Некоја страна за онлајн продажба на фб, ама ги имам видено и во живо, мислам дека беше во Локо Кроко, само нормално многу поскапо. Јас го земав за 400ден.
ова првово коритце како што сфатив е за до две години… сакам да биде обавезно со ногарки, мислам и на второво може да се стават. Какво е подобро да земам? До која возраст се користат? Да не треба после уште едно поголемо да купувам.
Јас купив обично корито од енци менци стандардна големина, само кога беше уште бебуш мало и ставав сунѓерче специјално и си ја потпирав на него. А сега има 2 ипол г и пак си ја бањам во истото корито. Би ти препорачала да земеш обично корито има убави во енци менци .
Ние првото го имамр супер е стандард големина и длабоко е...до кога ќе се користи зависи од бебето. Кога ќе поднарасне дирекно под туш ќе го ставаме
https://www.encimenci.com.mk/kadichka-102-sm-forest-fairytale-light-beige-tega-baby-ff-005-111 Еве ваквo ,кога сака да се пљаска сама и го полнам коритото а почесто под туш ја ставам си стои.
фала убаво е, ги гледав баш. А имаат ли опција за ногарки? Затоа што качив кг и тешко ќе ми биде да се наведнувам.
Јас имам како второто 100цм од енци менци и плус држач со ногарки ќе докупиш има таму, според мене поисплатливо е поголемото бидејќи ќе го користиме подолго. Првото е ептен мало и кога ќе почне да седи ќе биде ептен тесно. Мрежи за големото корито има во енци менци и локо кроко. Бебе ужива во бањањето.
Фала ти. па прво мислев малото, ама потоа прочитав мислења дека за краток период би било. Има и убави дезени од поголемово, така што ќе земам такво и плус ногарки. Има црево за истекување на водата така?
Тоа што го имаме сега гледам намалено е. Конкрерно нашето има отвор за истекување и мери температура, некои немаа. Коритце https://www.encimenci.com.mk/kadichka-100-sm-so-odvod-okean-more-siva-maltex-550035 Држач https://www.encimenci.com.mk/drzhach-za-kadichka-univerzalen-tega-baby-dm-018
Јас си купив корито од Ентре, 340 ден. Ако не сакате нешто посебно, туку најобично корито ѕирнете таму или во Базаро.
изборот падна на ова и плус држач. Намерно земав поголемо за да го користи подолго, па се надевам дека не згрешив при изборот.
И јас го имам истото корито, ама понатаму бањање во него. Си земав мрежичка и сега така го бањам, ептен практично. На почетокот оти страв, прво дете, сопругот го држеше, јас поливав вода. Сега е веќе 2 месеца, сама го бањам на мрежичката, тој си ужива, си лежи.
Сега вака не би било практично? Мрежичка да земам? Мислев ќе може и на додатоков, не мрда, се прицврстува со гумичка мислам дека беше.
Не знам, пробај, јас го немам додатокот, само коритото. За мрежичката можам да кажам дека ептен врши работа.
Не го бива додатоков. Истиот го имам од ќерката. Се набива бебе меѓу нозе. Мрежичка земи обавезно, најпрактично нешто. Синко сега од прв ден на мрежичка сама го бањам.