Јас преку тел му реков само да го истестирам како ке реагира,викам "ајде тогаш двајцата да одиме во казино",а јас немам благе везе од тоа. И тој вика револтирано "Нога твоја таму нема да стапне",а таква реакција имаше зошто ми ги знае родителите и од каква стабилна фамилија сум. И му реков "Зошто толку фрка,јас не се плашам да влезам во казино зошто знам дека нема да се коцкам". И на крај рече и нога негова нема да стапне. Ама џабе тестови местови,кога не признава ништо. Карактер 0.
Не ли си ја читала книгата на Игор Џамбазов и сам има кажувано што се направиле лихварите.Коцката е лош порок.Нема крај со неа. Млада си штом тој е средина 20 сигурно си помлада.Немој да мислиш на него сигурно ќе си најдеш подобар.Проблеми не ти требат.Лихварите може утре тебе и децата да ве повредат.Затоа не мисли на него.Не мисли на прстенот не е важен.
Не сум ја читала книгата на Џамбазов,баш ме интересира неговото искуство со лихварите,иако се знае дека тие носат црнила. Ќе барам осврт на книгата,а може и ќе ја купам. Убава идеја.Фала ти. Мислам на прстенот зошто не сакам во неговата глава да остане причина што би не поврзувала во иднина. А знам дека намерно не дојде да го земе зошто осеќа дека е стварно крај. И дека е време за негово признание,ама не е подготвен,ниту зрел,ниту карактерен,ниту воспитан,ниту образован доволно,за жал. Порано и да сме се скарале ќе дотрчаше одма,иако од различен град.Исто така,во последниот разговор ми кажуваше дека заедно ќе сме засекогаш. Упорно го повторуваше,што се исплашив дури. И откако зборував ладно по тел и му кажував дека вака пропаднавме,го снема веќе.
Да ,он знае дека е крај и затоа не дошол Проблемот е шо добив впечаток шо ти си недоречена ,ти не си на чисто,ти не си завршиал со него разкрсти си у главата не мисли не калкулирај не прај пресметки кој шо како зошто и свати дека мораш да продолжиш без него
Така е,во право си. Признав дека го сакам многу,дури превише. Сакав барем за крај, некој да ми каже/признае дали е коцка во прашање или па нешто бетер или па повеќе работи. Зошто друго е кога ќе слушнеш конкретно или ќе фатиш на дело. А вака само се претпоставки,кои според мене се точни 99,9%. А тој не признава тој зошто ме знае и мене и фамилијата и знае дека не толерираме трули луѓе. Кога го прашав последен пат директно "Кажи зошто,како почна,кој те навлече?" Вика се` ќе ти кажам да се видиме или па вика кој ти кажа вакво нешто нека дојде пред мене нека го каже тоа, му кажав нема шанса да се видиме,си имал шанси 1000,со месеци чекав одговор. И тука прекина све пред неколку дена. Неговата состојба ми приличува на болест веќе.Толку значи е навлечен страшно и опасно, што не може да се соочи и признае. Да можев некако да помогнам, ќе помогнев. Жалам и што не можам да помогнам, ниту јас ниту било кој. Цврсто убедена дека за тоа нема лек никаде и никогаш. Мислам.. да го немаше овој проблем, ќе бев најсреќната личност на цел свет. П.С. за овој негов проблем еднаш се консултирав со психолог дури, ама тогаш немав големи сознанија за проблемот. Тогаш мислевме дека е само обичен потрошувачки,ама сепак голем кредит кој не треба да е пресуден за нашата врска.
Ако веќе си решила да го откачиш (шо е најлогично, најразумно и трезвено решение) шо ти е гајле како ќе реагира за прстенот. Можеби баш тој прстен е неговата замка за тебе, да се закачиш и да те одвлечка и тебе и твоето семејство "надолу во провалијата"
Па ние сме завршиле,само прстенот смета зошто не си го земаше назад никако. Згора на се`,мајка му става на постови во стилот "Ако некој те повреди,судбината ќе му врати". Нешто да не сака да ми каже изгледа. Кога првпат од него барав да го земе прстенот назад ,таа се јави да се кара и кажува зошто сум го земала прстенот,дали сум гледала материјална страна,ме навреди дека сум немала други прилики(а самиот дечко виде дека имав) и кажа дека сум уништувала животи. ЗАМИСЛЕТЕ. Тој воопшто не бил во ниедел дел уништен или оштетен од мене,освен што трошел за бензин(и онака само некаде се вози),сам трчаше да доаѓа. Роденден ми беше, ми купи ружа од 100 ден. А за едно негово доаѓање кај мене,потрошував минимум 1000 денари.А кај нив кога одев скоро до сам крај ни сок не вадеа,а камоли нешто благо солено. Тоа кажува само за куќата дали е домаќинска или не. А тек да ми купеше некој подарок,можеби низ нос ќе ми го извадеа. Бога ми,страв да го фати човек со вакви луѓе. Боже,Боже...
