1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кочани

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од Anna-Banana, 13 август 2012.

  1. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.883
    Допаѓања:
    4.879
    Пол:
    Женски
    Го имам два пати засега посетено ова гратче и искрено многу го засакав.Ми се допаѓа се,ама баш се.Луѓето кои живеат таму.Немам толку многу места посетено,ама тоа што го видов многу ми се свиде навистина.Последно годинава кога бев,имавме и колеги од Кочани и рекоа дека ќе не носат кај Споменикот ( на слободата мислам дека беше) ова местенце ми беше многу интересно.Буквално од тоа место се гледа цел град од една страна градот,а од друга страна се гледаа полињата со ориз.Единствено што ми е мака,ми е тоа што беше ноќе.Таму има едно како антички театар,кај тој споменикот.Интересно.Ама погледот од таму дефинитивно е незаменлив.Ти се чини дека си толку блиску до небото. :inlove: Додека одев до местото каде што е споменикот,самите улички многу ме потсеќа на Крушево.
    Еве слика од споменикот : [​IMG]
    Самата рекичка која поминува низ градот го прави толку интересен.Што се однесува до ноќен живот ми кажа дека дискотеките работеле до 2 часот најкасно,и дека немало толку убав ноќен живот.За ова неможам многу да коментирам бидејќи го немам искусено. Во градов е доста ефтино. Што стварно сум се изненадила.А посебно продавниците за кондури. Денес случајно на АБ канал најдов една емисија за Кочани и околните села.Кажуваа за едно село ( не му го запонив името) каде што бил манастирот Св.Пантелејмон и за тамошните лековити води,би сакала да го посетам ова местенце.
    А од кафиќ работа,го имам само посетено тоа чудо наречено : во куќа.чинам беше ама незнам дали е така. :lol: Толку опуштена атмосфера,се чуствуваш исто како да си дома.А што најмногу ми се допадна е музика која е пуштаа таму.Туку имам велезено и во еден од кафиќите што се кај трговските,знаете тие што се поредени со ред. :lol:

    И ајде сега опис за градот :
    Кочани е град во источниот дел на Република Македонија со 28 330 жители, седиште на истоимената општина. Градот лежи во Кочанското Поле и е познат по кочанскиот ориз и геотермалната вода.Легенда за потеклото на името
    Многу одамна, на печалба во Кина бил еден човек по име Кочо. Работел што работел, по долги години решил да се врати во родниот крај. Бидејќи во Кина оризот бил основна храна, на заминување решил со себе да понесе и ориз со надеж дека оваа земјоделска култура ќе успее во неговиот крај. Со себе понел мала количина од ова бело злато со цел лесно и без проблеми да го пренесе од царство во царство. При влегувањето во царството во кое се наоѓало и неговото родно место наишол на проблеми: оризот бил забранет за внесување во каква било форма.
    Сепак, Кочо не сакал да се откаже од намерата да го внесе оризот. Се мислел и на крајот се сетил. Дознал дека гуските како трговска стока не биле забранети за внесување. Купил гуски, им го дал оризот да го изедат, а потоа ги заклал. По влегувањето ги очистил и од нив го извадил оризот.
    Така Кочо го пренел оризот од Кина, започнал да го произведува, со што му дал нов белег и култура на овој крај, а според неговото име, местото каде што започнал да се одгледува оризот – го добило името Кочани
    Општи податоци
    Градот Кочани се наоѓа на 120 км одалеченост од главниот град Скопје, поточно ја завзема северната страна на Кочанска Котлина и го зафаќа просторот од двете страни на Кочанска Река. Градот има јужна поставеност во однос на 2252 метри високите Осоговски Планини, а 8 км јужно од Кочани плодното Кочанско поле завршува и почнува планината Плачковица. Кочани лежи на 350 до 450 метри надморска височина. Во близина на Кочани е познатиот зимски туристички центар Пониква до кој води асфалтиран пат во одлична состојба, долг околу 20 км.
    Историја за градот :
    Антика
    Како и за други населби во Македонија и за Кочани со сигурност не може да се тврди кога е основано. Според преданијата, раширени меѓу населението, Кочани настанало од населбата што се наоѓала северно од денешната местоположба, во долината на Кочанска Река. Траги од таа населба (остатоци од висок бедем, римска и византиска керамика, питоси и сл.) се пронајдени на локалитетот Долно Градиште во реонот на селото Долно Гратче. Во извесен период жителите на населбата се повлекле кон рамнината и го населиле просторот на денешното Кочани. Во градот и неговата околина се откриени повеќе локалитети од железното време, меѓу кои извесни истражувања се вршени на локалитетите Текешински лозја, Барутница и Алењак. Исто така, направени се сондажните истражувања на локалитетот Локубија каде е откриена некропола од Римскиот период, односно II - III век, во која се пронајдени предмети од керамика и друг движен материјал, како и остатоци од бедем што упатува на постоење на тврдина или заштитен бедем на некој град или пак населено место.

