На една страна прочитав: По последните известувања на серија му се приклучија и Burak Yamanturk и Canan Erguder. Сеуште никој не знае точно кој актери ке глумат во втората сезона од Косем. Со нетрпение ја чекам.
Стварно незнам, ама прочитав дека повеќе Берен Саат немало да ја глуми Косем Султан. Нурѓул ќе ја глумела Косем, ако е вистина искрајно мислам дека е подобра глумица
Кај нас? Не...македонските приказни со наслови како Прдливата снаа имаат повеќе вредност од една историска серија
Ми се допадна премногу новата постава оваа сезона.. Берен разочара тоа веќе сите го видоа и искрено не ја ни догледав првата сезона од толку безживотност што имаше во неа од нејзина страна. Нурѓул и Фара дефинитивно ќе донесат енергија и свежина во новата сезона, и двете ги почитувам како актерки бидејќи навистина се имаат покажано и докажано.. Особено Нурѓул која досега имала поприлично незахтевни улоги мислам дека ќе и биде огромен предизвик да ја игра Косем и ќе даде се од себе да внесе што повеќе моќ во нејзиниот лик додека Берен која на старата слава како Фатмаѓул и Бихтер мислеше дека нема потреба да се докажува и покажува и притоа толку безживотно ја провлече Косем како нејзиното присуство во серијата да беше сосема доволно и да немаше потреба од додатна енергија а тука многу актери грешат и потклекнуваат во актерството кога играат на картата на старата слава.. Искрено да одлучеше продукцијата Анастасија Тсилимпју да играше до крај на сезоната мислам дека таа како млада дебитантка во актерските води ќе дадеше се од себе да се докажи и со тоа максимално ќе го доловеше ликот на една ваква значајна историска личност, но што е тука е.. Мислам дека продукцијата направи одличен избор со тоа што одлучи да донесе нова актерка.. Исто да го пофалам кастингот за Султанот Мурад IV кој е еден од најзначајните владетели после Сулејман во историјата на Османлиското царство, неговиот лик ќе го глуми актерот Metin Akdulger. Можеби за многумина не е познат но се прослави во најпопуларната серија за 2014/2015 година Mеdcеzir како негативец, актерот има талент и мислам дека одлично ќе ја одигра улогата Мурад. Исто со Фара мислам дека ќе бидат одличен пар, осеќам ќе има јака хемија меѓу нив.. Иако Ајше Султан не имала некоја значајна улога во неговото владеење, не сум сигурна дали ќе ја видиме како ривал на Косем или како нејзина сојузничка.. Досега Фара не глумела негативка а мислам дека одлично ќе и стои негативна улога.. Исто така сеуште во голема тајност се држи и кастингот за Турхан Хатиче Султан - последната султанка која била дел од Султанатот на жените и воедно онаа која ја убила Косем. Како и да е, новата сезона ветува многу и мислам дека овој пат нема да се разочараме како што се случи претходно. Да напоменам сликите подолу се фотошоп од фанови, официјалните промо слики и трејлерите за 2та сезона се очекува да излезат кон крајот на Септември, а првата епизода најверојатно како и лани ќе ја чекаме дури во Октомври.
Мислам дека Берен сеуште ќе глуми Фотографијата излезе денес ова дел од сезонската промо слика за 2 сезона
Ma kakva Beren... Inace FOX?!?!?! https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=643893662440176&id=494674487362095