Дечки Здраво. Не најдов ваква тема,ако има поправете ме. Да дискутираме малку за анксиозноста во ова време. 10 години сум на антидепресиви. Пандемијава ми ја зголеми паниката. реку глава ми е да слушам за починати. Се плашам дека ќе се заразам и ке ми се алучи нешто лошо.Секој ден сум се поиспаничена..Ја зголемив дозата на Депрозелот. Ми се смачи од оваа состојба . Анксиозноста и покрај апчињата ми е на 10-ка. Ве молам споделете како се осеќате и дајте ми малку надеж ❤
Не гледај вести на ТВ, отследи ги порталите на социјалните мрежи кои пренесуваат такви информации. Не мисли на тоа. Биди опуштена, носи маска, одржувај редовно хигиена на рацете, дистанцирај се од групирање со луѓе. Не оди во кафичи/кафани.
Пред моментот со корона, анксиозноста ми беше под контрола, имав стекнато нови навики кои ми годеа и доста успешно се справував со анксиозноста, ја снема. Од првиот момент, од март месец кога се појавија првите случаи позитивни на корона, почустував плитко дишење, и негативни мисли нормално ме преплавија, паниката беше огромна, мисли да не имам корона, да не заболе некој од најблиските. Карантинот дополнително влијаеше на мене, бидејќи затворањето дома и прекинувањето контакти(дружба) со блиски луѓе, па дури и со најблиските,кај мене предизвика повторно враќање на симптомите на анксиозност. Целата оваа ситуација многу ми влијае психички, а имам и физички манифестации на анксиозноста постојано, проблеми со дигестивниот систем, болки во телото, скочанет врат, панични напади, опседнатост со лоши мисли, деперсонализација, сетоа тоа го искусив овие месеци од март па наваму, повторно ми се јавуваат палпитации кои ми се немаа јавено со години. Не знам како да се справам со стресот особено сега кога бројката на новозаразени е висока, а јас сум принудена да бидем во контакт со луѓе исто и моите најблиски, деновиве ја гледам бројката на починати и тоа луѓе од градот што ги знаеш и едноставно тешко е да си присебен кога секој човек околу тебе има симптоми и е суспектен за корона.
i jas sum sedum giodini na ad, koronava strese skroz, dzabe pijam apcinja, taka da site sme isti, pazi se da ne se zarazis, ovaa situacija ke tera uste
Секако дека нивото на појава на анксиозност кај поголемата маса народ е зголемено. Самата паника општо за вирусот, луѓето оставени во неизвесност, особено кога имаше полициски час.
башка што имам биполар, и ова со кризата ми направи огромен стрес. едно време многу лошо ми беше. но сега ми е полошо - детето нема кој да го чува односно мора само прва смена да најдам работа и толку. денес и морав да се откажам од работно место заради сменско работење. изгледа ќе треба да чекам син ми да порасни па да барам работа. изолацијата ми е дополнителен стрес, нема кафичи, нема социјализација, нема прошетки по шеталиште и уживање во чист воздух. станавме роботи и мислам дека и после ова долго ќе си имам последици по се
Уште откако почна немав време за да мислам на ситуацијата со короната, но мајот мислам беше врв. Буквално се' ми се врати во еден ден..ми се засили анксиозноста, ми се јавија потешкотии со дишењето..и се тешев оти сите сме на истото, иницирав разговори со одредени личности што мислев дека се осеќаат на сличен начин.. И тука толку увидов дека нема шанса да зборнеш, оти на крај одма дефинираат токсична особа. Не ја прифатив ситуацијата со маските, ама почитувам заради другите. Не сакам кога луѓето на улица се тргаат уште подалеку, тоа ми создава дополнителен стрес во текот на денот.
