Дефинитивно ја нема таа возбуда како Величествениот. Берен е утната 100% едноставно не си одговараат со Ахмед, многу е стара за него. Актерката е добра, но за друга улога! Сцената со татко и’, и онаа песната нејзина (Нунурисам, Маргарита рења моу), требаше да бидат да плачеме, да рикаме...А, јас лично не доживеав ништо емотивно од тоа а, во принцип плачка сум на филмови.. Така што само се разучарувам, и многу ми е криво, зошто да биде така кога со душа ја чекав...
Косем трудна е! http://tims.tv/video/muhtesem-yuzyil-kosem-11bolum-fragman-1 Јас ќе ја гледам серијата за гледање,ама ја нема серијата таа енергија како шо ја имаше кога ја гледав Хурем во Величествениот...ајде сега то е...
Серијата станува поинтересна, а и Берен се поправа, поубо глуми. Сега почнува да има подобри настани. Сепак не е се до сценариото, во прашање се глумците. Величествениот имаше добро сценарио во 4 сезона но дека ја немаше Мерием немаше многу гледаност. Ке продолжам да ја гледам серијата се надевам дека со текот на времето се ке се подобри.
Серијата е одлична,а и Берен - после најавата за 13 епизода и 12 епизода..Веќе почнува се да се совпаѓа, возбудливо е..
За каква смртна казна зборува лепотичот мој? Колку што знам Фахрије(во историјата е Ајше)султан не била смртно казнета од султанот или да не била? Јас знам дека Дервиш бил обесен или главата му ја секоа,така нешто,по наредба на сулатнот Ахмет во историјата...и овде така ќе прават?
Види сега дали ке ти отвори http://cs404130.vk.me/u133870007/do...eONhOHu1kj-UesvZiOrpMHndFnEyllCDtCKF4nJnElN8A
Оооо.. 13 епизода беше совршена, Берен глуми многу добро, последната сцена ме наежи. Малце жал ми падна за Фахрије, ама таја ке си ја добие заслужената казна. Треба да и се врати за се на Сафије Султан
Леле...не зборај жити се...како ќе издржам до недела? Сите ја испофалија епизодава... иначе ерор 404 ми вели за сликата шо слика е мор?
Хулија Авшар (Сафије) е маестрална во новата најава, сцената со Ахмед кога плачи и кога седнува на султановиот кревет е епска, ме наежи