1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Косем Султан (Muhtesem Yuzyil Kosem)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од MayDiamonds, 13 септември 2015.

  1. MayDiamonds

    MayDiamonds Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2013
    Пораки:
    1.695
    Допаѓања:
    1.990
    Сеуште не можиме да видиме што се случува ама дали мене тоа ми изгледа дека Берен има темна коса? (facepalm)
    Дали продукцијата ќе направи такво фијаско се прашувам :x
     
    На weareunicorns му/ѝ се допаѓа ова.
  2. weareunicorns

    weareunicorns Активен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2015
    Пораки:
    105
    Допаѓања:
    68
    Пол:
    Женски
    На сликава Берен е со светла коса, но мислам дека не е доволно светла колку на Анастасија. Ке видиме како ќе изгледа кога ке се појави во серијата :D
    [​IMG]
     
  3. MayDiamonds

    MayDiamonds Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2013
    Пораки:
    1.695
    Допаѓања:
    1.990
    Како сакате кажете, јас не можам да ја прифатам Берен како Косем па и колку да е одлична и талентирана актерка.. Не секој можи да глуми секаква улога, треба да се внимава и на останатите работи при изборот а не само тоа актерката да е популарна.. Има изглед, има глума во неа али за улогата на Косем едноставно не е вистинската. Јас си стојам на зборот, ќе продолам да ја гледам серијата секако али не со истото исчекување и воодушевување..
     
  4. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.449
    Допаѓања:
    32.734
    Пол:
    Женски
    Вака сега...гледам почнаа со најава за шеста епизода,барам на мовтекс немаат превод од петтата...ја нема ли преведено некаде или допрва таа работа?
     
  5. MayDiamonds

    MayDiamonds Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2013
    Пораки:
    1.695
    Допаѓања:
    1.990
    Пишав поназад во темата дека преводот излегува во недела поручек на movtex.net
    а без превод ја има на официјалниот јутуб канал на серија излегува одма после премиерата во четврток. :)
     
  6. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.449
    Допаѓања:
    32.734
    Пол:
    Женски
    Ок....извини хаха не ѕирнав :$
     
  7. seagirl

    seagirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2011
    Пораки:
    101
    Допаѓања:
    27
    На официјалната Фб. страница на Косем, Турците имаат многу негативни коментари за Анастасија. Наводно 5тата, епизода била ужасно здодевна (Анастасија сака да бега, бега, па не бега, и цело време околу тоа)... Коментари од типот дека рејтинзите на серијата се далеку, далеку од очекуваните, и дека Берен треба под итно да настапи на сцена... Мене искрено, не знам како ќе ја вклопат Берен, крајно не сфатливо ми е?!
    Што мислите?
     
  8. MayDiamonds

    MayDiamonds Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2013
    Пораки:
    1.695
    Допаѓања:
    1.990
    Берен ја направија како Анџелина Џоли да треба да доаѓа во серијата.. Како којзнае колку да е популарна па очекуваат дека рејтингот магично ќе им рипне до 100..
    Рејтингот не им е слаб поради Анастасија туку поради сценариото, можеле да го сработат многу подобро, на крај краева актерите го глумат она што му е наложено, сценариото го пиши продукцијата а не актерите..
    Многу повторливи сцени од Величенствениот, премногу.. Затоа и им се досадни епизодите во прв план..
    Бунтот на јаничарите = веќе видено,
    султанката ја мажат со некој шо не сака = веќе видено,
    султанот го трујат = веќе видено
    што повеќе?
    Не е крива Анастасија, криви се сценаристите..
    И ајде баш ме интересира каква магија ќе направи Берен кога ќе дојде, ја направија од Бог посемоќна веќе..
    Стварно нема смисла ова |( :swear:
     
    На simonna.a и Mala-volsebnicka им се допаѓа ова.
  9. seagirl

    seagirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2011
    Пораки:
    101
    Допаѓања:
    27
    Дефинитивно се согласувам, дека се повторуваат сцените од „Величествениот“, треба малку поиновативно (знаеме дека нештата се повторуваат, тие биле сплетките, ама дајте да не гледаме репризи во поинакво издание). Берен не ми била ништо посебна во филмови во кои претходно глумела. И то :)
     
  10. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.449
    Допаѓања:
    32.734
    Пол:
    Женски
    Треба да направат нешто така јако да се случи не знам шо конкретно и оп да се сврти некако 360 степени да се зголеми гледаност..на пример:!:
    Анастасија ми е супер,не е до неа,до тие таму шо чкрапаат сценарија...треба серијава да збувни така како во пламен како шо праеше Мерјем со секое појавување на Хурем8-|
    Еми ко тргнавте драги фанови турци на величествениот серијава по Берен,како шо правевте лани дека Бред Пит ќе дојдел,ај ви се молам донесете го Џони Деп.Ем убаво за очи,ем за уши...ете така:emo:
     
  11. MayDiamonds

    MayDiamonds Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2013
    Пораки:
    1.695
    Допаѓања:
    1.990
    Не очекувам ништо спектакуларно од страна на Берен, не мора да значи дека ако се покажала успешно во улогите на Бихтер и Фатмаѓул дека истото ќе се случи и со Косем..
    Какви светски признати актери кои одиграле маестрални ликови потклекнале на некои сосем понесериозни.. Не е секој актер роден да игра секаква улога, на секој му стои посебен тип..
    Берен која до вчера играше во сапуници не очекувам дека ќе експлодира играјќи историска личност..

    Немам ништо против актерката, не сум ја гледала во многу епизоди од сериите во кои глумела.. Онака згора на преку, али според мене нема некој „историски лик“.. Сакам да кажам дека има модерна фаца за да игра жена која живеела пред 1500 години..
    За разлика од Мерием која има баш таква историска фаца, а исто и Анастасиа баш има типичен грчки изглед - природна карактеристична плава коса, сини очи и маслинест тен.
    Берен ептен ќе го осовремени ликот на Косем, исто како во Tudors кога го ставија Џонатан да го глуми Хенри поради тоа што е згоден а од историскиот крал Хенри по изглед е светлосни години далеку (facepalm)
     
    На Marossa му/ѝ се допаѓа ова.
  12. seagirl

    seagirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2011
    Пораки:
    101
    Допаѓања:
    27
    Очигледно и ние, слабо ја пратиме. Гледам по групава. Не е како Величествениот, со еден куп коментари и дискусии...
     
  13. weareunicorns

    weareunicorns Активен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2015
    Пораки:
    105
    Допаѓања:
    68
    Пол:
    Женски
    И јас мислам дека Берен нема енергија на Султанка, ние сме ја гледале како тажна личност, личност која би одговарала за Фахрије Султан или Хатиџе. За Косем, која била моќна жена требаше да одберат лик сличен на Мерием. Но ќе видиме како ќе глуми ;) Величествениот доби многу гледаност дека беше емитуван на TV и Косем да ја даваат ќе биде по популарна, бидејќи народот денес сите турски серии ги прати на TV. :D
     
    На MayDiamonds му/ѝ се допаѓа ова.
  14. MayDiamonds

    MayDiamonds Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2013
    Пораки:
    1.695
    Допаѓања:
    1.990
    Точно така, се согласувам со тебе @weareunicorns во врска со Берен, дефинитивно нема таква енергија,
    секако дека ќе видиме како ќе се покажи ама јас немам некои посебни очекувања ниту надежи.. Знам дека нема да ја гледам серијата со исто возбудување како сега.

    Што се однесува до емитувањето сеуште е рано да биде откупена од некоја телевизија бидејќи се прикажани само 5 епизоди.. Нашите телевизии обично откупуваат серии кои се веќе завршени, инаку не се сомневам дека после огромната популарност која ја имаше Величенствениот кај нас дека ќе ја откупат и Косем, но за жал секако дека ќе биде синхронизирана.
     
    На weareunicorns му/ѝ се допаѓа ова.
  15. weareunicorns

    weareunicorns Активен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2015
    Пораки:
    105
    Допаѓања:
    68
    Пол:
    Женски
    Најава за 6 епизода
     
    На MayDiamonds му/ѝ се допаѓа ова.
  16. weareunicorns

    weareunicorns Активен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2015
    Пораки:
    105
    Допаѓања:
    68
    Пол:
    Женски
    Втора најава за 6. епизода
     
    На MayDiamonds му/ѝ се допаѓа ова.
  17. MayDiamonds

    MayDiamonds Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2013
    Пораки:
    1.695
    Допаѓања:
    1.990
    Уште 6 часа до новата епизода, едвај чекам.. :clap:

    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На simonna.a и weareunicorns им се допаѓа ова.
  18. weareunicorns

    weareunicorns Активен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2015
    Пораки:
    105
    Допаѓања:
    68
    Пол:
    Женски
    На интернет излезе следнава слика со натпис дека била првата слика на Берен за Косем Султан. И се зборува дека во следната епизода ќе глумела Берен. Не се знае колку е вистина се додека продукцијата не ја каже вистината.
    [​IMG]
     
  19. MayDiamonds

    MayDiamonds Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2013
    Пораки:
    1.695
    Допаѓања:
    1.990
    По правило секој петок излегува нова најава, сигурно вечерва ќе дознаеме дали ќе се појави Берен во 7ма епизода или не..
    Ако ова е вистина официјална фотографија тогаш сум крајно разочарана, можеле да и стават перика или да ја исфарбаат.. Мразам кога некој лик пораснува и треба да биде заменет со постар актер и ги занемаруваат главните карактеристики бојата на очите/косата како ние да нема да заприметиме.. |( Или нека прават нешто до крај како што треба или воопшто нека не започнуваат..
     
  20. weareunicorns

    weareunicorns Активен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2015
    Пораки:
    105
    Допаѓања:
    68
    Пол:
    Женски
    Се согласувам со тебе, мислам дека требаше да ја исфарбаат плава да личи на Анастасија, или да и стават надоградба, перика, што било само да наликува на Анастасиа. Да не забоавиме Мерием беше портокалева во косата, а и Вахиде ја исфарбаја портокалева. Можеби оваа фотографија не е официјална но ако е и јас сум разочарана.