Пушти слика која? И јас сум во потрага. Пред 2 нед во енци имаше од сите бои по 350 денари беа, сега се околу 600. А некоја има од Икеа?
Inace,ADA vo Detska kuka imas kaDicki so takvo za stoenje.Koga kupuvav na vnuka mi,koritceto bese od lotus,600den a nogarkite od detska kuka koritceto e vakvo isto.Vnatre pokazuva digitalno temperatura.Go imas vo poveke boi.Jas planiram isto da kupam
@eli25 eve go ama samo na rozevo go ima t.e belo so rozevo . Mn me iznerviraa pola od rabotite sto gi naracav gi nemaat. A od ikea ne vidov izgleda nemaat. @stevemila ова многу убаво на сликата. Сакам исто . Значи коритото од лотус а стојката од детска ќуќа ? А лотус каде беше ? И каде да видам на друго место . Незнам каде имаат убави работи.
@SophiaBella убавко е , а има ли дупка за да се испразни водата ? А и незнам тоа што е битно толку сите го спомнуваат . @IvanaCS јас за пресоблакање земав само подлога на маса ќе си го ставам или на кревет , каде ќе ми одговара . Еве го ( не ми се смејте , од се имам скриншотови со се цени да не заборавам нешто )
Ада многу бе ова за една кадичка со држач! Јас ги гледав тие на @SophiaBella . Со држач види во бебесупермаркет имаа, може вршат достава и тие.
Баш за таква намена и ми треба, ќе одам после до baby blue тие држат лорели производи. И кадичка со сталак ќе купам ја гледав веќе
Ако ја мислиш кадичката со ногарки од лорели, ич да не ја мислиш. Не земај катастрофа е. Нестабилна, неудобна, а скапа. Јас ја земав, а завршив со обично пазарско коритце
И јас не препорачувам таква кадичка, 2 пати употребена ја подаривме на пријатели. Многу непрактична работа според мене. Ние завршивме со коритце и онаков наслон што држи под 45 степени од џамбо купени. Откако почна да седи наслонот го тргнавме, продолжуваме и понатака со коритцето
Таа е. Толку ја зедов и јас. Демек анатомскп коритце, а има една топка на средина и буквално нема кај да ставиш бебе. Поготово ако е машко ептен е незгодно. А и тие ногарите клацкави. И тоа испуштање на водата со цревото, 5 саати. Ма земи си обично и пнака брзо ќе ја стекнеш вештината за бањање на бебе, па не ќе ти иде да се расправаш со 300 тракатаници. И не ме потсетувај на цената
Леле исти нервози. Таа топката на средина на секое бањање ја коментирам. Кој смисли таму да стои. Нема како бебето да го наместиш. Тоа цревцето не го ни користиме. Крени коритото и истури го и готово.
Јас купив вакво коритце. Ама сега некако ми се гледа непрактично за првото време. Што мислите вие згрешив ли?
Јас планирам да купам обично коритце. Одоздоле ќе ставам пелена или нешто друго за да биде меко. Мислам дека така е најпрактично за бебиња.
Јас ја имам таа од Лорели и душата 3 години и ја извадив. Розева е со држачи, т.е. ногалки и стабилна ми е.Малата 3+ год. е и во неа си ја бањам сите годишни времиња. На зима или во дневна или спална ( каде што топлиме) а на лето во ВЦ. Сега немам да купам нова када, малите здравје во неа ќе ги бањам.
Мене вака навидум ми делуваше практично. Имаше розе, плава, зелена и портокалова. Мислев да ја земам зелената сепак добро е да се чујат повеќе искуства. Thanks.
Нормално е дека сте возбудени и ви е мерак и радост да купите се, ама колку е тоа непотребно и колку без сите глупости се може, ќе сфатите кога ќе почнете да ги пакувате, па да ги селите од една во друга соба, од таван во подрум ..и на крај ќе ги дадете некому за фала. Обично коритце од пазар врши работа. На стол во сред дневна на почеток, а потоа во купатило. Тоа за пресоблакање...па на кревет што фали да се пресоблака детето. Добра количка и седиште за во кола е она што е не заменливо. Се друго ставајте им на книшка
Во право си, но сите мајки за првите бебчиња се купуваат требало или не. И јас иста бев, сега гледам што ми е само неопходно и најпрактично. Конкретно за кадата супер ми е што има ногалки да не се кичмам клекни-стани секои 3 мин. Плус столиците ми се цели од еко-кожа и не ги уништувам со водата што прска. Секој со своите размислувања.