Пред некое време налетав на статии во кои се пишува за тоа дека анксиозните луѓе полесно ја пребродуваат кризата, од психичка гледна точка. Од лично искуство можам да кажам дека чувството на паника и страв е нешто со кое живеам скоро цел свој живот, па сега не ми е нешто ново и недоживеано. Дури можам да кажам дека не сум воопшто исплашена. Од друга страна, луѓето што никогаш претходно не биле анксиозни, сега се судрени со нова ситуација. Ќе ги постирам линковите ако ги најдам. Интересно е да се прочита.
Здраво... постојано го читам форумот и сите вас, но дури денес направив профил. Последниов месец имам преголема анксиозност, со панични напади (вистински панични напади, ги имам и општо па можам да препознаам), тресење на целото тело повеќе од 3 недели - овој симптом никогаш не сум го имала и премногу ме исплаши... Симптомите на COVID ми почнаа на 1-ви, бев дијагностицирана на 6-ти и од тогаш до 26-ти во самоизолација. Периодот го поминав УЖАСНО, претходно цел месец септември (буквално цел месец секој ден) имав страшни главоболки кои ме спречуваа нормално да функционирам, имав премногу анксиозност и страв и тоа што ми се случи COVID дополнително ме уништи. По препорака на психијатар за прв пат во живот пијам 3 недели дијазепам и само тоа малку ми помогна. Не знам како понатаму, немам искуство со оваа нова моја состојба и премногу сум исплашена.
Не би да солам памет некому, ама сте пробале ли барем сега во ситуацијава да се консултирате со Психолог/Психорепевт. Медикамнетозна терапија/лекови се ОК во ублажување на чувството на анксиозност на кратко, ама ако не се реши коренот на проблемот, а во ситуацијата со анкзиозноста коренот не е органски тогаш леквоите помагаат моментално,ама не ви го решаваат проблемот. Имате дури и телеофнски линии бепслатни за психолошка поддршка. Инаку нормално е да се зголеми анксиозноста животот каков што до сега го зневме е драстично сменет, а целата ситуација е комплетно неизвесна (не знаеме кога и како ова ќе заврши, кои ќе бидат економски последици и слично) што е погодно тло за наксиозност.
koga za prvpat e pojavi virusot i mene strav me fati i nervoza , gi izbegnuvav duri i moite doma policiskiot cas i karantinot bas naprotiv, me smirija i super mi dojde mir i bez kontakti a sega skroz otupev, se pomiriv so toa deka najverojatno site ke se zarazime ..ni mene ne mi se umira no ako i toa se sluci i so toa se pomiriv mislam deka sekoj problem (pa i ova ) mora da se prifati i da se pomiris so toa , dzabe e se drugo samo poloso ke si napravis
Верувам дека на мнозинството свет му е вака. Има многу статии кои подучуваат како да управувате со вашето ментално здравје за време на пандемијата. Читајте, едуцирајте се, колку повеќе го запознавате 'непријателот', послаба му е моќта. ЛИНК
Да ви се придружам и јас. Имав проблеми и претходно меѓутоа краткотрајни. Ги знаев причинителите па наоѓав начин да се справам. Конечно имав активност која ја сакам и ми помагаше, но поради ситуацијата веќе не можам да ја извршувам. На почетокот на пандемијата имав онлајн предавања, последен семестар па колку толку пополнував време. Имав причина за среќа, конечно ќе го завршам факултетот, па се спремав за дипломски, апсолвентски и слично. Гледав да имам различни активности, вежбав, планинарев, имав мотивација да направам нешто за себе во карантинот. Ми беше лесно, ионака не бев некој кој често излегува и се дружи. Ама, имав надеж и дека се' ќе заврши брзо, но еве уште трае и веќе немам надеж. Гледав да избегнувам секакви информации иако е невозможно, само сум игнорирала па сега ми е дупло потешко. Мотивација за ништо, тешко да станам од кревет, се' што правам е без концентрација. Сите планови и желби кои ги имав пропаднаа, а бев мотивирана како никогаш. Сега стресот почна да ми се одразува и физички. Се изнаширив негативна енергија, ама ајде, мора да сме силни за себе и за тие околу нас.
https://theconversation.com/acedia-...3TbWNaljmnvfUHy3FK04zwz0btGdABdUdyh6v1Lqg1ToE Ацедија било името на емоцијата што многу луѓе ја чувствуваат периодов. Некој хибрид од анксиозност и апатија.
