Корупција во образовниот систем

Дискусија во 'Образование' започната од RainBow, 6 јуни 2010.

?

Сте се сретнале ли со корупција во образовниот систем?

  1. Да

    34 глас(а)
    70,8%
  2. Не

    14 глас(а)
    29,2%
  1. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.981
    Допаѓања:
    66.384
    Пол:
    Женски
    Сте се сретнале ли со вакво нешто на вашиот факултет? Еве баш сега слушнав за новиот систем за пријавување по електронски пат. Што мислите за ова ќе успее или? Добро е што може да се пријави корупцијата и што тоа може да биде и анонимно, бидејќи нашиве студенти се многу исплашени.
    И на мојот факултет имаше ваков случај. Го пријавија професорот, го суспендираа и после некое време пак го вратија на работа да биде угледен професор. И каде е тука правдата?
    Дали и вреди да се пријави корупцијата кога и така нема ефект?!
     
  2. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.477
    Исто и кај мене имаше таков случај и после кога го вратија во таа сесија сите ги бутна оти бил многу изнервиран па да им врати на студентите |( Постои корупција на факултите и тоа посебно на тие потешките факултети каде што намерно те бутаат за да си го платиш испитот а ако не ќе треба да пишеш квадрат и да губиш цела година. На економски сите знаат дека математика и статистика од 1000 души од генерација во прва година, можно е само околу 200-300 да го положат преку колоквиуми,а на тие што ќе им остане за на испит или ќе го платат или ќе губат година. Таква е ситуацијата на нашите факултети. Сега може ќе се сменат работите затоа што многу студенти се запишуваат на приватни, па државните губат студенти па може ќе омекнат малку во оценувањето, ама кој знае? :^) Кај нас корупција има во секој можен сегмент од општеството и во секој сектор од стопанството, па така нормално е дека и во образованието ќе има. Не може да очекуваме одеднаш да се искорени корупцијата,затоа што и самите власти колку и да викаат дека прават напори за борба против корупцијата, они и самите учествуваат во неа. Ќе фатат еден професор и ќе се збори на ТВ дека демек многу вешто се борат против корупцијата, а реалноста е дека додека го фаќаат тој професор, во исто време има уште 50 други проф. што земаат мито. И тие сите професори се јаки луѓе и се поврзани со политичарите така да не ми се верува баш дека може да дојде некоја влада и да ги отпушти од работа затоа што земале пари за испит :^) Они самите со себе се штитат. Затоа не гледам дека во скоро иднина би се решил тој проблем. Добро е барем да се намали до некои размери, ама за целосно да се искорени потребни се многу поголеми напори, мерки и контрола.
     
  3. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    го имам почувствувано на своја кожа :) ама не му платив бе :D ме фати инат :lol:
     
  4. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.936
    Допаѓања:
    134.480
    Е па редно време беше да ги подберат малку, иако ова е далеку од подбирање, ама ај да речеме дека е прв чекор.
    Како прво со книгите на некои факултети 'ршум направија. 2000 денари книга, па морало сите да ја купат, а секоја година - ново издание! Направи ја 500 денари, сите ке ти ја купат, и онака толку ке платат за копија.

    Плакање испити верувам дека има на секој факултет. Не кај сите професори, ама кај дел од нив дефинитивно. Ќе ги протресат, тие се на ред. Во Хрватска парче ги направија. Се надевам и тука ќе ги средат.
     
  5. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.853
    Пол:
    Женски
    Ако почнам да кажувам за на мојот факултет, отиде темава во полиција :rofl: Шала на страна, многу имам да зборувам ама ќе се задржам на кратките и прецизни работи. Има. И во никој случај нема да се сопре, затоа што ова е Македонија(не дека во другите држави нема, но полесно се sправуваат и побрзо) и затоа што тука никој нема храброст да се проба да му се спротивстави на професорот. Уствари има, но малку се, и така сите само си чекаат, на некој ќе го фати шестар системот, некој и ќе даде, а некој ќе учи факс и до 35 година од животот. Има професори кои се директни и отворено си кажуваа колкава им е тарифата, има и онакви кои одоколу си кажуваат, а има и кои ништо не велат, ама се некој ќе се најде и ќе им даде под рака. И сите на крај земаат. :!: :@
    Имам еден професор кој не бара, ама зема. Како? Пуштил мушичка уште од денот кога станал професор и кај него се знае како се поминува. Да ви ја кажам таирифата ли? 10 000 денари за една шестка. Не е скапчија, нели? :lol:И си го влечам неговиот предмет од втора година, за џабе, ама немам да давам пари и точка. На крај изгледа сепак ќе мора :( И бил суспендиран еднаш, и платил казна за тоа, ама џабе бе, пак го вратиле на работа, сите го сакаат и почитуваат( демек).
    И сите студенти го знаеме тоа, јавно зборуваме, се жалиме секаде, ама никој не слуша. Сите викаат имaл добра позадина |( :rock: . Па да , знаеме тоа, не е само тој, тој е еден од многуте такви.
    И мислам дека ни тајно, ни јавно кажување нема да помогне, ниту интернети, ни телевизии нема да ги спасат студентите и учениците од корумпирани професори.
     
  6. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.981
    Допаѓања:
    66.384
    Пол:
    Женски
    Исто мислам дека нема да се искорени оваа корупција додека има корупција во погорните сегменти. Значи професорот и да го фатат, пак има врски и ќе се извлече. Затоа проблемот мора од корен да се исече, па да се тера понатаму.

    Ееееј професор да го фатат за корупција со цврсти докази и пак да го вратат на работа. И после ќе биде угледен човек што треба да постави пример. Па каков пример ќе биде тоа?

    Меѓу предавања седнале пијат, локаат и после едвај се додржуваат до предавалната. Па не знае што зборува и треска некои глупости. Се придржува на таблата да не отиде.
    Ццц еее таков ни е образовниот систем.
     
    На nevermet18 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    16.513
    Допаѓања:
    34.311
    Пол:
    Женски
    Стандард појава, за жал. Бараат пари за да пишат повисока оценка или за да те пуштат да поминеш со 6ка. Форсираат да ги купуваш нивните книги. Ако те види со туѓа книга, сонувај дека ќе поминеш кај него/неа. Од инает ќе те бутка. Да не споменувам професорка од Правен факултет. Сигурно ќе ја препознаете. Бараше да и ги купиш книгите....и кога ќе одиш по оценка да ги носиш со тебе, ама на нив да стои твоето име и презиме. (facepalm)
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  8. thequeen95

    thequeen95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2016
    Пораки:
    1.232
    Допаѓања:
    4.864
    Пол:
    Женски
    Ооо да.
    Имав дури и понуда од професор да се дружиме во хотел па да ми пишел оценка.
    6 месеци по судови одевме и џабе он пак си е на работа.
    За пари нема да зборам сите професори зимаат, страшна работа.