1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Користење премногу козметички производи - маркетинг или потреба?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од GrimTheReaper, 14 мај 2021.

  1. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.892
    Ако има нереални очекувања тогаш да, ќе се разочара. Нега на тело и лице нема да те направи 30 годишна за навек. Ама во комплет со се останато ќе те направи посвежа и веројатно помлада. И тие што се "мачкаат" треба да го прават тоа од задоволство, да им е рутина, не калкулирана грижа од неколку години за да се добие некаков нереален резултат.
     
    На Mnik, Alisa22, MilaSs12 и 5 други им се допаѓа ова.
  2. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    8.468
    Допаѓања:
    82.142
    Пол:
    Женски
    Многу има влијание козметика на изгледот.
    Проучете ја корејската козметика и изгледот на корејските жени.
    Нивната рутина во десет чекори наутро и навечер и обавезно спф крема ,секогаш во секое год.време.
    Па да споредиме со природност и мачкање павловиќева,нивеа во плаво пакување или ништо.
    Јас сум презадоволна.
     
    На Leat, MilaSs12 и oblace1 им се допаѓа ова.
  3. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    17.244
    Допаѓања:
    166.073
    Е ти со корејската може ќе ме кандисаш. Ај баш ќе го правам експериментот, колку време му треба за пред и после резултат? Озбилно прашувам, ќе го запре или ќе го врати времето?
     
  4. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    8.468
    Допаѓања:
    82.142
    Пол:
    Женски
    Треба да откријам идентитет и да сликам,пред и потоа.
    Не знам за времето ама во банка со девојче ми се обраќаат:rofl:
    Ситни линии меѓу веѓите исчезнаа,околу очите немам.
    Кожата мека,мазна и хидрирана,е сега слуз од полжави,и остали чуда мачкаш ама нема врска:D
    Ја заборавив јапонската козметика исто,западна коз.не користам.
    Е сега не гледам причина зошто да не мачкам ништо,ми е гајле за маркетингот.
     
    На Mnik, Leat, MilaSs12 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.086
    Допаѓања:
    11.244
    Абе добро ок е да користиш пример една крема, ама не да се оптеретуваш и да фрлаш куп пари. Да не биде претерано. Еве јас еднаш купив една крема во многу мала туба, со масло од арган, ми ја препорачаа во парфимерија, за подочници. Имав тој период подочници од ненаспаност, стрес. Кога прочитав, во кремата имало само 1% масло од арган, а тубата беше премала, ја купив за 250 денари или 280, не се сеќавам, беше пред 7-8 години. Не помогна ништо. После следен пат одам да купам нешто за околу очи во истата парфимерија, и истата продавачка ми вели дека не ни треба крема за околу очи, дека истата што се користи за цело лице е доволна да се натапка и тоа е се. Кремите може ќе го успорат процесот на стареење, но нема да го запрат. И точно е дека има жени кои се оптоварени и стареењето им е кошмар. На една пријателка и велам дека колку и да се држи една жена, сепак ќе си личи на своите години, ако има 50 ќе личи на 50, не може да личи на 30 години, а таа само ми врати „како да не, тоа е само прост изговор“. Годините си се години, нормално ќе личиме на своите години. До 30 години секаде на шалтери ми се обраќаа со „девојче“, а по 30 со „услужи ја жената“, „повелете госпоѓо“, и тоа не ме навредува.
     
    На MarijaMi90 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. MarijaMi90

    MarijaMi90 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2020
    Пораки:
    1.547
    Допаѓања:
    19.457
    Пол:
    Женски
    Косми, ако не ти е мака може да пишеш од каде ја нарачуваш и што точно користиш (која марка) од крем за лице, за под очите итн?
     
  7. Abracadaver

    Abracadaver Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    3.450
    Пол:
    Машки
    Најдобри три фрази во македонски аптеки и продавници за козметика:

    - На природна база се.
    - Многу ни се трошат.
    - Против опаѓање на коса е. Мене многу ми помогна, а и многу мои пријателки го фалат. Пробај го, па ќе ми кажеш колку си задоволна.
     
    На Mnik, TrinityNeo и Tanjamm им се допаѓа ова.
  8. MarijaMi90

    MarijaMi90 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2020
    Пораки:
    1.547
    Допаѓања:
    19.457
    Пол:
    Женски
    @RainBow така е, потеклото на потребата за козметика е оддамна и е поврзана со потребата физички да се чувствуваме убаво. За тоа е потребна козметика, тоа сигурно, но дали е потребно толку многу козметика, производи со мн сличен состав, а различно име, според мене не.

    Е, сега од каде ни е потребата да сме физички убави за да се чувствуваме и психички поубави? Тоа веќе не мислам дека е маркетинг. Маркетингот, или па медиумите, ги диктираат моменталните трендови на убавина, стандарди за убавина итн. Нив јаа пример не ги следам слепо, иако искрена да бидам, донекаде ги следам, тие за мода. Особено зошто голем дел од моменталната мода ми се допаѓа. И секако, ако одговараат ма мојата фигура. Телото секако не можам да си го менувам во склоп на моменталните стандарди.

