Леј ептен глупо.... Страшно многу не личат, до вчера Насија начинот на кој говореше, гласот, и сеа го изодува патот, наводно расте и трап одеднаш нешто апсолутно ново... Безвезе!
Како може да направат толку голема грешкаа.. косата.... глупаво направија што туку така порасна, сега ќе видиме како ќе глуми Берен
Јас сум многу многу многу разочарана.. Ми ја уништија омилената серија. Ова беше единствената серија која последнава година ја чекав со огромна возбуда и нетрпение, уште од Величенствениот почна да ме интригира историјата на Османлиската империја, особено тој фамозен Султанат на жените.. Уште од порано имав читано за нив, и особено ме интригираше ликот на Косем.. Кога ја најавија серијата буквално срипав од среќа.. Анастасија ми ги освои симпатиите уште од првата слика со нејзиниот портрет, добив некое чувство дека ова е таа.. Девојката има нешто во неа, има харизма, карактеристични експресии на лицето, црти, долга плава коса.. Сакав да го гледам нејзиниот пат, сакав да гледам како нејзиниот лик полека почна да се развива, како од Насја стана Косем Султан.. Како пополека се искачуваше по скалите на моќта.. А сега вака на половина пат ми го уништија таа приврзаност за ликот.. Нема да можам идната моќна Косем да ја поврзам со онаа невина плавокоса девојка која плачејќи одеше на првиот халвет, едноставно таа во сеќавањето ќе ја паметам како друга личност, како некоја друга девојка во харемот на Ахмед.. Жалам но и колку да е Берен одлична актерка и колку да е популарна јас едноставно не можам на пола пат да ја прифатам како истиот лик, не ја гледам како таква.. Нема ништо од она што Анастасија имаше. Таа последна сцена каде што Анастасија излезе од одаите на Ахмед засекогаш ќе ми биди во помнењето, ако продолжам да ја гледма серијата што искрено ја изгубив сета волја, во секоја сцена каде што е Берен ќе замислувам како Анастасија би постапила.. За продукцијата немам збор, крајно непрофесионално, крајно несериозно, крајно малоумно од нивна страна.. Ги направија гледачите затуцани, како да нема да ја видат разликата од едната до другата актерка.. Берен дефинитивно изгледа многу старо за Ахмед, и колку да е младолика едноставно се осеќа таа разлика во години кога ќе ги видиш.. Воопшто не си одговараат, не осетив ни малце хемија во тие неколку секунди што беа на трејлерот а што останува за понатаму... Многу ми е жал навистина, ова веќе еднаш го доживеав со промената на Хурем со Вахиде, и сега повторно.. Во иднина не би му дала шанса на ниту една серија која би излегла од оваа продукција, а искрено моите претпоставки се дека оваа серија нема да има некој блескав рејтинг ни одсега.. Предвидувам дека ќе ја завршат порано од очекуваното, незадоволството на гледачите излезе на површина, на јутуб и на официјалната страна се плука на мртво по продукцијата.. И со право.
Навистина прерано завршија со таа плавокосата глумица шо ја глумеше Анастасија....барем во втората сезона некако да вметнеа или бојата на косата нешто да изводеа ама ај саа...аф бе ние ли да ве учиме како да снимате серија...абе реков еднаш пак ќе речам-се родив во погрешно време..јас да бев Хурем или Косем ќе растурав Не сум многу запознаена со историјата на султанот Ахмед...колку време владеел/живеел чоеков?
Јас стварно немам што да кажам, или да ја започнеа серијата со Берен и така да ја завршеа, или да ја започнеа со Анастасиа и така да ја завршеа. И третата опција ако толку му беше да клат популарна глумица да ја напраеа да личи на Анастасија ама многу.. Овде има премногу разлики.. Баш сакам да ја гледам 7 епизода и да ја видам глумата на Берен.
Само што ја изгледав 6та епизода и навистина е штета. Јас мислев дека Берин ќе ја глуми Косем во поодминати години а не дека вака ќе направат во едната сцена Анастасија а другата Берин. Штета, баш имав големи очекувања..
Мнозинството од гледачите како на официјалната страна на серијата така и на епизодите на јутуб се против доаѓањето на Берен, изгледа дека сепак Берен нема да ја донесе очекуваната популарност на серијата.. Жалосно е што вака ја упропастија, на толку абсурден и бесмислен начин го направиа тоа вметнување, навистина крајно крајно непрофесионално.. Анастасија обетуваше многу, актерката е чудо од талент.. Невидено моќно глуми, просто човек да се наежи.. Ама изгледа талентот е ништо наспроти популарноста, и колку некој да не се согласува со мене мислам дека Берен како актерка е преценета.. Навистина огромна штета, жал ми е што ми згасна сета љубов и возбуда кон серијата, не знам како ќе продолжам да ја гледам, но ете некако ќе соберам сили како што сторив кога се појави новата Хурем.. Ама пак ќе кажам, не и предвидувам добар крај на серијава.. За жал, една ваква величенствена историска личност да биде унаказена на ваков начин, можеа од ова да направат вистински спектакл за гледање за кој целиот свет ќе зборува, но Јилмаз Шахин воопшто не се потрудил околу овој проект. Се надевам можеби во некоја следна прилика, некоја далеку посериозна продукција ќе го искористи ова и ќе направи далеку по квалитетна серија за Косем Султан.