Да, али можеш и да го легнеш право во коритцето, само одоздоле да му ставиш две пелени здиплени под главчето. Ем нема да му е ладно, цело време ќе е во вода, ем ќе си уживка бебе, ќе шљупка со ноџињата. Ние пробавме со адаптер, на пливачот не му се допаѓа.
Мене ми кажаа дека „така дете не се бања“ А и полесно е кога оно си леже. Мене ми е страшно да го држам и истовремено да го поливам на крај кога го плакнам, камоли па цело бањање да ми е во раце, има да го испуштам.
Додека му падне папочето и убаво да заздрави се мие со проточна вода да не се кисне папочето. Ние у умивалникот го миевме, мм држи јас посипував со вода. А после тоа во коритце мрежичката најискоростена ми е. Ем бебе си лежи одоздола му е топло од водата ем комотно си го бањаш. Во раце е само за плакнење
Јас ја купив и само два пати ја искористив у сред август. За во зима па ич не е. Рачунај ќе треба цело време да го полеваш со топла вода, пошто испаѓа дека бебе лежи во воздух на мокра мрежа која е ладна. Или да го наполниш цело корито за бебето да биде колку толку во вода да не му студи.
Ние цело време ја користиме мрежата, одозгора секако го полеваш постојано, а од долу му допира на грбот топла вода. Во почетокот истуравме неколку литри вода во коритото за да му биде одма топло. Кога натежна бебче веќе ни луфта нема од мрежата до дното на коритото За 5-10 минути бањање зборам.
Најкорисно нешто што постои е тоа мрежата. Си лежи бебе, две раце слободни имаш, го поливаш со вода, не му е ладно. Јас до пред 2 недели така ја бањав, а е 4+++. Уште ќе ја бањав али ми здосади веќе мкнење корито, па во туш кабина почнав.
Само да искоментирам за големината на коритото. Ја немав појма дека има различни димензии, па го земав првото шо го видов. Веќе од 3 мес му е малечко и почна да лежи со собрани ноџиња. Моравме да земеме поголемко, среќа имав од кого да позајмам за да не давам пари за ново.
Вака нели му е потопена главата во вода? Јас и ја држам главата со една рака да и е над вода а ја бањам со другата и веќе ми е тешко да ја држам прета без престан па мора да барам друго решение.
Ke se vratis na tvoeto koritce koa ke pocnr da sedi. Jas imam na sklopuvanje ama 66cm duzina e i top mi e prakticno ama toj period odkaj 3.5-6mes si go koristev moeto staro korito sreka majka mi go cuva. Sega veke koga sedi pak si e vo toa sto i go kupivme posto golemo korito neam kade da cuvam doma,a bebe sekako nejke da lezi sedi preta celo vreme
Imame vakvo koritce so termometar, dosega so raka ja probuvav vodata ne obrnuvav vnimanie na termometarot i poradi toa ne znam kako funkcionira. Da mi objasni nekoja od vas sto ima vakvo koritce
Мене најлесно ми беше да ставам во коритото една голема крпа здиплена под главчето и грбот а надолу ставав тетра и така си го легнував тој си уживаше и си го бањав. Кога почна да седи си седеше во коритото и така се бања. Сега кога како некогаш во корито некогаш с амо го туширам.
Ако водата за бањање е на соодветната температура ќе се обои зелено кругчето кај што пишува 36 степени. Ако е пожешка од потребното ќе се обои зелено кругчето кај кое е нацртано пламенче од оган, а ако е поладна, со зелено ќе се обои кругчето кај кое е нацртана снегулка. Кај моето коритце е вака. Инаку, температурата на водата ја мерам и со термометар за вода и исто ми покажува како и на коритцето, значи точно е.
Дали имате видено вакво нешто ? Ми искачаа линкови не ги зачував дали некој знае каде има по нормална цена
Го гледав во бебесупермаркет, освен што е скапо, ич не личи практично, ко што е длабоко тешко ќе оди капењето, гломазно е и одоздола од мокро ќе фаќа мувла ако се исуши убаво, а башка што треба место за складирање на коритово.. Интересно личи, но според мене тотално непрактично.