Не верувам дека постои поранешен коцкар. Одвратен порок. Имам некои подалечни познаници што изгубија многу, да не речам се'. Бегајте подалеку.
Јас одам по казина ама не играм.Моето друштво ако можи да се наречи така секогаш одат по казина.Често ги погодувам бројките иако не вложувам.Мојот бивши беше завлечкан во коцкање и за да го спасам од долгови му го дадов целото злато од дома,вклучувајќи ја и бурмата на татко ми.Моите никогаш не ми простија за тоа.Т.е татко ми ми прости а мајка ми сеуште ми го споменува тоа што сакам да го заборавам.И така ни крива ни должна тонам во друг порок па и коцкањето ми фали уште.Се плашам да не почнам покрај овие што излегувам и јас да се коцкам.Велат с ким си такав си.
Знам луѓе што имаат секакви пороци, дрога, алкохол, цигари, жени, коцка.Али коцкарите се најтешкаџии, и верувајте ми од овој порок НЕМА СПАС. не дрога, не алкохол, тоа е мачја кашлица.Со две раце потпишувам. Знам луѓе што денес утре конзумираат дрога па три месеци ништо, али не знам чоек (освен јас) што влага еднаш у два месеци у казино.Сите што ги знам се коцкаат али озбилно онака, и им се чудам.Мислам сфаќам што влече у коцката, али само мозок треба да имаш.. Интересно е не викам не, и јас од заебанција ставам 100ка и се коцкам, али кога ќе ми ја земе станувам и си идам!Не ги трошам сите пари. Ама не го конта секој тоа
Сум имал илјадници враце за ден два x3 назад алхохол баталив пијам преретко иту мала количина ретко поголема се за повод цигари еве месец дена реков не и не играв казина што не на почеток и цела плата ке ја потрошев ни заем барав ништо ке поминев зедов кредит за кола реновирав све изгубив и кола и се презадолжив што кредити што кола и брзи начукав еве едвај кредит плаќам и кредитна брзите не... немојте луѓе најлоша работа и највеќе ми е криво А се но нема назад што поќе се игра има и полошо анајлошото е смртта . Последниве години со кладилниците по неколку илјади на тикети...
Ако не цел живот 10 15 години.... тоа е ништо не се враќа но си велам се спасив... оти стварно можи и полошо здрав жив и спасив глава.. има луѓе земаат и од лихвари продаваат се ...
Да ама има и луѓе 15 години плаќаат и после тоа станот или куќата е нивен, ти после 15 години плаќање ништо нема да имаш..
Друже јбг неможиш така да гледаш ако бев син на миљардер немаше да се мачам... значи мора да се бориш живот а извлекувањето од пороци и комарот пред се е најубавото нешто што можи да му се деси на чоек и да добие . То шо било поминало..
Не знам баш колку е паметно да не ги плаќаш брзите кредити , тие лихвари од подземје излегоа и се рашириа насекаде , и слушам дека дури и во кладилници или до нив отварале шалтер , што ли не ќе "легализираат" во оваа наша земја . Подобро позајми се , од кој и да имаш и продужи да плаќаш , брзите мора да ги затвориш, ти знаеш колкави ти се каматите на тие лихварски заеми , таа мафија сигурно нема да ти ги прости долговите , подобро сега пробај да ги решиш , откако ќе се соберат каматите тој долг кој знае до колку ќе ти порасне
Од цигари , алкохол, дури и од дрога можеш да се откажеш амаа од КОЦКА НЕМА ЛЕК. Кога се земавме со бившиот маж незнаев дека се коцка, постепено научив. Ама не коцкање онака туку у велико. Задолжен насекаде , почнав закани да добивам, па луѓе во градот да ме застануват. Дури и син ми кога се роди не застана тој. Се направив само да застане, со години молев плачев , тој плачеше се колнеше во дете дека ќе застане ама џабе. Откако немаше веќе кец во ракавот почна на мене закани да му дадам пари. Се закануваше дека ќе ми го зел детето ќе го оставил во дом ако не му дадам пари. А јас млада немав родителска помош и со 3 месечно бебе во раце, му се тресев од страв. Морав да најдам чааре. Инаку немам ни родитело ни браќа ни сестри. Сама. Се одлучив ма многу тежок чекор. Го оставив и заминав странство. Детето кај мајка му. Немав избор. Е затоа ако не сакате и вас така да ви се случи , бегајте девојки. Не му верувајте во тоа што го збори оти коцкарот најмногу лаже.
Исто на мене ми се случи. Продадов куќата од починатите родители и колата и дуќанот за него и накрај на улица да останам. Не сум му чинела на господинот, не сум била домаќинка, и жена каква што имале другите мажи, пошто нивните жени се давале
Немав можност пошто кога заминав од таму заминав без скршен денар. Јас немав што да јадам а не детето а и немав кај да одам. Свекрва ми знаеше и она го зеде да го чува. Она живее во др стан. Неможам да ја опишам болката и вината што ја поминав заради тој гад.
Да. Господинот не дава потпис за пасош за детето. Му викам да го пушти со мене плус и бг пасош ќе му извадам, ќе има многу подобар живот тука отколку во македонија но тој вика оти до 18 г немал да му даде пасош само од инат. Значи само од инат кон мене. А со тоа лошо му прави на детето. Сега на др и не мисли туку само како да влече уште пари од мене. Ми се заканува дека во затвор ќе ме стави
izvini ama i ti si kriva.. kaj znaes deka e kockar,prodavas se i mu davas.. pa i deteto mu go ostavas.. auu
Незнам вие дали разбирате дека жена се ќе направи за да го спасе бракот посебно ако има деца. Кој не е бил во таква ситуација неможе да знае. А кога добиваш закани по дете заради негови долгови е тогааш баш и не ти е гајле што имаш и што продаваш.
Жена се прави ако вреди, за таков кретен не си требала со прст да мрднеш. Сега би имала дом за тебе и детето. Јас пр за коцка и за физичко насилство не би имала пардон па дури и 10 деца да имам. Еднаш ли се случи, чао журим. А тоа што си го оставила детето, кои сме ние да ти судиме? Јас како мајка знам дека тоа не би можела да го преживеам.