    Археолошкиот материјал, откриен на левиот брег на Кочанска Река во реонот на денешниот град, укажува дека овој простор бил населен уште во најстари времиња. Тоа води кон заклучок дека ова населено место израснало од некогашната трачка станица Транупара, која според Табула Појтингериана (Tabula Peutingeriana - карта на воените патишта на Западното Римско царство од IV век) се наоѓала на околу 30 милји од градот Астибо.
    Среден век
    За првпат во пишан документ Кочани (Кочъни) се споменува во 1337 година во една грамота, во која деспотот Јован Оливер му ја доделува црквата “Св. Димитрија” на градот. Ако се искористат податоците што ги нуди грамотата на Јован Оливер, може да се констатира дека Кочани, како населба под тоа име, постоело многу порано од 1337 год. бидејќи тој не ја подигнал црквата. Таа постоела и имала поголем неподвижен имот во кој спаѓало и селото Јастребница (денешно Јастребник). По Јован Оливер овде завладеал феудалецот Константин Дејанов, а потоа градот потпаднал под ропство на османлиските Турци.


    Мамуза (острога) од Оризари, Кочани, ран 13. век
    Според пишувањата на турскиот патописец Евлија Челебија, при пописот од 1519 год. Кочани било село со едно муслиманско и 54 христијански семејства и 12 неженети христијани (Tapu defteri 169, 170). Состојбата битно не се изменила ни во наредните децении. Во пописот од 1573 год. е забележано дека се уште преовладува христијанското население (50 семејства и 50 неженети), бидејќи и во таа година само едно семејство било муслиманско (Tapu defteri 85, 446-447). Како населено место, Кочани плаќало пазарна такса која во истата година изнесувала 2.201 акче (турска платежна единица од тоа време) (Tapu defteri 437). Интересно е дека едно од двете кочански маала во тој период го носело името Самоков, веројатно по самоковот кој тука работел и на феудалецот му носел годишна рента од 60 акчиња. Според Челебија, во 1660 год. Кочани брои 600 куќи, со околу 3.000 жители, исто колку и Куманово, на пример. Од овој период потекнуваат и двете, постојни, средновековни кули во градот, од кои едната е обновена и во неа се наоѓа мала музејска збирка.
    Кон крајот на 18. и почетокот на 19. век, Кочани броело само 300 куќи и околу 1.200 жители бидејќи целиот регион бил зафатен од колера. Кон крајот на 19. век градот се зголемува за околу 150 куќи, со доселувањето на маџири и крушевски Власи. Според податоците на В. К'нчов во овој период Кочани броело околу 6.000 жители.
    20. век
    Во областа на политиката активно учествувале и жителите на тогашната општина Кочани, која се наоѓала во состав на Кралството СХС (Србија, Хрватска и Словенија). Така, на изборите за тогашната Уставотворна скупштина што се одржале на 28. ноември 1920 год. е регистрирано дека во Кочани имало вкупно 930 избирачи, а во целата Кочанска околија нивниот број изнесувал 5.678. На изборите во 1927 год. бројот на избирачите се зголемил на 1.173, а во 1935 год. на 1.387.
    Во однос на занаетчиството, забележано е дека во 1918 год. во Кочани имало вкупно 140 занаетчии, во 1934 год. нивниот број изнесувал 215, а до почетокот на Втората светска војна имало 369 занаетчиски дуќани.[9]
    Статистичките податоци од 1965 год. говорат за зголемување на бројот на жителите на околу 13.000, а денеска Кочани е општински и регионален центар со околу 30.000 жители.
    Географија
    Кочани е сместен на северната страна од Кочанска Котлина, на местото каде што Кочанска Река ја напушта Осоговијата и ја проширува својата долина. Сместен е на двата брега на реката, од исток заграден со Доклевски рид (450 м.) и од запад со Локобија и Алењак (524 м.). Спрема југ е отворен и нема граница, бидејќи на таа страна е Кочанско поле, додека на север е долгата и тесна клисура која постепено се затвора.
    Кочани лежи на географска широчина од 41 степен и 55 минути (што значи дека е понајуг од Скопје), а на географска должина од 22 степени и 25 минути источно од Гринич. Надморската височина на која се наоѓа се движи меѓу 320 и 400 м.
    Климата во Кочани во голема мера зависи од положбата на градот, како и од конфигурацијата на теренот. Таа се одликува со релативно високи температури и малку врнежи. Просечната годишна температура изнесува околу 13,5о С, што значи дека е иста со онаа во Струмица, а повисока од онаа во Скопје или Прилеп. Годишната температурна разлика во Кочани е доста голема и таа изнесува 22,4о С. Се јавуваат екстремно високи и ниски температури. Така на 22. август 1952 год. е забележана температура од 39,8 степени Целзиусови, а на 26. јануари 1963 год. живата во термометарот се спуштила на - 22,6о С.[10]
    Природни ресурси

