Коронавирус – образование за време на пандемија

Дискусија во 'Коронавирус' започната од cresa-jagoda, 18 март 2020.

  1. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.559
    Пол:
    Женски
    Со воведување на вонредната мерка веќе е јасно дека наставата нема да продолжи од наредната среда (25.02.2020), туку ќе се пролонгира за најмалку 30 дена, а можеби и повеќе во зависност од состојбата.
    Тоа значи дека учениците ќе изгубат премногу време без настава. Денеска министерот за образование имаше и прес, но неформалново образование кое се спроведува преку ТВ училница и преку активности кои наставниците им ги праќаат електронски на учениците не може да го замени формалното образование на учените. Секако ваквиот начин на образование кој се спроведува е со цел да им биде колку толку исполнет денот на учениците продуктивно, да не денгубат. Но на ваков начин дали барем половина ќе може да се реализира од предвиденото според наставната програма?
    Но и да биде успешно ова неформално образование и учениците да го стекнат предвиденото знаење, што правиме со оценувањето на знаењето на учениците? Ако потрае оваа состојба како ќе се оценат учениците? Тоа е некако најважно прашање што си го поставуваме, ама никако на некој новинар да му текне ова прашање да го постави на прес. Наместо важни прашања новинарине поставуваат премногу глупави прашања или прашања кои веќе се одговорени.
    Оценувањето не може да биде електронски, бидејќи никој не може да гарантира дека учениците сами без книги и без помош од родители дека ќе ги решаваат тестовите.

    На фб прееска налетав на овој пост
    FB_IMG_1584561726762.jpg
    Се согласувам дека приоритет е здравјето на сите и дај Боже да немаме смртни случаи. Но, не смееме во никој случај да дозволиме учениците да изгубат година. Првото полугодие успешно го завршија со труд добија полугодишни оценки и затоа мора да се изнајде соодветен начин како успешно да биде завршена учебната година и покрај уништеното второ полугодие. Шок ќе биде за сите ако дојде до тоа да биде изгубена годината.

    Страшно е за основците и средношколците. Додека за нас студентите не е страшно, еве веќе контактираме по меил со професорите (барем на мојот факултет), на некои факултети читам имаат и онлајн настава, па ние нема да бидеме во толкава штета како учениците. Способни сме сами и без предавања да го научиме предвидениот материјал. Секако не е исто да имаш и да немаш предавања, ама барем ние студентите во тој поглед не треба да се жалиме. Плус имаме повеќе сесии за полагање. Но, учениците мора навреме да се оценат.

    Има на форумов и ученици, но и родители, па сакам да слушнам ваши размислувања во врска со оценувањето на учениците. Дали ќе можат да бидат учениците оценети и како да се спроведе оценувањето во ваква ситуација со толку многу пропуштена настава? Кој е вашиот став за не дај Боже губење на годината? Сигурна сум дека сите ќе се дигнат против, кога евентуално би дошло до такво нешто.
     
    На Mrs. Lovett, emiliana, @ster@ и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.314
    Пол:
    Женски
    Кај брат ми во основно почнаа со онлајн настава исто така.
    Им дадоа и домашни задачи, пример математика имаат задачи што треба да ги решаваат. Ликовно имаат зададено што цртежи да нацртаат...
    Можеби преку слики ќе праќаат на наставниците да проверат, стварно не знам.
    Баш разгледав, по сите предмети супер податоци и задачи им се пратени и убави задачи им имаат дадено.
    Мислам дека колку толку и ова е супер опција во оваа ситуација.
    Во јуни можеби ќе имаат некои тестови, па ќе бидат оценети.

    Не верувам да се изгуби цела школска година. Човечки е сега сите професори да излезат во пресрет во ваква ситуација, а родителите да работат со помалите дечиња и да ги учат лекциите номрлано како да биле во школо.
    Поголемите во основно, тие во средно, ние на факс и сами сме свесни и треба да си ги учиме лекциите и материјалот без разлика што не одиме на настава. Во некои земји има вака homeschooling, сметам дека не е нешто страшно.
    На крај, кога ќе помине се ова, нека има тестови преку кои ќе не оценат за тоа што сме го учеле периодов дома и тоа е тоа.
    Крај краева нека не оценат преку изработени проекти и семинарски во word, power point, на пример. Може да се најде начин. Преку онлајн тестови, квизови со ограничено време за решавање.

