1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Коски (Bones) [Fox Crime]

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од Lov3, 17 август 2011.

  1. Lov3

    Lov3 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 октомври 2010
    Пораки:
    774
    Допаѓања:
    1.886
    Д-р Temperance Brennan (Emily Deschanel) е високо квалификуван форензички антрополог кој работи на Џеферсон институтот во Вашингтон, Д.Ц., и пишува романи. Кога стандардните методи на идентификување на телото се бескорисни (кога остатоците се многу распаднати, изгорени или уништени), претставниците на законот ја повикуваат Бренан поради нејзината способност да чита трагови останати во коските на жртвата.

    Додека повеќето луѓе не можат да се справат со интелигенцијата на Бренан и начинот на кој таа доаѓа до вистината, специјалниот агент Seeley Booth (David Boreanaz) од единицата на ФБИ за истражување убиства, е исклучок. Поранешен воен снајперист, Бут не им верува на науката и научниците - "the squints", како што ги нарекува тој, кои ги проучуваат физичките докази на криминалот. Но, дури ни тој не може да негира дека во комбинација со Бренан во науката прави да бидат добри и сериозни партнери.

    Настрана од Бут, на Бренан и е најпријатно со нејзините еднакво брилијантни колеги од Џеферсонијан лабараторијата. Angela Montenegro (Michaela Conlin), уметник кој специјализира во реконструкција на лицето и сцените на злосторството, е приземјената најдобра пријателка на Бренан, Др. Jack Hodgins (TJ Thyne), познат како "the slime and bug guy", терорист по заговор и експерт за инсекти и минерали, а др. Camille "Cam" Saroyan (Tamara Taylor), на улица паметен и центриран судски вештак, мора да ги извлече сите гении под нејзината надлежност. Позајмување својата професионална експертиза за Бренан и Бут е д-р Lance Sweets (John Francis Daley), брилијантен млад ФБИ психолог кој е подеднакво вешт во профилирање убијци и обезбедување на импровизиранa терапија за неговите соработници.

    Минатата сезона, Бут ги откри своите вистински чувства кон Бренан, таа му кажа дека не е во можност да ги возврати, па тој одлучи дека е потребно да се движат натаму. Во емотивната финална сезона, Бренан, Бут и тимот, секој одлучува да преземе нови предизвици во животот, со заминувањето на Бренан и Бут од Вашингтон, Д.Ц., за промена на животот и разменување на искуства и ветувајќи дека ќе соберат една година подоцна.

    Како сезоната шест започнува, Кем ја наоѓа својата работа како федерален медицински иследник и нејзиниот углед е во опасност поради политиката околу одамна замрениот случај со остатоци од дете на нејзината патолошка маса. Еден по еден, членовите на тимот се враќаат дома со цел да ја решат мистеријата зад смртта на детето и да се зачува угледот на еден од нивните. Исто така оваа сезона, Бут се преминува емоционално, како што и‘ изјави на Бренан му е потребно и влезе во сериозна врска совојната дописничка.

    Серијата е создадена од страна на Харт Хансон. Хансон, Стивен Натан, Иан Тојнтон и Бери Џозефсон се извршни продуценти.

    [​IMG]
    [​IMG]

    Го има од понеделник до петок на Фокс Крајм во 9:10 наутро, 15:30 и 20:00. :)


    Дали го гледате? Дали имате омилени ликови и кои се? :)
     
    На Dgirlll му/ѝ се допаѓа ова.
  2. vaga95

    vaga95 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    909
    Допаѓања:
    2.036
    Даа го гледам, како и повеќето на Foxcrime, и ми е еден од омилените на овој канал. :D
    Секоја една епизода ми е интересна а за омилени ликови Бренан се разбира и Бут ( бтв згоден е :P )
     
    На Limonka93 и biGirl им се допаѓа ова.
  3. KrystalTears

    KrystalTears Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2010
    Пораки:
    144
    Допаѓања:
    29
    Да ја гледам серијата, воедно е и моја омилена. Немам омилен лик, сите ги сакам. Едноставно ја сакам врската помеѓу нив. Едвај чекам за 7ма сезона.

    I don't know what that means...

    :lol:
     
  4. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.285
    Допаѓања:
    1.894
    го гледам кога ке го фатам на тв,интересн ми е заради главниот актер :angel: :D
    Oмилена ми е онаа женскана што мислам беше лезбиан :rofl:
     
  5. KrystalTears

    KrystalTears Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2010
    Пораки:
    144
    Допаѓања:
    29
    Не е лезбејка. :)
     
  6. Ducky

    Ducky Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2010
    Пораки:
    344
    Допаѓања:
    1.633
    Пол:
    Женски
    Една од моите омилени серии! Ги имам изгледано сите сезони до сега. Сите ликови ми се интересни, но посебен впечаток ми има оставено Бренан. Особено поради тоа што е прикажана како жена што се фокусирала на кариерата до тој степен да не знае како да се однесува во одредени ситуации кои вклучуваат комуникација со живи луѓе :D

    И конечно после 6 сезони се оствари најголемата желба на фановите на Боунс - Бут и Бренан беа заедно, но искрено очекував повеќе внимание да се обрати на тој момент. Јас воопшто не ни сконтав дека имале секс се додека Бренан не кажа дека е бремена.
     