    Кочанската Котлина е најголем термален басен на води со високи температури на Балканскиот Полуостров. Во него досега се направени 18 дупнатини од кои 14 се самоизливни, а водоносните хоризонти се јавуваат на длабочина од 86 до 1096 метри, со штедрост од 2,2 до 350 л/сек и температура од 50 до 80о С.
    Термални изворишта се јавуваат кај селата Долни Подлог и Бања, при што кај Долни Подлог се користат две дупнатини длабоки 35 и 460 метри, со штедрост од 300 л/сек и просечна температура од 78о С. Во селото Бања има самоизливни термални води со штедрост од 30 л/сек и температура од 63о С.[11]
    [​IMG]
    [​IMG]



    Ако мислите дека нема потреба од темава слобдно нека оди во канта. :lol:
     
    На 1209, i-v-a-n-4-e, SkarletOHara и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    855
    Единствено нешто што не ми се допаѓа се комарците. Значи, ги има премногу. Имав цимерка од Кочани и кога одев во неколку наврати страдав од нив :D Инаку убав е градот, и преку ден и навечер. Има доста народ. А за продавниците, се наоѓаат добри парчиња облека, ама и чевли и тоа за ситни пари.
     
  3. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.883
    Допаѓања:
    4.879
    Пол:
    Женски
    И јас заборавив да пишам дека единствено нешто што не ми се допаѓа се комарците.Премногу сее досадни :lol: :lol: :lol:
     
  4. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.669
    Кочани го познавам скоро подеднакво колку и Скопје. Приликите се такви да најмалку еднаш месечно, за викенд, одам таму па имам видено и прошетано речиси се можно што ми се гледало интересно и што домакините сакале да ми го покажат.

    Првата асоцијација што ми паѓа на памет секој пат кога ќе помислам на овој град е оризот. Оној кој пробал знае дека нема споредба на чист Кочански ориз со било кој друг. Штом јас како нељубител на ова јадење уживам во овој нивни специјалитет значи стварно заслужува пофалби. Дури и начинот на кој го припремаат Кочанчани е многу поразличен и повкусен од нашиот.
    Со оризот и оризовите полиња одат и комарците кои според мене се најголемата мана на градот. Не знам зошто општината навреме не го решава овој проблем со прскање и не може да помине некое одење таму без убод. Препорачувам Аутан со секоја посета, особено во лето.

