какво и да одбереш коритце за првите месеци ти препорачвам да земиш и ваква мрежичка..многу е фина го ставаш бебушот,он си лежит ти го масираш,ниту се плашиш дека ке ти се лизне ниту оно се плашит..позз
Може да се користит зависит од бебчето ама до 5-6 месеци сигурно. Ерик е многу активен сакат да шлапка во водата,а ако е мирно бебчето можит и подолго..позз
И јас имам вакво и сум ептен задоволна и висината е одлична, и од едната страна го бањам бебето а од другата поголемото дете, значи вреди за сите пари, околу 2500 мкд се, барем пред три години неа толку.
Вчера со мм зедовме анатомско коритце од Baby Blu од City mall марка Lorelli заедно со сталак. Ми изгледа практично и убаво.
^ 2.400 денари така нешто беше цената. Може е малку поскапичко, но убаво е колку што гледавме со мм и практично со се сталак.
Дали некој има искуство со ваков комплет за бањање http://bebeconfort.mk/index.php?id_product=401&controller=product#/-216 ? Јас имам некоја идеа овој комплет да ми стои во едното купатило (кое ќе се користи само за бебушот) ама незнам дали е практична подлогата за преповивање да е заедно со коритцето...? Дали веднаш ќе можам сама да ја наместам за да го облечам после бањање, или подлогата за преповивање е најдобро да си биде врз фиокарот кај што ќе чувам работи за бебето - во тој случај би ми требала само кадичка со постоље како оваа http://bebeconfort.mk/index.php?id_product=399&controller=product
Јас го имам таков комплет користено за моето синче кога беше бебе и нешто попрактично нема! Долго го користев, ама кај нас стоеше во соба, таму го бањавме, ама штом го дигнеш бебего од корито, ја дигаш подлогата (бидејќи е споена со корито, и кога ја симнеш стои од страна и само со една рака ја пак дигаш врз корито). Зборот ми е дека барем кај нас, корито и подлогата беа споени со механизам, можеше да се отшрафи, ама не ми требаше така. Белки добро објаснив. Како и да е, нема да погрешиш ако го купиш комплетот. Подлогата користе за секое пресоблекување, многу лесно, ни кичма са боли, ни ништо.
@Agrona сакав да те прашам ова твоето коритце и јас денес го видов,па сакав да прашам како си задоволна,се собира ли сталакот,зафаќа ли многу место и коритото таман ли е, да не е малечко?
Истото коритце и сталакот ги користам веќе 4 години, и второто бебе се бања во него, не се оштетија, супер се. Ги препорачувам
Супер е кадичката. Јас не го собирам сталакот така си стои во друга соба си го чувам и кога го капам син ми го носам во дневна. Добар е сталакот цврст е.
мамички ми треба помош во врска со оваа кадичка http://tekodoo.com/shop/kadistalazhi-i-drzhachi-za-kadi-/750-anatomska-kada.html дали е навистина практична или подобро е обично коритце?