aj povelete vo gostivar.............................................................kockanjeto e zavisnost koj igra znaci sekako treba da odi na psiholog ili psihijatar zas toa e isto kako i drogata ti se vovlekuva pod koza imam primer doma zatoa i kazuvam i pisuvam .......................podaleku od kockata i drogata
Коцкањето е бетер од дрогата. Од дрогата може да си го одземеш само својот живот, а од коцката може да го изгубиш животот и се околу тебе.
Без размислување подалеку од коцкари,работам во казино и тоа што го гледам секој ден е страшно.Огромни пари се губат а дали добиваат хах тоа малце потешко и да добијат денес, утре пак ќе дојдат и истите пари ќе ги остават.Жално е за млади деца кои само што наполниле 18год. ете ги во казино.Не си го трошете времето со некој мислејќи дека ќе се смени
Едно нешто ќе кажам во врска со темава ,и сметам дека со тоа се ќе биде кажано... На женкарот ќе му помине меракот. Пијаницата ќе се препие,и има шанси да престане. Ама коцкарот додека не умре ЌЕ СИ ОСТАНЕ КОЦКАР. Толку од мене..
Не пoзнaвaм никoј кoцкaр oд еднoстaвнa причинa штo не се движaм пo тие кругoви. Идaм пoнекoгaш у клaдилницa и имa некoи бoлни типoви шo ќе лупнaт 20 000 нa некoјa утaкмицa oд кинескa втoрa лигa. Скoрo извaдoв кaртичкa oд спoртлaјф зa дa имaм увид кoлку уплaќaм. У цел јaнуaри сум уплaтил 750 денaри, a сум фaтил 2100 денaри. Имaм двa пaти фaтенo пo 15 000 и еднaш 22 000 и тoa нa уплaтa oд 50-60 денaри, aли не ми пaднaлo нa пaмет дa oдaм и дa се врaтaм и дa дa стaвaм пoлa дoбивкa рaди некaкoв aдренaлин. Првиoт пaт кoгa фaтив си купив лaп тoп, a втoриoт имaв скршен зaб и ми стaвaa вештaчки и си јa плaтив интервенцијaтa кoјa чинеше 12 000. Пред нoвa гoдинa пaк фaтив си изнaкупувaв oблекa, книги, уплaтив зa некoлку трки нa 5 км и пoлумaрaтoни гoдинaвa и пaк си прoдoлжувaм дa си игрaм сo 50-60 денaри мaксимум 100 двa три пaти неделнo. И немaм прoблем дa речеме aкo двa-три месеци не фaтaм. Зaтoa штo не зaвисaм oд тие пaри и сум пoдгoтвен дa ги изгубaм, уживaм у сите спoртoви и не гaaм некoјa илузијa декa ќе живеaм луксузнo нa тoј нaчин. Мислaм декa пoкрaј oвa сo aдренaлинoт, луѓетo штo се кoцкaaт се oсaмени нa некoј нaчин иaкo имaaт фaмилии и мислaт декa бaш се се врти oкoлу пaрите. Мoе лaичкo мислење.
Ќе дадам едно општо мислење за сите пороци, не само за коцкањето. Низ животот а и ден денес имам секакви познаници од угледни фамилијарни луѓе, академски граѓани па до наркомани, коцкари и алхоколичари. Она што можам генерално да го кажам дека сите пороци се еднакви на сидата, нема спас од нив. Добро сега сите ние познаваме поединци кој на некој начин ете можеби успеале да се извлечат ама тие случаи се еден во милион. Искрено совет до сите девојчиња, животот е доволно комплициран затоа не го комплицирајте уште толку. Ако сакате мир подалеку од коцкар, наркоман, криминалец, алхоколичар итн. Сум се изнаслушала муабети од типот "ако те сака ќе престане" што ми се премногу незрели и нереални. Ако тој не се сака самиот себе и дозволил животот да си го уништува со некој порок, тогаш како да очекувам да ме сака мене? Ако не сака да престане и да се излечи (а и колку се лекуваат тие некои пороци е навистина дискутабилно) заради самиот себе, зошто би му било гајле за мене? Ако некогаш мојот иден дечко западне во ваков проблем, би направила се за да му помогнам да не се продлабочи тоа. Ако алхоколот, коцката или дрогата му се побитни, тука ќе биде нашиот крај. Не знам што ќе биде и каде ќе ме однесе животот ама свесно не би влегла во врска со таков човек и крај. Не верувам во љубов, романтики и глупости, сметам дека ми е поважно да имам мир и спокој во својот дом а тоа не верувам дека би го имала со таков човек. Ова е мое лично мислење на темата и не се однесува на никого, не би сакала да се најде некој навреден.