    Морам да спомнам дека според мене Кочани е еден од најнезагадените градови во Македонија и за пофалба е чистотата. До сега многу пати сум шетала по парковите (големиот и малиот) и секогаш било тип топ средено и покрај тоа што во секое време е преполно и раздвижено. Ако некогаш сте таму никако не пропуштајте Кочански сончоглед од продавничката спроти киното, евтино и вкусно задоволство, повторно поразлично и повкусно од она на кое сте навикнати.

    Ми се допаѓаат многу прошетките покрај Кочанската река која и покрај тоа што е мала сепак е одлично средена и чиста. Во зима, особено за време на Нова Година кога има снег, изгледа магично.
    [​IMG]
    Трговскиот центар е мал, но сепак има се. Сите продавнички и кафичи се на купче, а цените се многу поефтини за разлика од главниот град. До сега најубавото нескафе го имам пиено во Класик и тоа за неверојатни 50 денари, па неизбежно ми е тоа место при секое одење таму. Интересно изгледа и тазеизградената фонтана во сред центар која симболизира зрно ориз.
    [​IMG]
    По кафичите има добар ноќен живот и за викенди обично е преполно (особено во лето). Луѓето се знаат секој со секого и невозможно е да отидеш некаде, а да не сретнеш некој познат таму. Цените се прилично евтини, услугата на добро ниво, но нема некој голем избор. Од дискотеки јас сум била само во "Летното диско" и не ме бендиса многу многу. Ечеше претежно турбо фолк и делуваше како цел кич од градот да е собран на едно место. Прв и единствен пат, јас едноставно не сум за таму.

    Сум забележала дека голем дел од младите излегуваат по локалните кафанчиња кои морам да ги пофалам за храната и за одличните цени (исто и пицериите во трговскиот). Само во Кочани може да се утепаш од јадење и пиење, супер расположени луѓе и топла атмосфера, а да ти останат пари за најмалку уште три пати.

    Покрај тоа што градот во последно време не го бие најдобар глас заради тепачките и насилниците, сепак мене ми остава впечаток на мирно место со секогаш расположени луѓе. Трач муабетите се неизбежни, синдром присутен во секое помало место.

    И кога веќе зборам за луѓе, неизбежно е да споменам и Канго, уште еден синоном за Кочани, човек кој е секогаш присутен на секој настан и неретко организатор на истиот.

    Од местата кои ги препорачувам да се посетат е дефинитивно и црквата Св. Ѓорѓи што се наоѓа на прекрасно место во градот, има прекрасен поглед и е една од поубавите во кои до сега сум била.
    [​IMG]
    Повисоко во градот се наоѓа амфитеатарот и најголемиот мозаик на Балканот. Првото мое доаѓање во градот беше токму на ова место, односно на свирка и поминот беше феноменален.
    [​IMG]
    Место кое не смее да се пропушти да се види е Кочанската брана - Градче. Мал рај на земјата, права воздушна бања и одмор за очи, и секако ресторанот на хотелот Градче заедно со рибникот некои 500 метра подолу. Уживање и храна за ич пари.
    [​IMG]
    Кој не бил овде веднаш да го исправи тоа, Кочани дефинитивно е место кое треба да се доживее.
     
    На 1209, Lella, artemidis и 6 други им се допаѓа ова.
  5. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.067
    Допаѓања:
    11.215
    Сум била одамна на екскурзија. Бевме кај мозаикот над градот, и убаво е нагоре се качувате на угорница, имаше и една саат кула ако не се жала се гледа од горе. Или музје некој не знам. Реката е мала, има неколку мостови. Тогаш немаше многу продавници и сендвичари. Јас споредувам со мојот град кој е голем и на секое ќоше има продавници, сендвичари каде може да се купи нешто за јадење.
     
