Нели погледот на една султанка треба да удира како да е строг така јак поглед а не како на сликава како уплашена срна? Јас ќе ја гледам епизодава кога ќе излези со превод,па да видиме дали ќе сменам мислење
Сеуште не е Султанка, нема родено ни дете, можеби во втората сезона ќе има помоќен изглед. Незнам неможам да кажам конкретно мислење
После изгледана 7ма епизода конечно можам да ја прогласам серијава за катастрофа на годината. Берен го допре дното, глумата пропаст, фијаско.. Тотално ја упропасти серијата. Никакви експресии, монотонија, за малку заспав, па гласот кога и го чув беше крајот. Нема потреба од дополнителни коментари, кога ќе ја изгледате ќе видите за што зборувам.
Ќе почнев и јас оваа да ја гледам,ама кога дознав дека ќе се смени глумицата,се откажав Најглупо нешто во серија е да ти сменат глумица и тоа насреде.А ги ѕирнав најавите,онаа девојката Анастасија е совршена. Преубав е и султанот Ахмед,многу моќен поглед има,а и си одговараат со Анастасија. Не знам стварно како ја одбрале Берен,глумицата е супер,ама нежна,пренежна е за улогата,каде таква појава ќе глуми султанка. Сами се саботирале уште од почеток..
Изгледа поради нова година, обично за празници и поголеми денови не даваат серии бидејќи им е страв дека ке има слаба гледаност
Movtex ја преведуваат први и останатите сајтови ја преземаат од нив, веќе е објавен првиот дел што значи и другите делови ќе бидат достапни наскоро.
Абе ја изгледав седмата епизода и не можев да сфатам или сфатив ама ај си реков ќе прашам овде... Абе тој јаничарот во стожерот,Александар/Искендер...да не е синот на Сафије султан? Оној син чиј ковчег празен го пратија?
Дечки, за прв пат го гледав филмот со доза на здодевност... Многу глуп го направија! Рејтингот нема теоретски шанси да биде ни еден прецент на Величествениот. Оваа Косем (Берен), ко да му е тетка на Ахмет. Во споредба со Рајша хатун, како мајка да и е’. Таа првата миленичка (Макфируз), на Ахмет, исчезна никаде ја нема. Случувањата се од типот, „нешто да се случува“. Потоа, ја праќаат во стариот сарај Хамиде, па утре дента се враќа одма (нема возбуда)... Кога го виде Косем прстенот од мајка и’, како да не е таа Анастасија што ја грабнаа и донесоа во сарајот, емоција 0, истото и со татко и’... Се’ на се’ катастрофа. Многу ми е криво што ја уништија серијава, и тоа на почеток. Со нетрпение и душа ја чекав, ама.... :/