Каде има бе кај нас корсети ама не веш туку за на улица, цветни, еднобојни, сеедно? Нигде, ама нигде немам видено.
Ептен се убави, можеш слободно да ги искомбинираш со сукњиче со принт, со некое коланче, убаво изгледаат, а и не се толку нападни.
Обожавам корсети, еве го последниот што си го купив и толку сум среќна што некогаш си го облакам за по дома
Обожавам корсети, а особено оние цветните, или пак стандард бела/црна/тегет боја, ама во Скопјево наше тешко да се најде асален корсет. Море воопшто да се најде, а камоли па асален.. Не дека се фалам, ама имам гради и сите ми викаат дека одлично би ми стоеле корсети, а и дека сум слабичка, ама што знам, дур не пробам којзнае. Тоа што носат повеќето девојки а ги викаат корсети, не се корсети, тоа се најобични топчиња памучни, а мене не ми требаат такви. Па, ако знае некој каде има, нека каже.
Пошо и јас не можам да најдам солиден корсет, значи баш корсет со потпора за гради, не маица без рамки шо многу продавачки низ бутиците ми ја нудат како замена за корсет , ме интересира дали може да се сошие кај шијачка? Некоја феминка има искуство да сподели?
Многу сакам да носам корсети и ги имам повеќе, во различни бои! Особено ги сакам оние корсети кои не се рамни горе. Вака нешто:
Обожавам корсети и често ги носам. Со се се комбинираат и многу убаво стојат. Посебно сакам корсети кои имаат како корпи кај градите и се цврсти за да неморам прслук да носам и да не се малтретираме со прерамки па се гледале па силиконски прерамки штрчат ...