  7. fashionista

    fashionista Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    328
    Допаѓања:
    153
    Ова дефинитвно е една од моите омилени серии. од секогаш сум била фрик за крими серии! :lol:
    Ги немам гледано сите епизоди нити сите сезони.Но, дефинитивно можам да кажам дека има многу интересни ликови и дека секоја епизода ми е се поинтересна :)
     
    На Limonka93 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Почнав да ги гледам и тамам го направив тоа ми се испомеша цел распоред на Fox Crime. -.-
    Темпранс како лик ми е она ептен annoying. Безживотна ми е, не знам како да ја опишам.
    За нагрозна епизода ја гласам онаа каде наоѓаат тело без коски, такво смачкано целото. Ми се смачи кога го погледнав тоа нешто.

    Омилен лик дефинитивно Бут. :)
     
  9. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.594
    Имам изгледано неколку епизоди и можам да кажам дека брзо здосадува. :|
    Не знам како има толку многу сезони, па и уште се снима, јас би ја укинала после 3-та или 4-та сезона.

    Слично ми е чувството како во Lie to me, започува енергично и заразно, ама ентузијазмот набргу спласнува.
    А можеби и ќе се премислев ако главниот лик беше малку похаризматична, потопла и почовечна, наместо статично-фригиден-его манијак!

    Интересен концепт, ама нема многу место за фантазија и импровизација и не ми е на листата за гледање од толку добри серии.
    Омилен лик - косооката другачка нејзина.
     
  10. Lovely

    Lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2009
    Пораки:
    1.262
    Допаѓања:
    1.057
    Пол:
    Женски
    Порано ја гледав кога ке ја фатам на тв, сега ја следам редовно. Почнува да ми станува една од омилените.
    Инаку сите ликови ми се омилени, освен онаa Кем. И мислам дека ако Боунс би била почовечна не би можела да ја работи оваа работа.
    http://a5.sphotos.ak.fbcdn.net/hphotos-ak-snc7/298834_10150406046104497_19097964496_8073269_360922391_n.jpg
     
  11. LitttleRNBPrincess

    LitttleRNBPrincess Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    795
    Допаѓања:
    950
    Пол:
    Женски
    КОСКИ! :)

    аа ја обожавам серијава многу е добра.. најомилен и интересен лик ми е машкото све заборавам како се вика ја памтам девојката пошо исто име е со насловот ама машкото никако да го запамтам :D
     
  12. d.Darla

    d.Darla Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    661
    Допаѓања:
    160
    Ја гледам и јас серијата и ги обожавам цела екипа, а посебно како карактер Бренан, многу е јака значи. Ептен ми е интересна со коментарите, т.е со појаснувањата и нејзините буквални сфаќања за некои поими кои не се дел од нејзиниот научен свет. За Буф не прам муабет, цар е:)
     
  13. Sara2

    Sara2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    154
    Пол:
    Женски
    Серијава ми е една од омилените. Најмногу ме изнервира Зек во онаа епизода кога разбраа дека ги предаде. Многу ми е чуден начинот на истражување на убиствата.
     
  14. d.Darla

    d.Darla Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    661
    Допаѓања:
    160
    Зек беше интересна личност. Досега најдобра сцена ми е
    сцената за Божик, кога Сили ќе ги спои Бренан и татко и, со елката, а тој долу со син му , па кога ќе си мафнат преку прозорец :) :)
     
  15. O.l.e

    O.l.e Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    6
    оваа серија ми е на второ место, посебно новава сезона ми е ТОП, од 12ти јануари ќе почнат новите епизоди да излегуваат многу почесто затоа што каснеа на почетокот, па ќе си имаме пак занимација :)
     
  16. figgiMK

    figgiMK Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    6.964
    Допаѓања:
    2.300
    Дефинитивно Ангела ми е омилена во серијалов ...
    колку е смирена приземјена и се осталоо.. а плус компјутер и АРТ како комбинација ми е омилена ...
    Боот некогаш и ме нервира како тоа никако да преземе мерка познавајки ја Бренан..
    инаку целата лабараторија функционира одлично мислам дека ако само 1 ми фали од тие нема да е тоа тоа :rofl: :wasntme:
     
  17. d.Darla

    d.Darla Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    661
    Допаѓања:
    160
    Фиги на какви мерки мислиш да превземе ?
     
  18. G.G

    G.G Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2011
    Пораки:
    315
    Допаѓања:
    340
    Пол:
    Женски
    ја обожавам серијата...и конечно
    после 6 сезони Бренан и Бут се заедно и имаат ќеркичка :)
    [​IMG]
     
  19. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.807
    Допаѓања:
    52.964
    ^Има нова епизода??? И ја пропуштив??? :headbang:
     
  20. G.G

    G.G Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2011
    Пораки:
    315
    Допаѓања:
    340
    Пол:
    Женски
    ^
    Сега на фокс крајм ја даваат 5 сезона.
    Јас ги спуштам од нет,и нова епизода од 7ма сезона ке има во вторник ;)