1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Коронавирус - мерки за време на летниот период

Дискусија во 'Коронавирус' започната од Sweetlove_0312, 29 април 2020.

  1. Sweetlove_0312

    Sweetlove_0312 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2017
    Пораки:
    1.570
    Допаѓања:
    12.745
    Пол:
    Женски
    Барав некоја тема каде што може да се дискутира за ова. Колку што видов нема, ама ако има случајно а да не сум видела може вканта да оди ова.
    Сметам дека треба да има една ваква тема каде што ќе се дискутира за летниот период. Какви се мислењата ваши доколку се спроведат и понатамошни мерки? Како на пример плажите како ќе функционираат? Каков ќе е полицискиот час? Дали и вас ви пречи како и кај сите млади?
    Јас сум млада, па спаѓам во групата која сака да излегува и да нема попречувања во уживањата во летниот период. Сите сакаме да нема ограничување на време, а особено на лето кога сите се журкаме, излегуваме навечер, се забавуваме, најубаво време ни е. Не значи ова дека е забрането да зборуваат и останатите кои сметаат дека им е сеедно и да речам повозрасните кои исто така сакаат да се дружат, да одат фамилијарно на одмори барем во околните градови или до Охрид. Мислам на тоа дали ќе се намалат мерките до тој степен за да можеме барем ние Македонците да излегуваме во другите градови во Македонија.
    Не е официјално кажано дека ќе има. Ама доколку не се спроведат никакви проблематични мерки би било се во ред. Ама баш ме интересира какво лето ќе ни дојде.
     
  2. CharmedGirl

    CharmedGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2011
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    1.662
    Пол:
    Женски
    За жал, никој не може да предвиди какво лето не чека. Дури ни кога почна 2020, ни на крај на памет не ни беше дека годинава светот ќе заглави во пандемија и разни превентивни мерки. Може само да си кажеме што мислиме дека ќе се случи и што посакуваме. Јас сум генерално оптимистична за целата ситуација и следам како се движат мерките и во други земји, не само тука. Мислам дека некаде од средината/крајот на мај полека ќе почнат да олабавуваат мерките ама постапно, чекор по чекор. И оттука очекував дека ќе имаме лето ослободени од мерки, ама со умерена претпазливост (без собири на големи групи, со одржување социјална дистанца, без шлапање со секој познат што ќе го сретнеме на улица). Ама има едно големо АМА - ретко излегувам периодов ама кога ќе излезам, крајно сум разочарана од тоа колку не се почитуваат сегашните мерки. Ниту маски се носат, ниту социјална дистанца, ни ништо. Па денеска со најмалку три групи (под група подразбирам повеќе од двајца луѓе) стиснати заедно на клупа, прават муабет, ни маски ни растојание. Епа дечки жалам ама слободно лето за уживанции нема да имаме ако се понашате така. Втора работа што ме секира во последно време е што не само кај нас, туку во цел свет се најавува втор бран на заразата на есен. Значи можно е и преку лето да останат одредени превентивни мерки, како подготовка пред новиот бран. Да заклучам, очекувам лето со полабави мерки од сегашните ама прашање е дали ќе е баш до толку лабаво за да може да одиме по одмори. Не знам ни како би се обезбедила дистанца на плажа, а нема логика да одиме со маски - ќе влезете со маска и во вода ли? И дали вирусот не се шири во водата, веројатно некој постручен од мене може да го одговори тоа.
    Од друга страна, лично не ми менува многу се ова што го очекувам да се случува наредниве месеци. Фокусот ми е друг, поврзан со факултет и работа, а потоа малку одмор на психата (што не мора да подразбира патување). Така да, лично не би сметало летово да се помине дома, имам други планови како да го пополнам времето.

    Последно на темава, како правник да дадам еден совет на тема одморите, ве молам бидете внимателни кога резервирате авионски карти и аранжмани - читав за многу случаи каде туристичките агенции не ги враќаат парите туку враќаат само ваучери (кои кој знае кога ќе сте во можност да ги искористите, ако вториот бран на зараза се реализира на есен), а авионски компании каснеле со месеци за поврат на парите за неискористените карти. Не знаеме кога ќе се отворат границите и не може да се предвиди тоа, затоа ве молам внимателно за да не бидете оштетени.
     
    На Feminka22, Бисерка-С и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  3. Regina.Phalange

    Regina.Phalange Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 февруари 2020
    Пораки:
    355
    Допаѓања:
    1.400
    Пол:
    Женски
    Јас ќе бидам среќна ако можеме нормално да се собереме пријатели без 2 метри, маски и постојана дезинфикација.

    Навистина е тешко да се предвиди, али позитивните мисли ми даваат надеж.
     