можеш да се откажеш од секој порок па и од коцкање ако имаш цврста вољја само треба многу голема свест да имаш и цврста вољја има доста примери кој успеале се откажале
Здраво, Бев(уште немаме дорасчистено) во врска не повеќе од 1 год со дечко,со кој ме запознав преку пријатели. Фин беше,скромен на прв поглед. Доаѓаше секој ден да се гледаме,се запознавме и со фамилиите. Ме земаше секаде на слави,свадби итн. Кажуваше дека планира да ме бара за жена и купи прстен и ме побара за жена. Сите коментираа за тоа колку ме сакал.... Во меѓувреме приметив дека е презадолжен. Груба сума која јас ја знам дека се задолжил е околу 25.000 евра, без камата,меѓутоа може да е далеку од објективната сума. Задолжен по основ на кредити високи и со висока каматна стапка и кај лихвари. Објаснувањето му беше дека се задолжил за неговата фамилија и сл. Притоа, нон стоп го бараа разни луѓе на тел, ми призна после некако дека им е должен пари, па после не знам колку време сама некако претпоставив дека се лихвари и едвај некако призна. Неговите заминаа во странство сигурно за да го помогнат. После си поврзав некои информации кои што сам ноншалантно ми ги кажа на почеток на врска дека порано бил во казино,па зел огромна сума на пари и сл. Исто така,во една прилика негови блиски ми спомнаа дека на одмор потрошил неколку илјади евра за 2-3 вечери. И сфатив дека најверојатно се работи за КОЦКАР. Прашував многу луѓе за карактеристики на коцкари,читав по форуми и тоа е тоа.Иако ми е неприфатливо. Млад дечко...Во средина на дваесетите год. Ма го седнував дома пред моите и пред нив и насамо да ни објасни што стои зад огромната задолженост. Се вадеше со фамилијата,јасно ни беше дека не е тоа вистината. Од друга страна,пријателите ги прашувам и ми викаат нека ти објасни,седнете разговарајте и слично.Не сакаат да се мешаат претпоставувам,толку вредело пријателството. Во една друга прилика едни не толку блиски пријатели,му кажаа на дечкото мој "Кажи и се`,зошто вака ќе ја уништиш". Дечкото упорно не кажуваше. Еднаш дојде кај мене со збор дека се` ќе ми каже, почна да плаче,меѓутоа не кажа ништо ново или вистинито. Врската ни беше скарај се - смири се.Сега сме на статус скарани и не комуницираме,меѓутоа прстенот е сеуште кај мене.Не дојде да го земе,се повлече верувам дека е збунет и не знае како да постапи. Дотогаш во вакви ситуации секогаш дотрчуваше кај мене,дали јас сакала или не,валда се бореше за нешто. Иако прстенот му го враќав назад,тој наоѓаше начин да ми го стави на рака пак,макар со сила. Меѓутоа јас не се откажував од напорот да ми објасни и верувам дека дојде до некоја точка во која се умори психички и се повлече од комуникација откако го блокирав на тел не знам по кој пат,овојпат. За крај, се постапува прашањето дали навистина ме сакал мене или наследството кое би го имала во иднина од моите. Или во татко ми гледал "моќен човек", како што му се обрати во една прилика "вие сте моќен човек",во смисла се ни дозволувал. Се` на се`,тешко ми е. Болно е. За неверување е. Го сакам,многу, дури премногу. Да го знаев ова на почеток,немаше да влегувам во врска во ниеден случај. Ама се отпосле си открив сама,али никој да ми потврди дали е така или не за коцката. Никој, ниеден... Последно што ми кажа беше "Да си ме сакала ќе останеше покрај мене",без ништо да признае или одрече или објасни.А јас цело време го прашував ЗОШТО.Зошто заглави... Не знам ни што со прстенот,не дојде да го земе... Не знам ништо...
БЕГАЈ Бегај ,бегај колку што можеш подалеку од него ,колку нозе те држат трчај побрзо еднаш коцкар засекогаш коцкар нема ни живот ни напредија со таков порок ке си најдеш друг човек иако сеа ти изгледа невозможно
Тоа е мој став. Го кажав дома,никад не би дозволила да ми биде маж или деца да имаме. Ама работата беше што никој не сакаше да каже отворено,поштено и директно без многу вртење,ниту тој,дури ни најдобрата другарка која го знае преку дечко и(другари се). Ми рече само ако си видела нешто дека не е во ред тргни се,ама можеше на почеток да каже кога не осеќав ништо. Не ми е верно уште. И нема да ми биде се додека не признае. А дотогаш ние пропаднавме. За Велигден сега во април предлагаше веридба... Голем шок е ова зошто големи планови беа во прашање... А да не зборам за љубовта што ја имам... Како да постапам со прстенот не знам,досега со месеци не сакаше да го земе назад,еднаш порано му го вратив па соо сила ми го стави...Сега веќе ништо не знам... Го нема никаде и тој, не знам што размислува. Можеби прави нови рекорди во допирање на дното. Само уште да кажеше дали баш коцката е неговото дно или нешто бетер... ((((((((((((((((((((((((((((((((((
Мартина, нема побетер од коцката. Верувај. Нема да признае. Доволни ти се и тие работи што ги знаеш. Боли но немој назад. Сама деца да гледаш во иднина, уште повеќе ке боли. И да се веати, и са го видиш променет, месец, два, година, три, пет... Пак ке почне. Никој не престанал засекогаш.
