Тоа се подразбира, дека ако не си била ти ќе бил уште поголем клошар. Инаку бившиов се појави после 3 години, кога веќе го допре дното и немаше кого да го цица за пари, ќе се сменел сега, ќе ме барал за жена за да ме заглави уште толку со него, да има од кого пари да зема.. Затоа очите отворени, ова да ни е лекција за навек.
Наместо да дозволувате блиските да се коцкаат (или да си тераат со друг порок како алкохолот), еве каде треба да ги носите. https://sdk.mk/index.php/makedonija...reku-moj-termin-na-klinikata-za-psihijatrija/
Каде поточно? Отварам мој термин ама не гледам… имаме сериозен случај во поблиска фамилија па бараме чаре. Или ако има некој препорака за психолог/психијатар кој се занимава со оваа проблематика?
Многу млади во Скопје се коцкаат и тоа по цела плата(?), ова конкретно шок ми било. Сум останувала запрепастена какви сѐ муабети сум слушала меѓу млади (дали низ поминување, дали низ возење во ЈСП). Да работат за да се коцкаат, а од друга страна па познавам многу трудољубиви кои работат и по две (па и три) работи само за да успеат. Овие првите исто и од дома ги знаат (сум била сведок на разговори), не знам каде е потфрлено (најсериозно пробувам да сфатам?). Тоа отварање на секое ќоше казина, како досега никој не го спречи?
Само клошари идат у казино и тоа е факт. Јас никад не би се дружела со некој што оди во казино. Дно дна
Морав некаде да се искажам, со мм сме во брак 19 год. имаме 2 деца. Јас сум од Ск мажена во Струмица, пред 15 год. почна да оди на кучињата, знаете они што се тркаат а ти се обложуваш.После тоа почна по казината и еве ден денес сеуште се коцка, па почна и многу да пие, не се прибира по цели вечери дома.Се тумбаше со колата еднаш, па ја удри 2 пати.Од тогаш помина година и нешто и пак е исто.Заради него заглавив со брзи кредити и сега извршители, фактички работам за 7000 .... Ама веќе преку глава ми е , не можам веќе да трпам.Немам причина веќе да седам тука.Се испокара со моите за глупости кога беше пијан и на некој начин ме отргнува од нив.Млада сум 38 год. животот е пред мене, не планирам и понатаму да ми поминува во кавги и нервози.Имам многу голема подршка од моите, чекам ќерка ми да праи полуматура да не ја преместувам сеа за малку за 2-3 мес. толку и има рок да се прибере и да се свести, ама тешко. Еве платата што ја зема пола и повише отиде по казината, а он се понаша како ништо да не било.
И да немаш поддршка од твоите, треба да направиш план за одење. Штом имаш многу полесно ти е да заминеш. Нека заврши ќерка ти, фати ја за рака и одете си.
За жал без соодветна терапија нема да може да се излечи. Коцката е зависност слично како дрогата. Тој во овие 15 години многу пати се свестил, се каел, но тоа трело само неколку дена. После тоа пак те фаќа криза по брз допамин, адреналин и тоа го враќа на коцката. Не знам дали имате опција привремено барем да се разделите, со услов до оној момент кога ќе си ги раздужи сите долгови од коцката, па потоа да се помирите. Што си должна ти да рмбаш за да му исплаќаш негови долгови? Или зошто да скусуваш од потребите на ќерка ти за плаќаш за неговите глупости? И на ВМРО и на СДС им одговараат, бидејќи си добиваат пари од ДДВ од нив. Во казината и кладилниците се слеваат милиони секој месец. Тоа се огромни пари измолцени од простиот народ (и од фамилијата на простиот народ). И од тие измолзени пари власта си зема процент и затоа им дава зелено светло. Власта во Македонија никогаш не работела и не работи во интерес на народот, туку исклучиво за олигарсите од кои добива процент.