    Тоа дека физичката убавина не прави посреќни, од каде произлегува и дали е правилно.....Па не знам, веројатно произлегува од тоа што човекот е визуелно суштество, едноставно кога гледаме убави нешта, вклучително и луѓе, ни го привлекуваат вниманието и не можеме нешто против тоа. Тука доаѓа маркетингот, ни пласира производи за кои ни "ветува" дека ќе не направат поубави. Дали е вистина така? За мене пудрата, кремот за лице и некои други ситници дефинитивно се производи кои прават да изгледам и да се чувствувам поубаво.

    Во животов досега имам запознаено само еден човек, женско, кое навистина не се замара многу со физичкиот изглед, не пати од тоа да ги прикрие или усоврши своите недостатоци и не се споредува воопшто со другите, ниту пак се воодушевува на лепотица. Таа живее здрав живот, вежба, внимава на исхрана, ама се тоа го прави само заради здравје, воопшто не заради изглед. Друга таква личност немам запознаено, на сите други што јас барем ги познавам, физичкиот изглед им е значаен и сите сакаат да го подобрат или да си го задржат тоа што им е убаво.

    Е, сега сите имаме различни преференции се разбира. Јас сакам убава облека, не заради маркетинг, едноставно мн сакам и мн сум среќна кога ќе си купам нешто што ми е убаво. Маркетингот може да ме натера повеќе да потрошам, да, ама во сферата што мене ме интересира. Маж ми за жива глава не се интересира за облека, ама затоа кај него излегуваат нон стоп реклами за технологија. И така, и јас и тој ќе потрошиме повеќе од што треба за нешто што не ни е потребно, чисто од конзумерски побуди. Сакам само да ри кажам, дека и да немаше маркетинг, немаше шанса јас да сум задоволна само со неколку основни парчиња, купени исклучиво од практични побуди. Едноставно кога нешто навистина ме интересира сама ќе го барам ако треба, не ни е се наметнато. Некои работи едноставно ги сакаме, некои не.

    @pdb123 точно е дека потрошувачите имаат улога и одредуваат дали нешто ќе се продава или не, но од друга страна нивното мислење скоро секогаш е поттикнато од некого, најчесто јавна личност, инфлуенсер итн. Спомна некаде за штетните состојки во козметиката, за користење животни за тестирање итн. Искрено, мислам дека најчесто некоја јавна личност обраќа внимание на тоа, па дури потоа се активираат потрошувачите. А, пример за штетните состојки, често е во прашање и контра реклама од конкуренција. Да речиме, тие што сакаат бизнис на вегански производи, ги потенцираат природните состојки, дека кај нив нема тоа и тоа, што го има во другите и колку се другите штетни итн. Другиве пак кажуваат дека состојките не се штетни, во мн мала количина се и дека веганските производи немаат никаков ефект.
    Нешто како сега со вакцините што се тера маркетинг за едни, а за други се потенцираат само нус појави, фокусот на тоа се става.

    Така да, да ние како потрошувачи ќе одлучиме што ќе се продава, но мн често се одлучуваме за тој што ќе ни продаде подобра приказна. Инаку во глобала за мн др работи се согласувам во целост со тебе. Нема потреба нашата желба да сме убави да се поврзува со тоа дека сме плитки личности. Но, да изгледаме сите исто и да се изгуби индивидуалноста не е воопшто добро. Ова јас си го кажувам, не за нешто што ти си го пишала, само зошто гледам дека трендот оди натака.

    Во глобала сметам дека е маркетингот тој што не тера да претеруваме, медиумите и социјалните мрежи се тие кои не тераат да си ги менуваме стандардите и сфаќањата за убавина итн. Средината, да си најдобрата верзија од себе, но од себе, е најубавата опција. За тоа не ни се потребни 1239746648 производи за нега. Мн повеќе здрав живот.

    И уште нешто, што ми е мн контрадикторно. Од една страна како никогаш порано се зборува за животната средина, од друга страна, конзумеризмот е пуштен на најјако. Ни годат убавите маркети, со 30000 производи, 10 опции за една те иста работа, но ете тие не носат чекор поблиску до еколошка катастрофа. Да се потсетиме какви беа маркетите кога бевме деца, колку помалку пластика се користеше и колку беше се поедноставно.
     
    На MilaSs12, Bezimenka90, pdb123 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    1.425
    Допаѓања:
    5.797
    Корејската, и општо, азиската козметика отсекогаш била понапред пред западната козметика. Моментот зошто се на вистинскиот пат и она што е заслужно за нивниот изглед е хидратацијата која како што кажа @Bridget, ја освежува кожата и прави кожата да изгледа пополна, помладолика (иако не мора да се нанесува ист производ 5 пати или воопшто да се користат 10 различни производи); производите им се полни со антиоксиданси кои придонесуваат за заштита против слободните радикали и последно, но најважно и клучно - од мала возраст се научени на секојдневна употреба на крема со заштитен фактор. Додека остатокот од светот ги мрази(еше) тие креми и ги чуваше само за „печење" на плажа на одмор, тие имаа лесни и пријатни креми и избегнуваа сонце, особено што имаат таква нежна, пребела кожа.



