На повеќето од претпоставените им одговара ваква атмосфера. Никој на работа не сака доволно интелигентна личност, туку само да знаеш (солидно) да сработиш, ама да не ти доаѓаат многу идеи за подобрување. А тргнеш со идеите, одма си закана.
Кое е вашето мислење за заследување колеги на соц. мрежи? Се следам со повеќе колеги на Инста, воглавно тие ме имаат заследено мене па сум вратил фолоу од култура. Со 95% од нив реално не комуницирам, нити Здраво не си викаме. На Mute ми се, одвреме-навреме отварам да видам, и баш онака не ме интересира ни кај се, ни со кого се. Кај вас како е? Би ги отследил ама не знам како ќе се сфати... што ги знам утреден
Не ме следат ниту па ни ја не ги следам. Иако инсистирале да ме заследат или да ме најдат нема да успеат. Не гледам причина што има толку да ги интересира што правам јас на социјални мрежи, кога мене воопшто не ме интересира за нив надвор од работно место. Ако ова им го кажев па мислам лошо ќе ме гледат, затоа само ќе им кажам немам Инстаграм или ако ме најдеа ќе им речев стар е не го користам.
Не сакам да користам фејсбук. Ме бараат од работа ама не ги прифаќам. Ни своите претпоставени не ги прифатив на фб. Ако ми спомнат дека ме побарале, им велам дека не користам ФБ и скоро никогаш не сум активна таму, не следам кој ме бара и сл. Мислам дека луѓето сакаат да ти ѕирнат во приватниот живот, да оговараат и ги злоупотребуваат информациите што ги споделуваме на ФБ и на социјалните мрежи. Луѓето гледаат не само што си објавил туку и кои ти се пријатели на ФБ и тоа го злоупотребуваат. Дури следат и лајкови кому ставаш. На моите блиски им имам забрането да ме објавуваат на своите ФБ профили без моја дозвола. На ФБ имаме повеќе приватни и семејни релации кои можеби не сакам да ги мешам со професионалните. Во суштина одамна престанав да ги "хранам" со објави социјалните мрежи. Сите слики и пријатели ми се приватни. Линкдин ми е многу по ок за професионални конекции, за барање работа и сл.
Ич да не ти е гајле како ќе се сфати. Секогаш го кажувам тоа ние сме колеги од работа, а не другари. На инста имам само 2 колешки што се имам и приватно т.е надвор од работа. Друго ништо не прифајќам јер колеги. Иако има и упорни што ме додаваат по 100 пати али не гледам зашто колега кој е семеен човек и кој има деца на моја возраст би ми гледал слики на инста или помладиве колеги кои се збеснати до макс. Колеги се едно, пријатели друго.
Сега на новово место не се следам и многууу ми е мило. Ама затоа ме заследи една колешка од предходното работно место и тоа откако заминав. Ја прифатив пошо реално си Стоев во добри односи. И после одма ме отследи. Возрасна жена хахахахаха. Немаат што со животот вајда Комотно не прифаќај. Или тргни го request-от. Гајле ти е. Ако е безобразна да те прашува зошто, кажи дека го користиш само за комуникација со блиски пријатели.