    Ова е непланирана ситуација која се случува многу ретко. Но, сепак, не треба да сме оштетени и да се изгуби цела година, не сме ние криви за оваа ситуација.
     
    На (Lord), BlackMistery, emiliana и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Здравјето е непроценливо поважно. Не е страшно да не се оди на училиште и два месеци, верувајте не е. Прво може да се надохнади. Второ, што учат децата? Пример, историја за Византија. Нема да смени многу ако направат пауза од Византија. :) Или од ликовно, ќе си цртаат дома или од географија. Факултетите слободно можат да продолжат, вонредни студенти како учат, така ќе учат и редовните. Е сега праксата е проблем, ама нека се надополни на лето. Губење на година нема да има. Зошто би се изгубила годината кога пола година ја изодеа, и малку од другата половина? Ќе го стеснат некако материјалот не се секирајте. :)
     
    На (Lord), mssuniquee, emiliana и 5 други им се допаѓа ова.
  4. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.195
    Пол:
    Женски
    Не е до професорите, туку како ќе каже МОН. Учебната година е заклучно 31.08 така што ако ни кажат работиме и учиме во јули, ќе учиме во јули. Програмата треба министерството да ја прилагоди и скрати бидејќи по сѐ изгледа ваква ситуација ги фати неспремни. Во секој случај ќе измислат нешто за да не ја изгубат годината.

    Ова моменталниве онлајн платформи се само како факултативна настава. Реално ниту знаеш кој ја следи, ниту може ученик да се оцени на овој начин. А да бидеме објективни, има и ученици/семејства кои немаат интернет. Така што овие онлајн часови се само за пополнување време.
     
    На oblace1, emiliana, Doozy и 5 други им се допаѓа ова.
  5. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.462
    Допаѓања:
    12.350
    Пол:
    Женски
    Колкава е веројатноста ова онлајн предавање да стане трајно?
    Веќе да нема класични часови?
     
  6. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.160
    Допаѓања:
    49.317
    Пол:
    Женски
    @нина122 повеќе од голема, може ќе завршиме школо со онлајн часови.
    Прв пат сакам у школо да идам..последните месеци од средно дома ќе ми поминат изгледа :@ :@ да ти се пљукнам у вирусот скапан
     
    На emiliana, Kimberly11, Nane2356 и 3 други им се допаѓа ова.
  7. Stache

    Stache Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2019
    Пораки:
    377
    Допаѓања:
    815
    Пол:
    Машки
    Што подразбираш под трајно ? Ако сметаш до крајот на годината тогаш веројатноста е голема. Нормално дека по стивнување на вирусов предавањата би се одвивале нормално.

    - Освен можеби на некои факултети кои се повеќе наклонети кон дистрибуција на информации, сепак мора да има нормални часови.
     
    На emiliana, @ster@ и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  8. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.462
    Допаѓања:
    12.350
    Пол:
    Женски
    Мислев на тоа веќе да се смени начинот на настава.
    Да нема часови класични веќе туку онлајн да бидат.
     
    На BrokenWings16 и Stache им се допаѓа ова.
  9. Stache

    Stache Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2019
    Пораки:
    377
    Допаѓања:
    815
    Пол:
    Машки
    Ако се согласат професорите би можело да ги има двата начина. Односно, да се снима за време на предавање. Кој сака може да оди на предавања, во спротивно истите би биле прикачувани на интернет. Идејата се разгледува од неколку факултети уште пред вирусов.

    Само онлајн опција не би трабало да се случи.
     
    На cresa-jagoda, glosipgirl, Yipman2 и 5 други им се допаѓа ова.
  10. candy.cane

    candy.cane Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2017
    Пораки:
    1.684
    Допаѓања:
    8.983
    Пол:
    Женски
    Некој има инфо што ќе се случува со факултетите (колоквиуми, испити) и дали е откажана програмата Work and Travel?

    Не ме напаѓајте дека е неважно во ситуацијава.
     
