѓање на коса има маркетинг, па ги купуваат скоро само тие со таква потреба.

    Жените повеќе го осеќаат притисокот да бидат секогаш средени, па затоа за нив има повеќе понуда. Затоа што повеќе трошат и има повеќе профит.
    Да почне да се рекламира шминката масовно како маженствена дали би почнале сите мажи одма да се шминкаат? Најверојатно не. Можеби ако со години и години им се всадува тоа мислење со воспитувањето тогаш ќе стане масовно.

    Па слично, да почнат да се рекламираат и промовираат креми, маски, лосиони за мажи нема да се купуваат масовно. Не значи дека немаат потреба за нега на кожа. Едноставно само не го чувствуваат истиот притисок.
     
    На GrimTheReaper, nextredstyle и pdb123 им се допаѓа ова.
  13. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    14.850
    Допаѓања:
    117.226
    Пол:
    Женски
    Патријархатот диктирал и диктира правила.
    Порано било срамота жена да носи панталони и да шета несредена.Не личела на жена.
    И ден денес има луѓе кои кажуваат лоши коментари за девојка/жена која се шета во парк облечена во спортски градник и шорцеви.Ау,срамота.Види ја оваа,сигурно е ваква,таква,онаква...
    Од стари жени сум слушала и лоши коментари за девојки облечени во маици со прерамки и фармерки.Срамота било и голи рамења да покажуваат пред мажи кои не се нивни. (facepalm)
    Маж и да е несреден и само по шорцеви да шета/трча во паркот нема да добие толку негативни коментари.
    Не можеме без козметика.
    Има потреба.Лице полно акни и бубулици и воспалено од некоја причина бара третман со креми и друго.
    Влијае и маркетингот.
    Да речеме ти одговараат еден или два бренда.А,на рекламата со добро скоцкани зборови те убедуваат дека некој трет е подобар.
    Почнуваш да се интересираш за тој и идеш да го купиш иако оние што ги користиш ти одговараат.
    Облечен/а во тренерки не можеш да идеш на венчавка и во деловна средина.
    Избледеле фустанот и панталоните или не,ама одамна ти се и гледаш по бутици нови модели.Луѓе те убедуваат дека е срамота уште да ги носиш оние купени во 2010 или 2015.Во медиумите се прикажуваат нови трендови и те убедуваат дека мора да ги следиш. :rofl:
     
    На SnowWhite8 и GrimTheReaper им се допаѓа ова.
  14. SnowWhite8

    SnowWhite8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    1.275
    Допаѓања:
    1.620
    Пол:
    Женски
    Носам чизми од 2015 :rofl:
     
    На Biljarkata му/ѝ се допаѓа ова.
  15. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.837
    Допаѓања:
    65.694
    Пол:
    Женски
    Oва е обратно кај мене. Мајка ми е таа што се шминка и сум немала проблем од нивна страна за фрлање пари на вакви работи.
    Изгледаат грото како многу постари поради нивните мачни животи, не зашто не се шминкале.
    Да вежбаш редовно, да се храниш здраво, тоа придонесува да не изгледаш опаднато.
    Не сакам ко Џеј Ло да бидам, фала, немам никаков проблем со природното стареење. Можам да вежбам, да се хранам здраво (што не го правам сѐ уште :D) и така да си го чувам телото, без милиони креми и серуми. Стареењето е дело на природата, само ние жените како старееме имаме страшен притисок да изгледаме помлади, додека мажите, нели, старо вино, тоа е.
    Другото реков, одам на лекар и се советувам.
     