Тој во тебе гледал светла точка да се спаси од тој пророк. Тоа е многу тежок пат. Нема да ти каже, се плаши дека ќе те загуби. Одлуката е твоја.
ке го земе наскоро не се секирај кога ке виде дека си одлучила и не попушташ ке го земе ке гоуновче и ке го изиграе и него не се секирај ти за прстенот унапред се знае кај ке отиде
Прстенот чувај го , се додека не ти го побара. А најверојатно ќе го побара.. Љубовта ќе се угаси иако те пече сега, рачунај заљубеност е, кога, не знае никој, треба време, не се фиксирај. Дали те гледал вака или онака, може и двете, се заљубил а успут после приметил дека си ситуирана. Ти прави ли разлика. Дали ако те сака ради тебе саматс а не ради татко ти , ќе се мажиш за него? Тој има проблеми. Бракот не е решение за нив. Љубовта не е решение за нив. Друга помош му треба. Не си ти решението, не ни треба да бидеш. Освен за дете, жртвување за некој кој не е ни искрен како прво, и не ни бара помош е загубен меч. My 2 cents.
ФАЛА ВИ ДОБРИ ЛУЃЕ. Вие кажавте мислење, според мене искрено, поискрено од најдобрата другарка,што ја рачунав. Согласни сме околу ставот. Комшија мој млад се обеси поради коцка и лихвари. Имам мн сознанија. Затоа и прекинав да се гледам, ама не и да го сакам, не и да плачам секој ден. Највеќе боли сега сомнежот дали навистина ме сакаше и толку се бореше за мојата љубов само или за мојата љубов а со цел да влече финансии во иднина,откако ќе ме стави во безизлез како негова жена со деца и тука да настапат моите родители со финансиска поддршка. Ќе гледам да се фокусирам на нешто друго,работа на пример. Што ти е животот. Која иронија. Другарка запозна дечко преку нет и и се погоди(горе доле). А јас преку пријатели и не ми кажаа ни збор единствен,ниту ништо за да се спасам од него и мафијата лихварска што го демне. А неретко доаѓал по мене изгребан на разни места или со скршени делови од кола. Мама рече ќе оди во црква да запали свеќа зошто сум се спасила од него. Само не им кажав дома дека и почна да се заканува дека лошо ќе било и сл,на крај во предпоследната комуникација откако му кажав дека фрлив еден негов тевтер кој тој ми го даде. Ова го има само во шпански серии и кај мене.
Нема што да ти се заканува ,ич да не му се плашиш ако ти направи проблем одма во полиција пријави го ,ништо не ти може!
Па кога ми се закани и јас му кажав дека може институционално да одговара за тоа што ме нападна неколку пати физички,а тоа може да му е проблем на работа,како што кажуваше порано не смее да праи такви проблеми,ни такви ни никакви. Па сега нека се помисли 2 пати,пред да каже пак такво нешто. Покуса нема да останам. А ми се закани откако му кажав дека го фрлив тевтерот кој ми го имаше дадено. Тука ќе му го видиш мозокот. Се откачува за ситници. Да можев и прстенот ке го фрлев зошто не го зема назад,ама знам брлив е па се воздржав.
Мартина , уште покристално јасно е колку е заглибен чим те напаѓа, а демек "те сака". Тој ни сам не се сака, се заљубил а има проблем со нагони да контролира и импулси. Прстенот стави го во плик да не го гледаш и прати некого поверлив, да му го даде кога ќе го побара, не оди ти и не го праќај по такси. Чувај се , и со среќа, се ќе мине.
Преку пораки се закануваше,а после се заарнуваше и се јави. Као демек да сакал неш да нараи досеа ке напраел. А прстенот не можам по такси зосто не сме од ист град. Може евентуално по карго,ама не сакам да избрзувам зш не знам како би реагирал,да не реагира како тевтерот...
Само еднаш отидов во казино и толку, не ми е тему местото ниту пак ми се допаѓа да се коцкам. Дечко ми има отидено неколку пати и последниот пат кога отиде и јас бев со него, ставивме 1000 денари и ги изгубивме, се изнервиравме многу и од тогаш рече не стапнувам повеќе таму и не е отишол повеќе.