Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Корици на книги

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од AnaKarenina, 21 октомври 2013.

  1. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Мене најмногу ме привлековаат конкретни корици. Сакам да се дебели и еднобојни, доволно е да го пишува само авторот и името на книгата. Никакви слики и пејсажи не се потребни, дури и одбивно ми изгледаат. Се знае бе клот тегет боја, дебела картонска кориса и со златни букви да пишува Л.Н. Толстој Војна и Мир книга 1. :D
     
  2. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    5.231
    Апсолутно не си во право. :) Се слагаме дека маркетингот е најбитен и во продажбата на книги, но за другото...
    Ако станува збор за странски автор, македонските издавачи не е нормално колку не посветуваат внимание на преводот. Имаме преводи од српски на секој чекор на книги кои се во оригинал англиски, шпански, француски. Не зборуваме за свахили па да не може да се најде добар преведувач.

    Исто така, македонскиот редовен читател не постои. :lol: Добро, претерувам, ама не сфаќам од каде е проценката дека редовниот македонски читател е човек со изградени естетски вредности?! :| Дури и да е, нема книжарница во Македонија каде можеш да влезеш и да си разгледуваш со часови без да ти се обеси некој на врат како во бутик да си, па „редовниот македонски читател“ секогаш завршува со прашањето, а што се работи во оваа книга, за тетката во Матица да ти објасни дека таа се заљубила, ама он ја изневерил и ја оставил и таа после го нашла принцот на бел коњ и тоа е изборот на книга. Трагично. Нит корица игра каква било улога нит ништо друго освен таа глупава препорака.

    И тука е целата приказна, всушност. Погледнете кој продава во Македонија. Лајла Грејс - илјадници фанови на Фејсбук. Дарко Лешоски - исто. Коста Петров - агресивна маркетинг кампања на секој можен медиум, билборди, реклами... вложени пари, за да земе пари, по американски систем, ама се сомневам дека си ги извадил парите како првите двајца. Игор Џамбазов, ситна маркетинг кампања, ама име на легенда кое продава. Кориците, дамла да те мавне. Катастрофа. Сите книги на Три издаваштво, мора да го има ликот на авторот, а Дарко Лешоски не се потрудил ни боја да стави, као нешто минимализам, ама барем корицата е квалитетна, на рака е различна од стандардното.

    Ако себе се земам предвид, никогаш не сум бирал книга според корица и никогаш не сум влегол во книжарница без да знам што барам. Но, кога би требало да го направам тоа, дефинитивно би се закачил за нешто кое е unordinary. Да, на полица сите изгледаат убаво, ама купувањето книга за мене, а сигурен сум и за многу други претставува чин ист на купување на шал или капут. Сакаш да ти биде топло на душата само што ќе го видиш.

    Додуша, откако ќе заврши, најлошата корица на светот ќе ти биде убава кога ќе помислиш пак на неа, ако содржината била одлична. А сите ги памтиме книгите по корицата. Кога ќе се сетиме на нив од иднината, не ни паѓа на памет каков проред имале буквите, туку таа грдата корица за која зборуваме токму тука. Затоа и најнебитна е за добра книга корицата, ама па, мајку му, тооолку е убаво кога ќе ја купиш, а корицата е прекрасна. :inlove:
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Мене не ми е воопшто битна корицата,барем дизајнот.Сакам книги со подебели корици,имаат подруг осет,ама што има насликано,не ми влијае многу на одлуката дали да ја купам.
    Порано знаев да влегувам во книжари и да очекувам да ме привлече некоја книга со уникатен изглед,но кај нас нема ништо такво,нашиве изданија се ужасни,со прости слики и никаква естетика.
    Сега се знае,одиш на Goodreads,таму списокот си го отвараш и ја бараш книгата во книжара,барем знаеш содржински што да очекуваш.
    Се разбира дека многу поубаво е кога поседуваш книга со одлични корици,како и убава содржина,прекрасно изгледа на полицата,ама не ми пречи грда корица,се додека уживам во напишаното внатре.
    Од таа страна,повеќе влијание ми има насловот и често сум испаднала од книжара празна бидејќи навистина очајни преводи прават некои издавачки куќи.
     
  4. Boleyn.7

    Boleyn.7 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2013
    Пораки:
    375
    Допаѓања:
    425
    Апсолутно е важна корицата на книгата! Можеби не најважна , но сепак треба да е солидно упадлива во очи на читетелот, како тој би се заинтересирал за неа.Изгледот на насловната , може да и даде голема продаваност на книгата, и да ја прослави истотака, а патем убав дизајн на една книга, прави таа, да изгледа естетски и уредно.
    Неодамна бев фасцинирана од една насловна страница на роман од чик-литература, кој како роман бил доста популарен , и имаше некаде околу 500 страници.Можеби некогаш и содржината на книгата која најчесто ја има , назад на последната страница , од другата страна на корицата, е важна , ама како и да е добрата насловна ме натера да ја купам таа книга , и бев изненадена мошне позитивно.