Ама зошто уште а тупиш прстенот фрли го крај на крај ако толку немир ти ствара ее кога го пиша и ова за мајка му ееее требало снаа да станиш таму па да ти го расплачат мамичето мамино
Свекрва ми се разведе заради овој порок. Со две возрасни деца и две внучиња, одлучи дека не може повеќе да се нервира и да трпи материјална штета . И покрај сите обиди на свекор ми за помирување, не попушти. И не треба. Во таква ситуација најдобро е да се спасиш себеси . Кога свекор ми стана свесен дека тоне , се понуди самиот цел имот што го имаше да го даде на маж ми, за да нема што да изгуби. Ден денес уште си тера по негово, ама знае дека имотот му е безбеден.
Сите кријат од мене, никој да каже тоа е. Изигравав баба Ванѓа и инспектор. А ја прекинав врската и веридбата што се планираше пред да ми признае во што се е заглавен...
Најдобро е така за тебе . Верувај ми. Ќе пребродиш ти, ќе продолжиш понатаму, а се е потешко кога тоа се случува во брак со деца .
Криво ќе ми биде само што барем и за крај не слушнав од него или од било кој да признаат дека се коцка. Убиство да беше ќе признаеше побрзо мислам.
Без разлика дали е коцка или нешто друго, во брак не се влегува 'на ќоро'. Како ќе се омажиш за некој, кој не може да биде искрен со тебе?
Прво за болеста да збориме па после за искреноста. Оти за да признае дека има проблем со коцкање треба да верува во тоа. Но како што многу алкохоличари не признаваат затоа што мислат дека си пијат онака од навика или дека не е ништо страшно,така и коцкарите мислат дека имаат некој систем или среќа и кај и да е ќе погодат големо. И дека немаат проблем со зависност туку тоа им е како работа или хоби. Како што обичен народ работи секојдневно или се занимава со нешто интересно, така и тој. Ги минимализираат проблемите затоа што ако ги кажат реалните бројки што ги должат или губат, другите нема да разберат дека всушност тие пари "ќе се добијат назад" само треба уште малку време или среќа. Затоа молчат, оти само со “своите" се разбираат. Како во клан во кој само на членовите внатре им се логични правилата и односите кои се создаваат, другите од надвор се непријатели.
Па не може да иде изгребан по мене, а да кажува мајка му го изгребала или со скршена кола доаѓа или сл. Или јас на гости кај него бев, тој излага скришум додека сум во ВЦ зошто телефонот како луд му звонеше и се враќа изгребан во врат. Што ти е? - Се чешав. Аха, после го преслушував, па приџна демек де тепал, демек. Во ништо не верувам веќе. Колку да криеше, тие ситници го издадоа. Не за џабе рекле ѓаволот е во деталите. Затоа ги откажав сите планови и прекинав контакт. После ќе збори мајка му дека јас сум уништувала НЕВИНИ животи. Дали е нормално да е со ваков коментар после нивните прљави работи... Не заслужуваат ни да помислам на нив, а не па нешто повеќе...
Така е Bridget, тој само со своите си се разбира. ДОБАР ГЛУМЕЦ. Со мене све било обична глума, двоен живот. На крај краева, крушата под круша се паѓа. Не е случајно и ова неговото.
За жал, во Македонија, секој втор маж се коцка. Знам за многу такви луѓе кои посегнуваат по коцкарење, мислејќи дека така ќе си го средат животот и долговите, а секогаш се случува обратното. Коцката е полоша и од дрогата. Ако овие политичари беа малку попаметни, ќе ги затвореа сите кладилници и казина. Но не, тие сега сакаат да ги приватизираат казината како што направи Еди Рама со брат му во Албанија пред некој месец.