    На Цвет88, Feminka22, candy.cane и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Sweetlove_0312

    Sweetlove_0312 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2017
    Пораки:
    1.570
    Допаѓања:
    12.745
    Пол:
    Женски
    Најпрво да кажам за вториот бран на есен. Како предвидуваат дека ќе има втир бран кога веќе кажуваат дека се излекуваат ? Кога веќе се излекуваат некои автоматски значи дека сите можат да се излечат и кој може да знае дека ќе се повтори ?Како да кажуваат за нив дека им е полесно така дека не им е кесна процедурата за враќање на образованието и ред други работи како што си беа и како да веќе знаат.
    Дури и сега млади едвај чекаат да дојде 12 и да се соберат по плаживе. Што се однесува на летото секој ќе сака да се приклучи во своето друштво и да седи со саати било каде.
    Дали мислат дека на некој може да им се повтори болеста пак да ја прележуваат ?
     
  5. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    22.953
    Допаѓања:
    198.627
    Пол:
    Женски
    Ако си читала за шпанската треска во 1918 година, ќе знаеш дека се плашат да не се повтори истото сценарио... првиот бран така така, ама вториот бил многу смртоносен токму ради тоа што не биле спремни за неа. Имало и трет бран. До нас е колку ќе успееме да спречиме да се повтори ова.
     
    На Snow-Star и Purplelilac им се допаѓа ова.
  6. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.376
    Допаѓања:
    34.163
    Пол:
    Женски
    Мене ми е претерување споредувањето на шпанската треска со коронава. Едно затоа што се различни вируси, а второ затоа што се работи за драстично различни периоди. Шпанската треска се појавила по првата светска војна, кога се било разрушено и хигиената на многу ниско ниво. Од тоа што јас го читав, заклучив дека смртноста е главно заради недостиг на хигиена. Исто (може грешам) вирусот што ја предизвикал бил Х1Н1, истиот што го имаше и во 2009, па последиците не беа исти.
    Сакам да кажам, од 1918 до сега медицината има напреднато многу и ептен е претерано да се споредуваат овие две пандемии и да се очекува иста смртност како тогаш.
    Околу вториов бран... А како се сигурни дека воопшто ќе има? И зошто овој што сега го имаме да не е вториот бран, а минатата есен да бил првиот? Има многу податоци кои говорат дека уште тогаш циркулирал. Кина пријави во ноември, а којзнае колку време го имало претходно. Не дека тврдам дека е вака, ама не е и исклучено...
    Не би сакала наивно да верувам во се што ми сервираат Кинези (кои се дискутабилни околу вистинитоста на нивните информации) и СЗО, која и самата не знае кај тера.
     
    На anastasijaki, Amellie13, Nigredo Odor и 3 други им се допаѓа ова.
  7. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    22.953
    Допаѓања:
    198.627
    Пол:
    Женски

    Не се сигурни, затоа се претпазливи, плус, овој вирус е поопасен од птичјиот грип, барем според смртноста. Јас не знам веќе во што да верувам, ама знам дека со вирусите се е можно. Затоа не се опуштам премногу. И не верувам дека ова е вториот бран.
     
    На Snow-Star, Бисерка-С, 1209 и 2 други им се допаѓа ова.
  8. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.376
    Допаѓања:
    34.163
    Пол:
    Женски
    Па и јас не се опуштам, ама па и не им верувам слепо. Еден куп теории излегоа до сега.
    Како и да е, ќе мора да се научиме да живееме со вирусов, не може сите да се затвориме се до излегувањето на вакцината, за која што во нормални услови со сите тестирања и се потребни 10 до 15 години. Не знам како очекуваат вакцина направена за една година да биде функционална и сигурна? Ај, да речеме дека претходно има истражувања за општа вакцина за корона, па ќе се скрати дел од процесот, ама пак? Една година, две? Ептен, ама ептен краток период, за да колку-толку бидат сигурни дека вакцината е ем ефикасна, ем сигурна :^)
    Сакам да кажам, ќорсокак :^) Сите се надеваат на вакцина, ама вакцинава во моментов е далечно сценарио (според мене)
     
    Последна измена: 30 април 2020
    На monibejbi, 1209, CharmedGirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. CharmedGirl

    CharmedGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2011
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    1.662
    Пол:
    Женски
    Се согласувам за вакцините, посебно зашто прашањето поставено тука беше конкретно за летово. Нема шанси да имаме вакцина за летово. И тоа што е пронајдено во Британија (можеби и во други земји, не сум прочитала), треба тек сега да почне да се тестира и да се провери дали има ефект и дали има контраиндикации. Ако не е добра, ќе треба да се работи на нејзино подобрување, па ново тестирање. Па додека да се случи масовно производство па транспорт и извоз... не очекувам вакцина уште долго. Затоа не можеме да зборуваме за неа во контекст на летово. Тоа што преостанува да за имаме РЕЛАТИВНО нормално лето е да се обидеме да се заштитиме, а притоа да не се лишиме од шетање и излегување (како што некои од нас се лишуваат сега). Ама како што кажав погоре - поголемиот дел од народов ич не се замара за мерките што важат моментално, па истите тие во првиот момент кога ќе се отворат границите, ќе се напикаат по автобуси/авиони без никаква дистанца или носење маски. Значи не викам да не се патува (и јас треба да патувам летово, не од туристички причини) ама да се патува внимателно, со осмислен план, со средства за дезинфекција, со маска кај што мора
     