    Многу работи се измешаа, многу заблуди се кажаа, па ќе се обидам да го кажам она што сто пати сум го напишала во темите за козметика. Не се правам дека сум најпаметна, само споделувам, некој можеби не ги чита тие теми.

    1. Нема ништо погрешно во тоа да не ти сметаат брчки и флеки. Никој не присилува никого да се притресува или да си прави притисок.

    2. Невозможно е да го стопираш времето, дури и со естетски процедури, не верувам дека некој сериозно мисли дека ова е можно.

    3. Ова не значи дека исто е погрешно и бескорисно да се трудиш да изгледаш подобро и дека сите работи за подмладување се бескорисни.
    Долгогодишни навики со козметика придонесуваат за подобар изглед, а подолу ќе пишам како.

    4. Естетски третмани кај добри козметичари/дерматолози секогаш ќе имаат подраматичен и посилен ефект од било која козметика.

    5. Естетските третмани кај добар дерматолог (не знам кај нас дали тоа го прават и дерматолози) или пластичен хирург (веројатно?) се такви што нема воопшто да знаеш дека личноста подлегнала на нив. Со зборови на еден дерматолог што следам на Инстаграм: „ако некој ти каже дека имаш супер Ботокс, биди сигурен/на дека не е супер, затоа што супер Ботокс не се познава воопшто дека го имаш". Не изгледаат сите изненадено како познатите личности што сме ги виделе да се осакатат. Така што, не се виновни процедурите за лошите резултати. Можеби дури и лично сте виделе корекции на нос, уши или филери во усни кои изгледаат сосема природно.

    6. Конзистенција е поважна од било што. Исто како што со еден тренинг нема да станеме спортисти, така и од една употреба на нешто не може да се реши сѐ.

    7. Многу мал број од скапите производи навистина вредат за парите. Е тука те фаќаат најмногу на маркетинг и на предрасудата на луѓето дека поскапо = подобро и поквалитетно. Кога се работи барем за нега на кожа, ако мора да се селектира на што да се троши најмногу, тогаш тоа се „третманите", т.е. активните состојки. За чистач и обична хидратантна крема вршат работа и drugstore производи.

    Така што, La mer што го спомна @GrimTheReaper, што е мислам $400 за 50 ml, е чисто фрлање на пари, затоа што не е ништо попосебна од други хидратантни креми. Мислам дека најдобар сооднос квалитет спрема цена имаат производите од средниот опсег на пари - можно е брендот повеќе да вложува во истражувања за ефикасноста на своите производи и општо, во формулацијата за разлика од drugstore брендови, а сепак да не е толку скап како луксузните брендови кои повеќе продаваат на база на мирис (со исклучоци нели).

    8. Да навлеземе во факторите на стареењето на кожата и како секој од нив влијае. Стареењето е резултат на постоењето на слободни радикали кои ја уништуваат ДНК на кожните клетките и наместо нормални, здрави клетки, се прават „изобличени" клетки, па затоа се прават такви „дупки" во кожата како брчки.

    Е сега, што е извор на слободни радикали? Загадувањето (на кое нели не можеме индивидуално да влијаеме), алкохолот, пушењето исто не мора да се нагласува, има милион слики од тоа како изгледа пушач и непушач. Исхраната, сонот, вежбањето имаат индиректна улога - сѐ што е добро за целокупното тело ќе биде се разбира добро и за кожата, затоа што цело тело подобро функционира, тоа е неизбежно.

    Ама дека јадењето портокали значи дека витамин Ц директно ќе оди во кожата, односно дека тоа може да ни е извор за витамин Ц за кожата, тоа не баш. Храната секогаш се фокусира за „важните" органи, и само многу мали, недоволни количини остануваат за кожата. По истата логика, храната не е толку виновна за акни колку што се мисли, со можен исклучок на многу шеќерести храни (храни со висок гликемиски индекс). Генетиката исто има свој удел, но не толку многу колку што обично се претставува, се работи за мал процент (сигурно под 20%, ако не и под 10%).

    На ред е сега вистинското, „природно" стареење што цело време го зборуваме. Имено, со самото функционирање на телото се прават слободни радикали и со оглед на тоа што не можеме да ги стопираме телесните процеси освен нели ако сме мртви, не можеме и да го стопираме формирањето на тие радикали. Тоа е она што велиме дека не може да не старееш.

    НО, дефинитивно најголемиот удел во стареењето (до 80%) доаѓа од сонцето. Така што, сѐ ова што се чукаме в гради за „природно" стареење технички не е природно стареење, туку долгогодишна УВ штета, која патем е кумулативна. Тие 2 часа што се сончаше на плажа не можеш да ги поништиш само затоа што после избегнуваш сонце. Возењето кола, одењето до парк, трчањето, сѐ тоа се активности при кои изложеноста на сонце се акумулира, дури и да не си од тие луѓе што се сончаат.

    И сите овие години, особено во младоста, се собира таа невидлива штета и потоа изгледа како од нигде-никаде да се појавиле брчки или флеки, или ги препишуваме на старост, што не е вистина, затоа што како што кажав, самата старост не доведува до толкава штета. Исто, колку посветла е кожата, толку поголема штетата, особено кога се работи за рак на кожа.

    Свесна сум дека ова звучи како претеризам, но како што кажав, само споделувам тоа што било кој дерматолог ќе ви го каже. Еве два примери што можеби веќе сте ги виделе негде:
    trucker-damage-face_web_edit_1544237853853429.jpg

    Возач на камион, каде едната страна била постојано изложена на сонце.

    Twins-natural-age-61-with-significant-difference-in-sun-exposure-Twin-B-B-had.jpg

    Близначки, од кои едната постојано била изложена на сонце, а другата го избегнувала.
    Така што, тие анегдоти за луѓе дека ништо користеле или користеле само една обична крема не се показател за ништо, затоа што не ја знаеме нивната цела историја, а настрана и фактот што анегдоти не значат факти. Да не зборувам за тоа дека секогаш има исклучок од правилото, тоа не значи дека правилото е неточно за сите останати. Овие примери се веројатно многу блиски до тоа како изгледа „природно" стареење.

    Понатаму, останува контроверзијата „тогаш што правиме за витамин Д"? Различни организации ќе кажат различни препораки. Во Австралија, пристапот е дека ако УВ индексот е под 3, тогаш не мора да се користи крема за сончање и може да се практикува 15-20-минутна изложеност на појако сонце. Во САД, пристапот е дека секое УВ зрачење е штетно, па не вреди ризикот, може да се суплементира витаминот Д.

    Исто така, вреди да се спомене дека иако теоретски користењето на крема за со заштитен фактор би довело до недостаток на витамин Д, во реалност тоа баш и не се случува. Зошто? Првата причина е што повеќето луѓе не користат доволно крема (факторот се постигнува само со доволна количина, не е исто тенок и подебел слој).

    Втората причина е дека не ја реаплицираат (воопшто или толку често колку што треба), а по некое време може да стане неефективна поради разградување на филтрите (зависи од производот) и дел од неа се брише при потење, бањање, од косата или едноставно често допирање со рацете.

    Третата причина е дека често се изоставаат делови на кожа како уши (што не би требало), скалпот (може да се носи капа/шешир), прсти и меѓу прсти, а и ниедна крема не овозможува 100% заштита, како ни облеката не овозможува којзнае колку заштита, особено во лето кога облеката е претежно потенка (а сигурно не мачкаме крема под облека). Ова звучи занемарливо, но многу малку треба за да се создаде доволна количина на витамин Д, според тоа што сум го викаат дерматолози.

    Океј, откако ги тргнав тие работи, да се навратиме на „моќта" на козметиката. Имајќи го предвид горе напишаното, најголем ефект, т.е. најмоќна крема „против" стареење е кремата со заштитен фактор, и никогаш не е предоцна да се почне да се користи секој ден. Штетата што веќе е направена е направена, не значи дека не може да се намали понатамошната штета.

    Користењето на производи со антиоксиданси исто помага за неутрализирање на слободните радикали, но не се замена за кремата со заштитен фактор, само нејзино дополнување. Хидратацијата (од надвор, пиењето вода не води до похидрирана кожа) веќе споменавме дека исто го подобрува изгледот.

    Пептидите исто теоретски помагаат, иако за многу од нив едноставно нема доволно истражувања, но дури и без таков ефект, супер се за хидратација. „Хемиските" (прелоша терминологија имајќи предвид дека луѓето се плашат од сѐ што е „хемија") пилинзи, т.е. „хемиската" ексфолијација со производи за домашна употреба, ако не се претера со неа, исто може многу да помогне некому од аспект на изедначување на тен и подобрување на текстурата на кожата.

    Останато што помага за подобрување на стареењето се ретиноидите, кои буквално можат да направат многу разлика. Функционираат така што ѝ сигналираат на кожата да ги реди кожните клетки во правилен распоред (при вдлабнатини, т.е. брчки тоа се нарушува), и истовремено поттикнуваат производство на „нормални" клетки и колаген. Најдобар ретиноид е tretinoin (чиста retinoic acid) кој исто се користи за третман за акни, но поради моќноста и потребата за внимавање при употреба, оди на рецепта и се води како „лек", иако во странство некои дерматолози го препишуваат и за анти-ејџ потреби. Еве колку може да смени:
    Screenshot_20210519_123337.jpg
    Од она што нам ни е достапно за слободна употреба е retinaldehyde и retinol кои се смета дека преку една и две конверзии соодветно се претвораат во retinoic acid во кожата. Тоа значи дека теоретски би имале ист ефект како третиноин, само би фатило повеќе време. Се разбира, без крема со заштитен фактор ова би било бескорисно, затоа што оштетувањето од сонцето ќе ги поништи придобивките од ова. Исто така, ова значи дека доживотно мораш да го користиш, затоа што со прекинување на употребата, се враќа кожата во првобитната состојба.

    Последниот фактор за придонесуваме на брчките е динамичниот фактор, т.е. колку ја „виткаш" кожата. Ќе ја искористам споредбата од една јутуберка: „Замисли дека кожата е ко кожата на чевлите. Колку повеќе ја виткаш, толку повеќе и се прават creases кои потоа не може да ги снема, без разлика колку ја исправуваш". Така и на нашата кожа, колку повеќе ја збрчкуваш, толку повеќе се прави crease во неа, т.е. брчка, и тоа најбрзо го гледаме преку tech neck, т.е. прстените околу вратот поради постојано наведнато држење.

    Некои движења се и нереалистични да се престанат, како на пример да престанеш да се смееш за да не ти се прават брчки околу устата или очите. Тоа е апсурдно и никој не го вели тоа. Но на пример, некои луѓе беспотребно и постојано го брчкаат челото додека зборуваат или држат тензија меѓу веѓите, т.е. ги држат непотребно збрчкани, па може да се обрне внимание на тоа.

    Честото пиење од цевка, т.е. брчкањето на усните исто придонесува до брчки над горната усна, каде што обично „забегува" карминот кај постарите жени. Впрочем, тоа и го прави Ботоксот, ги парализира мускулите за да не можеш да ги користиш и така ја намалува појавата на брчки поради динамичното движење на лицето.

    Со ова сакам да (по)кажам дека козметиката не е толку бескорисна. Точно, нема потреба од милион производи, ако знаеш да ги одбереш вистинските лично за тебе. Но, кожата исто така не е статична средина, постојано се случуваат промени кои можеби ќе бараат од тебе да имаш поголем број на козметички производи. Како што кажа и @Bridget, важни се и очекувањата, не можеш да ја отфрлаш козметиката само затоа што не може 100% да ги исполни очекувањата затоа што е физиолошки невозможно.
     
    Последна измена: 19 мај 2021
    На carly j, sia.bella, Tanjamm и 6 други им се допаѓа ова.
  10. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    1.425
    Допаѓања:
    5.797
    Морав да го поделам мислењето, предолго стана :D.

    Кога се работи за коса, иако знам далеку помалку отколку за кожа, ќе се навратам на примерот на @Tanjamm за нејзината пријателка. Се разбира дека би имала пооштетена кожа, особено ако се бланширала и особено ако го правела тоа често, затоа што тоа е едно од најштетните работи што може да ѝ се направи на косата. Поради претераното фарбање и Аријана Гранде остана со оштетена коса и сега носи перики. Тоа не значи дека останатите третмани, шампони и регенератори се бескорисни, туку едноставно штетата е преголема за да биде косата „во ред".

    Тука настапуваат на сцена очекувањата, што и колку може да помогне. И витамините помагаат при настинки, ама не можеш да се потпираш на нив за бактериска инфекција, едноставно сѐ си има одреден капацитет и опсег на ефективност. Понатаму, топлината, т.е. топлинското третирање на косата (пеглање, виткање, фенирање), ОСОБЕНО кога е водена исто има многу лош ефект врз косата. Така што, не се работи само за кој третман, туку и како се изведува тој третман.

    Пак ќе кажам, анегдоти од познаници и пријатели не мора да се претставници на реалната слика за ефективност на некој производ. Исто така, само затоа што еден производ што ја содржи таа состојка не помогнал, не значи дека проблемот е до состојката, туку важна е и формулацијата на производот. Тоа е тоа несигурното, непредвидливото и фрустрирачкото и некои луѓе едноставно немаат трпение или желба за такви експериментирања.

    Кога сме веќе тука, еве една анегдота од мене. Другарка ми отсекогаш имаше „неуредна", „недефинирана" коса и мислеше дека едноставно таков тип на коса има. Кога замина во странство и почна да се интересира повеќе за производи за коса, што да бара, како да ги употребува тие производи итн, испадна дека всушност има доста виткана коса која поради долгогодишното користење на погрешни производи не можела да се истакне и затоа косата постојано ѝ изгледала така. Еве и слики со разликата, без воопшто да оди на било каков фризерски третман, само со промената на производите кои ги користи (светлината е различна, затоа покажува различна боја):
    Screenshot_20210508_120825.jpg
    Screenshot_20210519_104516.jpg

    @MarijaMi90, се согласувам дека доста работи се поттикнати од познати личности и инфлуенсери, но верувам дека тоа е така затоа што некои луѓе и воопшто не се свесни, т.е. воопшто не ни размислуваат на секојдневна база за некои работи, а тие што се веќе свесни се можеби помалкубројни и/или не знаат дека има и други опции, за разлика од познатите кои буквално брендовите ги „молат" за внимание и рекламирање.

    Веќе споменав дека се согласувам и за консумеризмот, особено за беспотребни работи (мини фрижидери за чување на производите за нега на кожа - why tho??? Само чувај ги во обичниот фрижидер ако сакаш да ги чуваш таму, иако за 90% од производите нема потреба), но не ми смета тоа што постои производ за секаква потреба, затоа што има доста различни потреби за различни типови на кожа или коса за кои можеби е неопходен различен пристап при формулирањето на тие производи, настрана од различните преференци за мирис, конзистенција/текстура на производ и индивидуалноста на кожата (тоа што мене може некој производ да ми функционира совршено, а тебе да ти прави иритација).

    А тоа што одреден производ може да ја базира рекламата врз основа на одредена состојка која ја има во многу мал процент веќе навлегува во правни регулации за тврдења на козметички брендови. Верувам и дека е тешко тоа да се регулира (концентрациите на состојките се регулирани, зборувам за тврдењата) затоа што некои состојки и не треба да се користат во голем процент (пример ретинол смее максимум до 1% да се користи, а кога ќе прочиташ дека некој производ содржи 0.5%, звучи ко да е бескорисен). Тука веќе се влегува во токсикологија и физиолошка реакција на кожата, односно правила на формулирање што ние како потрошувачи не може да ги знаеме, барем не целосно (може да знаеме само за некои покарактеристични состојки или масла кои се користат и независно, т.е. директно на кожата).

    За крај, не убедувам никого во ништо, секој може да процени и да си донесе сопствени одлуки. Барем кога се работи за нега за кожа, поедноставната рутина често е подобра и се претерува со мешање на премногу моќни состојки. Така што, не се обидувам да ја пренесам пораката дека толку многу ни е апсолутно неопходно, само дека не е сѐ бескорисно.
     
    Последна измена: 19 мај 2021
    На Tenebra, Tanjamm, Bezimenka90 и 3 други им се допаѓа ова.
  11. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.219
    Умереност.
    Јас отсекогаш сум обрнувала внимание на негата, но тоа може да се направи и без претерано многу продукти.
    На пример, кога станува збор за кожа и коса, мене ми е многу подобро кога имам поедноставна рутина. Помалку е повеќе, важи и за козметиката.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Компир Манџа

    Компир Манџа Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    2.835
    Допаѓања:
    4.291
    Пол:
    Машки
    Мислам дека е повеќе маркетинг.
    И девојки, не се шлапајте со 1 кило шминка, ве сакаме и кога немате (или имате минимално) шминка на вас. :makeup::P
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  13. tinka-mace

    tinka-mace Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2013
    Пораки:
    3.451
    Допаѓања:
    16.463
    146832409_253201683052488_7671526515037373725_n-1320188848.jpg
     
    На Angie1432, Bezimenka90 и Lella им се допаѓа ова.
  14. Компир Манџа

    Компир Манџа Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    2.835
    Допаѓања:
    4.291
    Пол:
    Машки
  15. Lella

    Lella Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.301
    Допаѓања:
    28.805
    Пол:
    Женски
    Спротивно на популарните верувања, на повеќето девојки не им е од есенцијална важност како повеќе да му се допаѓаат на Компир Манџа.
     
    На Alisa22, Leat и Bezimenka90 им се допаѓа ова.
  16. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.760
    Допаѓања:
    17.266
    Пол:
    Женски
    Не се секирај, не се шминкаат за тебе.
    Не ти текнало дека за себе си се шминкаат?
     
    На Alisa22 и Leat им се допаѓа ова.
  17. MarijaMi90

    MarijaMi90 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2020
    Пораки:
    1.547
    Допаѓања:
    19.457
    Пол:
    Женски
    Аииии косата на другарка ти преубава дошла.

    Во однос на состојките, не е толку до состојките, колку што е до тоа дека дамката е направена. Доволно е да се пушти лош муабет за нешто. Ретко кој од луѓето ќе анализира состојки, ќе чита детално која е вистината. Еве, дури и јас, што мн информации не земам здраво за готово, ако сум слушнала нешто лошо и ако не ми е од особена важност тој производ, едноставно ќе го избегнувам, што велат луѓето заради шубе.

    Така да, потрошувачите имаат можност да влијаат на понудата, но не знам колку ја користат таа можност, а колку едноставно постапуваат како што ќе видат на нет кај некоја позната личност.
    Плус, такви сме ние луѓето. Скоро секогаш го одбираме тоа што ни е познато, за кое сме слушнале итн, што би рекле американците тоа што ни е familiar. На тоа и се базира маркетингот. Несвесно да ни влезе рекламата во памет и потоа да го избереме тој производ, едноставно зошто ни е познат.

    За влијанието на сонцето на кожата не знам што да кажам. Никогаш не сум имала желба да се сончам, да претерувам, освен едно лето кога бев под влијание на друштво и буквално се изгорев себеси. Можам да потврдам дека кожата после тоа како нагло да ми остаре, ми стана посува итн. Со оглед на тоа што тогаш бев прилично млада (не дека сега не сум :rofl::rofl::rofl:, само не прилично :D) скоро да ми се врати целосно во нормала, ама после долго време. Оттогаш не ми текнало да правам такви глупости.

    Е сега, за витамин Д. Не знам што викаат дерматолозите, ама да се достигнуваше толку лесно вредноста што ни треба, не ќе имаше 70% од населението дефицит. Резултативе не се за во лето или зима, само вака како општо податок го имам сретнато. И тоа што во Мкд на пример има прилично сончеви денови.

    Не сум истражувала, ниту читала колку ти, се гледа дека ти лежи темава, но сум пратела други научници, повеќе околу др проблематики. Мн често се нагласува дека сонцето е есенцијално за да функционираме нормално (и физички и психички). Е да, како особено важно се нагласува утринското сонце и сонцето пред заоѓање, може тогаш УВ зрачењето е мн помало, но сепак, потенцираат колку е важно да се излезе на природна светлина. Исто така потенцираат и дека не е убаво да се носат наочари за сонце, барем не во овие периоди од денот.Баш за да ги осетиме бенефициите од сонцето. Почнав да го практикувам ова, излегувам на сонце, барем на прозор 5 мин, first thing in the morning, потоа малку се растегнувам со некои лесни физички вежби и мнооогу поубаво ми почнува денот, имам мн повеќе енергија итн. Не знам, може за едно е добро, за др штетно или може ете во тој период не е штетно.

    За крај би сакала да те прашам кои производи ти ги препорачуваш за сува кожа? Дали е доволно крема за лице којашто има пример и 15 спф заштитен фактор или посебно да се користи крема само за заштита, па потоа крема за лице.

    Дали може да ни кажеш некој конкретен производ што тебе ти се свиѓа со retinaldehyde и retinol.

    И, на кои производи мислиш кога викаш дека најдобри се тие од средна класа? За мене средна класа се нивеа, лореал итн.

    Солидни ми се еуцерин, биодерма, виши (кремите се и прескапи од Виши).

    Висока класа пример ланком.

    А тие од по 400 долари ми се претеризам, исто како да не постојат за мене.

    Затоа сакав да те прашам кои производи за тебе се подразбира дека се од средна класа. Прашањево е чисто зошто ме интересира твоето мислење за тоа кои брендови се ок, зошто гледам дека се разбираш од ова.

    За крај, консумеризмот на сите ни годи, многу ни е се convenient, но тоа е тоа што истовремено и ќе ни го намали квалитетот на живот, исто како што ни го подобрува. Зошто мн природни ресурси се трошат за да се овозможат сите тие удобности и ако има барем еден процент вистина во муабетите за климатските промени, тогаш си правиме мн лошо на долг рок. А се ми се чини дека има вистина, зошто времево е се понепредвидливо, изместени се годишните времиња и тоа им смета на мн луѓе. :)
     
    Последна измена: 19 мај 2021
    На pdb123 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Компир Манџа

    Компир Манџа Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    2.835
    Допаѓања:
    4.291
    Пол:
    Машки
    За одредени кажав, не за сите. :nod:
     
  19. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    8.468
    Допаѓања:
    82.142
    Пол:
    Женски
    Нарачував на yesstyle (сега со коронава немаат достава за МК :()и на ebay.многу ја поскапеа поштарината:| , корејски производи има и во МК во олпео https://olpeo.mk/tip/toneri/ и дм(хада лабо) или ихерб.
    ако си надвор од МК https://jolse.com/
     
    На MarijaMi90 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    1.425
    Допаѓања:
    5.797
    Знам, премногу информации има за секој аспект од животот и невозможно е да знаеш сè, нешто секако ќе „страда“, во зависност од интересите.
    Па да, затоа пуштаат PR packages на сите инфлуенсери :D.
    Ова ми е следно за истражување, само го чекам вистинскиот „push“ за да истражам подетално. Инаку овој аргумент го користат дерматолозите за суплементирањето на витамин Д :D.
    Не знам дали ова си го прочитала од офталмолози ама ти препорачувам информациите за конкретни работи да ги добиваш од специјализирани луѓе за тоа (не од општи доктори или научници во други области), и тоа не само од еден, туку да слушнеш што е можно повеќе мислења. Јас лично спротивното го имам прочитано, дека УВ зраците многу му штетат на видот и со претерување (особено ако гледаш нели директно во сонце) може да се дојде до слепило. За подобра информација побарај ако сакаш некоја американска академија на офталмолози (обично Американците имаат милион академии за различни медицински специјализации, на чии страни пишуваат статии за најчестите прашања), можеби ќе најдеш и австралијанско нешто, а европско не знам.

    Ако може @Mishela натаму некако да нè префрли во соодветни теми би било супер, да не зафаќаме тука простор :D.

    За ова е најдобро да видиш во темата за креми, има милион рецензии. Јас иако се интересирам многу за козметика, сепак не сум инфлуенсер да можам да испробувам толку многу производи :D. Мене ми се допаѓа Neutrogena Hydro Boost for extra dry skin (сино пакување) од Зегин која е во вид на гел, ама може тебе да не ти е доволна (индивидуално е, види рецензии онлајн спрема тоа дали ептен ти е сува кожата - да ти се лупи - или не). Моментално ја користам и ноќната крема на Revuele (картонско пакување, без бои, обично стои кај alverde производите) од dm, мислам дека може и таа да ти е доволна.
    Обично се препорачува фактор од минимум 30, ама таква крема која истовремено ќе е и хидратантна кај нас тешко да најдеш (освен тие што се со фактор 15-20). Ако најдеш крема која е 2 во 1, тогаш таа ќе биде исто ефективна, сè додека ја користиш неопходната количина (1/4 лажица за лице, 1/4 за врат, или приближно 2 до 3 цели прсти крема за лице и врат).

    Ако носиш деколте, ќе ставиш и таму дополнително. Раце и слично јас се водам по осет, спрема количината што ја ставам на лице. А да, не заборавај и дланки, таму кожата е многу тенка, затоа и лесно се прават флеки. Сепак, јас во зима имам многу посува кожа и мене ми е доволна и само кремата со фактор (без хидратантна), затоа што и онака тие се најчесто помрсни (освен корејските).

    Во секој случај, ако користиш и хидратнатна крема и крема со фактор, кремата со фактор секогаш оди на крај, со цел да не го нарушиш слојот со мачкањето на друга крема врз неа. Над неа можеш да ставиш шминка, но обиди се што е можно помалку тоа да вклучува триење и да почекаш да се „смести“ кремата со фактор. Друго што може да помогне е да најдеш крема со заштитен фактор и покривност, само внимавај нијансата да е прилагодлива на тенот, затоа што обично кремите со фактор ги прават со една или многу малце нијанси со логиката дека се прилагодуваат на секој тен. Дали е тоа случајот за секоја крема, не знам.

    Не мислам на BB крема или пудра, затоа што иако технички може да имаат фактор, запомни дека треба да ставиш доволна количина за да го постигнеш тој фактор. Можеш да најдеш слики или видеа на интернет како би изгледало кога количински би ставала толку пудра колку што треба за да се постигне факторот. Од крема со покривност во очи ми паднала Frezyderm (сино-црно пакување) која е 3 во 1 (хидратантна крема, има филтри и за заштитен фактор и има покривност), но сè уште не сум ја пробала за да кажам како ми се допаѓа. Обичната Frezyderm (златно пакување) многу ми се допаѓа, па си мислев дека и оваа би била слична текстура, иако не мора да значи :D.
    Кај нас тешко воопшто да има ваков производ. И јас сè уште не сум навлегла во тие води, но би порачала прво некој од серумите од The Ordinary или тој од The Inkey List (содржат ретинол или granactive retinoid, мислам дека е енкапсулиран ретинол или нешто слично, за понежен ефект - ретиноидите при почеток на користење може да предизвикаат сушење на кожата и дури и иритација затоа и треба да се почне полека и внимателно и да не се сили со качување на концентрации - иако зависи нели и од формулација - па затоа се обидуваат да најдат понежно решение, иако не знам колку е покажано дека е исто ефективно), како попристапни брендови.

    Технички и Neutrogena знам дека има добар производ со ретинол кој им бил испитан за ефективност, но кај нас не верувам да го носат, мислам дека тие производи што ги носат се од Hydro Boost линијата (а овој производ не е од таа линија). Вака на друго не можам да се сетам, иако стално слушам од инфлуенсерите. Како за човек што се интересира за козметика, имам проблем со паметење на брендови и производи, повеќе ме интересира „теоретското“ знаење :D.
    Ова е малку зафркнато да се одговори оти треба на ум да го имаш стандардот во странство, а не нашиот. За нас многу работи се луксузни. Нивеа, Гарние, Лореал се drugstore брендови. Средна класа би биле аптекарските брендови како Еуцерин, Биодерма, Виши, Ла Рош-Позе, Авен, иако кај нас тие се сметаат како скапи.

    Всушност, Неутрогена, CeraVe, Cetaphil, EltaMD сите мислам дека се drugstore, ама за наши услови според цената би рекла дека се средна класа (само дел од Neutrogena има кај нас). Дел од корејските брендови како Purito или Hada Labo исто можеби би се сметале за drugstore/средна класа, иако доста од нив знаат и да се доста скапи кај нас. Јас многу ги сакам и Paula's Choice, имаат многу квалитетни производи, ама најекономични за набавување се преку страната spacenk. Мислам дека нивните ретиноли се многу добри (знам дека имаат еден од 0.3% и еден јак од 1% - максимумот што смее да се продава over-the-counter, т.е. без да се смета како drug).
    Ова е исто многу комплексна тема која не е така едноставка како пластика = лошо, стакло и хартија = добро, за која отприлика сум информирана од делот на козметика, но ми преостанува да се информирам подобро и за другите аспекти, затоа што има доста greenwashing и тоа што е популарно знаење не мора да значи дека баш е вистинито.

    (@Lella, мора да се најде квалитетна книга од оваа област за феминскиот клуб. Мислам дека си поупатена во одбирање на книги за разлика од мене, па ако ископаш нешто квалитетно од оваа област што не вели дека сè вештачко е токсично кажувај :devil:.)
     
    Последна измена: 19 мај 2021
    На Lella, MarijaMi90 и Bezimenka90 им се допаѓа ова.