  6. feminium

    feminium Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2012
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    1.738
    одлично ми е за шопинг има повеќе избор а и можеби е малку поефтино, навечер не сум била :(
     
  7. Lily52

    Lily52 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 март 2013
    Пораки:
    144
    Допаѓања:
    36
    I jass sum od Kocani :Dd
     
  8. Sw3et.Ang3l

    Sw3et.Ang3l Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2012
    Пораки:
    1.261
    Допаѓања:
    2.096
    Пол:
    Женски
    Лесно ли е да се стаса од автобуска до центар, трговскиот? онаму кај што се продавниците. Утре планирам да одам, а ќе ми биде прв пат па ништо незнам.
     
  9. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Не, блиску е. Прашај по пат некој одма ќе се снајдеш.

    Едит, Кочани е градот каде што си го зацрнив животот :D :D И уште не ми иде паметот. :wasntme:
     
    На Sw3et.Ang3l му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Sw3et.Ang3l

    Sw3et.Ang3l Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2012
    Пораки:
    1.261
    Допаѓања:
    2.096
    Пол:
    Женски
    Пак јас :tmi: . Да не знаете до колку работат продавниците во сабота??
     
  11. femina993

    femina993 Активен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2013
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    4
    Кочаниии , Кочани е преубав град, луѓето се љубезни, друштвени, од Кочанчани подобри нема :$ . Една прошетка до браната Градче пешки, и да видете како се вечерта добро спие :D , и со друштво, мехце, пиење и во селото Бели кај манастирот Свети Илија ( На дабот) , има дека да се испече скара, чаши, чинии, вилушки се си има таму, само земеш послужеш се измиеш и вратеш :) има екстра да ви биде поздравче
     
    На Lella му/ѝ се допаѓа ова.
  12. TheTribe

    TheTribe Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2011
    Пораки:
    86
    Допаѓања:
    31
    Женски, колку е одалечен рибникот од центарот на градот? и како се цените за рибата таму? сакам да одам за првпат па дали ќе можам да се снајдам преку навигација да стигнам до таму?
     
  13. viki-dete

    viki-dete Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2013
    Пораки:
    686
    Допаѓања:
    765
    Пол:
    Женски
    Веројатно мислиш за рибникот накај браната Гратче, не е оддалечен многу, можеби околу 5км. Но незнам дали е отворен сега, овој период, лани ова време беше затворен. Иако според мене не е ништо посебен. Веќе кога тргаш наваму јас ти го препорачувам рибникот Саваро, кој се наоѓа после село Истибања, Виничко.
     
    На TheTribe му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Sigma*

    Sigma* Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2015
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    102
    Пол:
    Женски
    EuroHotel Gradce - raj na zemjata :) pominat prekrasen vikend tamu. Prirodata, ezeroto, vodopadite..se te ostava bez zborovi. Hotelot e super, chist, sobite se ubavi, uslugata odlicna. Ako sakate nezaboraven vikend so momcheto obavezno tamu :)))
     
  15. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Може ли некој што е од Кочани да ми пише во инбокс?
     
  16. green132

    green132 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2015
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    9
    Пол:
    Женски
    Mene mi treba itno nekoj od Kocani, ako ima nekoj neka mi pise lp :)
    Vi blagodaram.
     
  17. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    5.804
    Допаѓања:
    38.209
    Пол:
    Женски
    Пиши ми ти лп од кај мене нешто не бива :)
     
  18. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.720
    Допаѓања:
    4.207
    Пол:
    Женски
    Го засакав многу градов откако си фатив либе од таму. :D
     
  19. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    5.804
    Допаѓања:
    38.209
    Пол:
    Женски
    Еми ајде нека се покаже така фин па снаа да те правиме.
    П.С. ако ти треба нешто шпионажа пиши ми. Шала е ова. :)
     
    На WarriorAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  20. muchacha_a

    muchacha_a Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    1.236
    Допаѓања:
    14.580
    Пол:
    Женски
    Кочани граду моојј.... има и една песна за градот многу е убава,мирен и убав град.