    На Sweetlove_0312, BloodElf, CameliaMiller и 4 други им се допаѓа ова.
  11. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.462
    Допаѓања:
    12.350
    Пол:
    Женски
    Колоквиумите се одложени секако.
    Кај нас на факултет или ќе бидат колоквиумите после Велигден или во јуни директно испит ќе полагаме.
     
    На cresa-jagoda, candy.cane и Stache им се допаѓа ова.
  12. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.230
    @нина122 @Feminka22, па ако се среди ситуацијава побрзо, нема зошто да не се продолжи со класична настава и до крајот на оваа година.
     
    На S.W.A.G, Nane2356, @ster@ и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.462
    Допаѓања:
    12.350
    Пол:
    Женски
    Мене ми е добро вака.
    Не ми фали класичната настава ич.
     
    На queen19 и Dream-Girl им се допаѓа ова.
  14. queen19

    queen19 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2015
    Пораки:
    580
    Допаѓања:
    1.830
    Пол:
    Женски
    Ниту мене
     
    На Dream-Girl и Feminka22 им се допаѓа ова.
  15. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.160
    Допаѓања:
    49.317
    Пол:
    Женски
    Кај нас направија веќе блог и некои професори објавуваат материјали за учење и работа.
    Една професорка по математика веќе држела час преку камера со децава и им објаснувала.Пишувала.
    Другарка моја во Белград што живее исто има настава, дури и мини тест доби.
    се проверуваат преку слики секако
     
    На @ster@, Sweetlove_0312, BrokenWings16 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. BrokenWings16

    BrokenWings16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2019
    Пораки:
    155
    Допаѓања:
    61
    Пол:
    Женски
    Здравоо, дали навистина ќе се повторува годината во сите средни училишта...Мислам дека не е нормално само за два 2 месеци што нема да одиме, нели ќе има онлајн настава...Стварно не е фер ова...Да не вратат толку назад...Дај боже да се реши ситуацијава што мислите? Место на 19год вака ќе испадне на 20 да завршам....УЖАС
     
    На Sweetlove_0312 и Cutiepie1 им се допаѓа ова.
  17. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.585
    Допаѓања:
    38.893
    Пол:
    Женски
    Не знам како очекувате некој тука да знае таква информација.
    Сите сме во неизвесност и не се знае ни до утре што ќе се случи, не па дали ќе се повторува година или како ќе се организира наставата.Чекајте да излеземе од ситуацијава па за наставата најлесно ќе биде да се надомести, плус никој нема да сака толку да се пролонгира, значи не е веројатно да се повторува годината.
    Ама пак ќе кажам, тоа е најлесно нешто со оглед на се што се случува и последиците што ќе бидат, така да седете дома и учете си го материјалот за да бидете во тек како што нормално би се одвивала настава.
     
    На @ster@, candy.cane, BrokenWings16 и 3 други им се допаѓа ова.
  18. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Нема да се повторува и не туку се тревожете за работи кои не се официјално потврдени. Пола година ја изодеа, малку од другава половина, ќе се повторувала цела година. Нема логика. Може ќе се обработува на лето.

    Нема да стане трајно.
     
    Последна измена од модератор: 19 март 2020
    На @ster@, candy.cane и BrokenWings16 им се допаѓа ова.
  19. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.462
    Допаѓања:
    12.350
    Пол:
    Женски
    Баш барав сега на интернет.
    Не најдов ништо за тоа некоја држава да направила повторување на цела учебна година по било кој основ.
    За членката што прашуваше дали е можно цела учебна година да се повтори.
     
  20. Sweetlove_0312

    Sweetlove_0312 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2017
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    13.379
    Пол:
    Женски
    Тоа за повторување цела година не доаѓа во обзир. Никако не смее да се дозволи така да се повторува годината дека ние така ќе изгубиме една година од факсот што на некому му сначи многу а на некому не му значи ништо.
    И јас имам едно прашање. Дали планираат професориве вака да не оценуваат? Или само чекаат да дојде крајот и да се запишат истите оценки кои ги имавме до трето тромесечие? И дали навистина ќе има предавања во природа и тестови решавање дека некој од професорите така кај нас ни кажаа и дали некој е за тоа информиран?
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.