1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Котор (Црна Гора)

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од butterfly33, 16 април 2012.

  1. butterfly33

    butterfly33 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.100
    Мислам дека нема ваква тема, ако има слободно клуч. Котор е еден од градовите кои ми оставиле голем впечаток. Не е многу голем, ама прееубав :wasntme: Еден ден би сакала да живеам таму, посебно ми се бендиса пристаништето и големиот брод Инсигниa и онај како пиратски :lol:
    Сакам да ги слушнам вашите впечатоци и дали го имате посетено :wasntme:
     

    Прикачени фајлови:

  2. sanjalica

    sanjalica Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2009
    Пораки:
    522
    Допаѓања:
    571
    Јас сум била на еден ден, и уште тогаш кажав - сакам овде да живеам! :!: :rofl:
    Толку убаво место оддамна немам видено. Посебно затоа што местото е всушност залив и додека водата во цела Црна Гора беше 5 степени, во Котор беше 20! :!:
    Не бевме на градската плажа, туку на мини плажите покрај патот (ако не се лажам, кога се делеше патот, лево беше градска, десно само живеалишта), епа ние десно отидовме, да не се гужваме. :)
    И морам да напоменам, таму го пиев најдоброто Нес Кафе во светот! :)
    Што се однесува до цените, од тоа што сум слушнала, таму се малку поскапи, меѓутоа не сум имала прилика да го проверам тоа ;)
     
    На butterfly33 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. butterfly33

    butterfly33 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.100
    И јас истото го помислив :lol: Сакам да живеам тука. Преубав град, мал ама баш како сум замислувала од секогаш кај сакам да живеам. За плажите не знам баш бевме на една плажичка мала блиску до пристаништето и имаше еден како парк. Не бевме во лето. А во однос на цените си беа така малку повисоки.
     
    На sanjalica му/ѝ се допаѓа ова.
  4. janafilth

    janafilth Нов член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    27
    Градот од каде што потекнувам и каде што ќе идам идниот месец..Не да си го фалам, ама градот е нешто посебно..
    За разлика од другите градови цените се за малце повисоки но затоа го имаат најубавото јадење и имаат најубаво кафе..
    Додека на другите места водата знае да се замати, во котор е секогаш кристална и чиста..
    Омилен дел од Црна Гора ми е заливот..
     
    На butterfly33 и sanjalica им се допаѓа ова.
  5. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    Во градов бев нецели два часа можеби.
    Баш штета. Преубаво местенце. И штета што беше вечер кога стигнавме, па немавме баш прилика да се прошетаме како што треба.

    Би го посетила во најскоро време да го доживеам како што треба и да јадам повторно од таа пица поради која и после три години лиги ми течат.
    [​IMG]
     
  6. TeaB

    TeaB Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    1.868
    Допаѓања:
    543
    Знаете ли некои линкови кај што можам да видам сместувањето колку пари е?
     
  7. Mrs.Bass

    Mrs.Bass Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2012
    Пораки:
    897
    Допаѓања:
    7.317
    ах еден од моите омилени места :inlove: каде поминав добар период
    за прошетки е измислен . прекрасен град посебно стариот град со барокни палати и многу малечки плоштадки :) цркви...
    посебно плени со убавина гл.катедрала Св.Трипун, потоа Св.Никола и Св.Лука, поморскиот музеј и секако Сан Џовани тврдината над стариот град на карпата надвиснат над Котор :)

    за шеткање е преубава Бока Которска ама за плажи не го препорачувам затоа што е залив и ги нема оние песочни плажи како на отворено море.

    Овој дел од Црна Гора е измислен за одмор и шетање.

    http://www.montenegro.com/grad/kotor

    за Црна Гора сум експерт, слободно прашајте :) ;)
     
  8. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.000
    Пол:
    Женски
    Котор има многу убава клима - од едната страна море, од другата планина. Идеално.
    Јас имам блиски роднини таму, секоја година ме канат да им бидам на гости цело лето, ама никако да се наканам. Јадранско море во принцип е студено, ама Котор се наоѓа баш на некој залив, па таму е значително потопла.
     
    На butterfly33 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. butterfly33

    butterfly33 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.100
    Камо мене да ме викаја секоја година ќе одев. Преубо е... Рај 8)
     
  10. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Сум била на еднодневна прошетка бидејќи бевме сместени во Будва и прекрасно е. Ме потсеќа на Дубровник, Хрватска, нешто во тој стил ми делува градот, историски онака. Има за шетање, има што да се види, водата е кристално чиста, повеќе од тоа не знам, но кој има време или му е уз пат нека го посети градов, има што да види!
     
  11. Anna.7

    Anna.7 Активен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2012
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Посебно им се восхитував на големите јахтите .. и сакав барем да имам една .. прекрасно е местото јас таму учествував на карневалот бев прправена во маска ]:)
     
  12. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.083
    Допаѓања:
    11.228
    Многу убав град. Во стариот дел има многу работи кои треба да се видат. Врие од туристи. Бојата на заливот сина, прекрасно е.
     
  13. Queen8

    Queen8 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2018
    Пораки:
    4.279
    Допаѓања:
    20.711
    Пол:
    Женски
    Преубав град со историска вредност, вреди да се посети, Стариот град е посебно интересен, има убава клима, може да се видат многу јахти, а за плажа не е идеален, зашто е залив.
     
    На KuklickaMoja, Lovelybaby<3, Soncence3 и 5 други им се допаѓа ова.