СОЛУН Е НАШ !!! АТИНА ... ЌЕ ЈА ДЕЛИМЕ !!! http://www.eurobasket2011.com/en/coid_A ... de_on.html Кошаркарска шлаканица за државата што има проблем со нашето име! Можеби Грција се обидува секаде каде што може да го избрише нашето име, но ние ги избришавме нивните кошаркари. Најслатката победа во историјата на македонскиот спорт. Сензационална победа над државата што има спор со нашето име! Македонските кошаркари покажаа дека успехот што го постигнаа против Хрватска не беше случаен – на колена падна и светската кошаркарска велесила, Грција. Државата која има проблем со нашето постоење, доби неверојатна спортска шлаканица од нашите најдобри кошаркари. За многумина изненадувачки, но нашите момци скоро во текот на целиот меч имаа контрола над ситуацијата и понесени од емотивниот набој што може да ни го понуди јужниот сосед, славеше на крајот со прилично високи 72:58. Американецот со македонски пасош Бо Мекејлеб одигра симултанка во второто полувреме. Тој постигна вкупно 27 поени, од кои 21 во вториот дел. Но, мечот го доби пред се одбраната, односно сите кои беа на паркетот и изгинаа во битката за секоја топка. Перо Антиќ даде 12 коша, а имаше и осум скока. Тодор Гечевски и Ѓорѓи Чековски постигнаа по 11 поени, а особено важни беа трите тројки на Чековски, во клучните моменти од натпреварот. Победата над Грција е од огромно значење, не само поради големиот политички спор помеѓу двете држави, туку и поради фактот што нашиот сосед важи за кошаркарска велесила и двапати бил европски шампион. Дека победата на македонските кошаркари претставува големо изненадување, па дури и сензација во кошаркарскиот свет, говори и фактот што во обложувалниците коефициентот за победа на Македонија надминуваше пет. Со оваа победа Македонија ширум ги отвори вратите за пласман во наредниот круг, а ваквата игра влева оптимизам и дека може да се обезбеди настап во четвртфиналето. Името на Македонија цензурирано во ТВ-преносот во Грција ТВ-преносот од натпреварот во Грција минал со две специфики. Целиот меч коментаторот избегнал да го спомне името на противничката репрезентација на Грција. А со специјална графика било покриена кратенката „МКД“. Ова не помина незабележано и во странските медиуми. Српскиот портал „Б92“ објави наслов „Грците го избришаа името, а Македонците ги збришаа на паркетот“. 3.09.2011
Отсега ќе гледам кошарка кога ќе игра Македонија, за да победува Само првиот натпревар против Црна Гора кога играа не го гледав и изгубија. Е отсега ќе го гледам секој натпревар, нема утка да има Инаку страствен навивач сум кога станува збор за кошарка, бидејќи имам 4 години тренирано и тој ми е единствен спорт интересен за гледање НАПРЕД МАКЕДОНЦИ, СЕ ГОРДЕЕМЕ СО ВАС!!
А за денешната победа никој нема бре? Напнат натпревар беше, добри беа Финците, ама на крај победивме со 72:70 . Утре играме со Босна ама и да изгубиме и да победиме идеме понатаму.Ама тепаме 100 % зашто они од Финска губеа 26 разлика, ова е лесен залак. После играме со Рузија, Грузија и Белгија.
Ајде ајде, како тргнавме да победуваме...да не ги урочиме. И финците и босанците изгубија, па ќе видиме за другиве, НАПРЕД НАШИИИ!!!
Гледам кошарка само кога игра Македонија Омилен кошаркар: http://www.google.com/imgres?q=bo+mccal ... 9,r:19,s:0 срцка
Никогаш не гледав кошарка признавам. И со првенствово некако ме заинтересира. Имам некои работи кои ми останаа недојаснети ама сакам во тек на игра да сфатам што, што е, не на готово на нет да пишам што е тоа и да дознаам. Тим омилен немам многу јасно, уште се токмам да почнам да гледам ама дефинитивно го гледам како многу подобар спорт, со други очи него претходно. И не можам а да не кажам, ич не сакам луѓе кои навиваат само кога нешто се дешава, а врска немаат, и кога ќе заврши тоа нешто нигде ги нема. Се изнагледав најголеми фанови на ракомет, кошарка, фудбал последниве 3-4 години.
МЗТ пак го победи Работнички, трет пат од вкупно четири одиграни меча сезонава. Преполна сала, нормално со доминација на аеродромците. Многу добар меч, Работнички е катастрофално ослабен. 20 разлика? Тоа е голема срамота. Не за џабе се последни на табелата
Не играм кошарка некако машки спорт ми е Али затоа обожавам кога играат интересен спорт ми е ептен ми е јак за глеање..... А иначе омилен кошаркар ми е Спојлер Лестер Боо Мејкелеб..ооооооооооо
Македонското чудо од дете оди во Шарлот кај Џордан Талентираниот македонски кошаркар Андреј Магдевски воодушевил во кошаркарскиот камп во Лондон и добил покана да биде дел од интернационалниот камп на Мајкл Џордан. Младиот и талентиран македонски кошаркар Андреј Магдевски се покажал во одлично издание викендов во кампот во Лондон. Со неговата одлична игра на овој собир, Магдевски влезе во друштвото од десет млади кошаркари кои во април ќе одат во интернационалниот кошаркарски камп во Шарлот, кај легендарниот Мајкл Џордан. Тој беше единствениот претставник од Македонија во кампот во Лондон од вкупно 38 млади и талентирани кошаркари од 22 држави, а во кампот на Мајкл Џордан треба да се појави на 14-ти април. Мајкл Џордан веќе една деценија поседува кошаркарски камп од кој во изминатиов период излегле бројни НБА ѕвезди како што се: Леброн Џејмс, Кевин Дурент, Блејк Грифин, Кармело Ентони, Крис Пол и Амари Стадемаер. Превземено Браво за талентите на Македонија
не се согласувам дека кошарката е повеќе машки спорт јас обожавам а инако ЛАЈКЕРС НАЈДОБРИ И КОБИ БРАЈАНТ
Не ми се верува што направија вчера кошаркарите на ЦСКА. Со 25 победи и 0 порази, дозволи во финалето да бидат победени во последната минута со само 1 кош разлика од некој што се сметаше за аутсајдер на почетокот. Брука.
Следам и кожарка и убаво градените момци и еден збор и двете.....Па вака немам омилени а фаворитите си бирам од тоа кои играаат.Омилени немам ама ајде те си кажам некој што игра за македонија а тоа е БОМЕКЕЛЕВ
A што е ова шо зборат на Cител уште 20 дена? ќе играме на Oлимпијада нешто? пак ли ќе има натпреварување
Ќе се играат квалификации за олимпијадата во Лондон... Нов Зеланд и Ангола се противници на нашите кошаркари во групната фаза на предолимпискиот турнир што од 2. до 8. јули ќе се одржи во Венецуела. Пласман на Олимписките игри ќе обезбедат првите три репрезентации на турнирот, на кој ќе учествуваат 12 репрезентации кои се поделени во четири групи од по три репрезентации. Најдобрите две од секоја група продолжуваат во четвртфинале по што следуваат полуфинални натпревари и натпревар за трето место. Група А: Нашиот Јужен Сосед, Порторико, Јордан Група Б: Литванија, Венецуела, Нигерија Група Ц: Русија, Доминиканска Република, Кореја Група Д: МАКЕДОНИЈА, Нов Зеланд, Ангола Во случај нашата репрезентација да ја помине групната фаза, односно да се пласира на некое од првите две места во групата Д, во четвртфиналето вкрстува со некоја од првите две репрезентации од групата Ц. Доколку завршиме први во групата Д: - Четвртфинале против Ц2 - Полуфинале против победникот од Б1/А2 Доколку завршиме втори во групата Д: - Четвртфинале против Ц1 - Полуфинале против победникот од А1/Б2 На денешното извлекување во Каракас, одреден беше и распоредот за одигрување на натпреварите. Македонија ќе биде слободна на првиот ден (на 2 јули), турнирот ќе го отвори против Нов Зеланд на 3 јули, а последниот меч од групата против Ангола, го играме на 4 јули 2012 година. Четвртфиналните натпревари се закажани за 6 јули, полуфиналињата за ден подоцна, а мечот за третото место, со кој се затвора турнирот и кој ќе го даде последниот трет патник на ОИ во Лондон, се игра на 8 јули 2012 година. Напр