Знам дека многу луѓе се под стрес и имаат анксиозност откако почна короната, тоа се веќе 7 месеци. Навистина станува тешко да се држиш стабилно емотивно кога ништо околу тебе не е нормално како што било. Како што доаѓаат пократко есенски и зимски денови ќе биде и потешко знам. Јас лично целиот овој период сум под голем стрес, на периоди и поизразено, секојденвиоето ми е сведено на дома и работа, прошетка во природа, неопходно пазарење, контакти со многу многу тесен круг луѓе. Реодендени, свадби, крштевки кафичи, пијачки, ресторани, ништо од тоа не практикувам за цел да знам дека ризиците свесно сум ги намалила да се заразам. Исто така не сум била на фризер, депилација, козметичар, аеробик... апсолутно никаде( се практикувам во домашни услови сама). И како одминува времето и гледам дека луѓето живеат нормално (и покрај огромни бројки на заболени) а јас чекам, се прашувам до кога ќе чекам? Ја знам целта на ограничувањата што сум си ги наметнала, ама на крајот на денот гледам дека јас тонам емотивно, а немам друг избор.
Мојата анксиозност не е толку од короната колку што е од луѓето околу мене што ми набиваат чувства на вина. Ако одам до кај моите слушам коментари дека не е момент да се шета. Ако некој близок ми се покани на гости одма превртување очи.. Во ред сфаќам, со мало бебе сум и јас не сакам никој да се зарази, ама работава на подобро не оди туку само на полошо. Се нервирам што се оддалечувам од блиските. Ете сакам и со другарки да се видам, избегнувам многу луѓе, никаде не излегувам. Ама брат ми, сестра ми и сите други блиски не сакам да ги одбегнувам. Не можам да функционирам така.. Дома сите ми ствараат притисок и едвај дочекувам да се стемни и да заспијам и се молам утрото да не го дочекам и да не биде ист секој следен ден.. Буквално како робот сум. Син ми ме буди во 6 наутро, пиеме кафе со свекрвата (со сила, едвај ја гледам), излегувам на тераса пушам цигара, се враќам и си играм со малиот, во денот јадам 100 пати и на секои 3 часа да правам АД за бебето и се така. Потоа накај 17ч вежбам, пијам протеин, се туширам, околу 20ч го бањам малиот, па го шетам, го заспивам и легнувам. Секој ден е комплетно ист. Проследен со милион нервози и страв да не избие кавга помеѓу мене и сопругот заради мојата нервоза и напнатост. Едвај се воздржувам да не кажам некои работи. И што е најлошо не можам никаде да одам и да се издувам. Барем со тетка ми сакам да се видам или со брат ми или сестра ми. Не можам ќе пукнам. Ако излезам одма имам коментари и ми набиваат чувства на вина, па и сопругот знае да каже да сум седела дома дур не помине короната,неговите биле стари,бебе сме имале толку ли не ми било гајле.. Не знам кој ќе биде денот кога ќе ги изгубам нервите.
Преплашена сум. Си правам филмови дека ако закачам корона ,нема да можам да дишам и ке ме стаат на респиратор. Анксиозноста ми е на 100ка. Незнам како да си помогнам. Пред три месеци ,правев тест и имав антитела..незнам дали ќе ми помогнат...
Да,се плашам се плашам за себе се плашам за тие околу мене ама повеќе од стресот него ли од самиот вирус! Ми се затна носот и секој ден психа ме јаде а не сум била у контакт со заболен ниту некаде без маска,обична настинка е ама паника до даска
@Fallen.Angel не дозволувај кој било да ти наметнува чувство на вина. Возрасна, разумна личност си, верувам дека расудуваш и одлучуваш правилно. Наметнатото чувство на вина е најбрзиот пат кон депресијата.