Корсетите се моја страст, ги носам и тие што се како долна облека за посебни прилики Ама тие за излегување ми се уффф Носам од оние што се како појас, за под цицки, бидејќи имам големи гради и не ми стојат баш убаво тие што се до горе, зависи уствари од моделот се погаѓаат некои. Мислам дека не постои нешто поубаво што може да ја истакне женската половина, толку се женствени и секси. Најубаво парче облека според мене.
Освен можеби, иако и тоа е знак прашање, на свадбениот фустан да имам прикриен корсет, во друг случај 99,9% сум сигурна дека никад не би облекла корсет во животот! Едно од најнеубавите парчиња гардароба што се измислени. Освен таму во 50-60сетите, ми се свиѓаат тие фустани, за тој период.
Сакам корсети иако немам многу во плакарот. Убаво изгледаат многу на тесна цефка фармерка со некоја огроооомна потпетица Планирам периодов ако најдам некои убави да си изнакупам, па да не му ја мислам многу навечер што да облечам.
Jaс ги имам во изобилство но ретко ги облекувам ...Ех што пари имам испофрлано во Trashy на корсети а неколку од нив немам ни облечено Некои се и многу комплицирани за облекување, требаат саати за да се нашнираат, спастрат...Ах, а на изглед се прекрасни неодоливи Кога ви го спомнав мојот омилен бренд за долна облека, да ви постирам неколку омилени парчиња од нивните корсети: ...хуј, се препотив а има уште билион ама ај нема смисла.... тоа е, таква сум...долен веш ми е опсесија и никогаш не ми е доволно!
Имам две корсетчиња, чипкани, едното е црвено, другото е црно. Ги користам како долна облека и ги носам без градник. Удобни ми се, ги носам како боди и планирам да си купам уште неколку во различни бои. Дечко ми особено ги сака
Кога ја отворив темава ми текна дека имам едно корсетче кое никогаш не ми е облечено. Го добив како подарок за матура. Вакво е слично