Коронавирус бисери

Дискусија во 'Коронавирус' започната од edna_malecka, 8 октомври 2020.

  1. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.698
    Пол:
    Женски
    Овде ќе пишуваме "интересни" дешавки со коронава.

    Се возам денес во бус.
    Седат 2 жени. Жена со правилно наместена маска(1) друга жена(2) со неправилна маска.

    1:Намести ја маската на носот, кашлате тука незнам што носите во вас можеби имате ковид.
    2: Каква корона ќе ми кажуваш ти мене корона.
    1: Секој ден бројот на заразени е се повисок, не сакам заради тебе да се разболам.
    2: Глеј си работа. Јас нема да те заразам. Ќе ти треснам една. Невоспитана. Клошарка.
    1: Ти си симната од планина.
    2: Јас не сум симната од планина. Немој да јадеш г*а. Не ме провоцирај ќе те треснам.
    1: Се закануваш? Знаеш ти дека јас работам во полиција можат да те казнат ќе лежиш во затвор.
    2: Немој да ме провоцираш.
    Кај сакаш работи ако сакаш работи и на МАРС! Ти си болна.
    Сите од институциите треба да ги затворат, не нас. Клошарка. Немој да јадеш г*а.
    1: Јас работам во институција професорка сум. Ајде остави ме да си решавам судоку.
    2: Ти 5 грама памет немаш. Решавај си таму да ти дојде памет.

    Доколку имате и вие слични случки, споделете ги.

    *ако темава е глупичка, ставете ја во корпичка
     
    На KidA, Waverly Raven, fana и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.649
    Пол:
    Машки
    Ова се случи пред два месеци. Чекам пред банка и пред мене еден куп пензионери и една жена. Беа сите на куп, се туркаат и караат кој да влезе прв, па жената се пожали, им рече на пензионерите да се тргнат и да држат дистанца бидејќи има вирус на што тие и одговорија: Не се секирај ние сме чисти немаме вирус. Таа им рече ако немате вие имам јас, проследено со лажно поткашлување. :rofl: Се разбегаа за секунда голем дел од нив.
     
    На eli25, noteforself, mal.ecka и 8 други им се допаѓа ова.