1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кошарка

Дискусија во 'Спорт' започната од Angelche, 22 мај 2011.

  1. Angelche

    Angelche Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    3.747
    Допаѓања:
    1.358
    Средувајќи ги темиве, забележав дека нема тема за кошарка..
    Епа дечки, што мислите за кошарката како спорт? Играте ли кошарка? Во некој клуб(КК Ангели, Вардар, Работнички...), или онака, чисто рекреативно?
    Следите кошарка?(Или убаво градените момци кои играат кошарка... :lol: )
    Кои се вашите омилени клубови, македонски а и светски?
    Ваш омилен кошаркар, а и зошто да не кошаркарка? :)
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
  2. Sparks

    Sparks Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    3.194
    Сполајти, се отвори тема... Јас сум верен фан на кошарката како спорт, имам тренирано долго време, ама сепак заради немање на време се откажав, па сега кошарката ми е само хоби. Играв десен бек и одлично ми одеше, штета што сега многу ретко играм...

    За НБА да не ви кажувам што имам правено, заради временската разлика сум седела до 5-6 часот наутро и сум навивала како луда. Сите спијат а јас се дерам на цел глас ТОА, КООООШ :D Годинава не следам, ми отпаднаа фаворитите, в година здавје. За оваа сезона финалето ако го изгледам само.

    Омилен тим - Бостон Селтикс... Ги обожавам Гарнет, Пол Пирс, Рондо и Реј Ален.

    [​IMG]

    Најјаката тројка е оваа
    [​IMG]

    Ги сакам уште откако почнав да следам кошарка, и досега само јас се знам како нивни фан, така да ако има уште некој (што не ми се верува) нека кажи да си навиваме заедно :D

    Најомразен тим ми се Лејкерси. Како што Интер идиотите ги мразам така ги мразам и Лејкерси, премногу. Од една страна Коби им вреди навистина многу и него капа му симнувам затоа што е еден од најдобрите кошаркари, а од друга страна само тој му вреди во тимот, не ми се допаѓа како играат, едноставно антипатични ми се. И за тоа се тепам вечно со сите фанови на кошарката, затоа што по пропорција сите за нив навиваат.

    Женска кошарка не следам :)
     
    На Dupka vo mozokot, Anastasija245 и Angelche им се допаѓа ова.
  3. viki44e

    viki44e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    1.988
    Допаѓања:
    1.087
    Колку што сме погодени со Спаркс за Милан..толку сме контра кога се работи за кошарка...
    Јас си навивам за Лејкерси..уште од мали нозе си ги следам...
    Омилен ми е Коби секако..па која двојка беа на времето со О'нил... :!:
    Moментално и Џо Смит и Фишер ми се по мерак..
    Од Бостон ги обожавам Рондо(малиот е предобар..) и Пирс ...
    Извондредни играчи се...Би ги зела во Лејкерс :D
     
  4. innablood

    innablood Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    1.324
    Имав тренирано цели 6 години кошарка.

    За тоа време собрав цела колекција на дресови, баскети, капчиња, стегачи и сите други ‘пропратни‘ елементи. :D
    Не ми е некој си (нај)омилен спорт, прво се запишав ради желба на родилетите, ама со тек на време некако станав зависна. Имаше случки кога не одев и по еден месец затоа што ми беше досадно, ама пак се враќав во салата :l:

    Во мојата шест годишна т.н кариера имам освоена една сребрена медалjа, второ место на натпревар.Одев на сите утакмици, некогаш само навивав, некогаш бев во делот каде што навиваа за мене(нас, тимот), редовно одев на летувања, кампови, по други градови и сл.

    Тоа беа денови кои сеуште се паметат и се зборуваат, се споделуваат искуства, совети на помалите генерации(пример, сестра ми) и се будат споемни со таму стекнатите пријателства.

    Сум ЗА за спортот, особено за кошарката затоа што е рекреација, занимација, задоволство, се стекнуваат нови пријателства кои што траат долго, имаш витка става, не се заморуваш од пешачење 2км, не висиш по паркови со цигарата во рака и ги минуваш најубавите летувања, толку позитивности на едно место.
     
