Точно , најубави се , таква е почвата тука . Јас годинава бев така намерачена на нив , што првото варење мислам ќе пукнев од јадење . Изедов пола тенџере костени ( прескокнав вечера , само за да јадам костени ) .
И јас често ја заменувам вечерата со костени. Преубави ми се. Кога имам прилика си нарачувам од Тетово.
Којзнае дали е здраво, многу јаглехидрати има во нив. Многу ги сакам, но максимум јадам 10-15 костени колку меракот да ми помине. И токму поради шеќерите, никогаш после ручек не ги јадам, само како прва ужина.
Може, треба да ги пресечеш на средина хоризонтално и вертикално. Како крст. И да ги прелиеш со топла вода да стојат 2 часа. Да ја истуриш водата и да ги исушиш со крпа. После да ги наредиш на хартија и јас ги ставам на 200°, 20 минути.