Како функционирате вие што сте во врска за време на пандемијава и вие што сте сингл? @WildMk ме инспирира да ја отворам темава,поздрав до неа
Прво, браво за темава! Мислам дека во целиов хаос, ретко кој го поставува прашањето каков ни е љубовниот живот, зашто цело време сме фокусирани на заштита на здравјето и на средување на финансиите. Ама тоа е важен аспект од нашиот живот и мислам дека треба да има дискусија, да не се занемаруваат ефектите на кризава врз емоциите. Кај мене искрено не е многу добро. Мислам дека ние што не живееме со партнерите сме уствари најзаебаната категорија. Нема кога да се видиш, не ограничува полицискиот час, а додека може да се излегува, најголем дел од нас имаат онлајн предавања/учат/работат од дома или работат на работното место. Навечер и за викенди нема излегување, па кога ќе видиш - нема кога да се гледаме. Конкретно кај нас, ова не не доведува до караници зашто сме навикнати да сме разделени подолго време, од други причини. Ама сепак, не ни е сеедно и пробуваме да се гледаме еднаш неделно. Од друга страна, знам дека и на паровите (без разлика дали во врска или во брак) што живеат заедно, исто не им е идеално, со оглед на зголемените стапки на семејно насилство кај нас и во светот... Исто гледам и пред зграда, пред да почне полициски час, висат надвор со саати, значи не ги држи место дома со партнерите. Не знам што е вистинската формула за овој период.
А и кога ќе се видите, ризик е дека ќе се разболите еден со друг А за тие у брак супер е, нас ни е убаво што сме најпосле заедно и сфативме дека вака подобро функционираме. Претходно јас прва смена, он 2ра, не се гледавме и кога ќе се видевме само обврски муабети. Сега имаме време да се видиме и гушнеме.
Не сум очајна за дечко фаќање, сингл сум, убави ми е и повеќе си ја ценам слободата. Не одрекувам дека некогаш не ме пука чувство на осаменост но подобро сама отколку да бидам во врска со било кој само да не бидам сингл.
Јас имам кажано во една тема не се гледаме откако сме у карантин затоа што живее во друг град. Кога доаѓаше тука за на факс се гледавме многу повеќе ама во овие 2г сме имале и ситуации кога подолго не сме се гледаме. Максимум 3-4недели претходно се немавме видено и срушивме рекорд сега ама во мај, во најлоша варијанта јуни претпоставувам ќе се видиме. Он сака да дојде и сега, јас нејќам да го ставам во ризик да патува сега по автобуси и возови. Се гледаме на камера, цел ден си збориме, ми фали секако многу. Едвај чекам да го видам, после толку време што не сме се виделе има да не го пуштам од прегратка. Воопшто не се караме, навикнати сме ние вака среќа. За првпат да речам имало предност врскава на далечина, може сега потешко ќе ми беше ако бев навикната многу почесто да сме заедно. Знам дека што и да биде го имам него. А, плус се гледа дека и на овој карантин ќе му дојде крај, па тоа ми влијае позитивно у ситуацијава.
Иако не ни е прв пат да сме разделени подолг период, ова е многу потешко затоа што сме на 2 саати еден од друг, си тераме живот и двајцата а не можеме да сме заедно. Еднаш се видовме, прво се стресирав дали да го бацам воопшто. Ама се тера комуникација, се трпи.
Раскинавме неколку месеци пред карантин, мислам како да било пишано вака да е нештово А, инаку и на факс ретко се гледавме и не ми пречеше дали ќе е на една недела или на 5 дена, дали на 2...и 3, 5 месеци би го чекала да има некоја обврска, а вака кога се работи за здравје поготово не би нѐ ставала во ризик така да ќе беше ретко на неколку мин пред зграда или дома или воопшто, ама пак... тој не можел да не се гледаме толку многу и долго, 2недели ако биле проблем, па сигурно и ова 2 месеци со карантинов за било која врска ќе му е проблем. Така што... само прилагодување, врските и љубовниот живот можат да почекаат, не вреди да се загрозува здравјето за ништо и никој. Па и не само здравјето, ама тоа е приоритет.
Се гледаме кога имаме можност за тоа. А таа можност е еднаш до два пати неделно. Еве сега две недели нема да се видиме, затоа што полицискиот час ќе трае од четврток до понеделник. Повеќе ќе си недостигаме. За ризик, поголем ризик имам на работа отколку со него. Но сме во место каде скоро и да нема заболени. Така да, не се потресувам уопште за некаков си ризик.
Кај нас вирусот ни ги уништи плановите,тој е во странство јас во мк,имав резервирано карта во еден правец уште во декември за во мај и одвај го чекавме тој момент и сега ништо,мора да чекаме да биде се во ред и живи и здрави,јас тука тој таму многу си недостигаме но тоа е се бориме мора љубовта да победи и се ќе помине...
Секој викенд сме заедно, а преку недела поради полицискиот час и работата, секој со својата обврска по својата дома.
Од коа бидна коронава, он почна да живее кај мене оти не иде на работа ради тоа, а ја па идам секој ден. Тамам ни падна убаво за да видиме дали можеме да живееме заедно и плус искрено да видиме дали врскава има некоја иднина, па да баталиме еден стан, да заштедиме.
Живееме заедно ама не се гледаме често. Тој иде ноќе,јас денски на работа и ако се погодиме со исти слободни денови. А вие се жалите како не сте се виделе речиси ич.
Од различни градови сме и од кога е ситуацијава се немаме видено. Комуникацијата ни е одлична. Ми фали многу, ама ќе се издржи уште малку. Таква ситуација дојде ќе ја поминиме. После ќе се надокнади се
Кај нас не претставува проблем бидејќи и пред карантин не се гледавме толку често, секој со обврски. Се слушаме по телефон, пишување и тоа е, нема некоја голема промена.
Јас монахиња ке си станам,највероватно вирусов ке потрае некоја година,така да не би се замарала со тоа.
Ние се гледаме често. Не е како порано ама пак успеваме. Од исто место сме ама не живееме блиску, тој е на околу 600-700 метри подалеку. Најчесто се среќаваме в кола кај него и ќе се повозиме, или одиме в природа кај шо нема луѓе многу си седиме. Не ни е страв да се гушниме, да се бакниме, бидејќи што и да е заедно сме во сѐ. За заедно живеење немаме уште можности. Кај мене дома е презаситено нема ни една соба слободна, кај него уште не е дограден спратот, а уште живее со неговите. Да имавме можност сами да живееме немаше да се мислам дали ќе се преселам. Најмногу страда the sex life ама ќе мора да издржиме тоа е.
На прсти се брои колку пати се имаме видено. Таква му е работата, плус со полицискиов час не можеме да се видиме воопшто. Или пак тој ако е слободен, јас ќе имам предавање и пак ништо од гледањето . Карантинов е добар само за тие што живеат заедно, вака другите сме многу ограничени. Ај барем на камера се гледаме секоја вечер, па не е страшно. Страшното е што ни с од секс немам скоро два месеци, ама затоа после меркиве....
Откако почна ситуацијава се видовме само еднаш,пошо таква му е и работата полицаец е,не сака да ме става у ризик,иако јас не се плашам ама ете.Ми фали многу и веќе почнав да му правам сцени за да го намамам да дојде.
Ах бе дечки Се надевам за брзо ќе се намалат рестрикциите и ќе уживате во друштво на вашите партнери. А сингл? Би дејтал/а ли некој/а периодов?