Барав ваква тема и не најдов. Сум ги меркала книгите на Петров но несигурно па не сум купила досега. Кога купувам книги сум многу пребирлива па понекогаш знам да разгледувам долго време а да заминам со празни раце. Ме интересира ваше мислење за неговите дела. Добри ли се, има ли некоја книга која посебно ви се допаѓа и ја препорачувате? Едит: Сега видов дека бил најчитан македонски автор во 2015 и во 2017 година и најпродаван во последните пет години. Тоа значи дека не би требало да се сомневам, нели?
Не сум го читала и не планирам. Не верував ниту дека има читатели и фанови, ама пред пар години кога разгледував во книжарница, две госпоѓи почнаа да се грабаат по книгата на Коста и оттогаш ми е јасно која е неговата публика.
Сега, откако веќе прочитав некои негови книги, не. По толку читани пофалби за него, имав поголеми очекувања и се разочарав на крајот.
И јас не сум прочитала ниедна негова книга и не планирам. Сум читала и пофалби и критики за него, секако секој со свој вкус.... Неговите книги не ми се ни нешто што баш ми е вкус да го читам.
Мене ми се океј неговите книги. Сите ги имам прочитано. А Стравот може и повеќе од 10 пати. Таа според мене му е најдобра. Книгата ,, Се гледаме на врвот" слушнав дека ја копирал од некаде и ради тоа добил критики.
@Celltica Ние го имавме Лешоски, а децава денес Коста Петров. Времињата се менуваат, ваквите никогаш.
Треба да се осеќаш како да си исполнила ultimate goal, тотално незамарање со македонското општество Иначе овој од мотивациски писател стана политичар. Манифестацијата успеала