  5. Seznajka2

    Seznajka2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    590
    Допаѓања:
    119
    Кошарка...супер ми е додека одам на кошарка...но веќе една година тренирам тука во Кочани во еден клуп...откако почнав да тренирам почнав многу да се разболувам...моментално сум болна(имам некоја бактерија)и си мислам да се откажам(секако дека ќе се откажам поради преселувањето) а сега проблем шо спорт да изберам(имам одено-кошарка,карате,пливање,скијање,гимнастика,фудбал и др. не се сеќавам,ама сакам нешто друго) ;)
     
  6. GarpovaV

    GarpovaV Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    1.962
    Пол:
    Женски
    Ја имав побарано темава ама ја немаше, па добро е што се отвори :) (инаку јас не сум многу по отварање на теми :P )

    Пред некое време тренирав, ама се откажав. Иако се отпишав од клубот, редовно продолжив да играм со другарки или некој кој што сака да игра, :!: не сум запоставила, а и на физичко секој час само кошарка играм. Ги следам утакмиците, и спортот едноставно го сакам и ми е најомилен! :l: (додека ракомет и одбојка најнесакам, ама не е тоа темата)

    Сега спротивно од Спаркс, и мене ми се омилени ЛЕЈКЕРС! :inlove:
    [​IMG]
    и Коби
    [​IMG]
    И Бостон не се лоши, ама во споредба со Лејкерс, не не :shake: :P

    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]

    Ах, да. Кога се запишав на кошарка најмногу ми одеше двочекорот :lol:
    И пред да се запишам, си вежбав во дворот, на ,,домашен‘‘ кош :P

    едит: А да направиме ние кошаркарки-фемин(ар)ки една утакмица, м? Што велите? :P
     
    На viki44e и Angelche им се допаѓа ова.
  7. fierce

    fierce Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2010
    Пораки:
    239
    Допаѓања:
    179
    Oбожавам да гледам кошарка :) а за играње не ме бива многу :D

    Омилен тим ми е Сан Антонио Спурс а од играчите се разбира Тим Данкан, Тони Паркер и Ману Џинобили :)

    Сезонава ја почнавме одлично но за жал многу бргу отпаднавме :( Damn you Memphis, damn you! :devil:



    Basketball players are hot :P па затоа опсесија ми се високи момчиња :lol:
     
  8. n.a.t.t.y

    n.a.t.t.y Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2011
    Пораки:
    603
    Допаѓања:
    763
    Кошарка-единствен спорт за кој малку од малку ме бива.
    Порано тренирав, ама зошто се откажаа сите женски во клубот, морав и јас ;( Детски памет.
    Сега знам одвреме навреме да изиграм по една партија со машките на физичко, ама нешто повеќе да се зафатам, не.
    Странска кошарка не следам, а од македонска сум секако, за единствените ми Работнички!
    Омилени играчи се најдобрите секако, Тони Симиќ и Перо Блажевски МВП-то :D
     
  9. FBI

    FBI Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    5.299
    Ееее убава тема. Во тинејџ годините тренирав кошарка и тогаш и редовно следев NBA.
    Тренирав кошарка некои си 3 годнини, но се исплашив да не се извишам повеќе и прекинав, плус ми пречеа мускулите кои ми се создадоа на нозете :D
    Како и тогаш така и сега сум за Филаделфија 76.
    [​IMG]
    Омилено човечуле ми е Ален Ајверсон. Значи си го биваше многу на времето. Во споредба со другите мал, а сепак ефикасен.
    Од дното на душата ги мразам LA Lakers, а заедно со нив и Коби Брајант. Едноставно, не можам да го гледам.
    Меѓу омилените ми беше и Тим Картер, но мислам дека не ја доби заслужената слава и публицитет.

    Сега не следам NBA, бидејќи не можам да седам до доцна, но затоа активно и редовно ја следам македонската кошаркарска сцена и одам на натпреварите.
    Од македонските тимови сум за МЗТ, а реално ФЕНИ се најдобри.
    Омилени македонски кошаркари..........Војдан Стојановски, Кирил Николовски и Игор Пенов.
    А најомразен ми се (се разбира) Тони СИмич
     
  10. Sparks

    Sparks Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    3.194
    ^ Леле не сум била единствена што ги мрази Лејкерси (смајли што ѕенѕа :D ).
    Филаделфија се одличен тим, за Ајверсон нема коментар :x Дали ви текнува уште на времето Шекил кога беше во Лејкерси и кога ја држеше топката зад главата, Ајверсон скокна и му ја зеде. Најепик момент во НБА беше тоа, Шекил не знаеше што го снајде. Ајверсон е ѕвер, одличен на секое поле, и за кошови за 2 поени и за тројки. Во слободните фрлања ретко греши. Целосно Филаделфија се убав тим, играат убава кошарка, не ко Лејкерси што се вадат на Коби |(

    А Тим Картер не беше толку јак играч колку што беше шоумен. Какви кошеви даваше, секакви акробации правеше кога закуцуваше кош. Тој беше кога се зема топка, да ја пуштиш кај него и тој да направи атракција давајќи кош. А инаку не беше ништо посебно во одбрана.