    На gjoker4e и MarijaMi90 им се допаѓа ова.
  16. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.398
    За последниов пасус не се согласувам. Нема врска стандардот и козметиката со тоа што предвреме биле остарени. Мојата лоза пример е вампирска:), изгледаат 20 години помладо. Не е дека користат некаква козметика, обичен крем за хидратација, можеби, ако им се наоѓа при рака. Сметам дека повеќе се работи за гени и најбитно, начин на живот, стрес, работа, исхрана, непушење. Од друга страна жена што работела на нива, изложена на физичка макотрпна работа, на сонце, на разни влијанија, елементарни непогоди, лоша исхрана, сега има, утре нема, си го прави своето.
    Единствено козметиката би можела да влијае на успорување на самиот процес на стареење, но дека ќе се спречи, освен со филери и пластика, тешко. Ако ги немаш гените за младоликост, La mer шлапај секој ден, џабе е.
    Друго, жените во странство, имаат подруг начин на живот. Кај нас ретко ќе видиш, жена во позрели години, да не правам муабет за геријатрија, да спортува. Додуша знам само за една 70 годишна баба што оди во теретана и изгледа феномално. Не е дека не можеме да си дозволиме козметика, туку сме утепани од други фактори кои директно и индиректно влијаат на целокупното здравје, а тоа влијае и на изгледот на кожата.
    Ставај и најскапа козметика, ако пушиш, не спортуваш, не пиеш вода, не се исхрануваш здраво, не го сведеш стресот на минимум, едноставно не постои еликсир за бришење на лузните од сопственото осакатување.
    Еве јас навистина трошам доста финансии на козметика, има подобрување големо, но далеку од она што го ветува продуктот и далеку од она на што целам. Мм пример има прекрасно лице, крем во живот не ставил, јас од што ми е интересно со сила го шлапам. А јас на тие слоеви креми, серуми, уште крстена вода што немам попрскано и пак лицето не изгледа ни приближно како неговото.
    Според мене, козметиката помага до одреден степен, но ветувањата кои ги пласира се нереални.
     
    На Bezimenka90 и MarijaMi90 им се допаѓа ова.
  17. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.894
    Вежбање, храна и лекари си имаат свое место и придонес, козметика, нега и третмани - свое. Грижа на еден начин не исклучува грижа на друг. И сама кажа дека ниту вежбаш, ниту здраво се храниш, ниту за нега посебна се секираш, као и повеќето, ама кога се збори за козметика тогаш веднаш храна и вежбање се спомнува. Ако и тоа не бива тогаш одиме на - мојата лоза таква е, баба ми и мајка ми со бекутан двапати годишно се мачкаа ама лице - џам |( :D Ок, така нека биде. Останатите што имавме збрчкани баби што да правиме? И каде се тие мајки и баби со младолик изглед? Претежно жените во Мк изгледаат постари за свои години. Ќе да е субјективност.
    И до храна е, и до активност, вежбање, стрес, пушење, алкохол, гени...но и козметиката си има своја улога. Нема зошто да се отфрла ко мит да е за подобар изглед. Не е, реалност е.
     
    На Regina.Phalange, Leat, do-re-mi и 2 други им се допаѓа ова.
  18. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.837
    Допаѓања:
    65.694
    Пол:
    Женски
    Мислам дека може само да го успорите, ама на крајот... Тоа е нема бегање. Затоа целиот притисок ни прави само лошо, зашто некоја, која и не е една, ќе даде се од себе, ќе се средува, мачка, ама неуспешно ќе е. И колку само ќе е лошо чувството. Сами вака веќе си правиме, ни патријархатот не можеме во целост да го обвиниме.
     
    На gjoker4e му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.293
    Допаѓања:
    37.196
    Пол:
    Женски
    Па сега не може да се спореди животот на Џеј Ло со животот на просечна 40 годишна жена во Мк, :D, плус третманите што им ги прават се повеќе од крема и серум - тука се редовен ботокс, лифтинг, хијалурон, крвнa плазмa итн итн, кај нас не знам кој % редовно ги посетува процедуриве.
     
  20. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    17.330
    Допаѓања:
    166.854
    Мислев дека имам сува кожа, пред пандемијава. Фала богу, сега работам од дома, под маска секако ништо не се става и еурека- немам сува кожа. Да, понекогаш ставам органски крем на лице ( мажот ми истото го користи и за егземот, иако упорно му кажувам дека е за лице, тој тврди дека му помагало највеќе од сите можни кремови :?:) понекогаш ептен ретко масло и тоа би било од рутината. Мислев дека треба на 30 да почнам со крем против брчки кај очи, не почнав ( уште го барам идеалниот) и на 40+ уште немам брчки околу очи.
    Изгледа директ на пластика ќе одам јас:wasntme: