Јас мислам дека во сцените му фали емоција каква што имаше во Величествениот, моќ да дадат глумците на настаните, сепак малце е и до музиката, само се повторуваат неколку музики. Во Величествениот имаше многу музики и ти ја правеа возбудата.
@seagirl Сосема се согласувам со тебе, иако јас веќе после 7ма епизода се откажав од серијава кога видов колку бездушно и без емоции глуми Берен, после неа серијата не заслужува ни минута внимание.. Не знам што се случи во новата епизода но редовно ја следам официјалната страна на серијата и повеќе од 80% од коментарите се против Берен, во главно сите се разочарани од нејзината глума и со право.. Едноставно таа не е актерка достојна за ваков лик, нејзината „плачлива“ фаца одговара само за сапуници и ликови без никаква посебна акција.. Повеќе е од јасно дека рејтингот ќе опадне доста, видовме до каде стигна продукцијата со нивната оспесија по рејтинзи.. Веќе осеќам дека ќе ја завршат серијата со некој просечен мизерен број на епизоди како што направија со уште неколку серии од овој тип. Малата Анастасија блесна во секој поглед и дефинитивно ја одбележа серијата, штета што ја уништија приказната со нејзината промена.. Навистина ми е жал затоа што имаа многу добра содржина и одличнен историски материјал да направат доста квалитетна и величенствена серија.
https://www.facebook.com/SulejmanVelicanstveniSD/videos/1047783741955265/ Еве ја првата најава со превод https://www.facebook.com/SulejmanVelicanstveniSD/videos/1049207345146238/ Еве ја втората најава со превод
Многу моќен последниот трејлер, единствениот што ми се допаднал од епизодите со Берен.. Ми се насолзија очите, како да знаев дека Дервиш има многу тажна приказна зад себе..
Ќе ја гледам со преводот в недела јас Најава за 10та епизода...Сафије ептен безобразна излегува,а и му се роди првиот син на Ахмед,Осман од она Раша,Ракша како и да се вика...итн... http://tims.tv/video/muhtesem-yuzyil-kosem-10bolum-fragman-1
Како што прочитав јас нели оваа Сафије султан живеела само 2 години по владеењето на Ахмед. Одкако дојде Берен не направија неколку години подоцна како уште е жива или ја грешам
Само што ја изгледав последната епизода,деветта мислам де,јас па последната... значи ја изгледав...онаму 9 саато превод му текна да дадат... Добро нема врска сега тоа...Сафије да ми беше до мене џелатот ќе го повикав или пак јас лично ќе дејствував или не знам што.... Шо моќно султаниште ќе беше,па па паааа Последната сцена,нема да лажам,искрено се наежив
Девојки почна се повеќе и повеќе да ме разочарува Косем како серија. Дали имав високи очекувања, или пак ... не знам. Порано кога гледав Величествениот не трепкав, сеа повеќе дремам на фб дур трае отколку што гледам :/ Ама затоа како ми се засвиѓа една нова Кордугум... Така што, ептен ми е криво. Со душа ја чекав да почне, и ете... :/ :/
Првите 6 епизоди со Анастасиа како да беа сосема друга серија, немаат никаква врска настаните тогаш со епизодите откако дојде Берен.. Некако ми е бледа, празна, без срце.. Нелогичности до бескрај, Косем ја чуваат како дијамант а сеуште не ни родила принц, никој не смее да ја допре, цела палата ја командува таа, Сафие и Хандан како некои калфи трчкаат околу неа.. Ја величаат на мртво. Сеуште паметам како Хурем ја викаа робинка и не и се обраќаа со Султанке а веќе имаше родено 4 принца, згора на се во секоја епизода се обидуваа да ја убијат.. Никој не ја почитуваше, калфите и се клањаа со потсмев а овде Косем веќе од прв ден што се вели седи рамо до рамо со Валиде Хандан на забавите додека Хурем и откако стана венчана сопруга на Сулејман сеуште стоеше последна во редот кога го испраќаа во походи Нормално е дека публиката не е задоволна бидејќи овде нема никаква борба за престол, борба за титулата Султанка, борба да стани Величенствена.. Веќе однапред и е осигуран патот до славата, повторно се сеќавам на сцената кога Хурем влезе во харемот и ја крунисаа за Величенствена, е тоа беше сцена вредна за паметење, сите сведочевме на нејзиниот трнлив пат полн со крв додека да стигне до таму, кај Косем нема да има такво нешто бидејќи откако дојде во харемот владее со него
Косем ја почитуваат дека ги спасила сите од разбојниците, а пред тоа никој не ја ценеше освем Ахмед. И мене мие глупаво сега толкава слава наеднаш, требаше малце возбуда да направат и да си остани истата глумица. Излезе и новата најава