    Мене ми е криво за Трејси МекГрејди, што играше во Орландо Меџик. Е тоа човече колку што беше одлично неколку сезони, немаше друг. Снајперист го викаа, одличен во секое поле беше буквално. После и него му падна формата и се изгуби.

    Јас сум за :D
     
    На Dupka vo mozokot му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Afrodita-M

    Afrodita-M Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    11
    Си ја обожавам кошарката :) Тренирав во Борец, ама немаше многу девојчиња па се отпишав..
     
  12. K0STOVA

    K0STOVA Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    5
    Ај лајк кошарка :D еден од поомилените спортови ми е :) тренирав 2 години. Обожавам да играм во слободно време. Омилен кошаркар ми е Леброн Џејмс и навивав за Кливлент К. но сега кога е во Мајами -и јас сум за Мајами. 8) :)
     
  13. Gioia

    Gioia Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    630
    Допаѓања:
    601
    Пол:
    Женски
    Пратам благодарение на брат ми кој е фанатик за спорт воопшто! Порано следев многу повеќе,се сеќавам сме останувале да глеаме баскет у 3 сабајле коа имало НБА! нашава кошарка послабо ја пратам,репрезентација коа игра не пропуштам да отидам у Борис да навивам,еве сега се радувам за Трофеј Македонија,утре у 9 у Борис! ;) Иначе го поштувам Коби,Леброн,Мекејлеб,Гасол итн..од нашиве што знам..Перо не е лош у последно време!
     
  14. mirna0911

    mirna0911 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    18
    да да секако следам кошарка ама мак-баскет само. имаме еден куп згодни момци , идам по натпревари само за да си воздивнувам , ептепн се секси , така јако делуваат на терен . Уффф ... :$ Еве ви во прилог момците од репрезентација ... Си имам мој симпатија таму ... хахахаххаа
     

    Прикачени фајлови:

    • kosh[19].jpg
      kosh[19].jpg
      Големина на фајлот:
      46,5 KB
      Прегледи:
      179
    На Ana3567 и WildCherry им се допаѓа ова.
  15. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    Не играм кошарка - ама сакам кошарка а малку повише кошаркари :wasntme: хахах А вака знам кога како да изгледам некоја утакмица. Моите две симпатии се кошаркари а вака од надвор го љубам Коби на пример А и Гарнет ...
    Ааа да и сакам многу да се облекувам у дресови :!: и кошаркарски патичиња аууууу Енд Уан хеееел јеааа
     
  16. inimini

    inimini Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    215
    Допаѓања:
    72
    За кошарката ке решам се најдобро, Засто еве- Моето дете се извиши ако сакате да бидете или имате проблем со висината само кошарка. најдобар спорт за ниски луѓе да станат високи.
     
  17. eutixismena

    eutixismena Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 мај 2011
    Пораки:
    408
    Допаѓања:
    1.414
    Кошарка ретко гледам ама европсково првенство не го пропуштам дефинитивно.
    Нашиве не се лоши црнчево најјако ни е :)
    Фаворити ми се: Шпанија, Русија и Италија а не ги обожавам: Литванија, Грција и Германија.
     
  18. Hiii

    Hiii Популарен член

    Се зачлени на:
    5 април 2011
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.563
    Јас сум анти талент за кошарка и затоа ја замразив :lol: но овие денови постојано гледам има турнир каде што живеам а и на тв ќе гледам, мора да се бодри Македонија :)
     
  19. mirna0911

    mirna0911 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    18
    Имате ли омилен кошаркар во репрезентација?!
     
  20. N.A.T.A.S.A

    N.A.T.A.S.A Нов член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2010
    Пораки:
    650
    Допаѓања:
    486
    Кошарка воопшно не обожавам! А кошаркаритеее :inlove: :inlove: