1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Користење премногу козметички производи - маркетинг или потреба?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од GrimTheReaper, 14 мај 2021.

  1. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.892
    Стиснете Like ако не ги читате огромниве постови. Може и - Амин.
     
    На Mnik, KiT, SnowWhite8 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.760
    Допаѓања:
    17.266
    Пол:
    Женски
    :D

    Јас ги читам. 8-|

    Доста детално завлезе темата во делот на тоа колку е потреба и интересно е да се читаат повеќе податоци. Може не е најсоодветна тема, ама ќе ве читам девојки во другите теми, зошто жал ме фати за мојава кожа. :D
     
    На Mnik, Biljarkata, pdb123 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. MarijaMi90

    MarijaMi90 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2020
    Пораки:
    1.546
    Допаѓања:
    19.445
    Пол:
    Женски
    @Cosmi фала многу :)
    @pdb123 фала и тебе многу за објаснувањето :) Инаку, не директно гледање во сонце, тоа знам дека е лошо, конкретно мислев на излегување малку на свеж воздух наутро, кога светлината ја има, но нема толку УВ зрачење. :)
    @Bezimenka90 хахахаха нема врска. И јас до пред некое време воопшто не се замарав, во последно почнав да земам нешто поквалитетно, да обраќам внимание дали има заштитен фактор итн. Ама пред тоа баш ништо од тоа, гледав само пудрата убаво да ми стои :D
     
    Последна измена: 19 мај 2021
    На Bezimenka90 и pdb123 им се допаѓа ова.
  4. SnowWhite8

    SnowWhite8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    1.275
    Допаѓања:
    1.620
    Пол:
    Женски
    Каде може да се нарача и скапа ли е?
     
  5. SnowWhite8

    SnowWhite8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    1.275
    Допаѓања:
    1.620
    Пол:
    Женски
    Јас од пред некое време имам сува кожа а и се поправив од лековите па секокаш се мачкам со млеко за тело од ДМ, дав сапун и тоа е тоа. За лице користам Алверде за ептен сува кожа. Имам себореичен дерматит па мора малку од малку да ја негувам кожата.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  6. DarkStormm

    DarkStormm Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2021
    Пораки:
    1.398
    Допаѓања:
    4.815
    Пол:
    Женски
    Не е маркетинг.
    Потребна е и крема за лице, и тоник, и пилинг,маска, серум, ноќна крема, гел за миење лице..итн.
    Парфем треба, гел за туширање, шампон, регенератор, маска за коса, ампули за коса, серум за коса, капки за коса, едино силвер шампон е опционално ако има потреба и желба.
    Исто така дездоранс е must. Едино лосион за тело е опционално и пилинзи за тело.
     
    На Снегулк@23 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Ја па скоро ништо и не нанесувам од страв да не си расипам нешто, ама и крв би пиела за да останам младолика :devil: Ако се докаже дека има ефект, и тоа би го правела, јер кога тогаш, староста и најмладоликите ќе ги стаса.

    Засега имам кожа како малолетничка. Кога не носам шминка, мислат дека сум средношколка, а само минатиот месец два пати, на две различни места мислеа дека сум на возраст 6-7 години помала од мојата реална.

    Тоа на денешните 30 годишни девојки да им се обраќаат со "госпоѓо" насекаде, значи или дека госпоѓите премногу теткински се облекуваат, несоодветно за своите години, можеби и си ја упропастиле некако кожата преку начинот на живот, а може да е генетски. Братучетка ми која има 39, се уште ја нарекуваат "девојче", ама нејзиниот стил е кежуал затоа што работи со млади луѓе.
     
    На Mnik и Shia им се допаѓа ова.
  8. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.060
    Пол:
    Женски
    Баш напротив. Леб еднаш у неделата ќе јадам, без музика не можам да живеам. Уметноста е естетика меѓу другото. На душата да ѝ биде убаво, не само на кожата.
    Он топик: Апсолутен маркетинг и резултат на капитализмот во кој сме заглавени.
     
    На Mnik му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.066
    Допаѓања:
    11.214
    Aко коментарот се однесува на мојот коментар, се облекувам баш деловно, како некој административец, иако не сум. Сако, кошула, никако маица, блуза, тоа исфрлив од гардероба веќе неколку години. Патики не дај боже, никогаш не сум ги сакала, и од 20 години наваму немам облечено. Прво фигурата на 20 годишна жена е поинаква од таа на 30 години, барем кај мене. Оти 53, 55 и 65 килограми сега на 165 цм височина не е исто. А килограмите си доаѓаат со годините. Лицето онака, нормално, ниту премладо, ниту престаро за годините. Сега па и со маски, кој го гледа лицето кога е покриено во суштина.
     
  10. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    1.807
    Допаѓања:
    8.125
    Пол:
    Женски
    Па зависи од типот на кожа. Мене баш лосион за тело ми е must have, а капки, серуми чуда за коса ич не ми се must. Шампон од Афродита и маска за коса од Дм од кавијар. Итоа маска за коса не ставам на секое бањање. Повеќево работи шо ги наброја мене ми се непотребни, ама ок
     
    На DarkStormm му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    1.807
    Допаѓања:
    8.125
    Пол:
    Женски
    Мајка ми колку е исушена по твоево нема 58 години. Треба да е така полничка по правило со годините? :rofl:
    Фигурата не зависи од годините шо ти е. Има 40 годишни позгодни и посекси од мене на 28.:drunk:
     
    На Angie1432 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.066
    Допаѓања:
    11.214
    А дебела сум со висина од 165 цм и 65 килограми?
     
  13. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    1.807
    Допаѓања:
    8.125
    Пол:
    Женски
    Ти спомна дебелина и стареење, не ја
     
  14. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.066
    Допаѓања:
    11.214
    Добро, ама мислев дали е таа тежина според тебе многу за плус 30 години, да имам 165 висина и 65 килограми? Искрено? Инаку, не е дека нема жени кои се како стапчиња и на старост, но повеќето девојки кои ги знам, кажуваат дека со текот на годините поради поспор метабиолизам, имаат чувство како да им се лепи се што ќе изедат. Инаку, мене како што кажав не ми е навреда да ме речат “госпоѓо“. Сум видела и 55 годишни жени во маркет да им речат „дај го ова на девојчето“, и жената да почне да се смее „аххх уште да бев девојче“. Не сфаќам се буквално па да паѓам во несвест од нервози, ме ркеле „госпоѓо“. Голема работа, па секако дека тоа сум, и жена сум. Девојче бев, на 18, 20 години. И јас за жени на 27-28 години, 30 велам „убава жена“, не велам “убаво девојче“.
     
  15. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    1.807
    Допаѓања:
    8.125
    Пол:
    Женски
    Ја не ти ја разбирам поентава ама добро. Темава е за козметика
     
  16. Снегулк@23

    Снегулк@23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2020
    Пораки:
    2.483
    Допаѓања:
    3.300
    Пол:
    Женски
    Маркетинг... реално и со неколку производи е ок
     
    На Mnik му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Shia

    Shia Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2017
    Пораки:
    230
    Допаѓања:
    469
    Пол:
    Женски
    Маркетинг, ама разбирам да ти е ќејф да си ги правиш сите тертипи.
     
    На Снегулк@23 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Lotus Girl

    Lotus Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2021
    Пораки:
    796
    Допаѓања:
    3.794
    Пол:
    Женски
    Секое тело, секоја кожа е различна. Голем процент игра и генетиката.

    Како зависник од козметика ќе кажам буквално е кај секого различно. И според мене не треба премногу козметички производи. Признавам имам премногу производи еден период бев опседната со шминки и ги давав буквално сите пари на тоа, после тоа се опседнав со креми и Корејски производи. Само нарачував и читав по сајтови кое серумче да биде следно. Лудост

    На мајка ми и баба ми ги правеа сестри, и двете не излгедаат како за нивна возраст со тоа што воопшто не користеле козметика освен некое обично кремче. Што значи имаат добра генетика.

    Сума сумарум е секој треба да си го слуша телото. Според мене доволно е тонер за хидратација, еден серум за хидратација, друг за третирање на проблем, една крема и СПФ во потоплите денови за лице.
    За тело едно млеко за хидратација и за коса да се инвестира у добра маска и некој домашен третман и тоа е тоа.

    Less is more
     
    На cooll му/ѝ се допаѓа ова.