    На f.girl му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Purplelilac

    Purplelilac Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2016
    Пораки:
    2.417
    Допаѓања:
    34.775
    Пол:
    Женски
    Ех Свитлав воопшто не ти требаше темава.
    Само појди до другата тема и ќе видиш дека експертите викаат дека на лето ќе се одело на одмор и се' ќе се вратело во нормала, па штом тие така викаат кои сме ние другиве да мислиме. :D

    Отидов да си го спремам костимот за капење :makeup: (poolparty):d:
     
    На Hellobeautiful, candy.cane, queen19 и 3 други им се допаѓа ова.
  11. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.207
    Допаѓања:
    30.902
    Пол:
    Женски
    Рано е да се дискутира на пример за летен одмор уште од Април кога реално може да се оди и на крај на Август. До тогаш има уште три месеци и се може да се случи.
     
    На CharmedGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  12. CharmedGirl

    CharmedGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2011
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    1.662
    Пол:
    Женски
    Да, можеби август, почеток на септември е пореална идеја за одмори, а и да издуваме малку пред вториот бран (ако има втор бран).
     
  13. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.207
    Допаѓања:
    30.902
    Пол:
    Женски
    Никој не би можел да каже со сигурност. Затоа мислам дека не е паметно да се плаќа пред време по агенции и да се планира. Јас ќе препуштам на времето, здравје, ако има услови би можела да си организирам нешто во приватна режија.
     
    На P.S.love и queen19 им се допаѓа ова.
  14. vita.nova

    vita.nova Активен член

    Се зачлени на:
    19 април 2020
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Dali ke ima testiranje od korona kako uslov za odenje vo druga drzava ? Spekulacii se ili?
     
  15. CharmedGirl

    CharmedGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2011
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    1.662
    Пол:
    Женски
    Па тоа никој не може тука да ти одговори, зашто уште не сме дошле до фаза на отворање на границите за да знаеме каков протокол ќе има при влез/излез. Ако се оствари тоа, ќе треба однапред да закажуваме тестирање за да има време да дојдат резултатите пред да излеземе од државата. Истовремено, тоа ќе значи и трошење на многу тестови залудно ( на лица што немаат симптоми). Така да, мора да почекаме да видиме дали воопшто може да се реализира тоа. Ама не верувам дека ќе се отворат границите пред јуни искрено, барем од тоа што следам по светските медиуми...
     
    На vita.nova му/ѝ се допаѓа ова.
  16. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.218
    Ако се отворат граници, дефинитивно ќе си истерам одморче, барем една недела. Не планирам да одам преку агенција, веројатно ќе биде нешто во моја режија. Обично, секоја година одам на одмор кон крајот на јули или во август, така што оптимист сум дека до тогаш се' ќе биде многу полабаво :sun:
     
    На Herrera, Regina.Phalange, SeaMermaid и 4 други им се допаѓа ова.
  17. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    13.689
    Допаѓања:
    42.873
    Пол:
    Женски
    Не знам како би било ама на плажа со маска не сакам да одам.
    Да бидам исунчана после секаде освен маска кај што сум носела :o (n)
    После стресов што го живее цел свет, сме заслужиле да се брчкаме и сунчаме без такви глупоштии.
    Само госпожа корона да се совземе и да се собере малце :whew:
    Башка, на +40 маска и ракавици мислам дека совршено ќе нѝ дојдат.
    Рацете запотени, па гљивица некоја ќе искочи, па лицето испотено па искачање бубулици.
    Јас пример сакам топло ама ако треба на плажа или било кај на +35/40 да шетам со маска, јас ви кажувам дека прва ќе колабрирам.
    Ќе се спурам и толку ќе ми е :lol:
     
    На Цвет88 и Regina.Phalange им се допаѓа ова.
  18. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    3.806
    Допаѓања:
    21.022
    Пол:
    Женски
    И да може само на отворено да се пие кафе со блиски без огромно групирање би било екстра...
    Искрено се додека има било каков број на заболени не сум за никакви собири...
    Со дечко, брат, швалет, мајка, деца, прошетајте, одете на викенд ама без изложување и други на опасност.
    Еве ние за викенд одиме сами на плац и исто убаво си поминуваме, па ако треба и цело лето така.. па нема да ми биде досадно и монотоно... ќе смениме, ќе дишеме воздух, ама сами...
    Без журки свадби собиранки и летувања се живее, ама без здравје не...
    Нема здравје нема работа, нема работа нема пари, нема пари нема храна... и така у круг.
    Никој не може да забрани да прошетате ако не е полициски час.. ама да се почитуваат препораки.
    На море нема да одат..ебате одморот ако не сум опуштена и на се нешто пазам таму..
    Ама на некое местенце изолирано од народ сами сакам и имам намера да одам..
    Граници мислам нема да отворат.
     
    На Amelia му/ѝ се допаѓа ова.