    А и мора да признаеме, автентична корица, секогаш не интригира повеќе , нас читателите.Бар мислам за повеќето дека е така. :)
     
  5. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.065
    Допаѓања:
    66.822
    Пол:
    Женски
    Порано воопшто не ми беа важни кориците на книгите. Ако купував книга веќе знаев која сакам да ја купам и зашто, па корицата ништо не ми менуваше. Ако земав книга од библиотека исто така, секогаш поважна ми беше содржината, да видам за што е книгата и дали би ми се допаднала.

    Сега кога барам книги по нет, ако немам одреден автор на ум, туку чисто онака си разгледувам често ми паѓа корицата во очи. Се случува некогаш поради корицата да симнам некоја книга или подетално да се заинтересирам.
    Ми се допаѓа и кога корицата има значење, да не биде само од естетски аспект убава, туку се поврзува со приказната. Кога ја дочитуваш книгата и сфаќаш дека корицата е со намера така направена.
    [​IMG] [​IMG]
    За Крадачката овие две корици ми се одлични,исто не сакам кога ги има ликовите од филмот, непотребно е. Ако сакам да ми се сервирани ликовите на тацна ќе го погледнам филмот, нема да читам книга.
    Иако мислам дека насловите секогаш ме привлекуваат повеќе од корицата, попресудни се во изборот.
    [​IMG] [​IMG]
     
  6. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.600
    Допаѓања:
    79.199
    Пол:
    Женски
    Па да, јас сметам дека кориците се доста важни. Некогаш одиме во книжарница без да имаме сознание за некоја книга, дали е добра и дали треба да ја купиме, па тогаш она што ни привлекува внимание е корицата. Мене кога ќе ме привлече корицата, веднаш ја вртам книгата на задната страна да прочитам кратка содржина.
     
  7. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.065
    Допаѓања:
    66.822
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    Оваа корица ми е предобра. Живите бои, деталите, фонтот, се надевам дека и содржината ќе биде исто добра.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.314
    Пол:
    Женски
    Сакам убави корици, ме привлекуваат да ги читам книгите. Но, не ми се до толку пресудни. Сепак, мислам дека и кориците и насловите имаат некаква улога во бирање книги, барем кај мене.
     
  9. Love Elixir

    Love Elixir Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2022
    Пораки:
    95
    Допаѓања:
    127
    Не ги бирам ниту според корицата, ниту според насловот. А и повеќето што ги имам прочитано си имале најобична тврда еднобојна корица :)
     
  10. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.922
    Допаѓања:
    81.199
    Пол:
    Женски
    Баш ми е мерак кога наидувам на книги со убави корици. Убаво ми е на душата кога ми е задоволена манијата за естетско убаво, колку и да звучи шлакнато.

    Мразам корици со полуголи парови и општо корици со ликови. Или корици со ликови од филм, кога книгата има филмувана верзија.

    Корицава на пример, ептен ме освои. Забележувам дека најчесто ми фаќаат око корици со цветен дизајн, а оваа ептен ми беше eye-pleasing со совршените пропорции и симетријата. Уште пак ако има некоја логика позади „убавото“ и корицата не е направена така само за да биде симпатична, тогаш тоа е добитна комбинација за мене.

    [​IMG]

    Книгата само што ја завршив и беше средно-жалосна, лимонада...штета, имаше одличен и доста уникатен концепт. Бар корицата (делумно) е во склад со темата, ете поен за тоа само. :D

    Вака на око многу ми се допаѓаат и овие неколку, едноставни, а прекрасни.

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]

    Е, не ми се читани. Ќе кажам дали корициве имале логика некогаш кога ќе ги прочитам.
     
    Последна измена: 24 јануари 2023
    На ZAHRA, Lella, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. NoirSerpentine

    NoirSerpentine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2021
    Пораки:
    996
    Допаѓања:
    2.294
    Пол:
    Женски
    Критика за лош дизајн

    Особено затоа што нема ознака дека е поделен зборот, на македонски не ни има логика она „ничка“ па уште доаѓањето до израз на буквата „п“ заради дијагоналната линија, уште полошо изгледа.
     

    Прикачени фајлови:

  12. do-re-mi

    do-re-mi Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2013
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    16.014
    Касија, те цитирам во темава зашто ми се чини поприкладна за прашање поврзано со илутрациите на книгите. :D

    Има ли илустрации и внатре, во самите книги?

    Текстот "со илустрации на Емил Бајар" укажува/подведува дека ги има и во книгата, ама сепак ми треба потврда. :$ Се надевам не се однесува само на кориците.
     
  13. Касија

    Касија Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2018
    Пораки:
    873
    Допаѓања:
    7.921
    Пол:
    Женски
    Да, има и внатре по некоја црно-бела, но не се многу.
     
    На do-re-mi му/ѝ се допаѓа ова.