Темава е во патувања со причина..а они за дечковци се зазбореле Мене ми нема оставено посебен впечаток градов.. може сум немала добар водич
Причина се убавите машки. Ќе патуваш за да ги видиш нив . Малку дијалектот ме иритира, ама се трпи за лепота .
Има брана ,,Градче,, со убав поглед кон браната водата, ресторант и многу свеж воздух на лето и пролет е мн убаво. Осогово планината исто така е прекрасна во секој период и со снег и со трева зелена има огромно место за лизгање скијање и пешачење.И многу ресторанчиња за топло чајче и убав ручек и со прифатливи цени.Не е скапо воопшто. Потоа градскиот парк е покрај реката исто е убаво за шетање и одмарање. Има и ,,Споменик, кој се наоѓа над болницата во градот и од таму се гледа цел град и долу широките оризови полиња.Таму има некои мали градби со камења и ѕидови. Е добро немаме молови и затворен гтц.
Мала шега.. инаку редовно идам во Кочани и сум ги посетила местата што ги наброја, многу ми е примамливо градче..
Има воз, од скопје кренува накај 16-17 часот, треба да си прашаш кога точно А кочани - скопје во 6 часот Повратна карта за автобус ти е 440 денари
Кочани е интересно гратче, мало, но сепак примамливо со својата посебност, кафичите на плоштадот со мини-трговскиот, снабдени продавници, солидни ресторанчиња, а посебно ми се допадна Гратче кај браната, каде што погледот и природата се вистинска релаксација. Добар ресторан е и Амор, релативно нов, со преубав амбиент и добра кујна.
Не сум сигурна дали прашањево е за тука, но дали има некоја од вас што има од Бугарија-Софија одено за Кочани и како одите, со каков превоз? Поточно ми треба да стигнам до Облешево, но не знам да се снајдам
Во Софија сум, но знам дека прават финти со некакви комбиња, а сакам да одам во Облешево, но не брзам може и од Скопје, но така ич не знам. Ми одговара и за двете опции
Ај ќе прашам сабајле за број од еден од Кочани има што вози Кочани-Софија. Потсети ме за секој случај сабајле по ЛП
Фала ти многу, од прилика да сум некаде 6-7 сабајле во Облешево, да не ме зезне да стигнам во 3 сабајле, за денски ми е Инаку од Ск дали има автобус што би ме однел таму или некаква врска од Кочани до таму?
Да да, Облешево ми треба, знам само дека е во близина на Кочани и затоа не знам од Бг или Мк ми е по практично за да стигнам.
Од Ск за Кочани имаш автобус на секој саат. Од Кочани можеш да си земеш такси и за 120 ден ќе те однесе до Облешево ( 5-6 мин се вози). За од Софија до Кочани ти кажав дека утре можам да ти дадам број од таксист. Ама тој обично од Софија тргнува околу 13:00 ч
А со што ќе идеш од Софија до Скопје? И преку кој премин ќе минете? На Делчево или Крива Паланка? Оти ако идете преку Делчево можеш да се симнеш во Кочани , нема што до Ск да идеш